мис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Apr 2022 20:03:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мисица и мистер во хороскопот: Кои се најсекси хороскопски знаци? https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/misica-i-mister-vo-horoskopot-koi-se-najseksi-horoskopski-znaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/misica-i-mister-vo-horoskopot-koi-se-najseksi-horoskopski-znaci/#respond Tue, 26 Apr 2022 20:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=668096

Припадниците на секој хороскопски знак се атрактивни на свој начин, но постојат некои знаци кои сепак привлекуваат малку повеќе внимание. Астролозите тврдат дека имаат одговор на прашањето кој е најсекси знак, а интересно е дека не станува збор за ист знак кај мажите и жените. Мистер ЛАВ Неговата страст и авантуристички дух не може да пројде незабележано и лавот би бил забележан веднаш штом влезе во собата. Полн со енергија и делува како магнет за луѓето. Жените ги привлекува неговата духовитост, шарм и начинот на кој работите ги прави да изгледаат величествени и уникатни. Лавот никогаш нема да биде задоволен со второто место, секогаш стремејќи се кон врвот, па важно му е околината да го смета како најдобар. Кога станува збор за љубовта, неговата харизма и топлина со сигурност ќе ве натераат да се заљубите на прв поглед. Мис ШКОРПИЈА Астролозите се согласуваат дека Шкорпијата е најатрактивна жена во хороскопот, како да користи магија за да ги привле мажите. Тајната е во нивниот став кој неверојатно ги привлекува мажите. Покрај тоа што се атрактивни, Шкорпиите можат да се пофалат со аналитички ум и моќни инстинкти. На кратко, тие се интригирачки и страсни, силни жени на кои мажите им се поклонуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/misica-i-mister-vo-horoskopot-koi-se-najseksi-horoskopski-znaci/feed/ 0
Како една убавица се спротивстави на армија и го потресе светот: „Потребна ни е вашата помош“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-edna-ubavica-se-sprotivstavi-na-armija-i-go-potrese-svetot-potrebna-ni-e-vashata-pomosh-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-edna-ubavica-se-sprotivstavi-na-armija-i-go-potrese-svetot-potrebna-ni-e-vashata-pomosh-video/#respond Mon, 05 Apr 2021 11:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=492552

