мирче аџиоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 11:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мирче аџиоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аџиоски: Дојде денот кога лагите на власта им испливаа на површина дека со 70 гласови Устав не се менува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-dojde-denot-koga-lagite-na-vlasta-im-isplivaa-na-povrshina-deka-so-70-glasovi-ustav-ne-se-menuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-dojde-denot-koga-lagite-na-vlasta-im-isplivaa-na-povrshina-deka-so-70-glasovi-ustav-ne-se-menuva/#respond Fri, 18 Aug 2023 11:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=868368

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски преку статус на Фејсбук пишува дека време е за предвремени избори во нашата земја. „На лагата од власта кратки и се нозете! Една година ја малтретираат Македонија и македонскиот народ и лажеа дека имале 80 пратеници само за да можат да продолжат да крадат, но дојде денот кога лагите им испливаа на површина дека со 70 гласови устав не се менува. Време е за предвремени избори и овие неуспешни политичари да заминат на темната страна од историјата затоа што таму им е местото. #МакедонијаВечна🇲🇰“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-dojde-denot-koga-lagite-na-vlasta-im-isplivaa-na-povrshina-deka-so-70-glasovi-ustav-ne-se-menuva/feed/ 0
Аџиоски:Криминалот, корупција и дивеењето од страна на Рамиз Мерко стружани ги чувствуваат многу одамна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kriminalot-koruptsija-i-diveeneto-od-strana-na-ramiz-merko-struzhani-gi-chuvstvuvaat-mnogu-odamna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kriminalot-koruptsija-i-diveeneto-od-strana-na-ramiz-merko-struzhani-gi-chuvstvuvaat-mnogu-odamna/#respond Wed, 28 Jun 2023 09:06:22 +0000 https://kurir.mk/?p=850390

Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на акцијата Пораки од реалниот живот - Ова е Македонија на денешната трибина „Криминал и корупција“ зборуваше за како функционира судството во Република Македонија, при што јасно укажа дека оваа влада предводена од СДС и ДУИ, која 6 години е на власт, ништо нема направено за судството да се искачи на некое повисоко скалило, и граѓаните да имаат повисока доверба во него. -Во Собранието во последните 6 години нема никакви предлози за реформи во судството од страна на власта. 6 години се на власт, СДСМ имаа можност овие 6 години да го реформираат судството, да го искачат на едно повисоко скалило, за граѓаните да имаат многу поголема доверба, отколку од оваа сега што ја гледаме од 3 % која ја имаат, 3% доверба во обвинителството. Сето тоа се гледа и низ случувањата низ Собранието што се случува на начинот на избор на членови на Советот на јавни обвинители кои во моментот се случува на Комисијата за избори и именувања, изборот на уставни судии, изборот првенствено на Кацарска како предлог за уставен судија и следните три предлози за избор на судии во Уставниот суд меѓу кои беше и актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Јовевски за да дојде до избор и за да го изберат во Собранието, да му дадат поддршка власта гледаме молчи за сите постапки кои излегуваат во јавноста, како и од меѓународната заедница, од САД, но јавното обвинителство гледаме дека молчи се со цел како Љубомир Јовевски да стане уставен судија, рече тој. Аџиоски во текот на своето обраќање се осврна и на последниот скандалозен случај со Рамиз Мерко и потенцираше дека стружани не беа изненадени од сето тоа затоа што тие години наназад живеат со сите овие криминали, корупција што се случуваат во Струга. -Градоначалникот Мерко има 6 активни пријави, најголемиот дел се по членот 353 за злоупотреба на службена должност. Претходно имало и многу постапки кои што завршиле, прекинале, не се постапупувало по многу постапки кои што произлегле по несовесното работење на градоначалникот. Во акцијата „Ова е Македонија за сите“, со стружани зборувавме дека во Струга најмногу се чувствува заробена држава, затоа што во Струга покрај заробената држава во која што живееме овие 6-7 години, се живее во заробена држава уште од 2005 кога ДУИ ја презеде преку Рамиз Мерко општината. Затоа можам да кажам дека и стружани