Мировен корпус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 14:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мировен корпус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН: Волонтери на Мировниот корпус ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-volonteri-na-mirovniot-korpus-kje-sorabotuvaat-so-devet-osnovni-i-dve-sredni-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-volonteri-na-mirovniot-korpus-kje-sorabotuvaat-so-devet-osnovni-i-dve-sredni-uchilishta/#respond Wed, 07 Dec 2022 14:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=772315

Нова група волонтери на американската федерална агенција Мировен корпус почнува со работа во Република Македонија. Дел од волонтерите кои денеска дадоа свечена заклетва, ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта, во рамки на Програмата за англиски јазик и инклузија. Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, заедно со амбасадорката на САД во РСМ Анџела Агелер и директорката на Мировниот корпус во Македонија Дебора Конер, посакаа и овие волонтери да продолжат со посветеноста на нивните претходници да даваат придонес во напорите да се мотивираат учениците да напредуваат низ процесот на образование. „Волонтерите заедно со наставниците и професорите по англиски јазик ќе соработуваат со цел унапредување на наставата по англиски јазик, како на самите часови, така и во многубројни дополнителни активности како клубови и кампови, спортски активности, работилници за животни вештини, проекти за подобрување на училишата и обуки на наставниот кадар. Улогата на волонтерите во училиштата е особено важна сега, после еден тежок период во кој пандемијата имаше силно влијание врз образованието и младите луѓе“, рече заменик министерот Алиу. Соработката со волонтерите на Мировниот корпус датира од 1996 година, а е официјализирана со потпишувањето на Меморандум во 2014 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-volonteri-na-mirovniot-korpus-kje-sorabotuvaat-so-devet-osnovni-i-dve-sredni-uchilishta/feed/ 0
Волонтери на Мировен корпус повторно во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonteri-na-miroven-korpus-povtorno-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonteri-na-miroven-korpus-povtorno-vo-makedonija/#respond Mon, 26 Sep 2022 15:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=737619

Во Македонија денеска пристигнa нова група Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјава. – Ова е прва група волонтери коишто пристигнаа во Северна Македонија после три години, откако беа евакуирани во март 2020 година заради светската пандемија. Волонтерите повторно ќе бидат дел од програмите за настава по англиски јазик и развој на заедниците, како и во претходните години. Им посакуваме многу успешна работа, изјави Дебора Конер, директорка на Мировниот корпус во Северна Македонија, која ги пречека волонтерите аеродромот во Скопје. За време на двогодишниот престој во Северна Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации. Ова е 25-та група волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура, а својата служба во земјата ќе ја почнат во декември 2022 Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Повеќе од 800 американски државјани досега служеле во Северна Македонија од 1996 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonteri-na-miroven-korpus-povtorno-vo-makedonija/feed/ 0
Американскиот Мировен корпус со најголема група волонтери во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/#respond Sun, 23 Sep 2018 13:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=104764

Педесет и четворица Американци, што е рекорден број досега, пристигнаа денеска во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство во училишта и организации во Македонија. - Сведоци сме на пристигнувањето на најголемата група волонтери во историјата на Мировниот корпус Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите се повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците да служат во Македонија, изјави директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин. Нивното присуство во Македонија, според Ханафин, е многу значајно. - Споделувањето знаења и искуства е непроценливо за сите коишто се инволвирани, вели тој. За време на нивниот двегодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училишта, како дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Ова е 23-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 750 американски државјани служеле во Македонија од 1996 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/feed/ 0