мисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Feb 2023 13:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипските пожарникари успешно ја завршија мисијата во Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozharnikari-uspeshno-ja-zavrshija-misijata-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozharnikari-uspeshno-ja-zavrshija-misijata-vo-turtsija/#respond Mon, 13 Feb 2023 13:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=799885

Мисијата на тимот штипски пожарникари во Турција успешно завршена, во разрушените објекти, кои им биле дадени за спасување на луѓе, но и извлекување на починатите станари под урнатините, кои зад себе ги остави катастрофалниот земјотрес во Турција. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека одлуката за враќање на македонските пожарникари спасувачи треба да ја донесе Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара. Во текот на денот ќе знаат дали мисијата продолжува или ќе се вратат. -Разрушениот објект што ни беше даден веќе ги завршивме и сега под водство на Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара очекуваме да кажат дали ќе има наше повлекување или ќе одиме на некој друг објект. Можно е утрешниот ден веќе да тргнеме за Македонија, но сепак ќе одлучат Дирекција за заштита и спасување и официјална Анкара, вели Коцев. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е задоволна од пожарникарите кои заминаа за Турција. По нивното враќање во државата градоначалникот Јорданов најави нивен прием, бидејќи во тешки моменти помогнале на настраданото население во Турција. -Па како граѓани кои недвосмислено веднаш се одзваа на повикот, заминаа за да помогнат на најпогодените подрачја, со целата нивна одлучност, храброст, солидарност и хуманост која ја покажаа ја должиме почитта кон нив и како град сигурно дека јас како градоначалник ќе организирам прием, за да ги достоинствено пречекаме и да им се заблагодариме за се она што го направија и помогнаа во вакви тешки моменти и помогнаа на најпогодените подрачја во Турција, вели Јорданов. Штипскиот тим пожарникари на 9 февруари пристигнаа во градот Адијаман во Турција, каде на терен беа од утро до мрак. Во петокот учествуваа во акција во која се спаси 38-годишна жена која неколку дена била под урнатините. Работеа на објект кој беше разрушен и се извадија голем број мртви тела.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozharnikari-uspeshno-ja-zavrshija-misijata-vo-turtsija/feed/ 0
Продолжена мисија на германските војници во ЕУФОР Алтеа и во КФОР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzena-misija-na-germanskite-vojnici-vo-eufor-altea-i-vo-kfor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzena-misija-na-germanskite-vojnici-vo-eufor-altea-i-vo-kfor/#respond Sat, 09 Jul 2022 07:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=702565

Германскиот Парламент вчера ја изгласа владината одлука за испраќање војници во Мировната мисија на Европска Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа) и продолжување на мандатот на вооружените сили на Косово во рамките на КФОР за уште една година. Пратениците од владејачката коалиција составена од Социјалдемократската партија (СДП), Зелените и Слободната демократска партија, гласаа за двете мисии. Германија во следните 10 години ќе испраќа по 50 војници во ЕУФОР Алтеа во БиХ, а мандатот на 400 германски војници во Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) е продолжен за уште една година. Германската арамија во Косово е уште од 1999 година, како дел од меѓународна мисија. Мисијата на ЕУ ЕУФОР Алтеа е формирана во 2004 година за да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzena-misija-na-germanskite-vojnici-vo-eufor-altea-i-vo-kfor/feed/ 0
ОБСЕ официјално ја заврши осумгодишната мисија во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obse-oficijalno-ja-zavrshi-osumgodishnata-misija-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obse-oficijalno-ja-zavrshi-osumgodishnata-misija-vo-ukraina/#respond Fri, 29 Apr 2022 06:18:11 +0000 https://kurir.mk/?p=669516

