мистерија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 11:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мистерија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мистериозна спирална формација на ѕвезденото небо над Хаваи https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/misteriozna-spiralna-formatsija-na-zvezdenoto-nebo-nad-havai/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/misteriozna-spiralna-formatsija-na-zvezdenoto-nebo-nad-havai/#respond Wed, 01 Feb 2023 11:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=794677

Се претпоставува дека спиралниот објект има врска со лансирањето на сателитите на „Space X“. Мистериозна формација во облик на спирала била забележана на ноќното небо над Хаваите. Феноменот кој е снимен кон средината на месецот, предизвикал голем интерес кај набљудувачите. Спектаклот првобитно го забележала опсерваторијата во местото Мауна Кеа на 18-ти јануари и делувал како ѕвезда пред да поприми поинаков облик. Прераснал во голема топка, а потоа се претворил во спирала околу една точка, покажуваат фотографиите. Спиралата на ноќното небо, не е НЛО или вселенски брод – туку наводно дело на милијардерот Илон Маск, пишува „New York Post“. Се претпоставува дека реткиот светлосен феномен е поврзан со лансирањето на сателитите на „Space X“ на Маск.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/misteriozna-spiralna-formatsija-na-zvezdenoto-nebo-nad-havai/feed/ 0
Мистерија останува смртта на жената од Челопек – телото по пожарот се уште не е пронајдено во нејзиниот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misterija-ostanuva-smrtta-na-zenata-od-chelopek-teloto-po-pozarot-se-ushte-ne-e-pronajdeno-vo-nejziniot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misterija-ostanuva-smrtta-na-zenata-od-chelopek-teloto-po-pozarot-se-ushte-ne-e-pronajdeno-vo-nejziniot-dom/#respond Thu, 05 Aug 2021 20:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=546926

Вчера во кумановското село Челопек во големите пожари која ја зафатија Македонија животот го загуби 60-годишната Стојанка. Безживотното тело се уште не е најдено, со механизација но и рачно, внимателно се пребарува секој метар. Исчезнатата жена не се најде, а тоа ги чудеше и увидните екипи. Мистеријата ја зголемуваат и изјавите на мештаните, соседите и роднините. Едни велат дека тешко подвижната жена ја виделе надвор непосредно по пожарот кога и самите се спасувале. Неофицијално, од внатрешноста на куќата Стојанка комуницирала со својата сестра за опасноста од пожарот. Дедо Борис, пак, нејзиниот животен сопатник пред чии очи се рушеше куќата во која живеел во вонбрачна заедница со Стојанка, вели дека огнот го начекал на спење и дека бил целосно беспомошен. Стојанка беше надвор веднаш по избувнувањето на стихијата, тврди пак, нивната соседка. Пожарникарите, пак, кои дејствувале на самото место имаат свои забелешки. Тие не биле воопшто информирани дека некој има во куќата која гори. Иако се уште официјално не може да се потврди првата жртва од пожарите, попладнево на прес конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази сочувство за жената од Челопек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misterija-ostanuva-smrtta-na-zenata-od-chelopek-teloto-po-pozarot-se-ushte-ne-e-pronajdeno-vo-nejziniot-dom/feed/ 0
НАЈГОЛЕМАТА МИСТЕРИЈА НА ПОГРЕБОТ НА ТИТО: Во ковчегот не се наоѓало неговото тело, туку ова! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemata-misterija-na-pogrebot-na-tito-vo-kovchegot-ne-se-naogjalo-negovoto-telo-tuku-ova-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemata-misterija-na-pogrebot-na-tito-vo-kovchegot-ne-se-naogjalo-negovoto-telo-tuku-ova-video/#respond Sat, 15 May 2021 19:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=510823

Погребот на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито не можел да помине без во него да има тајни и мистерија. Најголемата тајна била што всушност се наоѓа во ковчегот кој бил изложен во парламентот во Белград прекриен со југословенското знаме со петокраката? Целата мистерија околу погребот која ја потресе целата јавност ја откри докторот Обрен Ѓорѓевиќ кој тврди дека телото на Тито никогаш не било во ковчегот, него таму се наоѓало песок. -Кога Тито умре неговите најблиски членови од кабинетот сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј како што е телото на Ленин на црвениот плоштад во Москва. Телото на Тито сепак било полно со лекови, па прерано започнало да се распаѓа и да се шири непријатна миризба. Од хигиенски и медицински причини тие одлучија погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот кој бил изложен се наоѓаше песок, изјави во една прилика Ѓорѓевиќ кој ја откри целата мистерија околу погребот на претседателот. Секако и денеска многумина се прашуваат дали тој е погребан во куќата на цвеќето, зошто таму ја нема петокраката и зошто нема мермерна плоча?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemata-misterija-na-pogrebot-na-tito-vo-kovchegot-ne-se-naogjalo-negovoto-telo-tuku-ova-video/feed/ 0
ФОТО: Мистериозна вдлабнатина на авионот кој принудно слетал во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-misteriozna-vdlabnatina-na-avionot-koj-prinudno-sletal-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-misteriozna-vdlabnatina-na-avionot-koj-prinudno-sletal-vo-njujork/#respond Fri, 31 Jul 2020 15:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=384468

