миоа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Oct 2022 05:17:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png миоа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК: Доцнат реформите на администрацијата планирани за 2018-2022, МИОА нема сектор за нивно техничко спроведување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-docnat-reformite-na-administracijata-planirani-za-2018-2022-mioa-nema-sektor-za-nivno-tehnichko-sproveduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-docnat-reformite-na-administracijata-planirani-za-2018-2022-mioa-nema-sektor-za-nivno-tehnichko-sproveduvanje/#respond Tue, 25 Oct 2022 05:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=750006

Македонија останува умерено подготвена во однос на реформата на јавната администрација и постигна ограничен напредок во спроведувањето на препораките од минатата година, се посочува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во приближувањето кон ЕУ. ЕК во забелешките посочува дека е одложено усвојувањето на законските решенија за организација и за работа на органите на државната управа, на нов закон за висока раководна служба, како и на новата правна рамка за управување со човечки ресурси, преку измени на законите за административни службеници и за вработените во јавните служби. Според Комисијата, новата рамка е замислена да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да гарантира избор, унапредување и разрешување врз основа на заслуги, вклучително и на ниво на повисоките раководни функции. – Со одредени доцнења продолжи имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2018-2022 година, како и следењето и извештаите за нејзино спроведување. Целосно беа реализирани само дел од планираните активности. Во Министерството за информатичко општество и администрација се уште нема соодветно екипиран сектор за јавна администрација, кој би ги спроведувал реформите на техничко ниво. Дополнително, треба да се работи и на заложбите за зголемување на менаџерската одговорност, наведува Комисијата. Еврокомисијата нагласува дека и покрај зголемените средства во Буџетот за спроведување на реформите во јавната администрација, сепак нивната имплементација о натаму во голема мерка зависи од финансии од донации.
Се посочува и дека во мај годинава Владата усвои нова методологија за подготовка, мониторинг и известување за секторските стратегии за подобрување на политиките за планирање, но се забележува дека и натаму останува недоволна улогата на владиниот Генерален секретаријат во координација и контрола на спроведувањето на поставените цели. – Во јуни 2021 година е донесена нова Национална програма за усогласување со законодавството на ЕУ (Acquis) за периодот 2021-2025 година, која произлегува од ревидираната методологија за проширување на Унијата, наведува Еврокомисијата, посочувајќи дека иако напредокот во реформите поврзани со ЕУ се разгледуваат на секоја владина седница, сепак се уште не е објавен извештај за нивното спроведување. Во извештајот се посочува дека се уште има државни институции кои не ги дигитализирале своите регистри, што влијае врз квалитетот на административните податоци, па се препорачува проширување и поедноставување на начинот на нивно презентирање со цел да можат поконзистентно да се користи во процесот на носењето одлуки. – Министерството за информатичко општество и администрација, треба да ги зајакне своите капацитет за спроведување поефективна и поконзистентна контрола на квалитетот, смета Европската комисија. Во Извештајот се посочува дека повеќето административни услуги за граѓаните и деловните субјекти се нудат и во живо и онлајн преку националниот е-портал за услуги, но дека не е остварен напредок во поедноставувањето на административните процедури, а и Законот за општи управни постапки се уште не е системски имплементиран во јавната администрацијата. – Во тек е надградба на е-порталот за да се обезбедат 135 нови услуги, во обид да се развие систем ориентиран кон обезбедување услуги на корисниците. Бројката и на регистрирани корисници и на извршени услуги на порталот е зголемена во 2021 година, но таа сепак е под очекувањата. Државните институции кои нудат услуги за граѓаните треба да покажат поголема посветеност на обезбедувањето услуги преку е-порталот, наведува Европската комисија, посочувајќи дека Владата ги охрабрила сите државни институции да ја искористат рамката за интероперабилност со полн потенцијал. Комисијата потенцира и дека препораките наведени во минатогодишниот извештај не биле целосно исполнети, па тие остануваат да важат и за оваа година. – Во наредниот период земјата треба особено да работи на усвојување на законот за административни службеници, законот за вработените во јавните служби и законот за висока раководна служба и нивна примена, на донесување на закон за организација и работа на органите на државната управа и на подзаконски акти спроведување на новата организација на органите на државната управа, како и старт на нивна имплементација и да обезбеди целосна имплементација на законот за општи управни постапки со фокус на електронската размена на документи, се посочува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-docnat-reformite-na-administracijata-planirani-za-2018-2022-mioa-nema-sektor-za-nivno-tehnichko-sproveduvanje/feed/ 0
МИОА: Усогласувањето за правичната застапеност при вработувања во јавниот сектор е со податоци од вкупно попишаните лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mioa-usoglasuvanjeto-za-pravichnata-zastapenost-pri-vrabotuvanja-vo-javniot-sektor-e-so-podatoci-od-vkupno-popishanite-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mioa-usoglasuvanjeto-za-pravichnata-zastapenost-pri-vrabotuvanja-vo-javniot-sektor-e-so-podatoci-od-vkupno-popishanite-lica/#respond Tue, 16 Aug 2022 15:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=719409

При усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор од Министерството за информатичко општество и администрација за МИА велат дека за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица. МИА денеска побара одговор од ресорното Министерство по објавата на „Сакам да кажам“ дека „според Методологијата која ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население“. -Министерството за информатичко општество и администрација како надлежно за Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност донесена од 2016 година, нема направено никакви измени во истиот документ. Напротив, ги усогласи податоците со податоците од Пописот на населението спроведен во 2021 година од Државниот завод за статистика. Податоците за кои станува збор се јавни и се добиени на службен начин. При ова усогласување на податоците, за основа се земени предвид, податоците добиени од вкупниот број на попишани лица, стои во одговорот од МИОА дали алатката „Балансер“ ги користи податоците само од резидентото население или ги зема предвид резидентно и неризидентно. На веб страницата на МИОА на 5 август беше објавено соопштение дека е направена промена во веб алатката „Балансер“ согласно резултатите од спроведениот Попис во 2021 година. -Имајќи ја во предвид поврзаноста на резултатите од спроведениот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација Ве известува дека е направена промена во веб алатката „Балансер“ согласно резултатите од спроведениот попис во 2021 година. При подготовка на годишните планови и електронската распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница за 2022 година, како основ ќе бидат земени податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Северна Македонија за територијата на цела Република Северна Македонија за институциите кои се основани од страна на централната власт, односно податоците од последниот спроведен попис на населението на Република Северна Македонија за единиците на локалната самоуправа во која е сместена таа институција, стои во соопштението. Во него МИОА воедно наведе дека Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување. Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност. Според резултатите од Пописот, кои беа објавени во март вкупното резидентно население во земјава изнесува 1 836 713 лица, од кои 58,44 отсто се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци. Во резидентно население се вклучени и 132 269 граѓани кои не биле попишани, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1 836 713 лица. Податоците за нив, како што објасни директорот на ДЗС Апостол Симовски при обавувањето на резултатите, биле преземени од административни извори и во нив нема податоци за етнички или верски карактеристики. Бројот на вкупно попишаното население, пак, изнесува 2 097 319 лица, а на нерезидентното 260 606. Од вкупниот број попишани, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mioa-usoglasuvanjeto-za-pravichnata-zastapenost-pri-vrabotuvanja-vo-javniot-sektor-e-so-podatoci-od-vkupno-popishanite-lica/feed/ 0
СДК: На државно ќе се вработуваат 31,5% Албанци оти така си пресметал министерот Алити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-na-drzavno-kje-se-vrabotuvaat-31-5-albanci-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-na-drzavno-kje-se-vrabotuvaat-31-5-albanci-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/#respond Tue, 16 Aug 2022 11:28:20 +0000 https://kurir.mk/?p=719275

Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција, пишува СДК.мк. Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија. „Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот. Целиот тест може да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-na-drzavno-kje-se-vrabotuvaat-31-5-albanci-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/feed/ 0
ССМ протестираше пред МИОА за зголемување на платите за 2.806 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-protestirashe-pred-mioa-za-zgolemuvanje-na-platite-za-2-806-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-protestirashe-pred-mioa-za-zgolemuvanje-na-platite-za-2-806-denari/#respond Wed, 29 Jun 2022 09:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=697197