не беа изненадени од последната црна листа на која што се најде и градоначалникот на Струга бидејќи тие живеат долги години наназад со сите овие криминали, корупција што се случуваат во Струга се сето она да речам дивеење, непочитување на закон и таквото однесување на Рамиз Мерко и беа свесни за сето тоа и ова дојде како потврда на сето она кое долги години го зборуваат и граѓаните и ние како политичка партија, кажа тој. Пратеникот Аџисоки на крај порача дека премиерот Ковачевски наместо да се амнестира од целиот овој случај со Мерко треба да преземе мерки и да се реши овој случај. -Не верувам дека ќе има оставка од страна на Рамиз Мерко. Оставка од негова страна бара и албанската опозиција и Алијанса за Албанците излезе БЕСА, Алтернатива, ние како ВМРО-ДПМНЕ, сите бараат оставка. Од друга страна гледаме премиерот кој што можеби е клучен во овој процес кој што треба да побара оставка се амнестира од целата работа и кажува дека " Јас да бев на негово место ќе си поднесеов оставка", наместо да преземе мерки и да се реши тој случај, заклучи Аџиоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kriminalot-koruptsija-i-diveeneto-od-strana-na-ramiz-merko-struzhani-gi-chuvstvuvaat-mnogu-odamna/feed/ 0
Аџиоски: Ставањето на црна листа на САД на Мерко од ДУИ е потврда за се што ВМРО-ДПМНЕ го зборува за ДУИ и зошто тие треба да одат во опозиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-stavaneto-na-tsrna-lista-na-sad-na-merko-od-dui-e-potvrda-za-se-shto-vmro-dpmne-go-zboruva-za-dui-i-zoshto-tie-treba-da-odat-vo-opozitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-stavaneto-na-tsrna-lista-na-sad-na-merko-od-dui-e-potvrda-za-se-shto-vmro-dpmne-go-zboruva-za-dui-i-zoshto-tie-treba-da-odat-vo-opozitsija/#respond Wed, 21 Jun 2023 09:43:10 +0000 https://kurir.mk/?p=848160

Најновото соопштение на Стејт Департментот го потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад го зборува, дека ДУИ е криминализирана структура. Ставањето на Рамиз Мерко од ДУИ на црната листа на САД, е институционална потврда на сите сомнежи и афери кои ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ за кадрите на ДУИ, вели Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Според соопштението на Стејт Департментот, Рамиз Мерко е вмешан во значителна корупција. Дополнително се нотира дека Мерко како градоначалник злоупотребувал фондови, а се мешал и во судски постапки. ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад алармира за злоупотреба на буџетски средства, а за тоа дававме и конкретни аргументи. Истовремено со години алудираме на партизацијата во судството која се прави од страна на ДУИ и СДС. Дуизацијата на судството допринесе кадри на ДУИ да можат да влијаат на постапки, како што се нотира и во соопштението на Стејт Департментот. Ова не е прв пат нашите меѓународни партнери да ја нотираат дуизацијата на судството, истото беше и со назначувањето на Ислам Абази за шеф на обвинителството за организиран криминал, кој беше фатен во друштво со цел врв на ДУИ, кои пред да излезат фотографиите тврдеа дека не го познаваат. Ваквите соопштенија, извештаи и ставови на нашите меѓународни пријатели се уште една потврда на сето тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ мора да замине во политичка пензија. Таа партија мора да се исчисти од криминалните и корумпирани кадри, време е за промени, додава Аџиоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-stavaneto-na-tsrna-lista-na-sad-na-merko-od-dui-e-potvrda-za-se-shto-vmro-dpmne-go-zboruva-za-dui-i-zoshto-tie-treba-da-odat-vo-opozitsija/feed/ 0
Аџиоски: Ковачевски да излезе на лидерска средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kovachevski-da-izleze-na-liderska-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kovachevski-da-izleze-na-liderska-sredba/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=842067

