мит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 May 2022 11:10:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Можат ли Пеп и Сити да го срушат митот за „кралот“ во ЛШ? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mozat-li-pep-i-siti-da-go-srushat-mitot-za-kralot-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mozat-li-pep-i-siti-da-go-srushat-mitot-za-kralot-vo-lsh/#respond Wed, 04 May 2022 11:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=671643

Она што го прикажаа Манчестер Сити и Реал Мадрид минатиот вторник беше фудбалска фантазија - деведесет и кусур минути без празен период, со стотици прецизни додавања, шанси и дури седум гола, сето тоа во турбо брзина. Не очекуваме ништо помалку и од реваншот во кој влегуваат со речиси подеднакви шанси за влез во финалето, но веруваме дека Манчестер Сити ќе оди во финале, а една од причините за тоа тврдење е што има помлад тим кој закрепнува побрзо од огромниот напор. Секако, никогаш не треба однапред да го отпишете „кралскиот“ клуб, бидејќи, да цитирам еден од најценетите телевизиски коментатори од овие простори, „Реаловата мачка не е со девет, туку со десет животи“, што го демонстрираше во претходните две кола во кои и против ПСЖ и против Челзи се „враќаше од мртвите“. Домашниот тренер Карло Анчелоти има многу повеќе причини да биде задоволен од резултатот од „Етихад“ отколку неговиот колега Пеп Гвардиола, бидејќи Сити пропушти шанса за поубедлива победа над најтрофејниот европски тим, кој повторно, искористи речиси сè што создаде. Главна улога повторно имаше Карим Бензема, стрелецот на неверојатни девет од 11-те гола на Реал во елиминационата фаза, но факт е дека средниот ред на шампионот во Примера потфрли и доколку англискиот тим ја добие битката и на „Сантијаго Бернабеу“, ќе заврши огромна работа. Дополнително, бековската линија на шпанскиот гигант е бавна и тешко се контролираат нафрлувањата од втор план, кои „граѓаните“ ги доведоа до совршенство, па кога сè ќе се погледне, двојката ги надминува останатите исходи. извор: gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mozat-li-pep-i-siti-da-go-srushat-mitot-za-kralot-vo-lsh/feed/ 0
Дали машко-женските пријателства се мит или вистина? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-mashko-zenskite-prijatelstva-se-mit-ili-vistina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-mashko-zenskite-prijatelstva-se-mit-ili-vistina/#respond Mon, 25 Apr 2022 10:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=667571

Могу мажи и жени барем еднаш во животот се нашле во ситуација да бидат во однос помалку од врска, а повеќе од другарство, кое најчесто го дефинираат како пријателство. Дали постојат машко-женски пријателства и доколку постојат во која ситуација се истите можни и дали секогаш имаат некоја „позадина“ за српски Телеграф открива познатиот психијатар. -Машко-женските пријателства се илузуја и тие секогаш имаат позадина и потајна желба дека еден ден ќе се случи нешто повеќе, вели познатиот српски психијатар Јован Мариќ. Тој со машко-женските пријателства се занимавал во своитекниги и како што истакнува во пракса никогаш не забележал „искрено пријателство помеѓу маж и жена, но дека измеѓу нив не постоела љубав“. Што се крие зад односот Мариќ вели дека тоа обично е обострана илузија на двете лица кои еден во друг гледаат „пријатели“, а во суштина тој однос е многу покомплициран. -Жените се тие кои што најчесто можат да функционираат во тој однос мислејќи дека тоа е пријателство, затоа што нив им е полесно да ја притиснат физичката привлечност, објаснува Мариќ. Професорот додава дека „жените сепак се похрабри доколку аватат дека тука има нешто повеќе од пријателство“. -Жената кога ќе савати дека е нешто повеќе од пријателство, таа во еден момент ќе го кажи тоа, а мажите се тие кои што подолго ќе се кријат позади пријателството. затоа што во повеќето случаи се плашат да не го нарушат односот со жената која им значи, вели познатиот психијатар. Пријателство е можно само после врска Познатиот професор вели дека пријателство помеѓу две личности од спротивен пол речиси „невозможна мисија“ и дека секое друго објаснување на овој однос е бегање од вистината. -Пријателство, помеѓу маж и жене, ретко се случува, можеби после емотивна врска, вели Мариќ. Тој наведува дека пријателство помеѓу маж и жена е можно само доколку еден од нив, а обично машкото е хомосексуално ориентирано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-mashko-zenskite-prijatelstva-se-mit-ili-vistina/feed/ 0
Најчести митови и вистини за бременоста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-mitovi-i-vistini-za-bremenosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-mitovi-i-vistini-za-bremenosta/#respond Fri, 08 Oct 2021 08:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=575266

