министерството за култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 06:35:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерството за култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НОВ ПРОТЕСТ: Филхармоничарите со порака до Министерството за култура – „Потврдивте дека имате проблематичен однос кон традицијата, културата и врвните професионалци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nov-protest-filharmonicharite-so-poraka-do-ministerstvoto-za-kultura-potvrdivte-deka-imate-problematichen-odnos-kon-traditsijata-kulturata-i-vrvnite-profesionaltsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nov-protest-filharmonicharite-so-poraka-do-ministerstvoto-za-kultura-potvrdivte-deka-imate-problematichen-odnos-kon-traditsijata-kulturata-i-vrvnite-profesionaltsi/#respond Wed, 31 May 2023 06:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=840706

Денеска во 14 часот, вработените во Филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура кое веќе доби црвен картон на последниот концерт од официјалниот дел од концертната сезона „Дамар на слободата“, кој се одржа во петокот на сцената на НОБ, во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“. -Нашите протести продолжуваат се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Министерството за култура. Колку повеќе Министерството за култура го прологира решавањето на проблемот, толку повеќе се продлабочуваат и последиците кои веќе се одразуваат и на работата на нашата институција. Негативната медиумска кампања во последниве неколку месеци, направи сериозна штета на угледот и реномето на нашата институција. Нападите на поединци, но и оркестрираните платени текстови во медиумите целосно ја искривија реалната слика за проблемот во јавноста. Сто пати повторена лага – станува вистина беше лајт мотивот на манипулативната медиумска кампања која се уште се води против нашата институција, велат од Македонска филхармонија. Од таму посочуваат: „Вистината и аргументите се на нашата страна, тоа и е јасно и на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која не сакајќи да ја признае сопствената грешка, влезе во отворена војна со нашата институција“. -Ако работат на решение, треба да бидеме информирани за тоа, а не целосно игнорирани од страна на Министерството за култура. Наместо конструктивност и решавање на проблемот, нашата институција во моментов е „нападната“ од инспекции на Министерството за култура и има блокирана сметка. Наместо да покажат разбирање за нашиот проблем и да го решат што поскоро, Министерството за култура, со последното соопштение кое го прочитавме во еден од медиумите, повторно не обвини дека „манипулираме со културната јавност и со врвните професионалци од сферата“. Ние, почитувана министерке, се бориме против манипулациите и лагите поради кои нашата институција во последниве три месеци трпи сериозна штета. А, вие со вашите досегашни потези, изјави и игнорантски однос кон нашата институција само потврдивте дека имате проблематичен однос кон традицијата, културата и кон врвните професионалци кои и дадоа безрезервна поддршка на Филхармонија, велат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nov-protest-filharmonicharite-so-poraka-do-ministerstvoto-za-kultura-potvrdivte-deka-imate-problematichen-odnos-kon-traditsijata-kulturata-i-vrvnite-profesionaltsi/feed/ 0
„Култура за никого во Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kultura-za-nikogo-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kultura-za-nikogo-vo-makedonija/#respond Sun, 02 Feb 2020 09:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=298113

