мирување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 15:41:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мирување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протестот на вработените во МИА ставен во мирување во очекување на исполнување на ветувањето на премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/#respond Tue, 08 Aug 2023 15:41:33 +0000 https://kurir.mk/?p=864730

Вработените во Медиумската информативна агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањето кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска Агенција. До тогаш протестот се става во мирување. Доколку не биде исполнето ветувањето на премиерот до наредната седница, вработените преку синдикатот ќе ја отпочнат постапката за штрајк, а тоа значи блокада на работата, односно МИА нема да продуцира вести. Штрајкот ќе се одржува пред Владата според однапред предвидена динамика. На состанок со вработените, менаџментот на МИА информираше дека точката за зголемување на платите на седницата на Влада на 1 август 2023 година е тргната од дневен ред со образложение дека МИА треба да го усогласи финансискиот план со Министерството за финансии и да достави нова одлука со барање за покачување на бодот. Ова според менаџментот, веќе било направено. МИА бара одобрување за покачување на платите за кои има сопствени средства од предвидениот буџет и од остварена добивка. Поради фактот дека новинарите во МИА не ги опфати ниту едно покачување во минатите години, нема да го прифатиме процентот на веќе понуденото зголемување на платите како во јавниот сектор, посочуваат од двата синдиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/feed/ 0
„Еуркомпозит“ со в. д. директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eurkompozit-so-v-d-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eurkompozit-so-v-d-direktor/#respond Mon, 23 Apr 2018 13:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=44905

Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор, а синдикатот на компанијата протестите ги стави во мирување до четврток до кога е најавено вработените да добијат плата. Гоце Јагуриноски, вршителот на должноста директор на „Еурокомпозит“  изјави дека е назначен од Управниот одбор до одржувањето на акционерското собрание во втората половина на мај. Дотогаш тој ќе биде потписник на сметката и ќе може да се исплати плата. - Од Управниот одбор сум назначен за вршител на должноста директор до одржувањето на акционерското собрание и до изборот на нов директор, по 21 мај. Ќе бидам потписник на сметката и да се исплати плата на вработените. Покрај тоа, ќе се следи и проблематиката која ја работи компанијата, заедно со производството и  извозот. Разговарав со синдикатот и вработените кои сакаат прво да добијат плата, па да работат. ветувањето е до четврток да се исплати плата, па да продолжи процесот на работа. Прифатено е протестите да се стават во мирување до четврток, рече Јагуриноски кој беше дел од вработените кои штрајкуваа. Според Јагуриноски постои надеж да се реши состојбата за шест месеци до кога е договорено со владата да се најде стратегиски инвеститор. <- Остануваат уште четири месеци и јас сакам да бидам оптимист за решението за компанијата. Едно од најбитните прашања за вработените е да се исплати заостанатото за пензискиот стаж. Во фабриката има само еден договор, склучен со МВР од пред три години. Според тоа, треба да се сработи и да се испорача. Малку има работа и во цивилното производство, вели Јагуриноски. За Јагуриноски решение треба да се бара во два правца. - Едното е склучување договори со двете министерства, МО и МВР, да ги опслужува, а другото, да се намали бројот на вработените како технолошки вишок, а останатите да бидат сервис за потребите на институциите, смета Јагуриноски. Синдикатот на „Еуркомпозит“ потврдува дека протестите се во мирување до четврток и ако не се исплати плата, в петок продолжуваат соп блокади на патиштата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eurkompozit-so-v-d-direktor/feed/ 0