мирослав томан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jan 2021 14:43:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мирослав томан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За испорака на вакцини во Македонија се чекаат насоки од Европската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-isporaka-na-vakcini-vo-makedonija-se-chekaat-nasoki-od-evropskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-isporaka-na-vakcini-vo-makedonija-se-chekaat-nasoki-od-evropskata-komisija/#respond Wed, 20 Jan 2021 14:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=457600

Амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска рече дека ќе треба да се причекаат насоките од Европската комисија за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во нашата држава. -Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбеудвањето вакцини за Македониаји и западноевропските држави. Парите се тука, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините. Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Макаедонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен. Треба да почекаме уште малку за да видиме јасна слика како сето ова ќе се одвива и во нашата држава и тука, во Северна Македонија, рече Томан, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата. Премиерот Заев, пак, истакна дека од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче. Така е редот, рече Заев, по лекарите и медицинскиот персонал да се вакцинира и Филипче. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат, посочи, хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од КОВИД загубиле член од семејството. -Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината, порача Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-isporaka-na-vakcini-vo-makedonija-se-chekaat-nasoki-od-evropskata-komisija/feed/ 0
Чулев оствари средба со чешкиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-ostvari-sredba-so-cheshkiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-ostvari-sredba-so-cheshkiot-ambasador/#respond Thu, 18 Jun 2020 10:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=359421

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со чешкиот амбасадор Н.Е. Мирослав Томан. Тема на заедничкиот состанок беше борбата против илегалната миграција каде, организацијата на парламентарните избори и справување со пандемија од Ковид-19. На средбата од страна на амбасадарот Томан беше врачено писмо од чешкиот министер за внатрешни работи Н.Е. Јан Хамачек со кое се потврдува заложбата за продолжување на учеството на чешките полициските службеници во заедничките операции на нашата јужна граница. Професионализмот и искуството на чешките полициските службеници се од исклучително значење за нашата држава. Од страна на Чулев амбасадарот беше запознат за активностите кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на успешна реализација на изборниот процес, како и од потребата за учество на набљудувачката мисија на ОСЦЕ – ОДИХР и претставниците на меѓународната заедница. При што тој ја потенцираше важноста на донесување на здравствениот протокол кој е важен елемент во организација на изборите. Министерот Чулев изрази благодарност за досегашните донации на Чешка Република за Министерството за внатрешни работи при што потенцираше дека тие значително придонеле за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на полицијата. Двете страни се согласија дека по завршување на изборните процес меѓусебната соработка треба да продолжи со несмален интензитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-ostvari-sredba-so-cheshkiot-ambasador/feed/ 0
Чешка ќе продолжи да финансира проекти во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshka-kje-prodolzi-da-finansira-proekti-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshka-kje-prodolzi-da-finansira-proekti-vo-makedonija/#respond Mon, 28 May 2018 10:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=59221

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан при што разговарале за унапредување на соработката во повеќе сегменти како и за размена на искуства. Како што соопшти Министерството за финансии, амбасадорот Томан најави дека Република Чешка ќе продолжи да финансира проекти во Македонија. - Исто така, на средбата амбасадорот истакна дека економската промоција на нашата земја ќе продолжи и во иднина се со цел привлекување на повеќе чешки директни инвестиции во Македонија, наведуваат од Министерството. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshka-kje-prodolzi-da-finansira-proekti-vo-makedonija/feed/ 0