мишел платини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 16:47:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мишел платини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Платини можен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-mozhen-kandidat-za-pretsedatel-na-fudbalskata-federatsija-na-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-mozhen-kandidat-za-pretsedatel-na-fudbalskata-federatsija-na-frantsija/#respond Thu, 12 Jan 2023 16:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=786594

Поранешниот челник на УЕФА и прославен француски фудбалер Мишел Платини е потенцијален кандидат за позицијата претседател на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), на која вчера привремено беше назначен Филип Диало по оставката на долгогодишниот прв човек на францускиот фудбал Ноел Ле Грет. Ова денеска го објавија неколку германски и француски медиуми, при што весникот „Зидојче цајтунг“ наведува дека ФФФ веќе работи на тој план со Платини, додека радиото РМЦ Спорт посочува дека францускиот претседател Емануел Макрон го прашал Платини дали е заинтересиран за челната позиција во францускиот фудбал. Ле Грет вчера се повлече од функцијата што ја извршуваше од 2011 година, по контроверзните изјави во врска со француската фудбалска легенда Зинедин Зидан. Платини пред половина година беше ослободен од швајцарски суд од обвинението за финансиска измама, а во таа прилика изјави дека веќе нема да бара работа како фудбалски функционер. Меѓутоа, во истовреме рече дека би бил заинтересиран за ангажман во фудбалот, доколку тоа би било нешто позитивно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-mozhen-kandidat-za-pretsedatel-na-fudbalskata-federatsija-na-frantsija/feed/ 0
Швајцарското обвинителство вложи жалба на ослободителната пресудата за Блатер и Платини https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajcarskoto-obvinitelstvo-vlozi-zalba-na-osloboditelnata-presudata-za-blater-i-platini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajcarskoto-obvinitelstvo-vlozi-zalba-na-osloboditelnata-presudata-za-blater-i-platini/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=748511

Швајцарските сојузни обвинители вложија жалба на ослободителните пресуди што им беа изречени на поранешните челни луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, кои беа обвинети за корупција. Швајцарскиот Сојузен кривичен суд, по седумгодишна истрага, во мај годинава ги ослободи од обвиненијата Блатер и Платини изрекувајќи им казна за доживотна суспензија од спортот. -Потврдуваме дека Државното обвинителство на Швајцарија поднесе жалба до Жалбениот совет на Сојузниот кривичен суд во законски предвидениот рок и побара првостепената пресуда во целост да се укине, рече швајцарски сојузен обвинител. Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година. Поранешниот претседател на ФИФА, Блатер, и поранешниот прв човек на УЕФА, Платини, тврдеа на судскиот процес дека не извршиле кривично дело, а оти тој износ бил на име на хонорар на Платини, кој ФИФА била должна да му го исплати за неговата советничка улога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajcarskoto-obvinitelstvo-vlozi-zalba-na-osloboditelnata-presudata-za-blater-i-platini/feed/ 0
Платини и Блатер ослободени од вина за финансиски измами https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-i-blater-oslobodeni-od-vina-za-finansiski-izmami/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-i-blater-oslobodeni-od-vina-za-finansiski-izmami/#respond Fri, 08 Jul 2022 11:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=702286

Ослободителна пресуда за поранешните челни луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, по обвиненијата за финансиски измами донесе денеска судот во швајцарскиот град Белинцона. Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година. Поранешниот претседател на ФИФА, Блатер, и поранешниот прв човек на УЕФА, Платини, тврдеа на судскиот процес дека не извршиле кривично дело, а оти тој износ бил на име на хонорар на Платини, кој ФИФА била должна да му го исплати за неговата советничка улога. – За многу работи во мојот живот сум бил виновен, но во овој случај сум невин, изјави Блатер при влегувањето во судската сала да ја слушне пресудата. Судењето траеше 11 денови, а беше одржано во Федералниот кривичен суд во Белинцона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-i-blater-oslobodeni-od-vina-za-finansiski-izmami/feed/ 0
Мишел Платини се врати на висока позиција во фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mishel-platini-se-vrati-na-visoka-pozicija-vo-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mishel-platini-se-vrati-na-visoka-pozicija-vo-fudbalot/#respond Wed, 22 Jan 2020 15:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=293295

