мистериозна болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Jan 2023 20:59:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мистериозна болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се шири мистериозна болест, најмалку 21 починат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-shiri-misteriozna-bolest-najmalku-21-pochinat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-shiri-misteriozna-bolest-najmalku-21-pochinat/#respond Sun, 22 Jan 2023 21:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=790442

Најмалку 21 лице почина од „мистериозна“ болест во североисточен Авганистан, соопштија денеска локалните власти. Болеста се проширила во областа Вакан во планинскиот регион Памир, каде медицинските експерти се обидуваат да ја утврдат причината, соопштија локалните власти во провинцијата Бадакшан. Како што јавува Анадолија, 21 лице починало во претходните две недели, додека Министерството за здравство објави дека медицински тимови го истражувале и регионот во близина на соседен Таџикистан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-shiri-misteriozna-bolest-najmalku-21-pochinat/feed/ 0
СЗО следи случаи на „мистериозна болест“, регистрирани и тројца починати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sledi-sluchai-na-misteriozna-bolest-registrirani-i-trojca-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sledi-sluchai-na-misteriozna-bolest-registrirani-i-trojca-pochinati/#respond Sun, 04 Sep 2022 06:51:28 +0000 https://kurir.mk/?p=728400

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде досега се регистрирани три смртни случаи. Десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман, соопшти Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО. Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението, пренесува „Скај Њуз“. Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата. Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sledi-sluchai-na-misteriozna-bolest-registrirani-i-trojca-pochinati/feed/ 0
Мистериозна болест меѓу американските дипломати во Виена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-bolest-megju-amerikanskite-diplomati-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-bolest-megju-amerikanskite-diplomati-vo-viena/#respond Mon, 19 Jul 2021 09:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=538590

Виена, како центар на многу дипломатски активности, до неодамна беше безбедна за работа на многу американски дипломати, но од почетокот на годинава се забележува нагло зголемување на здравствените инциденти со симптоми слични на мистериозната мозочна болест што се појави во Хавана во 2016 година, објави Радио слободна Европа (РСЕ). Американската влада истражува низа здравствени инциденти во Виена во кои се вклучени нејзините дипломати и друг персонал во администрацијата, пренесува Би-Би-Си, истакнувајќи дека пријавените симптоми се слични на „синдромот Хавана“ за кој се уште не е утврдена дефинитивната причина, но американските научници велат дека тоа е најверојатно предизвикано од микробранова радијација. Откако претседателот Џо Бајден ја презеде должноста во јануари, повеќе од 20 претставници на американската дипломатија во Виена пријавија симптоми слични на „Хавана синдромот“. Такви случаи се забележани и во други делови на светот, но американските власти велат дека бројките во Виена се поголеми отколку во кој било друг град, освен Хавана. Синдромот првпат беше забележан во Куба во 2016 и 2017 година кога американски и канадски дипломати се пожалија на низа симптоми, почнувајќи од вртоглавица, губење рамнотежа, губење на слухот и вознемиреност до она што тие го опишаа како „когнитивна магла“. За случаите во Виена првпат објави „Њујоркер“ на 16 јули, а подоцна ги потврди и Стејт департментот, посочува Би-Би-Си. Австрија ги истражува пријавените случаи на болеста меѓу американските дипломати во Виена. „Ние ги сфаќаме извештаите многу сериозно и, во согласност со нашата улога како земја домаќин, работиме со американските власти на заедничко решение“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-bolest-megju-amerikanskite-diplomati-vo-viena/feed/ 0
МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ ВО ИНДИЈА: Пациентите паѓаат во несвест, а особено тоа што им се случува на децата е ужасно- властите без одговор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-bolest-vo-indija-pacientite-pagjaat-vo-nesvest-a-osobeno-toa-shto-im-se-sluchuva-na-decata-e-uzasno-vlastite-bez-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-bolest-vo-indija-pacientite-pagjaat-vo-nesvest-a-osobeno-toa-shto-im-se-sluchuva-na-decata-e-uzasno-vlastite-bez-odgovor/#respond Mon, 07 Dec 2020 10:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=439851

Официјални лица во Индија ја испитуваат причината за неидентификувана болест поради која едно лице почина, а повеќе од 220 се хоспитализирани за време на викендот. Пациентите во областа Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми од гадење до нервни напади и несвестица, велат лекарите, пренесува Би-Би-Си, наведувајќи дека многу од хоспитализираните се опоравиле и биле брзо пуштени дома. Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирус, на кои сите биле негативни. Медицински службеник во Државната болница во градот Елуру за Индијан Експрес рекол: „Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако се пожалија на воспалени очи. Некои од нив се онесвестија или претрпеа грчеви на мускулатурата“, објаснил тој. Здравствените власти соопштиле дека анализата на крвта на болните не покажала постоее на вирусна инфекција. „Ние ја исклучивме контаминацијата на водата или загадувањето на воздухот како причина откако официјалните лица ги посетија областите каде што луѓето се разболуваа. Тоа е некоја мистериозна болест и само лабораториска анализа ќе открие што е тоа“, изјавил министерот за здравство Утар Прадеш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-bolest-vo-indija-pacientite-pagjaat-vo-nesvest-a-osobeno-toa-shto-im-se-sluchuva-na-decata-e-uzasno-vlastite-bez-odgovor/feed/ 0
Нов тип на вирусот корона причина за мистериозната болест во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-tip-na-virusot-korona-prichina-za-misterioznata-bolest-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-tip-na-virusot-korona-prichina-za-misterioznata-bolest-vo-kina/#respond Thu, 09 Jan 2020 10:50:07 +0000 https://kurir.mk/?p=287349

Прелиминарната истрага за мистериозното вирусно воспаление на белите дробови од кое се разболеа неколку десетици Кинези, покажа дека најверојатно причината е нов тип корона вирус. Корона вирусите се пренесуваат со кашлица или кивање или допирање на заразено лице, а некои можат да предизвикаат сериозни респираторни болести како САРС или МЕРС. Претставникот на Светската здравствена организација во Кина, Гауден Галеа изјави дека кинеските истражувачи користеле примерок од еден пациент за да го одвојат вирусот. – Прелиминарната идентификација на новиот вирус во краток временски период е значајно достигната, изјави Галеа. Во Кина од таа болест досега се заразени повеќе од 50 луѓе, додека во Хонгконг 38.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-tip-na-virusot-korona-prichina-za-misterioznata-bolest-vo-kina/feed/ 0