Пратеникот Мирче Аџиоски ги посети населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник,Шурленци каде посочи дека ќе разговараат со сите граѓани од овие населени места. Продолжуваме со средбите во општина Ресен, во населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник и ќе завршиме во Шурленци. Ќе ги посетиме сите населени места, ќе разговараме со сите жители на овие населени места кои што му порачуваат на Димитар Ковачевски да се охрабри, да излезе на лидерската средба, да дојде сам на лидерската средба доколку му дозволат Али Ахмети и неговото раководство од СДС кои што најверојатно немаат доверба бидејќи не го праќаат сам, рече тој. Пратеникот Аџиоски побара Ковачевски да прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ. Нека се охрабри, нека излезе на лидерската средба, нека прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот какви се за него и за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ, порача Аџиоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kovachevski-da-izleze-na-liderska-sredba/feed/ 0
Аџиоски: Потребни се промени, граѓаните ќе ја испратат криминалната влада на СДС и ДУИ во долга опозиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-potrebni-se-promeni-graganite-ke-ja-ispratat-kriminalnata-vlada-na-sds-i-dui-vo-dolga-opozitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-potrebni-se-promeni-graganite-ke-ja-ispratat-kriminalnata-vlada-na-sds-i-dui-vo-dolga-opozitsija/#respond Sun, 04 Jun 2023 07:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=841854

Проблемите се секаде исти. Жителите на овие населени места се соочуваат со неправди од централната власт, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски на денешната средба со житреите на населените места Избиште, Крушје, Лева Река, Кривени и Јанкоец, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Аџиоски посочи дека граѓаните се заборавени од централната власт, истакнувајќи дека е потребна промена. Овие луѓе се заборавени, обесправени и оштетени од централната власт бидејќи нивниот род се плаќа со многу пониски цени од реалната вредност на она што треба за да се произведат, конкретно јаболката, додаде тој. За да се промени оваа слика, мора власта да ја испратиме во историјата и да дојдат нови луѓе кои што ги знаат проблемите и знаат како да ги решат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, вели Аџиоски. Аџиоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и затоа е секогаш со народот. Ние потекнуваме од народот и затоа сме помеѓу народот и тука ќе останеме и ќе продолжиме со оваа акција се додека не ги испратиме овие криминалци кои се на власт таму каде што заслужуваат, а тоа е долга опозиција, рече Аџиоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-potrebni-se-promeni-graganite-ke-ja-ispratat-kriminalnata-vlada-na-sds-i-dui-vo-dolga-opozitsija/feed/ 0
Аџиоски до Бочварски: Доколку не се изгради автопатот Кичево – Охрид во предвидениот рок, ќе си ја поднесеш ли оставката за неработењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-do-bochvarski-dokolku-ne-se-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-predvideniot-rok-ke-si-ja-podnesesh-li-ostavkata-za-neraboteneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-do-bochvarski-dokolku-ne-se-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-predvideniot-rok-ke-si-ja-podnesesh-li-ostavkata-za-neraboteneto/#respond Fri, 26 May 2023 12:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=839079

„Јас имам две пратенички прашања, едното е за министерот за транспорт и врски, а другото е за вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска која што имаше писмено известување дека ќе е отсутна од оваа седница за пратенички прашања“, истакна Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратенички прашања. „Јас ќе почнам со првото прашање кое што е до министерот за транспорт и врски, а кое се однесува за фамозниот и вечен автопат кој се гради во Република Македонија, а тоа е автопатот Кичево – Охрид. И ќе го прашам министерот дали ќе се изгради автопатот Кичево – Охрид во предвидениот рок до 31.12.2023 година. И доколку не се изгради и се поднесе нов Анекс на законот за повторно продолжување на рокот, дали министерот заедно со Анексот ќе си ја поднесе и оставката негова за неговото неработење“, запраша Аџиоски. Аџиоски го запраша министерот за транспорт и врски дали тој ќе си понесе одговорност бидејќи тој е директно одговорен за тоа што автопатот Кичево – Охрид остана да се град 6 години односно да не се гради. „Второто мое прашање се однесува