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој е казнет за коруптивни практики, се врати на високо место во ФИФПро – Светската асоцијација на професионални фудбалери. Французинот ќе биде личен советник на претседателот на организацијата, Филип Пијат. Во 2016 година, Платини беше осуден на седумгодишна забрана да зазема било каква позиција во фудбалот, откако беше откриено дека добил нерегулирана исплата на два милиони франци од тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. По жалбата, санкцијата на Платини беше намалена и истече минатиот октомври, кога трикратниот добитник на „Златната топка“ изјави дека планира да се врати во фудбалот. „Со оглед на неговата аура, неговите меѓународни вештини, неговите знаења и позициите што ги има, тој ќе биде важен за нас и неговиот глас ќе се слушне на највисоко ниво. Го познавам уште од 1972 година. Засега, тој ќе ја заземе позицијата како волонтер и нема да има службено работно место. Тој секогаш работел за правата на фудбалерите како претседател на УЕФА“, изјави Пијат. Платини ја зазема позицијата личен советник на Пијат две години пред изборот на нов претседател на ФИФПро, позиција за која Пијат веќе објави дека нема да се кандидира, што веќе предизвика гласини дека Платини цели на оваа функција. ФИФПро е Светска асоцијација на професионални фудбалери, во која членуваат приближно 65,000 играчи. Седиштето на организацијата, од кои 63 земји членки се членки, се наоѓа во Хуфдорп, Холандија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mishel-platini-se-vrati-na-visoka-pozicija-vo-fudbalot/feed/ 0
Платини го советува Јувентус да го донесе Мбапе https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-go-sovetuva-juventus-da-go-donese-mbape/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-go-sovetuva-juventus-da-go-donese-mbape/#respond Tue, 19 Nov 2019 11:30:51 +0000 https://kurir.mk/?p=265955

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, би можел да го засили Јувентус, изјави поранешниот претседател на УЕФА и поранешен играч на Јуве, Мишел Платини. – Мбапе може да биде прва ѕвезда во фудбалот следните десет години. Јас би го препорачал на кој било тим. Не знам дали Јувентус може да си дозволи да го купи, но со тек на време ќе биде уште потешко, бидејќи неговата трансферна вредност ќе продолжи да расте, изјави Платини. Оваа сезона, 20-годишниот Килијан Мбапе настапи на 11 натпревари за ПСЖ и постигна девет гола со четири асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-go-sovetuva-juventus-da-go-donese-mbape/feed/ 0
„Франс Фудбал“: Платини пуштен од притвор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/frans-fudbal-platini-pushten-od-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/frans-fudbal-platini-pushten-od-pritvor/#respond Wed, 19 Jun 2019 08:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=210661

Мишел Платини беше уапсен во вторникот поради поврзаност со истрагата за доделување на организацијата на Светското првенство во 2022 година на Катар. Поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), сепак, синоќа бил пуштен од притвор, според „Франс Фудбал“. Платини бил испрашан поради обвинувањата дека е корумпиран, а наводно тој кажа дека сега овој проблем е зад него, откако излегол од затвор. „Л’Екип“ претходно објави дека ова не е првпат Платини да биде истражуван поради обвинувања за корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/frans-fudbal-platini-pushten-od-pritvor/feed/ 0
Платини со официјална изјава по денешните информации за негово апсење https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-so-oficijalna-izjava-po-deneshnite-informacii-za-negovo-apsenje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-so-oficijalna-izjava-po-deneshnite-informacii-za-negovo-apsenje/#respond Tue, 18 Jun 2019 15:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=210453

Поранешниот шеф на УЕФА, Мишел Платини излезе со официјален став во врска со информациите од денеска дека е уапсен. Француското издание „Медијапарт“ соопшти дека 63-годишниот поранешен фудбалер бил уапсен од страна на француските власти под сомневање за корупција покрај изборот на Катар за домаќин на СП 2022. Подоцна сепак истражните органи прецизираа дека Платини не е уапсен, туку само бил повикан да сведочи во врска со истрагата. „Откако пред една година сведочеше пред судот по истата истрага, Мишел Платини одговори на прашања и сега. Неговиот адвокат г-дин Вилијам Бурдон категорично истакна дека не станува збор за никаков притвор, туку за обично сослушување на сведок на инсистирање на луѓето кои ја водат истрагата. Ова е стандардна процедура. Мишел Платини одговори на сите прашања, вклучувајќи ги и оние за условите по кои бил определен домаќинот на ЕП 2016, откако даде целосни објаснувања. Тој нема што да се грижи и тврди дека нема врска со нешта, кои не зависат од него. Тој е потполно смирен за иднината“, се вели во официјалната изјава, која неговите соработници ја испратиле до медиумите. Поранешниот репрезентативец на Франција беше на чело на европската фудбалска централа од 2007 до 2015 година, кога беше исфрлен на инсистирање на етичката комисија. Против него имаше обвинение и за тоа дека добил нерегулиран хонорар од 2 милиони долари од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-so-oficijalna-izjava-po-deneshnite-informacii-za-negovo-apsenje/feed/ 0
Платини ги тужи поранешните челници на ФИФА за заговор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-gi-tuzi-poraneshnite-chelnici-na-fifa-za-zagovor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-gi-tuzi-poraneshnite-chelnici-na-fifa-za-zagovor/#respond Fri, 12 Oct 2018 19:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=114327