Говорите на натпреварувачите на натпреварите за убавина ретко привлекуваат внимание на јавноста. Но, кога Мис на Мјанмар Хан Лаи зборуваше минатата недела против наводните злосторства извршени од војската на нејзината земја, нејзиниот говор го привлече вниманието на медиумите и брзо стана вирален. - Денес има многу луѓе кои умираат во мојата земја Мјанмар. Ве молам, помогнете му на Мјанмар. Во моментов ни треба вашата итна меѓународна помош. Пред нешто повеќе од еден месец, 22-годишната Хан Лаи беше на улиците во Јангон, најголемиот град во Мјанмар, протестирајќи со своите сограѓани против војската на земјата. Немирите во Мјанмар започнаа пред два месеци кога армијата ја презеде контролата над земјата, поништувајќи ги демократските избори на кои убедливо победи партијата на Националната лига за демократија (НЛД) Аунг Сан Су Су Ки. Настанот предизвика протести на десетици илјади луѓе кои излегоа на улиците низ земјата во знак на протест против пучот, а армијата потоа ги растера со водени топови. Една недела подоцна, армијата употреби гумени куршуми над демонстрантите, а потоа и муниција. Најсмртоносниот ден од конфликтот се случи минатата сабота, кога беа убиени над 100 лица. Локалната група за набљудување наведува дека вкупниот број на мртви е над 500. Според „Save the children“, 43 деца исто така биле убиени. Хан Лаи, студентка по психологија на Универзитетот Јангон и мис на Мјанмар, одлучи да го искористи натпреварот за убавина за да ја покани меѓународната заедница да и помогне на нејзината земја. - Новинарите се во притвор во Мјанмар, па затоа решив да проговорам, изјави мисот за Би-Би-Си во телефонско интервју од Бангкок. Во разговорот, таа исто така изрази загриженост затоа што нејзиниот двоминутен говор на натпреварот може да ја доведе во опасност, па следните три месеци ќе ги помине во Тајланд. Таа исто така изјави дека пред да замине за Тајланд, била свесна за ризиците што ги носи нејзиниот говор. - Толку сум загрижена за моето семејство и мојата безбедност, затоа што зборував за армијата и ситуацијата во мојата земја. Секој овде знае дека има ограничувања кога станува збор за тековните настани. Моите пријатели ми рекоа да не се враќам во Мјанмар. Хан Лаи додаде дека по нејзиниот говор не ја контактирале армијата или други службеници, но рече дека добила заканувачки коментари и пораки преку нејзините сметки на социјалните мрежи. - Ми се заканија на социјалните мрежи, велејќи ми дека ќе бидам затворена кога ќе се вратам - вели Хан и додава дека не знае кој стои зад заканувачките пораки, но и дека повеќето нејзини следбеници на овие платформи ја поддржуваат. Според активистичката група на Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), најмалку 2500 лица биле уапсени во воена акција, а еден од пријателите на Хана бил убиен. - Тој дури и не се жалеше. Една вечер отиде во ресторан да пие кафе и некој го застрелал - рече таа и додаде дека нејзиното семејство е безбедно, но комуникацијата со нив е тешка бидејќи Интернетот во Мјанмар редовно се прекинува. Јавната критика кон властите во Мјанмар и повикувањето на следбениците на социјалните мрежи да ја освојат револуцијата не се чести примери на говори на избори за убавина, бидејќи повеќето девојки се одлучуваат за понеутрални и аполитички говори. Пример е Лив Чиле, Мис на Камбоџа, која за разлика од нејзината колешка од Мјанмар, ги повика обожавателите да се држат настрана од политиката. Но, Хан Лаи во едно интервју вели дека го гледа својот говор како нејзина должност, а лидерот на Националната лига за демократија, Су Чи, како нејзина најголема инспирација. Соборениот демократски лидер минатата недела беше обвинет за кршење на законот за службени тајни на Мјанмар, за што е предвидена казна затвор до 14 години. Хан Лаи претходно планираше да заврши работа како стјуардеса по дипломирањето, но рече дека сега не е сигурна по кој пат да тргне. Некои се обидоа да ја убедат да влезе во политика, но таа не мисли дека тоа е за неа. Во меѓувреме, таа планира да продолжи да го користи својот глас за да ги охрабри луѓето. - Ова се злосторства против човештвото, затоа сакаме ООН да преземат итни мерки - рече таа, додавајќи дека сакаат да им се врати нивниот лидер и вистинска демократија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-edna-ubavica-se-sprotivstavi-na-armija-i-go-potrese-svetot-potrebna-ni-e-vashata-pomosh-video/feed/ 0
СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ ВАКВО НЕШТО: Хрватите избраа Мис Универзум во празна сала без ракувања и бакнувања https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-ne-pameti-vakvo-neshto-hrvatite-izbraa-mis-univerzum-vo-prazna-sala-bez-rakuvanja-i-baknuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-ne-pameti-vakvo-neshto-hrvatite-izbraa-mis-univerzum-vo-prazna-sala-bez-rakuvanja-i-baknuvanja/#respond Mon, 16 Mar 2020 12:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=316421

Новата Мис Универзум на Хрватска за 2020 година е 21-годишната Мирна Наија Мариќ од Задар. Жирито ја донесе одлуката во преносот во живо на ХРТ, па од вкупно 16 финалистки од цела Хрватска, ја избра шармантната Мирна Наја за најубава. Првата придружничка е 22-годишната Дарија Матиќ од Сплит, а втората и Мис на симпатија е 19-годишната Андреа Ерјавец од Перушиќ. Ова беше специфичен избор на Мис Универзум Хрватска затоа што се одржа без публика во салата, што е епидемиолошки препораки заради ширењето на коронавирусот. Немало ниту премногу ракување ниту бакнувања кога се доделувале ленти и круни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svetot-ne-pameti-vakvo-neshto-hrvatite-izbraa-mis-univerzum-vo-prazna-sala-bez-rakuvanja-i-baknuvanja/feed/ 0
Имала 105 килограми и нула самодоверба: По оваа одлука таа стана модел и изгледа бомбастично (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imala-105-kilogrami-i-nula-samodoverba-po-ovaa-odluka-taa-stana-model-i-izgleda-bombastichno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imala-105-kilogrami-i-nula-samodoverba-po-ovaa-odluka-taa-stana-model-i-izgleda-bombastichno-foto/#respond Wed, 18 Sep 2019 07:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=241933

