министерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Aug 2020 17:17:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познато е со кое министерство ќе раководи БЕСА на Билал Касами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-e-so-koe-ministerstvo-kje-rakovodi-besa-na-bilal-kasami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-e-so-koe-ministerstvo-kje-rakovodi-besa-na-bilal-kasami/#respond Tue, 18 Aug 2020 17:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=392336

Со Министерството за земјоделие ќе раководи Беса, коалициониот партнер на СДСМ, пренесува ТВ21. Ова е договор кој веќе е постигнат меѓу СДСМ и Беса кои на последните предвремени парламентарни избори настапија како коалиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-e-so-koe-ministerstvo-kje-rakovodi-besa-na-bilal-kasami/feed/ 0
Стаменковска Стојковски распали по Манчевски: Министерот прво да си го дигитализира министерството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-raspali-po-manchevski-ministerot-prvo-da-si-go-digitalizira-ministerstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-raspali-po-manchevski-ministerot-prvo-da-si-go-digitalizira-ministerstvoto/#respond Mon, 10 Feb 2020 19:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=302052

Манчевски прво да го дигитализира министерството и да го поправи електронскиот систем за архивирање кој не работи цела година, порачува дополнителниот заменик министер за информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковски на министерот Дамјан Манччевски, кој што денеска во Струмица говорел за дигитализација на администрацијата. -Читам денес министерот Дамјан Манчевски во Струмица зборувал за дигитализација на јавната администрација. Порачајте му на министерот и потсетете го дека прво во Министерството треба да се дигитализира и да си го поправи електронскиот систем за архивирање кој не работи цела година или парите отидоа за кампања...., реагира Стаменковска Стојковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-raspali-po-manchevski-ministerot-prvo-da-si-go-digitalizira-ministerstvoto/feed/ 0
Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Министерството и министерот Филипче да пристапат сериозно кон пораките кои што доаѓаат од СЗО во врска со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-ministerstvoto-i-ministerot-filipche-da-pristapat-seriozno-kon-porakite-koi-shto-doagjaat-od-szo-vo-vrska-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-ministerstvoto-i-ministerot-filipche-da-pristapat-seriozno-kon-porakite-koi-shto-doagjaat-od-szo-vo-vrska-so-koronavirusot/#respond Sat, 01 Feb 2020 10:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=297859

Пораката која што ја упати Светската здравствена организација до министерот за здравство е дека послабо организираните здравствени системи се под силна закана од епидемијата со вирусот Корона, која се шири со голема брзина, реагираат од Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ. Во целост ви ја пренесуваме реакцијата на комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ: Додека останатите здравствени системи на земијте од ЕУ се подготвуваат за ударот од епидемијата со Корона вирус, здравствените власти треба наместо смирувачките пораки да дадат информации дали е во функција Центарот за управување со кризи и кои се насоките од таму? Епидемијата со Корона вирусот е присутна во повеќе европски земји меѓу кои покрај Франција, Германија и Финска, наскоро се проценува дека истиот ќе се појави во Италија, како и соседните земји Грција и Бугарија. Министерството за здравство треба да одговори на повеќе прашања: 1. Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје е во можност да прифати СИТЕ пациенти (адултни и педијатриски) кои што се со слична симптоматологија како грип и Корона вирус, а се вирусни инфекции кои што имаат идентичен начин на трансмисија? 2. Дали се упатени насоки за сите здравствени работници во Скопје и во земјата како да се однесуваат при појава на пациент со сомнение за корона инфекција? 3. Што се случува со сите оние патници кои што се враќаат од Кина а слетуваат на аеродромите во Софија, Белград, Приштина и Солун, па потоа преку граница се враќаат во Македонија? 4. Дали останатите профили имаат насоки како треба да се однсуваат, тоа се возачите, цариниците на граничните премини кои можат да бидат дел од трансмисијата на епидемијата? Дали единствено термалната камера на двата аеродрома е доволна? 5. Дали увозот на животни е обезбедени? Апелираме до Владата и до Министерството за здравство, како и до министерот Венко Филипче како најповикан за подоготовка на капацитетите за справување со оваа закана која што се наближува, да пристапат сериозно кон пораките кои што доаѓаат од СЗО и да се ангажираат без одложување да го активираат здравствениот систем за ударот кој што не очекува од епидемијата со новиот Корона вирус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-ministerstvoto-i-ministerot-filipche-da-pristapat-seriozno-kon-porakite-koi-shto-doagjaat-od-szo-vo-vrska-so-koronavirusot/feed/ 0
Ново министерство во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-ministerstvo-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-ministerstvo-vo-makedonija/#respond Thu, 14 Mar 2019 14:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=174728

Во прво читање на 91-та седница, поминаа измените на Законот за Влада, со кои се предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими, на расправата за измените на законот рече дека формирањето на ова ново Министерство е неопходно и произлегува од анализата на Рамковниот договор од 2015 година. Како што рече Алими, поддршка за формирањето ново министерство дале сите партии. Пратеникот од ДУИ Артан Груби, се заблагодари на парламентарните партии бидејќи дале поддршка за овие законски измени, појаснувајќи ги надлежностите на новото Министерство. Истакна оти Рамковниот договор е веќе надминат, и оти сега ќе се работи на негова имплементација. Рече дека сите надлежности на Секретаријатот се пресликани во Министерството, но дека се додадени и нови. Пратеникот од Партијата за Движење на Турците Енес Ибрахим истакна оти е потребно ова ново министерство, во духот на мултиетничкото општество, но посочи дека со предлог-законот не е прецизирано дали ќе се однесува на правата на помалубројните етнички заедници. Во прво читање помина и Предлог-законот за инспекциски надзор. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во образложението на законот рече дека со новите измени инспекторите прво ќе опоменуваат, а казните ќе бидат последна мерка. Истакна дека инспекторите сега ќе имаат советодавна и едукативна улога, пред да преземаат репресивни мерки. Пратеникот Самка Ибраимовски побара инспекторите да не бидат партиски послушници и да се стави крај на практиката на, како што рече, „инспектори насилници, кои бараат мито и сеат страв да затвораат фирми“. Посочи оти на терен честопати се случува инспектори да дојдат и да кажат дека се дојдени да најдат грешка, затоа што луѓето се ставени на списокот за казнување. Во прво читање помина и Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Пратениците го донесоа и Законот за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Собранието ја донесе Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Пратениците ја изгласаа и Одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во мировната операција на Организацијата на ОН „УНИФИЛ“ во Либан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-ministerstvo-vo-makedonija/feed/ 0