мирослав грчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 15:39:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мирослав грчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кумовски односи на судијата и вештакот во ТНТ ја нишаат пресудата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumovski-odnosi-na-sudijata-i-veshtakot-vo-tnt-ja-nishaat-presudata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumovski-odnosi-na-sudijata-i-veshtakot-vo-tnt-ja-nishaat-presudata/#respond Tue, 20 Dec 2022 15:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=778242

Кумовски врски. Вакви се односите помеѓу судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев. Двајцата со своја улога во предметот ТНТ за уривањето на објектот „Космос“, пренесува А1он. Кумовските врски станале официјални еден месец откако Ставрев изрече затворски казни во предметот ТНТ. Грчев го изработи клучното вештачење со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и со кое се побија 36 судски пресуди. Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски. Блиските релации ги потврдува и судијата Ставрев за „А1он“ по што се правда дека немало зошто да се изземе. По неколку реченици во одговорот, го оценува вештакот, кој му е кумашин, како професионалец. „Какви било роднински врски на судијата со вештото лице не се основ за изземање член на судечки совет, со оглед да ниту судијата ниту вештото лице не се странки во постапката. Донесената пресуда не се заснова само на конкретното вештачење, туку на сите изведени материјални и вербални докази во постапката. Станува збор за вешто лице – професионалец во конкретна област, кој постапува по наредба за изработка на вешт наод и мислење, кој потоа се изведува како доказ и кој странките имаат право да го оспоруваат. Но, во никој случај тоа не може да влијае во непристрасноста и независноста во одлучувањето на судијата и судијата нема никаков личен интерес од вештиот наод“, посочува судијата Ставрев за „А1он“. Судијата Ставрев ја правда одлуката што во пресудата со која досуди затворски казни се повикува на вештачењето од Грчев со кого е во фамилијарни односи. „Професорот Грчев е единствен лиценциран вештак во нашата држава за ваков тип вешти наоди и од тој поглед единствено тој можел да го вештачи конкретниот предмет. Изземањето судија од конкретна постапка, според законските одредби, но и праксата на Европскиот суд за човекови права, се бара доколку тој е во евентуална роднинска или друга врска со странките во постапката, како обвинетиот, оштетениот или приватниот тужител или, пак, нивните бранители, што може да отвори сомнеж за наклонетост при одлучувањето“, додава судијата. Судијата Ставрев тврди дека не може да постои сомнеж за негова наклонетост. Истовремено, во пресудата му дава верба само на вештачењето направено од Грчев, кој е урбанист. Иако вештакот бил побиван од вештаци геодети, кои се единствени надлежни за мерење коти, Ставрев останал на ставот дека ќе му верува само на кумашниот, односно на вештакот Грчев, чиј наод бил оспорен со три геодетски мерења направени од разни фирми. „Судот ги ценеше мислењето и исказот дадени од страна на техничкиот советник – Роска Пачемска, но тој не можеше да го прифати од причина што е во спротивност на вештите наоди и мислења на овластеното вешто лице проф. д-р Мирослав Грчев, кој е единствен вештак од оваа област на целата територија на Републиката. Впрочем, Роска Пачемска не може да изготвува вешти наоди и мислење од причина што таа е технички советник на одбраната во постапката и не поседува лиценца за изготвување вештачења од областа на урбанизмот“, стои во пресудата за ТНТ. „А1он“ побара став и од адвокатот Еленко Миланов, бранител во ТНТ. Тој тврди дека настрана од фамилијарните односи на судијата и вештакот, побарале изземање на Грчев поради други повреди, но за барањето никогаш не било одлучено. „Поднесовме барање за изземање на вештакот Грчев, но за изземањето не се одлучи, што е суштествена повреда на постапката. Одбраната обезбеди и вештачење од вешто лице – архитект, кое судот не дозволи да се изведе, а со кое во целост се побива вештачењето на вештакот Грчев. Морам да напоменам дека судот дозволи и му достави на архитектот, кој е вешто лице, и копија од списите и негово присуство на рочиштата за потоа да не дозволи одбраната да ги изведе техничкиот наод и мислењето“, вели Миланов. Низа пресуди донесени од Кривичниот суд се укинати од Апелација. Второстепените судии наоѓаат повреди сторени во текот на постапката, односно во начинот на водењето на постапката. Често се укинуваат пресуди и поради погрешно утврдена фактичка состојба, но и поради утврдување фактичка состојба без соодветни докази. Последна таква пресуда донесена од Ставрев, за која знае јавноста, е за актерката Силвија Стојановска, која ја осуди на затворска казна, па Апелација ја ослободи, за на крајот, и тој да донесе ослободителна пресуда при повторена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumovski-odnosi-na-sudijata-i-veshtakot-vo-tnt-ja-nishaat-presudata/feed/ 0
Грчев: Македонската нација е измислена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-makedonskata-nacija-e-izmislena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-makedonskata-nacija-e-izmislena/#respond Fri, 31 Jul 2020 18:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=384520