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска протестните активности ги продолжи пред Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од каде што претседателството на ССМ побара исполнување на ветеното линеарно зголемување на платите за 2.806 денари до 1 јули односно вкупно 30 милиони денари со ребаланс на Буџетот. -МИОА беше дел од тимот што преговараше за тие 2.806 денари линеарно зголемување на платите на сите работници и враќање на регресот во јавниот сектор од 30 до 100 проценти за сите работници. Затоа денеска го повикуваме министерот за информатичко општество, кој е дел и беше дел од тој преговарачки тим, доколку навистина се стремат за нова методологија, за реформи во администрацијата, за нов закон за плати за административните работници, нека повели, ние сме пред неговото министерство, нека ни достави ако има искрени намери и не се купува време. Доколку не, жешкото столче го чека, денеска е министер, утре ќе стане обичен работник како нас. Апелирам и до централната и до локалната власт – да излезат, да им ги зголемат платите на сите работници во ова тешко време со двоцифрена инфлација и секаков вид кризи, изјави лидерот на ССМ Дарко Димовски. Штрајкот ќе го продолжат и во наредните денови и, рече, ќе бидат пред вратите на министерствата кои имаат надлежности за платите, како и во локалните самоуправи и за утре најави посета на Гостивар и Струмица. Со гостиварскиот градоначалник утре напладне ССМ ќе потпише колективен договор за усогласување на платите за 2.806 денари, како и со јавното комунално претпријатие во таа општина, а во 15.30 часот утре во Струмица ќе потпишат спогодба за зголемување на платите и со трите јавни комунални претпријатија и колективен договор со струмичкиот градоначалник. Со потпишување на тие договори, рече Димовски, од 1 јули ќе им бидат зголемени платите за 2.806 денари на повеќе од 1300 работници во двете општини. -Штрајковите вродуваат со плод, но, за жал, само на локално ниво и во претпријатијата основани од општините. Апелирам власта да го следи примерот, да не се крие, зашто во моментов ништо не се прави за работникот, освен што се уназади едно работничко право и неделата неработен ден во туристичките места стана работен ден за работниците, додаде Димовски. За вчерашниот протест пред МТСП посочи дека министерката Јованка Тренчевска била поинаква од другите министри и, како што рече, „се одважила да излезе и застанала рамо до рамо“ со нив, но без понудено решение. -Очигледно треба повеќе да одлучуваат бидејќи се работи за целиот јавен сектор кој покрива повеќе од 130 илјади вработени, но е позитивно од нејзина страна што излезе со нас рамо до рамо. Барањата се тие, немаме отстапки, го слушаме гласот на работникот кој вели 2.806 денари до 1 јули. Нека мислат што прават, имаат време уште два дена, а потоа 18,4 проценти од септември со Законот за минимална плата. Нека пресметаат колку ќе ги чини плус тоа кога не сакаат да ги дадат ни овие 30 милиони кои сега ги бараме со ребаланс на Буџетот. Битката ја биеме и со амандман задутре на Комисијата за финансирање и буџет и исто така ќе излеземе во поголем број пред Собранието, истакна лидерот на ССМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-protestirashe-pred-mioa-za-zgolemuvanje-na-platite-za-2-806-denari/feed/ 0
Соработникот на Мерко предлог за министер во МИОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sorabotnikot-na-merko-predlog-za-minister-vo-mioa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sorabotnikot-na-merko-predlog-za-minister-vo-mioa/#respond Sat, 22 Aug 2020 08:32:23 +0000 https://kurir.mk/?p=393779

Јетон Шаќири од струшкиот огранок на ДУИ е партискиот предлот за нов министер за информатичко општество и администрација, објави весникот Коха. Шаќири, кој беше избран и за пратеник на изборите, е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а беше и директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација. Тој важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој често влегуваше во конфликт со претставници на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sorabotnikot-na-merko-predlog-za-minister-vo-mioa/feed/ 0
Манчевски и од изолација му го „чува грбот“ на Филипче, ААВМУ биле виновни?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-i-od-izolacija-mu-go-chuva-grbot-na-filipche-aavmu-bile-vinovni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-i-od-izolacija-mu-go-chuva-grbot-na-filipche-aavmu-bile-vinovni/#respond Thu, 16 Jul 2020 14:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=377176

Министерството за информатичко општество и администрација на Дамјан Манчевски, кој е во изолација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласувало со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк, информираат од таму. „Двете телевизии на никаков начин го немаат прекршено Изборниот законик, со оглед на тоа што министерот Филипче изјавата ја дал во својство на министер и во врска со здравствената криза предизвикана од вирусот ковид-19. Дополнително, министерот Филипче не беше на ниедна од кандидатските листи за предвремените парламентарни избори 2020 година. Во време на светска пандемија и редовно дневно информирање од страна на Министерството за здравство во врска со вирусот, за нас е несфатливо како регулаторот може да ја смета оваа изјава како прекршување на изборниот молк,“ се вели во соопштението. Од таму додаваат дека „ова е само последен од многуте примери за политизација на АВМУ, велат од политизраното министерство кое преку еден министер го правда незаконскиот настап на друг свој миниситер, притоа набедувајќи независна институција дека била политизирана, само и само затоа што си ја вршела својата работа?! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-i-od-izolacija-mu-go-chuva-grbot-na-filipche-aavmu-bile-vinovni/feed/ 0
Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadenite-dozvoli-za-dvizenje-prodolzuvaat-da-vazat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadenite-dozvoli-za-dvizenje-prodolzuvaat-da-vazat/#respond Fri, 05 Jun 2020 06:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=354020

