министри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 07:24:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-neformalen-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-neformalen-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-vo-kiev/#respond Mon, 02 Oct 2023 07:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=884031

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на состанок во Киев. Тоа ќе биде прва таква средба што ќе се одржи надвор од ЕУ. - Денеска ги повикувам министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев, на првиот состанок на сите 27 земји членки надвор од ЕУ. Иднината на Украина е во ЕУ, напиша Борел на Х. Тој претходно истакна дека од средбата не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформална средба, а неформалните средби најчесто се посветени на подлабоки политички дискусии, а не на носење конкретни одлуки. Запрашан дали на состанокот ќе биде донесена одлука за доделување помош од 20 милијарди евра за Украина, тој наведе дека одлуката ќе биде донесена, но не прецизираше кога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-neformalen-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-vo-kiev/feed/ 0
Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките и ги доставија до премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/#respond Tue, 01 Aug 2023 12:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=862357

Сите министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили не Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски. -Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, Почитувам Претседател на Владата, Ви ја поднесувам мојата оставка од функцијата Министер за економија, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук. Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните. Министрите од ДУИ на 30 јули најавија дека ќе поднесат оставки од функциите што ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. - Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук. Инаку, едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/feed/ 0
Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neformalen-sostanok-na-ministrite-za-zhivotna-sredina-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neformalen-sostanok-na-ministrite-za-zhivotna-sredina-na-eu/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=854811

Заштитата на биолошкиот диверзитет, почвата и водите, иницијативите за подобрување на квалитетот на воздухот и подобрата заштита на граѓаните и животната средина, ќе бидат главни теми на денешната неформална средба на министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Ваљадолид. На средбата ќе стане збор и за новата Директива за амбалажа и отпад од амбалажа, со која се предвидува до 2030 година целокупната амбалажа на пазарот на ЕУ да може повторно да се користи или да се рециклира на економски одржлив начин, како дел од напорите за зајакната контрола на загадувањето, спроведување на процесот на транзиција кон моделот на циркуларна економија и намалување на отпадот. Министрите ќе разговараат и за примената на најсовремени технологии во хемиската индустрија, како и за пофункционално управување со водите и третманот на отпадните води. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neformalen-sostanok-na-ministrite-za-zhivotna-sredina-na-eu/feed/ 0
Хрватско МВР: Добивме сериозна закана упатена кон премиерот и министрите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatsko-mvr-dobivme-seriozna-zakana-upatena-kon-premierot-i-ministrite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatsko-mvr-dobivme-seriozna-zakana-upatena-kon-premierot-i-ministrite/#respond Fri, 12 May 2023 16:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=833572

Хрватското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распоредиле дополнителни сили околу зградата на Владата откако биле упатени телефонски закани до премиерот Андреј Пленковиќ и министрите. Во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и членови на Владата. Со оглед на добиената пријава односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени. Полициски службеници спроведуваат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите, извести полицијата. Владиниот портпарол претходно потврди дека полицијата била информирана за заканата и поради тоа во Владата бил испратен тим за интервенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatsko-mvr-dobivme-seriozna-zakana-upatena-kon-premierot-i-ministrite/feed/ 0
Состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Сирија и Иран за сириската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-turtsija-rusija-sirija-i-iran-za-siriskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-turtsija-rusija-sirija-i-iran-za-siriskata-kriza/#respond Wed, 10 May 2023 10:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=832631

Министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Сирија и Иран, Мевлут Чавушоглу, Сергеј Лавров, Хусеин Емир Абдулајан и Фејсал ал-Микдад денеска во Москва разговараат за изнаоѓање решение на сириската криза. На состанокот, кој се одржува во зградата на руското Министерство за надворешни работи, на кој Лавров ќе има воведен говор пред новинарите, ќе се одржат консултации за решение на сириската криза. Минатиот декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Турција, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва и се договорија да продолжат со тристраните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион. Иран исто така беше вклучен во разговорите, а Турција претходно соопшти ќе биде „задоволна доколку Иран биде вклучен во процесот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-turtsija-rusija-sirija-i-iran-za-siriskata-kriza/feed/ 0
МИНИСТРИТЕ КАКО ДА РАБОТАТ ВО ГУГЛ: Играат фудбал и кошарка на работа, а министерството како детско игралиште (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-kako-da-rabotat-vo-gugl-igraat-fudbal-i-kosharka-na-rabota-a-ministerstvoto-kako-detsko-igralishte-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-kako-da-rabotat-vo-gugl-igraat-fudbal-i-kosharka-na-rabota-a-ministerstvoto-kako-detsko-igralishte-foto/#respond Tue, 07 Mar 2023 17:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=809190

Министерството на Артан Груби уредено како детско игралиште. Или по теркот на прочуените канцеларии на Гугл, во коишто вработените можат да се опуштат со секакви игри за време на процесот на креативно создавање. Дрим тимот на Али Ахмети се опушта по долг и напорен ден, како што вели Груби. Тимот го сочинуваат Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини. „Дрим тим 🙂 По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех. Денес е голем ден, пишува „антистресираниот“ Груби.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-kako-da-rabotat-vo-gugl-igraat-fudbal-i-kosharka-na-rabota-a-ministerstvoto-kako-detsko-igralishte-foto/feed/ 0
Избрани новите министри – Лога за правда, Меџити за здравство, Алиу за информатичко општество и Шукова за животна средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novite-ministri-loga-za-pravda-medhiti-za-zdravstvo-aliu-za-informatichko-opshtestvo-i-shukova-za-zhivotna-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novite-ministri-loga-za-pravda-medhiti-za-zdravstvo-aliu-za-informatichko-opshtestvo-i-shukova-za-zhivotna-sredina/#respond Tue, 28 Feb 2023 06:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=805805

Собранието синоќа ги избра четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање. Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ. Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ. По собраниската дебата која главно се сведе на партиски препукувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, како и на две паузи, за Лога гласаа 65 пратеници, за Меџити 64, за Алиу 65 и за Шукова 65. За ниту еден од министрите немаше глас против, ниту воздржан. Министрите по гласањето дадоа свечена изјава. Лога е роден е во Струга 1984 година. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, каде стекнал магистратура по дипломатија. Има положено и правосуден испит. Освен албанскиот мајчин јазик, зборува и македонски, англиски и италијански јазик. Член е на Државната изборна комисија и зад себе има повеќе функции на државно и локално ниво. Меџити по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, каде што работи од 2011 година. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година. Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар. Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година. Алиу е роден во Гостивар во 1976 година. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, каде се стекнува со магистратура, а потоа и докторирал информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Зборува македонски, албански и англиски јазик. Работел како професор во гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар, од каде ја продолжува кариерата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде бил асистент, продекан за наука, вонреден професор, потпретседател на Управен одбор, а од 2020 година е редовен професор. Шукова е родена во Скопје на 1 јануари 1970 година. Дипломирала на Технолошко-металрушкиот факултет во Скопје во 1995 година. Од 2020 година е државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) каде била на повеќе функции, почнувајќи од 1999 година. Активно го познава англискиот јазик, а пасивно германскиот. Има клучни квалификации во управување и планирање на животната средина, а учествувала и во подготовка на законски акти во областа на животна средина и нивна хармонизација со барањата на Европската унија, како и во процесот на скрининг и преговори со ЕУ. Била член на повеќе работни групи. По изборот на четворицата министри, во рамки на 104. седница треба да поминат и разрешувањата на заменик-министрите во ресорите: одбрана, земјоделство и образование, како и изборот на нивните наследници. Разрешени треба да бидат заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, а наместо нив, на овие функции, според владиниот предлог, треба да бидат назначени Тирон Јајага за одбрана, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука. Именувани треба да бидат и Викторија Аврамовска-Матиќ за заменик-министер за правда, како и Маја Манолева за заменик-министер за здравство. Сто и четвртата седница за реконструкција на Владата почна на 13 февруари.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novite-ministri-loga-za-pravda-medhiti-za-zdravstvo-aliu-za-informatichko-opshtestvo-i-shukova-za-zhivotna-sredina/feed/ 0
В понеделник продолжува собраниската седница за избор на нови министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-ponedelnik-prodolzhuva-sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novi-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-ponedelnik-prodolzhuva-sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novi-ministri/#respond Sat, 25 Feb 2023 08:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=804864