Ако сте бремена, сигурно веќе секојдневно добивате совети и „предупредувања“ од семејството, пријателите, познаниците… Па, се прашувате – дали сѐ тоа е вистина? Следат некои од најчестите „митови“, заблуди и вистини околу бременоста. Мит: Не треба да јадете кикирики и млечни производи, бидејќи бебето ќе биде алергично на нив! Сосем е во ред да се јаде оваа храна, освен ако жената е алергична на неа или ако лекарот советува да не го прави тоа. Нема докази дека избегнувањето одредена храна ќе спречи бебето да стане алергично на нив. Меѓутоа, како што пишува списанието „Прегненси брт бејби“ (Pregnancy Birth Baby), ограничувањето на исхраната е штетно, бидејќи бебето нема да добие доволно хранливи материи. Сепак, постојат некои намирници кои е подобро да се избегнуваат за време на бременоста поради опасноста од штетни микроби. Тука спаѓаат некои меки сирења, паштета, полуживо месо или риба, или недоволно сварени јајца. Мит: Постојат алтернативни начини на коишто може да го одредите полот на бебето!? Положбата на бебето во стомакот, ставање на венчалниот прстен на стомакот и следење на активностите на бебето се „алтернативни“ и донекаде смешни начини на кои наводно може да се одредите полот на приновата. Според сручњаците, ниту едно од нив не е точно. Неинвазивниот преднатален тест (НИПТ) се прави во десеттата недела од бременоста и така се открива полот. И ултразвучниот преглед може да биде корисен, но не е 100 отсто точен. Мит: Во бременоста треба да јадете за двајца!? Нема докази ни за овој мит. Количината на дополнителна храна зависи од тежината и висината на жената, физичката активност и месецот од бременоста. Но, повеќето жени треба да внесуваат не повеќе од 350 – 400 дополнителни калории дневно за време на бременоста. Тоа се неколку парчиња овошје, тврдо варено јајце или здраво смути. Прејадувањето е лошо и за трудницата и за бебето. Урамнотежената исхрана е најважна. Мит: Без топла бања, фарбање коса и вежбање! Топлите бањи се безбедни за бремени жени, само – водата да не е премногу жешка. Хормоналните промени во бременоста може да создадат пречувствителност на топло. Треба да се избегнуваат бањи со џакузи, бидејќи тие можат да доведат до несвестица. Ниската концентрација на хемикалии во боите за коса не е штетна. Сепак, многу жени претпочитаат да избегнуваат боење во првите 12 недели од бременоста. Ако го преземете овој чекор, но сѐ уште не сте сигурна, држете ја бојата на косата што е можно пократка. Користете ракавици и добро проветрете ја просторијата. За вежбите што ги правите, прво разговарајте со Вашиот лекар. Ако бременоста не е комплицирана, треба да се обидете да вежбате во просек 20 – 30 минути – четири до петпати неделно. Избегнувајте вежби што водат во опасност од паѓање, како што се јавање коњ, скијање или возење велосипед. Мит: Гадењето се јавува само наутро!? Гадење и / или повраќање при бременоста може да се јават во кое било време од денот – поради хормоналните промени. Повеќето жени го доживуваат тоа наутро, а состојбата се подобрува по третиот месец од бременоста. Се разбира, тоа не значи дека сите жени имаат исто искуство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-mitovi-i-vistini-za-bremenosta/feed/ 0
Митот за пештерата „Коњска дупка” во село град, делчевско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitot-za-peshterata-konjska-dupka-vo-selo-grad-delchevsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitot-za-peshterata-konjska-dupka-vo-selo-grad-delchevsko/#respond Sat, 12 Oct 2019 12:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=250821