Веќе издадените „трајни“ дозволи за движење на одредени категории граѓани продолжуваат да важат и за време на овој карантински викенд, од 5-ти до 7 јуни. Исти остануваат и процедурите за добивање дозвола, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Со дозволите што ги издава Министерството се опфатени претставници на институции со одлука на владиниот Кризен штаб, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие), дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории земјоделци, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз, како и ловочувари во регистрирани здруженија, јавни претпријатија и национални паркови. Сите дозволи што ги обезбедува МИОА се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“. -Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, наведува Министерството. МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadenite-dozvoli-za-dvizenje-prodolzuvaat-da-vazat/feed/ 0
Стаменковска: Владата на СДСМ ја злоупотребува администрацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-vladata-na-sdsm-ja-zloupotrebuva-administracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-vladata-na-sdsm-ja-zloupotrebuva-administracijata/#respond Thu, 21 May 2020 13:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=348783

Негрижата за вработените во јавниот сектор и за останатите учесници во изборниот процес е својствено за Владата на СДС, заканите, уцените и притисоците на работното место во институциите, кулминира со изложувањето на околу 35 000 вработени во јавниот сектор како "топовско месо" кои немаат избор и мора да се појават на избирачките места. Имено, административните службеници се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка (член 69 од ЗАС), а доколку одбијат учество во органите во кои се избрани за спроведување на изборна постапка (член 73 ст.1 ал.23 од ЗАС), сторуваат потешка повреда на службената должност односно дисциплински престап. ⚖️Од друга страна, Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавецот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. ⚖️Работодавецот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и (производствени) методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата (член 5 од ЗБЗР).Работникот е должен да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица. ⚖️Право и обврска на секој работник е да се грижи за сопствената безбедност и безбедноста на другите лица кои работат со него, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност на здравје при работа и да биде обучен за нивната примена, согласно со прописите за безбедност и здравје при работа. ⚖️Работникот има право да одбие извршување на работата доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување (член 32 од ЗРО). ?Доколку вонредната состојба оваа Влада на СДС ја користеше за справување со пандемијата, последиците од пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните, сите институции до денес ќе имаа протоколи за работа, утврдени ризици и ажурирани изјави за безбедност за сите работни места. За жал, нема ниту една институција која испланирала или превзела превентивни мерки за спречување или намалување на ризиците по безбедноста и здравјето при работа на сите нивоа на работа во институцијата. ?Секако “лудост” би било, кога некој функционер од СДС, во насока и со цел исполнување обврските од Закон, само да ги погледне условите во избирачките места каде неговите вработени ќе треба да ја исполнат својата обрска за спроведување на изборна постапка во време на пандемија. ?Заробени институции, хибриден режим, без одговорност и без грижа за животот и здравјето за своите вработени, партиски се согласуваат да го ризикуваат животот и здравјето на административните службеници, само да му удоволат на Зоран Заев за спас на неговата партиска кариера. ??Почитувани, како ресорен министер за вработените во јавниот сектор, апелирам до одговорните лица во институциите, доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа. Здравјето на сите граѓани, здравјето на сите вработени е пред се. ?Имаме одговорност да ги почитуваме законите да го заштитиме здравјето на сите зошто само така сигурна сум ќе извоиме победа прво над Ковид-19 а потоа и над овој хибриден режим. Фејсбук статус на дополнителната заменик министерка во МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-vladata-na-sdsm-ja-zloupotrebuva-administracijata/feed/ 0
Стаменковска Стојковски информира за состојба со предизборен поткуп, лицемерие и лаги со кои вели дека владее СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-informira-za-sostojba-so-predizboren-potkup-licemerie-i-lagi-so-koi-veli-deka-vladee-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-informira-za-sostojba-so-predizboren-potkup-licemerie-i-lagi-so-koi-veli-deka-vladee-sdsm/#respond Tue, 19 May 2020 16:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=347937