На Бони Стајнер ѝ е доделена титулата Модел на годината од страна на британскиот магазин Гламур, откако изгубила половина од својата тежина. Пред 4 години, самохраната мајка на две девојчиња тежела 105 килограми, но била цврсто решена да ослабне. Освен што комплетно го променила режимот на исхрана, почнала и со интензивен тренинг кој го практикувала дури шест дена во неделата. Ослабнала 54 килограми и моментално има 57. Размислувала да ја прекине работата како диџеј, бидејќи повеќе немала самодоверба. Денес е ангажирана да настапува повеќе од било кога, а започнала да работи и како модел. -Бев диџејка неколку години, но ја изгубив самодовербата и почнав да работам во супермаркет. Ми требаше дополнителна мотивација, па одлучив да собирам пари за истражување на карцином кога се пријавував за лондонскиот маратон пред две години. Тогаш веќе бев малку ослабена и имав 76 килограми. Оттогаш продолжив да вежбам и да се хранам здраво, открива Бони. Истакнува дека нема некоја посебна тајна, туку дека се' се сведува на позитивно размислување и став, заедно со рутина, вежба, добра исхрана и многу вода. -Работам шест дена во неделата и пробувам да се одморам еден ден, но и понатаму сум активна и трчам по децата. Понекогаш станувам во 6 наутро и вежбам. Исто така одам во теретана, трчам, имам коњ, па уживам и во јавањето. Моите цели се променија и сега само сакам да ја продолжам мојата кариера како модел и диџеј. За среќа тие две работи одат заедно, раскажува Бони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imala-105-kilogrami-i-nula-samodoverba-po-ovaa-odluka-taa-stana-model-i-izgleda-bombastichno-foto/feed/ 0
Свештеник протеран од службата затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-proteran-od-sluzbata-zatoa-shto-negovata-sopruga-pobedila-na-mis-na-seksualnost-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-proteran-od-sluzbata-zatoa-shto-negovata-sopruga-pobedila-na-mis-na-seksualnost-video/#respond Wed, 17 Apr 2019 13:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=187702

Рускиот свештеник Сергеј Зотов е исфрлен од служба во Православната катедрала во Магнитигорск и префрлен во зафрлено село, откако неговата сопруга Оксана победила на натпреварот Мис на сексуалност. На свештеникот му рекле дека неговата сопруга направила невиден скандал, а ќе се врати на служба во катедралата само доколку Оксана се покае за гревовите. Зотов рекол дека сопругата знае каде згрешила , но атрактивната мисица не сака јавно да се покае и смета дека нема ништо лошо во изборите на убавина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenik-proteran-od-sluzbata-zatoa-shto-negovata-sopruga-pobedila-na-mis-na-seksualnost-video/feed/ 0
Нема пари за превоз и фустан: Македонија и годинава без претставничка на изборот „Мис на свет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-pari-za-prevoz-i-fustan-makedonija-i-godinava-bez-pretstavnichka-na-izborot-mis-na-svet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-pari-za-prevoz-i-fustan-makedonija-i-godinava-bez-pretstavnichka-na-izborot-mis-na-svet/#respond Fri, 07 Dec 2018 12:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=136985

Македонија и годинава, по трет пат, нема да има своја претставничка на изборот за „Мис на свет” кој утре ќе се одржи на островот Санија, во Кина. -Причината поради која немаме наша претставничка на најпрестижниот избор за убавина, традиционално се финансиите. Сопственичката на лиценцата, Лидија Велковска, во повеќе наврати изминативе години појаснуваше дека немањето на доволно финансиски средства, за да се учествува достоинствено на изборот, се причина да не испратиме наша претставничка, пренесува Фокус. Скапите тоалети, авионските билети, рекламните материјали и останатите трошоци околу целата организација, најчесто беа наведени како причина поради која Македонија не може да си дозволи учество на „Мис на свет”. Велковска, која е поранешна Мис на Југославија и во 1975 година на изборот „Мис на светот“ во Лондон го освои четвртото место, во претходно интервју раскажа дека и е потребна финансиска помош, а ниту една државна институција не и излегла во пресрет, со цел да ја промовираме нашата убавина според сите стандарди, пренесе Фокус. Македонија ја имаше својата последна претставничка на Мис на свет во 2015 година, моделот Емилија Розман, која Велковска ја испрати на настанот по свој избор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-pari-za-prevoz-i-fustan-makedonija-i-godinava-bez-pretstavnichka-na-izborot-mis-na-svet/feed/ 0