мировен план – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 May 2022 14:52:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мировен план – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Москва го анализира предложениот мировен план на Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-go-analizira-predlozeniot-miroven-plan-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-go-analizira-predlozeniot-miroven-plan-na-italija/#respond Mon, 23 May 2022 14:52:54 +0000 https://kurir.mk/?p=680567

Русија доби мировен план од Италија за Украина и го проучува, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко. „Неодамна го добивме. Во моментов го анализираме“, рече тој, истакнувајќи дека планот досега не бил разговаран меѓу Русија и Италија. „Кога ќе ја завршиме анализата, ќе го соопштиме нашиот став“, додаде Руденко. Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави во петокот дека неговата земја предложила на ОН формирање „меѓународна група за посредување“ за да се обиде да постигне „чекор по чекор“ прекин на огнот во Украина. Според Ди Мајо, „групата за посредување“ предложена од ОН „треба да се обиде да го врати дијалогот меѓу двете земји, кои моментално се во војна“. Деталите за планот не се објавени, но според италијанскиот весник „Република“, прилично деталниот документ презентиран во ОН и составен од дипломати од италијанското Министерство за надворешни работи предвидува четири фази: – Прекин на огнот во Украина и демилитаризација на фронтот под покровителство на ОН; – Преговори за статусот на Украина за влез во Европската унија, но не и во НАТО; – Билатерален договор меѓу Украина и Русија за Крим и Донбас (овие спорни територии добиваат целосна автономија со правни гаранции за нивната безбедност, но остануваат под суверенитет на Украина); – Склучен мултилатерален договор за мир и безбедност во Европа, насочен особено кон разоружување, контрола на вооружувањето и спречување конфликти. Шефот на рускиот преговарачки тим Владимир Медински вчера изјави дека Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-go-analizira-predlozeniot-miroven-plan-na-italija/feed/ 0
Курц го поддржа мировниот план на Трамп за Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-go-poddrza-mirovniot-plan-na-tramp-za-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-go-poddrza-mirovniot-plan-na-tramp-za-bliskiot-istok/#respond Thu, 30 Jan 2020 09:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=296779

Австрискиот канцелар Себастијан Курц  ја подржа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на проблемот меѓу Израел и Палестина. „Поздравуваме што САД и претседателот Трамп со конкретни предлози се вклучуваат во решавањето на еден од најтешките конфликти во меѓународната политика“, истакна Курц во зедничкото соопштение со министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг. Меѓународната заедница и ЕУ веќе со децении сакаат со решението „две држави“ да се заврши конфликтот и крвопролевањето, нагласија двајцата Австријци. Курц и Шаленберг апелираа до сите страни да се прифати американскиот план како повод за обновување на преговорите под раководство на САД, за врз тие основи да се дојде до конечно решение. „Застојот во процесот на изноѓање мир на Блискиот Исток трае веќе предолго“, констатираа двајцата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-go-poddrza-mirovniot-plan-na-tramp-za-bliskiot-istok/feed/ 0