Миро Церар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Feb 2019 07:14:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Миро Церар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Церар: Ќе го „подучам“ Хант за историјата на Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-kje-go-poducham-hant-za-istorijata-na-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-kje-go-poducham-hant-za-istorijata-na-slovenija/#respond Tue, 26 Feb 2019 07:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=168357

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар изјави дека ќе го „подучи“ шефот на британската дипломатија Џереми Хант за историјата на Словенија. Хант минатата недела во Љубљана го пофали напредокот на Словенија на нејзиниот пат од „советски вазал“ до успешна земја членка на Европска Унија. -Секогаш се радуваме на посетите на британските претставници, а така ќе биде и по Брегзит, но изјавата за советски вазали е неадекватна, тоа е погрешен израз, истакна Церар. Тој додаде дека ќе го подучи Хант за историјата на Словенија  и изрази уверување дека во иднина нема да има такви „реторички трапавости“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-kje-go-poducham-hant-za-istorijata-na-slovenija/feed/ 0
Церар: САД посилно да се ангажира на Балканот – во спротивно ќе надвладеат руски или кинески интереси https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cerar-sad-posilno-da-se-angazira-na-balkanot-vo-sprotivno-kje-nadvladeat-ruski-ili-kineski-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cerar-sad-posilno-da-se-angazira-na-balkanot-vo-sprotivno-kje-nadvladeat-ruski-ili-kineski-interesi/#respond Mon, 17 Dec 2018 12:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=141185

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар за Вашингтон пост изјави дека американската адмнинистрација треба посилно да се ангажира во Југоисточна Европа, ако не сака јакнење на влијанието на Русија и на Кина во тој дел од Европа. – Ако надвладеат руски или кинески интереси, тој регион може да го загубиме. – изјави Церар за весникот додавајќи дека треба да биде поизразено присуството и ангажираноста на САД. Шефот на словенечката дипломатија нагласува дека во Средна, Источна Европа како и Балканот, посебно се изразени интересите на Кина за јакнење политички и економски врски. – Иако Словенија има само два милиона жители таа привлекува голем интерес за инвестиции од Кина додека САД во тој поглед многу помалку е видлив. – изјави Церар. Тој предупреди дека интересот на Москва и на Пекинг во ситуација кога администрацијата во Вашингтон е фокусирана на агендата „Америка на прво место“, помалку се ангажира во Европа. Тоа според него може да предизвика геополитички промени во однос на стариот континент и посебно на Балканот. – Мислам дека би било добро кога нашите сојузници во САД би биле поприсутни во тој регион. – нагласи Церар, при тоа предупредувајќи дека администрацијата на Трамп предлага на Конгресот намалувања за поддршка во странство, додека Москва и Пекинг во исто време, ги зголемуваат средствата и со тоа и своето влијание во светот. Според Церар, Словенија има големо влијание на Западен Балкан, а ЕУ во соработка со САД во тој поглед треба да покаже повеќе одлучност бидејќи Балканот спаѓа во демократското европско семејство како полноправен член.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cerar-sad-posilno-da-se-angazira-na-balkanot-vo-sprotivno-kje-nadvladeat-ruski-ili-kineski-interesi/feed/ 0
Иванов оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Словенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-republika-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-republika-slovenija/#respond Wed, 24 Oct 2018 12:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=118893

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници разговараа за унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.

Македонскиот претседател нагласи дека континуираните посети на политичко ниво дополнително ги потврдуваат одличните односи меѓу двете земји и се заблагодари за одличната соработка меѓу двете земји за време на мигрантската криза во 2015 година  и за присуството на словенечката полиција на нашата граница. Претседателот Иванов додаде дека во наредниот период напорите треба да се насочат кон динамизирање и зголемување на економската соработка и трговската размена, преку поттикнување на заедничките инвестиции.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, претседателот Иванов изрази надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Република Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.

Во однос на политичките случувања во нашата земја, македонскиот претседател истакна дека иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зема предвид, при што мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот.