Архитектот и член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот Скопје 2014 Мирослав Грчев во гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека сите нации во светото се измислени, посочувајќи дека македонската нација е измислена во 19 век. -19 век е век кога се измислија не само македонската нација, туку 90 проценти и повеќе, можеби само една или две сите други европски и сите други светски нации се измислени од втората половина, вели Грчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-makedonskata-nacija-e-izmislena/feed/ 0
Грчев: Потребно е рушење на Порта Македонија и Куќата на Мајка Тереза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-potrebno-e-rushenje-na-porta-makedonija-i-kukjata-na-majka-tereza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-potrebno-e-rushenje-na-porta-makedonija-i-kukjata-na-majka-tereza/#respond Fri, 31 Jul 2020 18:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=384518

Архитектот и член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот Скопје 2014 Мирослав Грчев во гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, вели дека Порта Македонија и спомен куќата на Мајка Тереза од проектот 2014 година треба да се срушат, додека пак другите споменици од овој проект треба да се дислоцираат. -Случајот со спомен куќата Мајка Тереза, која по габарит е изградена, не е само опремена. Првото тешко прекршување на Уставот е што споменикот е идеја од премиер од влада за уредување на град. Тоа е строго забрането и е спротивно на основната темелна вредност. Не може владата да се бави со нешто што е во надлежност на локална самоуправа. Тоа е диктаторски потег. Тоа што влада дискутира за што да се прави со овој проект е иста грешка како онаа на Груевски, ова е исказ на една импотенција и од политички и од уставно-правен тип. Владата не е надлежна да расправа за тоа. Идејата за пренамена е за мене вон памет. Не е направена студија колку чини демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени, вели тој. Грчев додава дека  уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење. Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра. -Мајка Тереза два пати помалце. Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките. Овде има куси упатства на форма на јавна анкета. Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат, рече Грчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-potrebno-e-rushenje-na-porta-makedonija-i-kukjata-na-majka-tereza/feed/ 0
Мирослав Грчев за две и пол години од Владата и Култура добил 17 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miroslav-grchev-za-dve-i-pol-godini-od-vladata-i-kultura-dobil-17-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miroslav-grchev-za-dve-i-pol-godini-od-vladata-i-kultura-dobil-17-iljadi-evra/#respond Fri, 22 Nov 2019 09:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=267538

Мирослав Грчев, архитект и советник во Министерството за култура, но и на премиерот Зоран Заев, во периодот од април 2017 до октомври 2019 година, односно за две и половина години, од Министерството за култура и од Владата добил исплати на вкупна сума од 17 илјади евра, покажува документот кој го објави Фактор. Исплатите почнале од 12 април 2017 година, кога нему во истиот ден му биле извршени исплато од 12 и 20 илјади денари, а потоа продолжуваат во текот на наредниот период. Сумите се движат меѓу 10 илјади и 40 илјади денари по исплата. Обично исплатите се два пати месечно ако се поголеми, а доколку се помали износи, регистрирани се исплати во повеќе наврати во текот на месецот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miroslav-grchev-za-dve-i-pol-godini-od-vladata-i-kultura-dobil-17-iljadi-evra/feed/ 0
Според сведок во „Т.Н.Т“ и според законот за градење, „Мирослав Грчев не смеел да врши вештачење“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-svedok-vo-t-n-t-i-spored-zakonot-za-gradenje-miroslav-grchev-ne-smeel-da-vrshi-veshtachenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-svedok-vo-t-n-t-i-spored-zakonot-za-gradenje-miroslav-grchev-ne-smeel-da-vrshi-veshtachenje/#respond Tue, 12 Mar 2019 13:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=173956

-Законот за градење е дециден и според него само геодет може да врши мерење по вертикала и хоризонтала на објект и да ги споредува котите од одобрен проект со изграден објект. Ниту архитект, ниту урбанист смеат да го прават тоа. Туку само геодетски стручни лица овластени за таа проблематика, вели советникот за геодезија, Роска Паческа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-svedok-vo-t-n-t-i-spored-zakonot-za-gradenje-miroslav-grchev-ne-smeel-da-vrshi-veshtachenje/feed/ 0
Ќерката на Џафери и синот на Грчев вработени без оглас за вработување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjerkata-na-dzaferi-i-sinot-na-grchev-vraboteni-bez-oglas-za-vrabotuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjerkata-na-dzaferi-i-sinot-na-grchev-vraboteni-bez-oglas-za-vrabotuvanje/#respond Wed, 18 Apr 2018 08:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=42344

Ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и синот на архитектот близок до власта, Мирослав Грчев, добија вработувања во државната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). Нивните работни места не беа огласени и примени се без конкурс, што дополнително ја зовре јавноста во ситуација кога се бара чесност, непристрасност и транспарентност по промената на власта пред десетина месеци, објави Независен весник. Од ЕЛЕМ потврдуваат дека своите редови ги засилиле со Димитар Грчев и Бесија Џафери објаснувајќи оти сѐ е чисто и законски. „Примени се преку Агенцијата за вработувања, а во такви случаи тоа значи дека тие не се вработени во ЕЛЕМ, туку ни се отстапени од Агенцијата. Конкретно, нивниот договор е од 5 април и трае до 31 декември, односно до крајот на годината. Колегата е на место инженер за животна средина, а колешката е референт за правни работи. За овој тип вработувања не е потребно да се распише оглас бидејќи се привремени. Хипотетички, доколку по истекот нивните договори бидат продолжени на неопределено, тогаш ќе мора работните места да се огласат. Уште една работа: без оглед што договорите за вработување им се привремени, и за нив мораше да се добие согласност од Министерството за финансии“, велат од ЕЛЕМ за Независен. Откако веста за нивното вработување допре до јавноста, Димитар Грчев на својот профил на Фејсбук напиша: „Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам за интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип“. Според неговите искази, тој бил вработен во „Џонсон контролс“ (сега „Адиент“) и платата му била повисока отколку во ЕЛЕМ. На прашањата од неговите пријатели зошто тогаш си заминува и прифаќа да работи за помалку пари, вели поради тричасовниот секојдневен пат и десетте часа работно време, поради што не можел да оствари други аспекти од животот кои му биле важни. „Дадов отказ во октомври, но добро, вие сѐ сте одлучиле, сѐ знаете и сѐ е веќе решено“, им одговара на критичарите. Бесија Џафери и нејзиниот татко засега не се произнесуваат за вработувањето. Целиот текст прочитајте го на Независен.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjerkata-na-dzaferi-i-sinot-na-grchev-vraboteni-bez-oglas-za-vrabotuvanje/feed/ 0
Синот на Грчев потврди: Ме вработија во ЕЛЕМ, ама земам пониска плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-grchev-potvrdi-me-vrabotija-vo-elem-ama-zemam-poniska-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-grchev-potvrdi-me-vrabotija-vo-elem-ama-zemam-poniska-plata/#respond Tue, 17 Apr 2018 08:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=41663

Димитар Грчев, син на архитектот и советник во министерството за култура Мирослав Грчев, на неговиот фејсбук профил ја потврди информацијата која вчера ја објави Лидер, дека тој, заедно со ќерката на Талат Џафери, Бесија Џафери се вработиле во ЕЛЕМ, пишува порталот „Лидер“. -Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа. – пишува Грчев на неговиот фејсбук профил. Во коментарите на неговата објава, младиот Грчев налета на жестоки реакции од граѓани и активисти на шарената револуција. -Тоа во време на ВМРО го викавме непотизам, сега ваљда го викате ,,успеав да се снајдам“.Браво чим се радуваш на државна плата! – коментира една граѓанка. Друга граѓанка се потсмева со неговата изјава дека претходно земал повисока плата. – Фино од тебе што повисоката плата во Штип,ја отстапи на некој друг.До лани лаевте, сеа и сензитивни дури.Ај на здравје со нафтава, ама на екс. – му пишува граѓанката на младиот Грчев. Во одговор до револтираните граѓани, Димитар Грчев објаснува дека ја напуштил претходната работа во октомври затоа што таму не му одговарало темпото на работа. Според сознанијата на Лидер кои доаѓаат од ЕЛЕМ и АВРМ, Димитар Грчев е вработен на позицијата Инжинер за животна средина а Бесија Џафери во оваа државна компанија ќе работи како правник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-grchev-potvrdi-me-vrabotija-vo-elem-ama-zemam-poniska-plata/feed/ 0
Грчев: Историското ВМРО е фашистичко, а македонскиот народ бил створен 45-та https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-istoriskoto-vmro-e-fashistichko-a-makedonskiot-narod-bil-stvoren-45-ta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-istoriskoto-vmro-e-fashistichko-a-makedonskiot-narod-bil-stvoren-45-ta/#respond Mon, 05 Mar 2018 21:24:06 +0000 http://kurir.mk/?p=27679

