Мишел Хунцикер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Oct 2018 10:15:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мишел Хунцикер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешната жена на Ерос Рамацоти: Секта ми го уништи бракот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-zena-na-eros-ramacoti-sekta-mi-go-unishti-brakot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-zena-na-eros-ramacoti-sekta-mi-go-unishti-brakot/#respond Tue, 09 Oct 2018 10:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=112703

Така е тоа кога си во секта, ти затегнуваат јаже околу врат се повеќе и повеќе, се додека не ти го исперат мозокот, рекла актерката и поранешен модел, Мишел Хунцикер, за германското списание „Стерн“. Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти (54), раскажала како шест години била членка на сектата „Воини на светлиата“ и верувала во нивните приказни за претходен живот. Четириесет и едногодишната Мишел сметала дека била сестра на Исус, која се заљубила во римски војник и го издала својот брат и заминала со својот сакан во Рим. Но, Римјаните не сакале да имаат врска со неа, па живеела во беда и сиромаштија и тоа и било казна за предавството. -Taa сестра бев јас. Верував дека сум била таа жена во претходниот живот и дека со себе ја носам таа вина – истакнала Мишел, која додала и дека верувала дека била сопруга на поранешен нацист чии злосторства не ги спречила. Хунцикер посочила и дека била веганка, бидејќи сектата тврдела дека дури и пицата се прави од демонски состојки. Секс и брак Мишел открила и дека со години немала секс и дека секогаш покрај неа имало некој да ја контролира, а четири години не разговарала со мајка си и пријателите. Сектата, како што тврди таа, и го уништила бракот со Ерос Рамацоти, со кој во 1996 година ја доби ќерката Аурора (21), а две години подоцна се венчаа. -Живеев во бајка. Ерос беше прекрасен, правеше се за мене, но често беше на турнеи, а јас останував сама дома – рекла Мишел. Таа објаснила дека врз неа влијаело детството, бидејќи нејзините родители биле разведени, а нејзиниот татко почнал да пие и изгубила контакт со него. До пресврт во животот на Мишел дошло кога таа запознала наводна терапевтка, бидејќи имала проблеми со опаѓање на косата. На сеансите, терапевтката и рекла да се одвои од луѓето кои не ја сакаат затоа што може да и наштетат и дека Рамацоти во минатиот живот бил римскиот војник заради кој и живеела во сиромаштија и беда. Сомнеж -Мојот сопруг долго време се сомневаше во терапевтката и нејзината секта. Еден ден ме стави пред свршен чин: или тие или тој – се присетила Хунцикер, која ја избрала сектата наместо музичарот. Од 2014 година Мишел Хунцикер е во брак со Томас Трасарди (35), сопственик на модната компанија „Трасарди“. Сопружниците ги имаат ќерките Селест (3) и Соле (4).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-zena-na-eros-ramacoti-sekta-mi-go-unishti-brakot/feed/ 0