Митаракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Apr 2020 14:31:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Митаракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митаракис: Никаква толеранција за насилството во бегалските кампови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-nikakva-tolerancija-za-nasilstvoto-vo-begalskite-kampovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-nikakva-tolerancija-za-nasilstvoto-vo-begalskite-kampovi/#respond Tue, 28 Apr 2020 14:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=338775

Не прифаќаме и не толерираме насилство во центрите за бегалци и мигранти, порача министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис од грчкиот остров Самос, каде што во неделата вечерта и вчера наутро имаше инциденти и пожари во околината на бегалскиот камп, јави дописничката на МИА од Атина. -Испраќам јасна порака, вакви насилни инциденти не се толерираат. Грчката полиција уапси 22 лица и ќе бидат поднесени кривични пријави. Јасно е дека оние што доаѓаат во нашата земја и аплицираат за азил, обврзани се и од Женевската конвенција да ги почитуваат грчките закони, рече Митаракис и додаде дека нема толеранција за насилството, „кое ги става во опасност животите и на оние кои престојуваат во прифатниот центар, но и на жителите на Самос“. Митаракис истакна дека ситуацијата на островот е особено тешка, рече дека во текот на годинава ќе се затвори постоечкиот отворен бегалски камп, а мигрантите и бегалците ќе бидат пренесени во нов затворен центар. Во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на Самос, што е со капацитет од 648 места, престојуваат 6.869 лица, според официјалните податоци од грчката Влада, заклучно со неделата 26 април 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-nikakva-tolerancija-za-nasilstvoto-vo-begalskite-kampovi/feed/ 0