на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска. Прашањето е за кои владини функционери ДКСК има доставено иницијатива за утврдување на одговорност, за кои случаи и како е постапено по тие случаи“, нагласи пратеникот. Тој посочи дека ова се прашање се наметне од фактот што изминатиот период ДКСК доставува до вицепремиерката иницијативи, има неколку случаи меѓу кои е и случајот во кој што се бара оставки од министерот Османи и Нуредини затоа што на локалните избори се гледа како министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот тогашен за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, користат службени возила за партиски цели. „Од Кабинетот на Грковска не дадоа ниту за овој случај конкретен одговор освен дека штом стигне предметот до нив ќе постапат според Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата“, потсети Аџиоски. Тој исто така рече дека вториот сличен случај е кога ДКСК кажа дека постои сомневање дека претседателот на Агенцијата за млади и спорт и членовите на Централната комисија во 2020-та, 2021 и 2022 година по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства со што го оштетиле Буџетот на државата. И лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. „Има уште еден случај, тој е случајот кој што ДКСК бара одговорност од Оливер Спасовски за сообраќајната несреќа на БЕСА Транс во која што загинаа односно живи изгореа 45 луѓе. Комисијата утврдила дека министерот Оливер Спасовски не постапил правилно бидејќи по добиениот извештај од инспекторот кој извршил контрола и утврдил неправилност во работењето на станицата не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите. И последниот случај е случај за кој што и вчера зборуваше претседателката на ДКСК, а тоа е за семејното патување на премиерот во Америка во кое што кажа дека чека на вицепремиерката да постапи за да може да поднесе предмет“, укажа пратеникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-do-bochvarski-dokolku-ne-se-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-predvideniot-rok-ke-si-ja-podnesesh-li-ostavkata-za-neraboteneto/feed/ 0
Аџиоски: Власта става на гласање закони за договор кој пратениците треба ги гласаат, а договорот го немаат видено, ова е скандалозно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-stava-na-glasane-zakoni-za-dogovor-koj-pratenitsite-treba-gi-glasaat-a-dogovorot-go-nemaat-videno-ova-e-skandalozno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-stava-na-glasane-zakoni-za-dogovor-koj-pratenitsite-treba-gi-glasaat-a-dogovorot-go-nemaat-videno-ova-e-skandalozno/#respond Thu, 25 May 2023 11:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=838579

На денешната собраниска седница каде што на дневен ред е предлог законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на Коридорот 8 и 10Д, збор имаше и пратеникот Мирче Аџиоски, кој што потенцираше дека изградбата на Коридорите 8 и 10Д се најголемиот, а воедно, и најскандалозен проект кој што некогаш се реализирале во Македонија. Аџиоски истакна проектот е скандалозен по тоа што на сила, по скратена постапка злоупотребувајќи го европското знаменце, се туркаат измени на закони за негова реализација, а од друга страна, пратениците кои што треба да ги гласаат законските измени го немаат видено договор и не се запознаени со неговата содржина. Додаде дека за Артан Груби, како координатор на проектот за коридорите, не важат ниту законите ниту уставот на Македонија, по што ова е единствен проект кој што меѓу другото, ќе се гради и без одобрение за градба. „Ова е најголемиот проект, можеби, во Република Македонија, но од ова што се случува во Собранието, гледаме дека стана и најскандалозниот проект затоа што на сила се туркаат одредени закони, се руши уставниот поредок на Република Македонија, се со цел да се протурка овој проект, така како што не треба се протурка. Односно, да помине така како што не треба да помине без одобрение за градење, без почитување на законите и поради тоа се менуваат законите законите само онака како што им одговара на владата или на координаторот на овој проект, Артан Груби за кого што не важат ниту законите, ниту уставот“, рече Аџиоски. Посочи дека овој проект започна од договорот кој го склучи оваа влада, кој што договор сеуште никој