министри за одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 10:53:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министри за одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Втор ден од состанокот на министри за одбрана на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-sostanokot-na-ministri-za-odbrana-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-sostanokot-na-ministri-za-odbrana-na-nato/#respond Thu, 16 Jun 2022 10:53:28 +0000 https://kurir.mk/?p=691622

Министрите за одбрана на НАТО денеска во Брисел одржуваат состанок на кој главна тема е зајакнувањето на силите долж источната граница на Алијансата во контекст на руската инвазија врз Украина. Состанокот на министрите за одбрана се одржува во пресрет на самитот на НАТО на 29 и 30 јуни во Мадрид, каде членките ќе се обидат да го одредат курсот на Алијансата за наредните години. Како одговор на руската инвазија врз Украина, НАТО распореди повеќе од 40.000 војници под своја директна команда, главно во источното крило. Генералниот секретар Јенс Столтенберг рече дека сојузниците ќе одлучат за можностите за нивниот долгорочен ангажман со цел да се осигура дека НАТО може „да ја брани секоја педа од територијата на Алијансата“. Германија веќе ги објави плановите за зајакнување на ангажманот во Литванија, а Франција сака да го зголеми своето присуство во Романија, каде што планира да распореди 1.000 војници и тенкови до крајот на годината. На денешната средба во Брисел ќе се разговара за потребата од поголеми воени распределби, најави Столтенберг, како и за напорите на Шведска и Финска за влез во НАТО. Столтенберг ја поздрави и одлуката на САД да испратат дополнителни милијарда долари воена помош за Украина и рече дека членките на НАТО се подготвени да продолжат со суштинска поддршка за земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-sostanokot-na-ministri-za-odbrana-na-nato/feed/ 0
Столтенберг ја најави утрешната средба на министри за одбрана од НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ja-najavi-utreshnata-sredba-na-ministri-za-odbrana-od-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ja-najavi-utreshnata-sredba-na-ministri-za-odbrana-od-nato/#respond Tue, 16 Jun 2020 11:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=358601

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа онлајн прес-конференција пред виртуелната средба на министрите за одбрана од Алијансата на 17 и 18 јуни. Тој посочи дека на дводневната министерска средба, меѓу другото ќе се стави акцент на опасноста од втор бран на новиот коронавирус. Столтенберг, исто така, рече дека министрите за одбрана ќе разговараат и за следните чекори за мисиите и операциите на НАТО, вклучително и за одговорот на Алијансата на новите руски нуклеарни ракети. Генералниот секретар потврди дека министрите за одбрана од Финска, Шведска и Австралија ќе се приклучат на овие дискусии, како и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жосеп Борел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ja-najavi-utreshnata-sredba-na-ministri-za-odbrana-od-nato/feed/ 0