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата за Предлогот за избор на членови на Владата. Пратениците вчера продолжија со работа и по 18 часот, а по неколку излагања и реплики претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Поради престојните верски празници, тој најави дека Собранието ќе продолжи седницата в понеделник. Со владината реконструкција за министер за правда е предложен Кренар Лога, за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Расправата за изборот на новите министри почна завчера, откако по 10-дневна дебата беа разрешени министрите од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи. На 104. седница по изборот на министрите треба да се расправа и гласа за разрешување на пет заменици-министри и да бидат именувани нови.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-ponedelnik-prodolzhuva-sobraniskata-sednitsa-za-izbor-na-novi-ministri/feed/ 0
Собранието ќе ја продолжи расправата за разрешување на тројцата министри од Алтернатива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/#respond Thu, 16 Feb 2023 06:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=801081

Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат 104-тата седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците. По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива - Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора. За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од Алијансата за Албанците, и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање. На претходна седница Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски. На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри. На првиот ден од расправата, премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ја одлуката за реконструкција на Владата, истакна дека на државата и треба стабилно мнозинство кое ќе овозможи брз развој и напредок. Во изминатите три дена пратениците од власта и опозицијата полемизираа за политиките на Владата, која за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е „Пазар 3 коалиција“ и „купи-продај Влада од денес за утре“. Тие реагираа дека премиерот Ковачевски во експозето не образложил ни една причина за разрешување на министрите, туку зборувал „за европската интеграција и кочничарот ВМРО-ДПМНЕ“. Според опозиционерите, смената во ресорите што ги имаше Алтернатива е само трговија и затоа што „им поминала употребната вредност“. За Алијанса за Албанците (АА), пак, која во Парламентот има осум пратеници, влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата. На потсетувањата од опозициските пратеници какви биле ставовите на АА кон ДУИ, со која сега ќе бидат во коалиција, пратеникот од АА Халил Снопче рече дека „не се пишман“ за тоа што го кажале. -Не сме пишман за тоа што сме кажале. Не умира нашата кауза, но ќе умре евроинтеграциската перспектива. А ова е клучна година. Со нашето учество во Владата, ние даваме надеж за европската иднина на државата, рече Снопче.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/feed/ 0
Познати се имињата на новите министри во владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-se-iminata-na-novite-ministri-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-se-iminata-na-novite-ministri-vo-vladata/#respond Fri, 10 Feb 2023 19:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=799136

Откако Димитар Ковачевски и Арбен Таравари денеска го финализираа договорот за владина соработка, во следниот период треба да се реализира владина реконструкција. Неофицијално, нов министeр од Алијанса за Албанците ќе бидe Кренар Лога, кој ќе го презеде ресорот правда од Никола Тупанчевски. Нефрологот Фатмир Меџити, пак, ќе биде нов министер за здравство, кој доаѓа на местото на Беким Сали од Алтернатива, која во недела ќе одлучи дали ќе остане во владата или не. Како што веќе објави „Фокус“, ДУИ ќе му го отстапи Министерството за животна средина на СДСМ, а нова министерка ќе биде државната секретарка Каја Шукова. Исто така, објавивме дека Маја Манојлева, досегашна директорка на Заводот за рехабилитација ќе биде нов заменик министер за здравство. Што се однесува до останатите заменици-министри, Вјолца Бериша ќе биде заменик-министерка за земјоделство, а Тирон Јахјага заменик за одбрана.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-se-iminata-na-novite-ministri-vo-vladata/feed/ 0