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека и официјално по осум години ја завршува својата набљудувачка мисија во Украина, откако Русија стави вето на нејзиното продолжување. Најавторитетното тело за безбедност во светот соопшти дека ќе се спроведат неопходните чекори „да се затвори мисијата откако членството не успеа да најде начин да ги заобиколат забелешките на Русија на минатомесечниот состанок“. Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, чија земја претседава со ОБСЕ, истакна дека организацијата ги испробала сите можности, но оти позицијата на Руската Федерација не оставила простор за избор. Мисијата на ОБСЕ во Украина започна во 2014 година, по бунтот на сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел од земјата. Организацијата за европска безбедност и соработка беше единственото меѓународно тело што го надгледуваше конфликтот на терен. Речиси сите набљудувачи на ОБСЕ беа повлечени од земјата по руската инвазија во февруари. Остана само дел од административниот персонал, од кој четворица беа приведени. Генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид нагласи дека организацијата ќе продолжи да настојува да бидат прекинати „апсењата, заплашувањата и дезинформациите што се опасни за припадниците на нашите мисии“. Во ОБСЕ членуваат 57 држави од три континенти, меѓу кои се и Русија, Украина и САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obse-oficijalno-ja-zavrshi-osumgodishnata-misija-vo-ukraina/feed/ 0
Кинеските астронаути успешно ја завршија шестмесечната мисија во вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-astronauti-uspeshno-ja-zavrshija-shestmesechnata-misija-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-astronauti-uspeshno-ja-zavrshija-shestmesechnata-misija-vo-vselenata/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=664861

Тројца кинески астронаути со екипажот на вселенскиот брод Шенжу-13 ја завршија својата шестмесечна мисија на кинеската вселенска станица и безбедно се вратија на Земјата на 16 април, пренесува кинеската државна агенција Синхуа. Кинеската агенција за вселенска програма за екипаж (CMSA) соопшти дека со мисијата Кина ја потврдила техничката подготвеност на својата вселенска станица, а исто така постави рекорд во должината на престојот на кинеските астронаути во орбитата. Капсулата за враќање Шенжу-13 со астронаутите Џаи Џијанг, Ванг Јапинг и Је Гуангфу во саботата во 9.56 часот по кинеско време се приземји во областа Донгфенг, автономниот северен кинески регион во северна Монголија. Тројцата астронаути беа извлечени од капсулата, сместени на столици, изгледаа опуштено и мавтаа кон екипажот на земјата. Со „добредојдовте дома“ беа поздравени од насобраните кои со камери го овековечија историскиот момент за кинеската всленеска програма. „Силата и моќта на нашата земја е она што ја изгради вселенската станица. „Горд сум на мојата голема татковина“, изјави Џаи, командант на мисијата за државната телевизија CCTV што вршеше пренос во живо од враќањето на астронаутите на Земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-astronauti-uspeshno-ja-zavrshija-shestmesechnata-misija-vo-vselenata/feed/ 0
Мисија на ЕУ ќе помогне во истрагата за руските воени злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misija-na-eu-kje-pomogne-vo-istragata-za-ruskite-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misija-na-eu-kje-pomogne-vo-istragata-za-ruskite-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Wed, 13 Apr 2022 14:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=662565

Претставници на ЕУ треба да и помогнат на Украина да ги истражи и процесира воените злосторства извршени за време на руската инвазија, соопшти Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на Унијата. Претставниците на ЕУ во Украина ќе им обезбедат на истражителите обука и стратешки совети со цел виновниците да одговараат „во согласност со меѓународното право“, се вели во денешното соопштение. Советодавната мисија на Европската унија Украина (ЕУАМ Украина) исто така треба да му помогне на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во неговата истрага, како и на другите земји-членки на ЕУ кои учествуваат во истрагата. Официјални лица од ЕУАМ Украина веќе се во Украина и работат со мисија за обука за да и помогнат на земјата да ги реформира своите цивилни безбедносни сили и да ги подобри демократските стандарди. Кај украинската јавност се појави длабока недоверба кон полицијата и поширокиот цивилен безбедносен систем по насилството против демонстрантите во Украина во 2014 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misija-na-eu-kje-pomogne-vo-istragata-za-ruskite-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Нацев во Приштина на средба со командантот на мисијата на КФОР, генерал мајор Ференц Кајари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-prishtina-na-sredba-so-komandantot-na-misijata-na-kfor-general-major-ferenc-kajari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-prishtina-na-sredba-so-komandantot-na-misijata-na-kfor-general-major-ferenc-kajari/#respond Fri, 28 Jan 2022 13:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=623936

Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев денеска во Приштина се сретна со командантот на мисијата КФОР, генерал мајор Ференц Кајари при што на истата му беше врачена плакета со логото на 26тиот командант на мисијата КФОР. -Денес остварив средба со командантот на мисијата КФОР, генерал мајор Ференц Кајари, на која разговаравме за придонесот кој АРМ го дава кон оваа мисија, како и за идните аспекти на одбранбена соработка во рамките на НАТО. На средбата ми беше врачена и плакета со логото на 26тиот командант на мисијата КФОР, објави Нацев на социјалната мрежа на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-prishtina-na-sredba-so-komandantot-na-misijata-na-kfor-general-major-ferenc-kajari/feed/ 0
НАСА: Прва мисија за одбрана од астероиди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-prva-misija-za-odbrana-od-asteroidi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-prva-misija-za-odbrana-od-asteroidi/#respond Wed, 01 Dec 2021 14:09:10 +0000 https://kurir.mk/?p=602547

Навикнати сме на астероиди во бројни филмови кои брзаат кон нашата планета и некој херој кој застанува на патот на опасното небесно тело. Во реалноста, оваа акција бара повеќе од една личност, на пример цела НАСА. За прв пат во историјата, агенцијата започна мисија чија улога е да им застане на патот на агресивните небесни тела. Таа го започна своето патување во вселената на 24 ноември, а за тоа ќе биде потребно една година. Нејзината цел е да се судри со сателитот, за да ја промени неговата траекторија. Имено, авионот со големина на просечна машина за кафе ќе удри во астероид со големина на египетската пирамида, со надеж дека ќе го оттргне од патот. Мисијата е наречена DART (Double Asteroid Redirection Test), а нејзината цел е да ја заштити планетата од некои идни опасности од вселената. Експертите посочуваат дека тоа не значи дека заканата веќе постои, а се забележува дека ова е вежба. Нема причина за паника. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-prva-misija-za-odbrana-od-asteroidi/feed/ 0
НАСА ја планира во февруари првата мисија од програмата за враќање на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-ja-planira-vo-fevruari-prvata-misija-od-programata-za-vrakjanje-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-ja-planira-vo-fevruari-prvata-misija-od-programata-za-vrakjanje-na-mesechinata/#respond Sat, 23 Oct 2021 06:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=584064

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека планира да ја започне својата мисија „Артемида еден“ во февруари. Тоа го означува почетокот на американската програма за враќање на мисии на Месечината. Мисијата првично беше планирана да биде до крајот на оваа година. Тоа ќе го означи вистинското лансирање на програмата Артемис со која САД планираат да носат луѓе на Месечината, вклучувајќи ја и првата жена. Првиот лет ќе биде без астронаути на леталото, новата голема ракета на НАСА наречена SLS треба да ја однесе капсулата Орион до Месечината и да се врати на Земјата. – Можноста за лансирање во февруари се отвора на 12., а нашата последна шанса во февруари е 27 февруари, изјави на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-ja-planira-vo-fevruari-prvata-misija-od-programata-za-vrakjanje-na-mesechinata/feed/ 0
Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-lugje-vo-sad-veruvaat-deka-vashington-ne-uspea-da-ja-postigne-svojata-cel-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-lugje-vo-sad-veruvaat-deka-vashington-ne-uspea-da-ja-postigne-svojata-cel-vo-avganistan/#respond Wed, 01 Sep 2021 05:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=557560

Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова покажува социолошка студија на Институтот Пју, јави ДПА. Има мала разлика помеѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна. Постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан: 70 проценти од демократите го поддржуваат, но републиканците – само 34 проценти. Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти е погрешна.Анкетирани биле 10.348 возрасни лица во периодот 23-29 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-lugje-vo-sad-veruvaat-deka-vashington-ne-uspea-da-ja-postigne-svojata-cel-vo-avganistan/feed/ 0
Свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechenost-po-povod-zavrshuvanjeto-na-uchestvoto-na-armijata-vo-misijata-odluchna-poddrshka-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechenost-po-povod-zavrshuvanjeto-na-uchestvoto-na-armijata-vo-misijata-odluchna-poddrshka-vo-avganistan/#respond Tue, 29 Jun 2021 05:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=529142

Церемонија по повод враќањето на последната ротација од Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан ќе се одржи денеска во касарната „Илинден“. На свеченоста, како што најави Министерството за одбрана, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На свечената церемонија ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнс и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор. – Северна Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“. Со тоа заврши речиси две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, наведуваат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechenost-po-povod-zavrshuvanjeto-na-uchestvoto-na-armijata-vo-misijata-odluchna-poddrshka-vo-avganistan/feed/ 0