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека историското ВМРО е фашистичко, а македонскиот народ бил створен 45-та година. Грчев меѓудругото говореше и дека спомениците на македонските херои се фашистички акт. Истакна и дека тие имаат ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански и подвлече дека ќе препорачаат отстранување на трите албански споменици од „Скопје 2014“. -Околу плоштадот во рамки на Скопје 2014 има три албански споменици. Сите три се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици. Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба, рече Грчев. Грчев вечерва во „Само вистина“ потенцираше дека тој никогаш не рекол оти македонската нација и јазик се измислени и создадени во 1943 година. -Ова не е цитат, ова е злоупотреба. Јас кажав дека во рамките на југословенскиот државен проект е созадена македонската држава во која се еманципирани нацијата, јазикот и идентитетот, рече Грчев. Само за потсетување, членот на Советот за култура на СДСМ, за српски медиуми минатата година во ноември месец излезе со скандалозна изјава дека македонската нација била измислена во рамките на Југославија. -Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманицпирана и македонската нација, и македонска култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања, истакна тогаш Грчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-istoriskoto-vmro-e-fashistichko-a-makedonskiot-narod-bil-stvoren-45-ta/feed/ 0
Грчев се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/#respond Fri, 16 Feb 2018 14:30:35 +0000 http://kurir.mk/?p=22194

Мирослав Грчев кој е член на Комисијата која го проверува проектот Скопје 2014, се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски од плоштадот во Скопје. Според Грчев на споменикот „Воин на коњ“ не му преостанува ништо друго освен рушење, а „Скопје 2014“ мора да се третира како природна непогода, како општествено политичка катастрофа. Тој вели: „Ништо не кошта да се тргне Воинот на коњ од плоштад. Потребно е само камион со кран и четворица работници да го отштрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општство, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“. Ова не е ни прва ни последна скандалозна изјава на Мирослав Грчев. Тој е познат по своите анти-македонски и анти-државни ставови, за него македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/feed/ 0
Грчев за грчко радио: Врзувањето со Александар Велики е смешно, македонскиот идентитет потекнува од 19-ти век https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-za-grchko-radio-vrzuvanjeto-so-aleksandar-veliki-e-smeshno-makedonskiot-identitet-poteknuva-od-19-ti-vek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-za-grchko-radio-vrzuvanjeto-so-aleksandar-veliki-e-smeshno-makedonskiot-identitet-poteknuva-od-19-ti-vek/#respond Mon, 29 Jan 2018 13:28:50 +0000 http://kurir.mk/?p=15968

Архитектот и ексградоначалник на скопската општина Центар, Мирослав Грчев, во интервју за грчкото радио изјави дека македонскиот национален идентитет потекнува од 19. век и оттаму му е смешно поврзувањето со Александар Велики. -Приказната за вечно национално постоење е луда приказна за мене. Оваа апсурдна врска меѓу нашата модерна нација со Александар Велики и Филип, пред 2000 година, тоа, едноставно, е смешно, вели за радиото жестокиот критичар на проектот „Скопје 2014“. Според дизајнерот на сегашното државно знаме на Македонија, идејата за македонски идентитет се родиле во главите на локалното население пред два века. -Нацијата на Македонците постоеше пред 1944 година, бидејќи имаме книги и текстови на нашиот јазик. Во тоа време, се разбира, малкумина го нарекуваа нашиот јазик македонски. Тие биле образовани луѓе, кои имале свое мислење и го запишале. Ова започна во 19 век. Постојат писма од 19 век, книги и весници дека луѓето во овој регион се нарекуваат Македонци, објаснува Грчев. На прашањето како се чувствува (етнички), тој одговара: „Во мојот извод од матичната книга на родените од 1955 година пишува: место на раѓање – Република Македонија, националност: Македонец. Тоа е историја. Сите мои сограѓани родени по 1944 година ги имаат истите документи. Не постои сомнеж за секој граѓанин на оваа земја што“. За потпрашањето дали ова значи дека тие што се родиле пред 1940-тите не се сметале себеси за Македонци, Грчев со одговор: „Неколкумина се сметаа себеси за Македонци во 1930 година, помалку во 1920 година, уште помалку во почетокот на 20. век. Но, ова е случај насекаде, националната свест постепено се развива“. Околу географската одредница Вардарска, која се споменува како еден од предлозите за додавка на името на Македонија, тој излегува со историско објаснување. „Пред Втората светска војна областа била наречена Вардарска Бановина, но тоа не е држава, тоа е географска и административна област, како што е денес географската и административна област Македонија во северна Грција. Така, пред Втората светска војна немаше Македонија како државен концепт. Македонија е географски регион, кој има многу политички промени. Границите се менуваат многу брзо по падот на Отоманската империја“, вели Грчев.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-za-grchko-radio-vrzuvanjeto-so-aleksandar-veliki-e-smeshno-makedonskiot-identitet-poteknuva-od-19-ti-vek/feed/ 0