Авион од компанијата „Делта“ кој летал од Флорида морал принудно да слета на аеродромот ЏФК во Њујорк поради како што се наведува судар со птица?! На клунот на авионот како што може да се види на фотографиите има необична вдлабнатина, што веднаш предизвика низа на шпекулации на социјалните мрежи. Ербасот А319 со 43 патници во моментот на мистериозната несреќа и судар летал кон аеродромот „Ла Гварди“ во Њујорк. Според наводите на компанијата „Делта“ авионот влетал во јато на птици поради што пилотуте морале веднаш да реагираат и принудно да слетаат на најблискиот аеродром. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-misteriozna-vdlabnatina-na-avionot-koj-prinudno-sletal-vo-njujork/feed/ 0
ВИДЕО: Документарец ќе ја разреши мистеријата – Кој прв го достигнал врвот на Монт Еверест? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dokumentarec-kje-ja-razreshi-misterijata-koj-prv-go-dostignal-vrvot-na-mont-everest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dokumentarec-kje-ja-razreshi-misterijata-koj-prv-go-dostignal-vrvot-na-mont-everest/#respond Wed, 01 Jul 2020 08:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=366391

Екипата од Национална географија сними документарец околу Монт Еверест, наречен „Изгубен на Еверест“ (Lost Everest). Тим на планинари, кој за снимање користеле дрон се обидоа да докажат кој уствари го освоил највисокиот врв на светот. Дали вистина Едмунд Хилари и Тензинг Норгај биле првите лица кои поставиле знаме на врвот. Тимот на Национална географија одел по стапките на неславната експедиција на Џорџ Ли Малрој и Ендру Ирвин во 1924 година. Водачот на тимот Марк Синот и планинарот Ренан Озтурк на Еверест појдоа за да ги пронајдат посмртните остатоци на Ирвин. Посмртните остатоци на Малрој беа пронајдени во 1999 година, а се уште не е познато дали тие двајца го стигнале врвот или не пред да го загубат животот. Ако тие успеале, тогаш тие се првите кои го освоиле врвот пред Едмунд Хилари и Тензинг. Национална географија објави клип кој покажува како тимот користи дрон за да ја истражи поопасната зона на Монт Еверест. Документарецот „Изгубени на Еверест“ беше премиерно прикажан на 30 јуни 2020 година на каналот на Национална географија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dokumentarec-kje-ja-razreshi-misterijata-koj-prv-go-dostignal-vrvot-na-mont-everest/feed/ 0
Мистеријата на ниската стапка на смртност од коронавирусот во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-na-niskata-stapka-na-smrtnost-od-koronavirusot-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-na-niskata-stapka-na-smrtnost-od-koronavirusot-vo-indija/#respond Thu, 30 Apr 2020 08:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=339757