Пештерата „Коњска дупка” во село Град е една од поубавите пештери во овој дел од државата. Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси. Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори. Од северната страна на пештерата постои втор нејзин отвор кон површината кој е делумно затрупан низ кој протекуваат атмосферски води кон внатрешноста на пештерата. Со постоењето на оваа пештера се поврзани голем број на легенди и преданија како и народни верувања. Еден од најзастапените митови за оваа пештера помеѓу локалното население е дека преку оваа пештереа некогаш постоел таен премин кон Бугарија преку кој чети и комити на ВМРО преминувале незабележано од отоманските власти низ овој предел. По формирањето на административната граница по поделбата на етничка Македонија после Втората Балканска Војна, кај локалното население дополнително се подгреал овој мит затоа што пештерата се наоѓа токму во пограничниот регион, меѓу тогашна Вардарска Македонија и Бугарија. Во предилинденскиот период оваа пештера била заточиште на монаси и свештени лица, за што сведочат исклесаните цртежи на централниот ѕид од пештерта, како и разни археолошки пронајдоци во тек на времето кои биле експлоатирани од таму од страна на диви копачи на злато. Пештерата “Коњска дупка” се наоѓа во непосредна близина на Археолошкиот локалитет “Градиште”, што дополнително додава вредност на самиот локалитет во неговата репрезентативност и потенцијал за искористување во функција на туризмот и економскиот развој на ова место. Со вистинска стратегија и многу мали инвестиции ова место може да прерасне во посакувана туристичка дестинација каде може да се видат восхитувачки сцени на природата и човечката креација на едно место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitot-za-peshterata-konjska-dupka-vo-selo-grad-delchevsko/feed/ 0
Од мит до вистина: Дали „крокодилските солзи” навистина постојат? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/od-mit-do-vistina-dali-krokodilskite-solzi-navistina-postojat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/od-mit-do-vistina-dali-krokodilskite-solzi-navistina-postojat/#respond Sun, 09 Jun 2019 07:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=207129

Синтагмата „крокодилски солзи” главно ја користиме како синоним за лажни солзи, а дали овие солзи се вистински, откриваат научниците. Да, научните студии покажуваат дека крокодилите и нивните роднини навистина леат солзи, но научниците се уште не се сигурни зошто. Древните анегдоти за плачењето на крокодилите креираа врежано мислење дека крокодилските солзи се синоним за лажни солзи. Меѓутоа, неверојатно е дека крокодилите и нивните роднини доживуваат лажна, погрешна тага, изјави членот на студискиот тим Кент Влиет од Универзитетот на Флорида. – Од мое искуство, кога крокодилот ќе стави нешто во уста, тој тоа навистина и го мисли, вели Влиет, кој неодамна го потврди плачењето кај алигаторите и кајманите, блиски роднини на крокодилите. Солзите можеби наместо функциите слични на плунката кај луѓето, помагаат животните да ја сварат својата храна, вели Влиет. Лакрималните жлезди кај крокодилите се поврзани со нивните синуси и една од идеите е дека солзите произведени во окото се празнат во синусите и се спуштаат во грлото. – Стара идеја е дека тие можеби помагаат храната која ја голтаат да омекне, а плачењето кое го гледаме е поради хиперпродукција на солзи, вели Влиет. Уште една можност е дека солзите можеби се резултат на звуците на животните и фалбаџиство додека јадат. Воздухот од синусите можеби ги насочува солзите да излегуваат од очите на животното. (Национална географија – Вашингтон/МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/od-mit-do-vistina-dali-krokodilskite-solzi-navistina-postojat/feed/ 0