Секој ден Владата на Зоран Заев најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор иако на голем дел веќе им се намалени како антикризна мерка во делот на додатоците и надоместоците на плата и тоа од 5% до 20%, а истовремено секој ден гледаме нови вработувања во институции!?, обвинува заменик-министерката во МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски. Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение Хибридна држава која час нема пари (испразнет буџет), час има пари (резерви од пари) па се расфрлаат и ветуваат со цел предизборен поткуп и уцена на граѓаните. Нема крај на неспособноста и политиканство на функционерите на СДС! Пред некој ден информирав за непостапување од страна на Државниот Управен инспекторат, а сега за продолжување со масовни вработувања, партизирање и неконтролирано полнење на институциите со нови вработени спротивно на Изборниот законик и насоките од Владата. Нема да побегне од одговорност хибридениот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите не постапуваат, ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС а со Обновата на Македонија институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има. Право и правда мора да има за граѓаните и вработените во јавниот сектор. Потсетувам дека за не водење на редовност во една институција за едно лице се води кривична постапка а за илјадници незаконски вработувања, вработени на кои им се исплаќа плата иако не постои повеќе основот поради кој се вработиле нема ни опомена а за кривична одговорност не ни помислуваат. Впрочем неказнивоста на функционерите на СДС е вообичаена, има примери кога се наградуваат со лиценца за садење марихуана или со кандидатско место за пратеник. Почитувани, за состојбата со предизборен поткуп, лицемерието и лаги со кои владее СДС и до кој степен ја поистоветиле (споиле) државата и партијата ќе бидат известени и нашите партнери од ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-informira-za-sostojba-so-predizboren-potkup-licemerie-i-lagi-so-koi-veli-deka-vladee-sdsm/feed/ 0
ИНРЕКОМ: Манчевски наложува операторите да воведат медиумски мрак во ек на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/#respond Wed, 01 Apr 2020 10:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=325495

Институтот за развој на електронски комуникации најостро реагира на дописот од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, а воедно и целосно го осудува обидот за воведување на медиумски мрак. Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, Министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот. Иронично, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите. Скандалозните законски измени на Законот за АВМУ, донесени пред самораспуштање на Собранието, ги предизвикаа сите оператори да упатат протест преку најава за исклучување на сите канали освен МРТ, по што следуваа преговори со Владата. За штетните одредби од овој Закон и далекусежните последици од истиот, ИНРЕКОМ предупреди пред самораспуштање на македонското Собрание ги повика народните избраници да не ги донесуваат законските измени со кои се воведоа правила кои не беа применливи во пракса. Повеќе за коментарот, на следниот линк. Од дописот на МИОА, се наметнува прашањето, дали Владата злоупотребувајќи ја вонредната состојба која им дава надлежност за донесување на одлуки со Законска сила, сега покажува мускули кон операторите кои претходно легитимно протестно се заканија со исклучување на сите канали? Дали Владата свесно или несвесно работи на штета на граѓаните како крајни корисници кои треба да останат дома во време кога царува пандемијата на КоВид-19?! Институтот бара Владата и Министерството да покажат рацио и да не преземаат чекори кон донесување на уредби со што операторите би биле приморани да ги исклучат каналите. Ваквата одлука не е ништо повеќе од начин за пресметка со операторите, а индиректно и нивните корисници. Нешто што е невидена пракса во светот во вонредни околности. ИНРЕКОМ упатува препорака до самите оператори, постапките кои ќе ги повлечат да бидат во интерес на нивните корисници, да продолжат со збогатување на промотивните периоди со што корисниците би можеле да уживаат во бесплатните канали кои им се понудени, со цел да останат дома, во духот на кампањата #СедиСиДома. Дополнителен апел од страна на ИНРЕКОМ до самите оператори е да го пролонгираат исклучувањето на услугите во случај на неплатени обврски и побарувања кон претплатниците. За крај, го потсетуваме Министерството за информатичко општество, дека македонските медиуми веќе добија одредени олеснувања и финансиски средства од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а повторното актуализирање на фамата околу наводните нерегулирани авторски и сродни права да биде оставена за некои помирни времиња после прогласената кризна состојба. ИНРЕКОМ уште еднаш потенцира дека законските измени не се применливи во пракса и истите треба повторно да претрпат измени низ дијалог со сите засегнати страни, но пред сè и низ примери во другите европски земји, бидејќи сегашното законско решение го нема во ниту една земја членка на ЕУ, семејство кон кое се стремиме. Финално, разочаруваат приоритетите кои МИОА ги реализира во ек на пандемија, наместо нивниот креативен фокус да биде ставен во насока на подобрување на брзината и достапноста на услугите кои тие ги нудат на граѓаните, но и создавање на подобри услови за работа на сите субјекти чие работење зависи од нивната регулатива. Интегрален текст од објавата на ИНРЕКОМ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/feed/ 0