Соговорниците разменија мислења и за предизвиците од илегалната миграција, констатирајќи ја потребата досегашната успешна соработка да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-republika-slovenija/feed/ 0
Шефот на словенечката дипломатија Церар во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-slovenechkata-diplomatija-cerar-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-slovenechkata-diplomatija-cerar-vo-poseta-na-makedonija/#respond Wed, 24 Oct 2018 06:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=118640

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти МНР, на средбата на Церар со домаќинот Димитров, предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Двајцата министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија. Во пресрет на посетата на Скопје, Церара во интервју за МИА истакна дека Словенија посакуваМакедонија што е можно поскоро да стане дел од ЕУ и НАТО бидејќи тоа носи големи придобивни за земјата. Многу важен чекор што на Македонија и ги отвора вратите на ЕУ и НАТО се спогодбата за пријателство со Бугарија, а особено Договорот од Преспа со Грција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-slovenechkata-diplomatija-cerar-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0
Церар: Австриската вежба на границата е провокативна и непотребна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-avstriskata-vezba-na-granicata-e-provokativna-i-nepotrebna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-avstriskata-vezba-na-granicata-e-provokativna-i-nepotrebna/#respond Tue, 26 Jun 2018 13:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=69917

Словенечкиот премиер во заминување, Миро Церар денеска изјави дека големата воена вежба на австриската полиција и војска долж словенечката граница е „донекаде провокативна". И покрај противењето на Словенија, австриските безбедносни сили на граничниот премин со Словенија Шплифелд денеска одржаа вежба, прикажувајќи итни мерки за спречување на илегалната миграција. Во вежбата учествуваа околу 500 полицајци и 220 војници, како и воена опрема, вклучувајќи оклопни возила, како и хеликоптери на војската и полицијата на Австрија. Церар изјави дека Словенија соодветно ги штити надворешните граници на Шенген зоната и дека поради тоа, воената вежба била непотребна. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-avstriskata-vezba-na-granicata-e-provokativna-i-nepotrebna/feed/ 0
Церар се надева дека неговата партија повторно ќе биде во словенечката Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-se-nadeva-deka-negovata-partija-povtorno-kje-bide-vo-slovenechkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-se-nadeva-deka-negovata-partija-povtorno-kje-bide-vo-slovenechkata-vlada/#respond Tue, 29 May 2018 06:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=59489

Актуелниот словенечки премиер Миро Церар изјави дека на парламентарните избори во недела очекува позитивен резултат. Тој за словенечката „А телевизија“ изрази верување дека избирачите ќе знаат да ги наградат резултатите на неговата Влада во изминатите четири години, со оглед на тоа што таа ги „стабилизира“ политичките околности по кризниот период кога и се закануваше финансиска криза, а сега остварува годишна стапка пораст на БДП двојно и тројно повеќе од просекот во ЕУ. Церар рече и дека постои можност неговата партија по изборите во недела повторно да се најде во „водечка улога“ при формирањето нова коалициска влада. - Секоја коалиција е тешка, но треба да се соработува, рече Церар . Во недела во Словенија ќе се одржат парламентарни избори, а право на глас имаат 1,6 милиони граѓани. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cerar-se-nadeva-deka-negovata-partija-povtorno-kje-bide-vo-slovenechkata-vlada/feed/ 0
Словенечкиот претседател в сабота распишува парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-pretsedatel-v-sabota-raspishuva-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-pretsedatel-v-sabota-raspishuva-parlamentarni-izbori/#respond Thu, 12 Apr 2018 13:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=39680

Словенечкиот претседател Борут Пахор в сабота ќе потпише одлука за распуштање на сегашнито состав на парламентот и распишување нови избори за 90 пратеници. Тогаш ќе биде објавен и датумот за одржување на изборите. Најверојатни датуми се последната недела во мај или првата недела во јуни. Според словенечки медиуми, Партијата на премиерот Миро Церар сака изборите да се одржат на 3 јуни за да може парламентот да доврши некои веќе почнати постапки. Другите поголеми партии сакаат избори на 27 мај. Кабинетот на Пахор соопшти дека денеска и утре тој ќе изврши завршни консултации со политичките партии, а одлуката ќе ја соопшти в сабота во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-pretsedatel-v-sabota-raspishuva-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Иванов-Церар: Македонија и Словенија пријателски земји со трајно партнерство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-cerar-makedonija-i-slovenija-prijatelski-zemji-so-trajno-partnerstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-cerar-makedonija-i-slovenija-prijatelski-zemji-so-trajno-partnerstvo/#respond Wed, 04 Apr 2018 12:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=36314

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, со кого разговарал за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за политичките актуелности, а биле разменети мислења за предизвиците со кои се соочува регионот на Балканот.

Претседателот Иванов и премиерот Церар ги потврдија одличните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризираат трајно пријателство, доверба и цврсто партнерство. Заедничка констатација на двајцата соговорници беше дека во иднина напорите треба да бидат насочени кон интензивирање на економската соработка и трговската размена, преку поблиска соработка на бизнис заедниците и поттикнување на инвестициите од двете држави, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, претседателот Иванов изразл благодарност за досегашната континуирана помош и поддршка од Република Словенија и очекување за уште поизразена поддршка, со цел деблокирање на евроатлантската перспектива на Република Македонија.