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, поднесе тужба против поранешните први луѓе во ФИФА во која наведува дека бил жртва на заговор. Тој целата постапка ќе ја води пред правосудните органи во Франција. Платини беше претседател на УЕФА во периодот од 2007 до 2015 година, но беше присилен да се повлече од функцијата по корупциските скандали во ФИФА и УЕФА. Тој беше обвинет за нетранспарентност и за неетичко работење. За овој случај сопствена истрага водеа и швајцарските власти, која како што наведе Платини е завршена и ја докажала неговата невиност. Тој кај швајцарското обвинителство од септември веќе има статус „меѓу сведок и обвинет“ во кривичната постапка која се води против поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Како што објавија француските медиуми, Платини сака да ги открие информациите за трансакцијата од два милиони швајцарски франци, кои ФИФА на чело со Блатер му ги уплатила во 2011 година за консултантски услуги. Адвокатот на Платини соопшти дека француските правосудни органи веќе отвориле прелиминарна истрага по тужбата на неговиот клиент. Освен Батлер за заговор се сомничат и поранешниот шеф на правниот тим на ФИФА Марко Вилигер и високиот функционер на ФИФА Доменико Скала. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-gi-tuzi-poraneshnite-chelnici-na-fifa-za-zagovor/feed/ 0
За Платини трансферот на Роналдо во Јувентус е чуден https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-platini-transferot-na-ronaldo-vo-juventus-e-chuden/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-platini-transferot-na-ronaldo-vo-juventus-e-chuden/#respond Fri, 31 Aug 2018 09:44:33 +0000 https://kurir.mk/?p=94627

Легендарниот фудбалер на Јувентус и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини, изјави дека не го сфаќа трансферот на Кристијано Роналдо и го смета за чуден. Роналдо летово со трансфер во висина од 112 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус, а навивачите на клубот од Торино не ја криеја радоста за неговото доаѓање.

- Мислам дека е чудно играч на 33 години да го напушти клубот со кој освоил во низа три трофеи во Лигата на шампионите, само за да искуси нова авантура. Jас кога имав 32 години, повеќе клубови ме бараа за играч, но се повлеков бидејќи бев уморен. Воопшто не го разбирам овој чекор, истакна Палтини за францускиот весник „Лекип“.

Како причина за трансферот на Роналдо беше наведено неговото незадоволство од статусот во Реал Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-platini-transferot-na-ronaldo-vo-juventus-e-chuden/feed/ 0
За Платини трансферот на Роналдо во Јувентус е чуден- јас на 32 години бев уморен и се повлеков https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-platini-transferot-na-ronaldo-vo-juventus-e-chuden-jas-na-32-godini-bev-umoren-i-se-povlekov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-platini-transferot-na-ronaldo-vo-juventus-e-chuden-jas-na-32-godini-bev-umoren-i-se-povlekov/#respond Thu, 30 Aug 2018 16:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=94391

Легендарниот фудбалер на Јувентус и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини, изјави дека не го сфаќа трансферот на Кристијано Роналдо и го смета за чуден. Роналдо летово со трансфер во висина од 112 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус, а навивачите на клубот од Торино не ја криеја радоста за неговото доаѓање.

-Мислам дека е чудно играч на 33 години да го напушти клубот со кој освоил во низа три трофеи во Лигата на шампионите, само за да искуси нова авантура. Jас кога имав 32 години, повеќе клубови ме бараа за играч, но се повлеков бидејќи бев уморен. Воопшто не го разбирам овој чекор, истакна Палтини за францускиот весник „Лекип“.

Како причина за трансферот на Роналдо беше наведено неговото незадоволство од статусот во Реал Мадрид.]]>

Легендарниот фудбалер на Јувентус и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини, изјави дека не го сфаќа трансферот на Кристијано Роналдо и го смета за чуден. Роналдо летово со трансфер во висина од 112 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус, а навивачите на клубот од Торино не ја криеја радоста за неговото доаѓање.

-Мислам дека е чудно играч на 33 години да го напушти клубот со кој освоил во низа три трофеи во Лигата на шампионите, само за да искуси нова авантура. Jас кога имав 32 години, повеќе клубови ме бараа за играч, но се повлеков бидејќи бев уморен. Воопшто не го разбирам овој чекор, истакна Палтини за францускиот весник „Лекип“.

Како причина за трансферот на Роналдо беше наведено неговото незадоволство од статусот во Реал Мадрид.]]>
https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-platini-transferot-na-ronaldo-vo-juventus-e-chuden-jas-na-32-godini-bev-umoren-i-se-povlekov/feed/ 0