го нема видено, барем тие пратениците, и не ја има прочитано содржината да видиме што е договарано и зошто вака на сила треба да се носат овие измени на закони, зошто треба да се руши уставниот поредок и законите. „Имавме една понуда од Артан Груби да ни го прераскаже тој договор, зо што мислам дека е понуда која што не треба ниту да се спомнува, па можеби и на антикорупциска му го има прераскажано, бидејќи излегоа со информација дека биле запознати. Договор за кој што се плати 1,2 милиони евра на тие што го договарале тој договор“, истакна Аџиоски. Тој додаде дека и претходно имаше вакви договори и договарања, и претходно имаше изградба на автопатишта, но никогаш не било на ваков скандалозен начин како што се случува сега, тие договори кои што претходно се склучувале биле достапни во македонското Собрание, биле јавни и транспарентно објавени, за истите тие договори се дебатирало во ова Собрание и пратениците биле запознаени со нивната содржина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-stava-na-glasane-zakoni-za-dogovor-koj-pratenitsite-treba-gi-glasaat-a-dogovorot-go-nemaat-videno-ova-e-skandalozno/feed/ 0
Аџиоски: Власта поднесува кореспондентна табела за законот за градење на која не се знае кој е потпишан, тоа е уште еден доказ дека сака овој закон да го помине на шверцерски начин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-podnesuva-korespondentna-tabela-za-zakonot-za-gradene-na-koja-ne-se-znae-koj-e-potpishan-toa-e-ushte-eden-dokaz-deka-saka-ovoj-zakon-da-go-pomine-na-shvertserski-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-podnesuva-korespondentna-tabela-za-zakonot-za-gradene-na-koja-ne-se-znae-koj-e-potpishan-toa-e-ushte-eden-dokaz-deka-saka-ovoj-zakon-da-go-pomine-na-shvertserski-nachin/#respond Mon, 22 May 2023 12:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=837416

Денес продолжуваме со носење на овие закони на брза лента низ македонското собрание и на дневен ред е измените на законот за градење. Најголем стратешки интерес на секоја држава е интересот да ги заштити правата и сигурноста на своите граѓани, за кој што вие со овие закони ги загрозивте и нивните права и нивната безбедност ја загрозувате со носење на вакви закони. Закони кои што понатаму ќе продуцираат изградба на прашање на какви автопатски делници, а на граѓаните ќе им останат само да ги плаќаат долговите кои што вие ќе ги направите затоа што ќе плаќате многу повеќе од тоа што е реалност, потенцираше Мирче Аџиоски, пратеник во Собранието на денешната собраниска седница. Аџиоски во текот на своето обраќање посочи дека власта со законот за градење комплетно ги прескокнува роковите и процедурите кои што се воспоставени во Република Македонија. -Со овој закон не се кратат роковите, туку се прескокнуваат комплетно и рокови и процедури и на проектирање и на градење кои што се воспоставени во Република Македонија, затоа да не се оправдувате дека сте ги крателе роковите, ги прескокнувате комплетно и ги заобиколувате, рече тој. Пратеникот Аџиоски укажа дека надлежните доставуваат празна кореспондентна табела на која нема потпис и не се знае кој е потпишан. -Надлежна комисија за овој закон и за претходниот закон за урбанистичко планирање е Комисијата за транспорт и врски, која ете и нејзе ја заобиколивте, па овие закони одат со европско знаменце по скратена постапка на Комисијата за европски прашања, комисија која кога ќе треба нешто да протуркате што не е добро, ја користите оваа комисија. Секојдневно слушаме од вас за ЕУ, европски вредности, а доставувате заедно со овие закони празна кореспондентна табела, каде што со ништо не се усогласуваат овие закони. Кореспондентна табела на која што нема ниту потпис кој е потпишан, нема име и презиме, има некој скратен потпис кој никој не знае на кој е тој потпис, охрабрете се потпишете го, потпишете ја оваа табела. Зошто вака шверцерски поднесувате кореспондентни табели?, запраша тој. Аџиоски порача дека најважно за власта е што побрзо да поминат овие закони и да испумпаат провизии и пенали кои им се предвидени. -Но за вас е најважно што најбрзо да поминат овие закони, да ги испумпате провизиите и пеналите кои ги имате предвидено и затоа се заобиколува комплетно системот во Македонија, додаде Аџиоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-podnesuva-korespondentna-tabela-za-zakonot-za-gradene-na-koja-ne-se-znae-koj-e-potpishan-toa-e-ushte-eden-dokaz-deka-saka-ovoj-zakon-da-go-pomine-na-shvertserski-nachin/feed/ 0