Извештаите од светските медиуми за ситуацијата со новиот коронавирус во Индија се мешавина од олеснување и збунетост, пренесува Би-Би-Си и наведува дека се зборува за „мистерија на ниска стапка на смртност во Индија“ од Ковид-19. Речиси два месеци од првиот забележан случај, бројот на позитивни случаи од новиот коронавирус во втората најнаселена земја во светот надмина 29.000, со повеќе од 900 смртни случаи. Еден начин да се следат стапките на смртност е да се следи бројот на потребни денови за да се удвои вкупниот број на смртни случаи. Во Индија во моментов се потребни девет дена, бидејќи на 25 април имаше 825 потврдени смртни случаи, а на 16 април половина од тој број. Експертите велат дека тоа е добра вест. Њујорк, на пример, е во иста фаза на пандемијата и за двојно повеќе смртни случаи биле потребни само два или три дена. Многу здравствени работници и лекари истакнаа дека карантинот во Индија, што трае повеќе од еден месец, може да го држи под контрола бројот на заразени и смртни случаи. Други пак веруваат дека претежно младата популација во Индија придонесува за намалување на бројот на смртни случаи, бидејќи повозрасните лица се изложени на поголем ризик од смрт. Некои веруваат дека во Индија е присутен помал вирален вид на вирусот и дека топлото време ја намалува неговата сила. Двете тврдења не се поткрепени со докази. Всушност, лекарите кои ги лекуваат заболените од Ковид-19 истакнаа дека вирусот во Индија е вирален како и во другите земји. И затоа, на прашањето дали Индија е необична кога станува збор за смртноста од новиот коронавирус, индиско-американскиот лекар и онколог Сидхарт Мукерје истакна дека не го знае одговорот и дека светот не го знае одговорот. – Тоа е мистерија, а би додал и дека дел од мистеријата е тоа што не правиме доволно тестирања, истакна Мукерје. Исто така, Би-Би-Си потсетува дека анализата на Фајненшл тајмс за вкупниот број на смртни случаи за време на пандемијата во 14 земји покажува дека бројот на починати од новиот коронавирус би можел да биде за 60 отсто поголем од официјалните податоци. Исто така, експертите укажуваат дека околу 80 отсто од смртните случаи во Индија се случуваат во домовите, така да бројот на смртни случаи само во болниците не дава точен број на починати од Ковид-19. Одредени индиски лекари соопштија дека многу луѓе не биле тестирани, а починале од симптоми на новиот коронавирус. Ако личноста имала температура и респираторни проблеми пред смртта, причината може да биде Ковид-19, но може да биде и нешто друго. Во Индија можеби има смртни случаи на новиот коронавирус што не се евидентирани, но смртната стапка е неспорно ниска. Меѓутоа, многу е рано да се каже дека земјата го намалила трендот, пишува Би-Би-Си.mister]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-na-niskata-stapka-na-smrtnost-od-koronavirusot-vo-indija/feed/ 0
Мистерија стара колку и светот: Најголем дел од луѓето одговараат исто на прашањето кој им е омилен број https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misterija-stara-kolku-i-svetot-najgolem-del-od-lugjeto-odgovaraat-isto-na-prashanjeto-koj-im-e-omilen-broj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misterija-stara-kolku-i-svetot-najgolem-del-od-lugjeto-odgovaraat-isto-na-prashanjeto-koj-im-e-omilen-broj/#respond Mon, 13 Apr 2020 07:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=331230

На прашањето: Кој е вашиот омилен број?, најголем дел од луѓето одговараат исто - седум. Ова го покажуваат бројни истражувања, па и последното кое било спроведено на примерок од 44.000 лица. Но, зошто баш овој број? -Оваа причина веројатно никогаш нема да биде позната, вели авторот на студијата за броевите Алекс Белос. Но, тоа е приказна која опстојува низ историјата. Постојат седум светски чуда, седум дена во неделата, седум циклуси во универзумот, седум смртни гревови и седум основни музички ноти. Седмица на лото, исто така. Кај Кинезите тоа е многу симболично, бидејќи „седмица“ звучи слично како и зборот „возвишеност“. Тие го слават и како број кој носи среќа во врската. Во хебрејската традоција се поврзува со интелигенцијата, а се верува дека постојат седум светски денови во годината. Во будизмот седум е бројот на починатите, а се говори и дека Буда направил седум чекори на своето раѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misterija-stara-kolku-i-svetot-najgolem-del-od-lugjeto-odgovaraat-isto-na-prashanjeto-koj-im-e-omilen-broj/feed/ 0
Мистериозно суштество снимено на плажа, жителите велат дека е “убиец на кучиња“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misteriozno-sushtestvo-snimeno-na-plaza-zitelite-velat-deka-e-ubiec-na-kuchinja-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misteriozno-sushtestvo-snimeno-na-plaza-zitelite-velat-deka-e-ubiec-na-kuchinja-foto/#respond Sat, 29 Feb 2020 19:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=310539

Мистериозно суштество на плажа недалеку од австралискиот Перт заврши на социјалните мрежи, а лицето кое го сними, ги замоли луѓето да му ’помогнат да ја идентификуваат„ оваа работа што изгледа како суштество од друга планета “. Фотографијата е направена на Лејтон Бич, а локалното население веднаш одговорило, нарекувајќи го необичното суштество „убиец на кучиња“ и предупредувајќи дека испушта отров што може да биде фатален за најдобриот пријател на човекот, пренесува Дејли Меил. Научниците наскоро ја решиле мистеријата и откриле дека станува збор за морски зајак, што е доста честа појава во Австралија. Обично се со големина од дваесет сантиметри, но можат да достигнат и до 14 килограми. Тие немаат природни непријатели заради токсините што ги излачуваат кога се чувствуваат загрозени, но и заради нивната маскирна способност. Професорот на универзитетот Мекквари, Кулум Браун, предупреди дека тие навистина можат да бидат смртоносни за кучињата. „Кучињата честопати ги лижат или се обидуваат да ги јадат и на тој начин можат да се отрујат“, рече тој за Australian Geographic.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misteriozno-sushtestvo-snimeno-na-plaza-zitelite-velat-deka-e-ubiec-na-kuchinja-foto/feed/ 0
Лименка од сок решила злосторство по 30 години: Никој не знаел кој ја убил убавата тинејџерка, а потоа се појави… https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/limenka-od-sok-reshila-zlostorstvo-po-30-godini-nikoj-ne-znael-koj-ja-ubil-ubavata-tinejdzerka-a-potoa-se-pojavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/limenka-od-sok-reshila-zlostorstvo-po-30-godini-nikoj-ne-znael-koj-ja-ubil-ubavata-tinejdzerka-a-potoa-se-pojavi/#respond Wed, 19 Dec 2018 15:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=142428