Ја сиатакнал и важноста на заедничката иницијатива на Република Словенија и на Република Хрватска, процесот Брдо-Бриони, чијшто домаќин овој месец ќе биде Република Македонија, како можност за отворен дијалог по сите прашања важни за земјите од регионот и за јакнење на регионалната соработка.

Претседателот Иванов и премиерот Церар разменија мислења и за предизвиците од илегалната миграција и притоа ја потенцираа неопходноста досегашната успешна соработка меѓу надлежните институции да продолжи и во иднина, со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-cerar-makedonija-i-slovenija-prijatelski-zemji-so-trajno-partnerstvo/feed/ 0
Церар: Очекувам Македонија да добие позитивна препорака за почеток на преговори со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cerar-ochekuvam-makedonija-da-dobie-pozitivna-preporaka-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cerar-ochekuvam-makedonija-da-dobie-pozitivna-preporaka-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/#respond Tue, 03 Apr 2018 17:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=35939

Словенија ја поддржува Македонија за евроатлантските интеграции. Земјата напредува на планот на реформите и очекувам да добие позитивна препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ, рече словенечкиот премиер Миро Церар на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев. - Посебно ме радува што гледам дека Македонија напредува во своите реформи и што Парлламентот веќе во април ќе го разгледува пакетот важни закони кои ќе доведат до значајни реформи во областа на правосудството и на другите подрачја, бидејќи само на тој начин ќе биде можно Македонија релативно брзо да се интегрира во Европа како и во НАТО сојузот, рече Церар. Тој изрази убедување дека е потребно да се интензивира процесот на интеграција за Македонија и другите земји од регионот во ЕУ. - Западен Балкан е дел од Европа и прашањето за интеграција на државите од Западен Балкан во Европа мора секој ден да биде на дневен ред и тој процес да се интензивира. Очекувам дека ЕК за кратко време ќе даде препорака за преговори за влез на Македонија во ЕУ и верувам дека тоа ќе ги поттикне понатамошните позитивни процеси. Стабилната и успешна Република Македонија е во интерес и на регионот, на целата европска заедница, рече Церар и посочи дека очекува многу од мајскиот самит на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Софија. Премиерот Заев кажа дека Република Словенија е добар пример како се напредува на економски и евроатлански план, а денеска, рече, добивме уште една потврда дека во Словенија имаме силен сојузник за нашите аспирации во ЕУ и НАТО. - Потребна ни е поддршка во пресрет на новонајавениот засилен дијалог на РМ со ЕУ во рамки на споведувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ и во услови кога бугарското и претстојното австриско претседателство на ЕУ се фокусирани на регионот. Ние како Влада веруваме дека ќе добиеме чиста препорака од ЕК во втората половина на овој месец со што на мајскиот самит ЕУ - ЗБ во Софија и јулскиот Совет на ЕУ се отвораат услови за Македонија да добие датум за почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ. Во овој важен момент за Македонија, Словенија стои до нас и тоа е силен влог во натамошните билатералните однсои и развојот на економската сорабвотка, рече Заев. Во однос на економската соработка словенечкиот премиер изрази задоволство што Словенија и натаму е меѓу најголемите странски инвеститори во земјата. Истакна дека трговската размена  минатата година забалежала раст од над 10 проценти и најави дека Словенија и понатаму развојно ќе ја поддржува Македонија, со акцент на заштита на животната средина и енергетската ефикасност, а постојат услови за развој и во областите како земјоделство, туризам, челична и други индустрии. Словенечкиот премиер кој престојува во дводневна официјална посета на Македонија, е придружуван од голема бизнис-делегација. Заедно со Заев утре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија. Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе има средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cerar-ochekuvam-makedonija-da-dobie-pozitivna-preporaka-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/feed/ 0
Словенечкиот премиер од утре во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenechkiot-premier-od-utre-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenechkiot-premier-od-utre-vo-poseta-na-makedonija/#respond Mon, 02 Apr 2018 14:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=35397

Словенечкиот премиер Миро Церар утре доаѓа во официјална посета на Македонија. Официјалната церемонија на словенечката делегација, ќе се одржи утре на платото пред Владата во 16:00 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација. По средбите двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција. Церар и Заев задутре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија. Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе оствари средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Талат Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenechkiot-premier-od-utre-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0