Аџиоски: Ковачевски да си поднесе оставка затоа што своите граѓани сака да ги направи робови кои ќе работат по 72 часа неделно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kovachevski-da-si-podnese-ostavka-zatoa-shto-svoite-gragani-saka-da-gi-napravi-robovi-koi-ke-rabotat-po-72-chasa-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kovachevski-da-si-podnese-ostavka-zatoa-shto-svoite-gragani-saka-da-gi-napravi-robovi-koi-ke-rabotat-po-72-chasa-nedelno/#respond Sun, 14 May 2023 12:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=834030

Продолжуваме со посетите и средбите со жителите на населените места. Бевме во Подмоље, сега сме во Лескоец и Косел и од тука ќе одиме во посета на населеното место Куратица, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски кој заедно со неговиот тим беше во посета на овие населени места. Од таму, Аџиоски посочува дека незадоволството на жителите е огромно, посебно од последниот Закон за работни односи кој што го протуркаа насилно во Комисијата за европски прашања. „Го поминаа во оваа комисија и покрај забелешките на евроамбасадорот Дејвид Гир, кој јасно им кажа дека нема ништо европско во овој закон и во сите останати кои што се за изградба на коридорите 8 и 10Д. Нема ништо европско во сомнежот за за пљачка на векот, која ја спремаат Артан Груби и Димитар Ковачевски. Затоа, треба барем еднаш да се охрабри премиерот и да си ја потпише оставката затоа што своите граѓани сака да ги направи робови кои што треба да работат 72 часа во текот на една неделата“, рече Аџиоски додавајќи дека овој премиер нема храброст дури ни за да си поднесе оставка. Затоа, додаде Аџиоски, потребна е поддршката од народот, за ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник на следните парламентарни избори и со тоа одговорноста да ги стигне сите кои што се огрешиле пред народот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-kovachevski-da-si-podnese-ostavka-zatoa-shto-svoite-gragani-saka-da-gi-napravi-robovi-koi-ke-rabotat-po-72-chasa-nedelno/feed/ 0
Аџиоски: Власта преку Коридорите 8 и 10д ќе испумпа 200 до 300 милиони евра во приватни џебови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-preku-koridorite-8-i-10d-ke-ispumpa-200-do-300-milioni-evra-vo-privatni-dhebovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-preku-koridorite-8-i-10d-ke-ispumpa-200-do-300-milioni-evra-vo-privatni-dhebovi/#respond Sat, 13 May 2023 08:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=833740

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски ги посети населените места Велестово, Рача, Трпејца и Рамне во охридскиот регион во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Тој посочи дека од средбите со граѓаните веднаш се забележува незадоволството од централната власт, бидејќи истата го направи животот неподнослив. „Цените на основните прехранбени продукти, на струјата, на горивата се неколку пати зголемени, а со тоа се удира по стандардот на граѓаните. Единствена светла точка во овие населени места е локалната самоуправа која во рамки на своите надлежности и можности ги решава проблемите на луѓето од населените места“, рече Аџиоски. Тој додаде во Трпејца населението веднаш го истакна проблемот со канализацијата и неможноста за приклучување на колекторскиот систем. „Редно е да се приклучат и Трпејца и Љубаништа и да се комплетира охридскиот дел од колекторскиот систем. За ова неопходна е централната власт. А од овие на власт гледаме само криминал, корупција и сега со автопатите гледаме дека сакаат да испумпаат народни пари. Сакаат да испумпаат 200 до 300 милиони евра кои ќе завршат на приватни сметки, а со овие пари може да се решат низа на проблеми на локалното население“, рече Аџиоски. Аџиоски истакна дека токму поради проблемите на локалното население, а за кои централната власт има игнорантски однос потребни се избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adhioski-vlasta-preku-koridorite-8-i-10d-ke-ispumpa-200-do-300-milioni-evra-vo-privatni-dhebovi/feed/ 0