На маж од САД ќе му се суди за убиство од 1989-та година, откако колешка од работа земала негов ДНК примерок од фрлена лименка сок и им помогнала на детективите да го решат случајот. 51-годишниот Тимоти Бас од американската сојузна држава Вашингтон го чека судење за силување и убиство на 18-годишната Аманда Ставик, која исчезнала кога отишла на трчање во близина на својот дом во Акме. Телото на тинејџерката било пронајдено три дена откако исчезнала, но убиецот останал нерешена мистерија речиси три децении. Пресврт во случајот имало во август минатата година, кога колешка на Бас од пекарата дознала дека е осомничен за убиство. Жената со која работел, а чиј идентитет не е познат во јавноста, дошла до таа идеја бидејќи чувствувала "морална должност да помогне во истрагата". Наводно тајно земала лименка од сок од која пиел Бас и пластична чаша откако завршил со ручекот, а потоа доказите ги предала на детективите, кои веднаш ги пратиле во лабораторија. Резултатите покажале поклопување на ДНК од лименката со тоа од местото на злосторството. Адвокатот на Бас тврди дека доказот не би смеел да се користи на судењето бидејќи е резултат од илегална акција. Но, судијата пресудил дека не биле нарушени правата на Бас, бидејќи неговата колешка не "работела како агент за спроведување на законот". Судењето почнува во април. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/limenka-od-sok-reshila-zlostorstvo-po-30-godini-nikoj-ne-znael-koj-ja-ubil-ubavata-tinejdzerka-a-potoa-se-pojavi/feed/ 0
Причината за рушење на авионот со 189 патници останува мистерија: Зборовите на пилотот ја шокираа јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prichinata-za-rushenje-na-avionot-so-189-patnici-ostanuva-misterija-zborovite-na-pilotot-ja-shokiraa-javnosta-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prichinata-za-rushenje-na-avionot-so-189-patnici-ostanuva-misterija-zborovite-na-pilotot-ja-shokiraa-javnosta-video/#respond Wed, 31 Oct 2018 13:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=121860

Додека и понатаму се бараат посмртните останки на патниците и членовите на екипажот на индонезискиот авион "Lion Air", кој паднал 19 минути по полетувањето, властите наредиле детална инспекција на авионот во сопственост на оваа авиокомпанија. Од морето биле извлечени 24 тела, а се стравува дека сите 189 патници и членови на екипажот се мртви. Властите сега навеле дека постои голема веројатност останките на сите патници никогаш да не бидат пронајдени.

Причината за падот останува мистерија

Причината за падот на авионот се уште не е позната, но постојат повеќе индиции дека падот би можел да биде спречен. Деветнаесет километри по полетувањето, авионот побарал да му се овозможи враќање на аеродромот. Но, што е особено чудно, не навел дека станува збор за итен случај. Радарите не забележале дека авионот се свртел, а контролата брзо изгубила контакт со леталото. "Тука ми е најчудно што не прогласиле никаква тревога. Само рекле: "Ние се враќаме", изјавил Дејвиц Суци, поранешен инспектор за безбедност во воздушниот простор во САД.

Ден претходно имал големи проблеми

Но, во целата приказна е уште почудно што истиот авион ден претходно имал големи проблеми кога летал од Денпасар до Џакарта. Техничкиот лет од Бали кон главниот град на Индонезија открива дека еден од инструментите бил "непоуздан", а пилотот морал да го предаде управувањето на првиот официр. По слетувањето, авионот го прегледале механичари и му дале зелено светло за нов лет. Веќе претходно, директорот на компанијата изјавил дека авионот имал "технички проблеми", но додал дека истите се решени. "Доколку авионот имал некаков дефект, тој не би можел ни да полета", изјавил тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prichinata-za-rushenje-na-avionot-so-189-patnici-ostanuva-misterija-zborovite-na-pilotot-ja-shokiraa-javnosta-video/feed/ 0