Во екот на крвавата Втора Светска војна, соочени со тешки материјални и човечки загуби официјалните лица во Лондон го кројат буџетот за претстојната година. Владиниот советник за финансии отишол кај тазе избраниот британски премиер Винстон Черчил да го извести за состојбата со финансиите и да му сугерира дека буџетот за култура би требало да биде пренасочен за воените потреби. Черчил категорично наредил буџетот за култура да не се крати, со образложение: „Што ќе им е на Британците да ја добијат војната ако ја изгубат културата“?  Черчил воедно бил и историчар, писател и артист, но и единствен светски лидер кој има добиено Нобелова награда во областа на литературата. Особено важно за нас Македонците е да се напомене дека македонскиот Черчил, Гоце Делчев ја разбрал моќта на културата многу порано, пред околу 120 години и се обидел на неговите соборци и современици да им посочи дека војната се добива ако ја негуваш националната култура! Затоа неговиот мега - цитат „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите” претставува длабока културолошка, антрополошка и филозофска премиса по која модерна Македонија има обврска, но и привилегија континуирано да биде дел од  најконкурентниот натпревар на светот – културата!   Во светот државите односно градовите согласно нивните културолошки достигнувања покрај своите официјални имиња се викаат уште и „ културни престолнини“. Светот е горд  на тоа и е во константна трка своите „културни престолнини“ да ги конзервира, доизгради, подобри и промовира  во „глобалниот натпревар“ меѓу народите. Светот и културната историја не препознаваат политиканти, но многу добро ги знаат Пикасо, Моцарт, Гауди, Симон Трпчевски, Шекспир, Стефановски, Операта во Сиднеј, Лувр во Париз, Пергамон во Берлин, Ермитаж во Санкт Петербург... Македонија е на прагот на нови парламентарни избори и време е да  направиме резиме на тоа што се случуваше со културата во изминативе 3 години и дали барем за нијанса успеавме да ја надградиме и подобриме. Имено, новата Влада на Република Македонија беше избрана во Јуни 2017 година и веќе во Октомври 2017 год. првиот македонски мјузикл „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески само што беше промовиран пред македонската публика, веднаш беше запрен, а неговата регионална турнеја откажана. Сиот труд и средства паднаа во вода, сите оние прекрасни млади уметници во истиот беа лишени од своето дело! Еден месец подоцна Министерот Алаѓозовски ја укина финансиската поддршка за домашната музичка продукција, бидејќи ефектите од ова „биле недоволни“. Претходната Влада секоја година финансираше создавање на 200 нови композиции, од кои што 150 се од областа на забавната и на народната музика и 50 детски композиции! Само неколку месеци подоцна, на почетокот на 2018 година, Законот за национален уметник на Република Македонија беше згаснат, Владата сметаше дека  на државата не и требаат македонски уметници -амбасадори кои што ја промовираат македонската култура и уметност во светот! Во исто време за директор на македонскиот културен центар во Истанбул Владата го назначи разрешениот оџа Рамадан Рамадани! Септември 2018 година, она што посебно не шокираше беше забраната за прикажување и промоција на филмот „Ругање со Христос“ од страна на македонското Министерство за култура и посебно судскиот прогон што го преживуваше авторот на филмот, режисерот Јани Бојаџи! Неговиот коментар по излегувањето од судско рочиште беше „од денеска во Македонија владее шеријатското, наместо континенталното европско право“. Декември 2018 година Владата го затвори  „Институтот за филм – Филмска академија“ во Охрид која што беше отворена во Ноември 2015 година во соработка со многу реномираната Академијата за филм (ФАМУ) од Прага. Студентите од САД, Мексико, Индонезија, Ирска, Балканот, Индија, Турција, Македонија, кои што дојдоа да студираат за филмот и да учат од познати професори на ФАМУ си заминаа од Охрид. На почетокот на следната година (2019 год.) наследникот на Алаѓозовски, Министерот за култура Асаф Адеми ја донесе најскандалозната годишна програма за култура на министерството. При тоа традиционалната манифестација „Денови на македонска музика“ која што се одржува повеќе од четири децении, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, како и реномираниот Скопје Џез Фестивал ги немаше во новата објава на министерството. Операта „Скендербег“ и 12 годишно дете со песни за УЧК добија субвенции од Министерство за култура. Уметниците, фелата и јавноста згрозени бараа комплетна ревизија на програмата. Ноември 2019 година, Министерството за култура дозволи навивачите на Шкупи да демолираат храм на култура и уметност, дом за највисоките културни достигнувања, Театар кој што е посебен, модерен, преубав и на кој му завидува цел Балкан! Во 2019 година изградбата на зградата на Драмски театар во Скопје е стопирана, посетата на театарот е животозагрижувачки за секој еден посетител. Народниот Театар „Антон Панов“ во Струмица е во очајна клиничка состојба. Договор за изработка на проект за реставрација на театарот во Струмица беше потпишан, но до денешен ден ништо не е почнато! Штипскиот театар е во коматозна состојба. 2020 година нова Универзална сала во Скопје нема, турски, албански театар нема, Охрид – градот на културата е пред губење на својот статус заштитен од УНЕСКО, а развојот на културните индустрии како најбрзо растечки индустрии (ликовната, издавачката дејност, архитектура, дизајн,визуелни уметности, занаети, танц,туризам, фестивали, медиуми...) воопшто не се тема! Културните споменици секојдневно се руинираат, единствен споменик изграден во овие 3 години беше на бугарскиот полковник Константин Карванлиев подигнат кај Дојран и тоа на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Во меѓу време „реформската Влада“ придавката „македонски“ ја збриша од  културните институции во државата. Во Македонија никој веќе не зборува за културата, за извоз на култура, приходи од културата, инвестиции во културата, културни достигнувања, културна промоција, културна критика..! Културата е нешто посебно, ресор по кој се мери степенот на цивилизираноста или примитивноста на едно општество, оваа гранка не познава политика! Проблемот секако настанува тогаш кога  политиката не познава култура, тогаш добивате  цивилизациска дееволуција, културна и морална дисторзија, тотална општествена деструкција, изгубени културни вредности, изгубени млади генерации и полека, но сигурно станувате плен на подоминантните култури и цивилизации, станувате културно асимилиран! Тогаш спортските обложувалници „ Моцарт“ се новиот реквием и единствена културна асоцијација на младите Македонци, а казината се нашата нова Филхармонија. Таа Влада што се грижи за културата и уметноста во општеството е успешна Влада, а тоа општество е среќно и ценето во кое живеат и работат креативни, исполнети и прогресивни луѓе. Денешнава Влада дефинитивно никогаш не била толку далекуод една таква Влада, а македонскиот народ никогаш не бил толку несреќен и понижен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kultura-za-nikogo-vo-makedonija/feed/ 0
Камерен Оркестар на Битола со реакција за негрижата од страна на Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kameren-orkestar-na-bitola-so-reakcija-za-negrizata-od-strana-na-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kameren-orkestar-na-bitola-so-reakcija-za-negrizata-od-strana-na-ministerstvoto-za-kultura/#respond Sun, 10 Feb 2019 10:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=162229

Камерен Оркестар на Битола излезе со реакција по скандалозното доделување на пари од страна на Министерството за култура. Нивното обраќање ви го пренесуваме во целост: Камерниот Оркестар на Битола во врска со последните случувања на објавената програма од Министерството за култура, го замолува секој еден граѓанин на Битола, но и од околните градови, кој смета дека Камерниот оркестар има огромно значење за културата на цел овој регион, да го сподели овој текст за некако да допре до министерот и комисијата на Министерството за култура и да ја преиспита одлуката за доделување на средства за пола концерт, а не за годишна програма на Камерниот оркестар. Не е нескромно да кажеме дека концертот што беше во јули минатата година на ракометното игралиште беше најпосетуван концерт од сите настани воопшто со преку 3500 посетители. Во моментот кога се пишува историја со настапите на најреномираните фестивали на Балканот, кога за сите концерти во Битола се бара карта повеќе, ние добиваме се помалку и помалку средства од Министерството. Но ние не се откажуваме, секогаш ќе се трудиме да работиме за вас, затоа што и за вас постоиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kameren-orkestar-na-bitola-so-reakcija-za-negrizata-od-strana-na-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0