мите грозданов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 07:07:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мите грозданов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕЌАВАЊЕ: Четири години од смртта на доајенот на македонскиот театар, Мите Грозданов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-chetiri-godini-od-smrtta-na-doajenot-na-makedonskiot-teatar-mite-grozdanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-chetiri-godini-od-smrtta-na-doajenot-na-makedonskiot-teatar-mite-grozdanov/#respond Fri, 25 Nov 2022 07:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=766122

На 25 ноември 2018 година во 75-тата година од животот почина Мите Грозданов, доајен на македонскиот театар, актер на Драмски театар-Скопје каде што работеше од 1967 до пензионирањето во 2008 година. Роден е во Струмица на 14 декември 1943 година. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“… Добитник е и на голем број награди, како „Млад борец“, Златен ловоров венец на МЕСС, Сребрена колајна на Фестивал на монодрама во Земун, Актер на годината на „Екран“, награди за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на кој во 2010 ја доби и наградата за животно дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-chetiri-godini-od-smrtta-na-doajenot-na-makedonskiot-teatar-mite-grozdanov/feed/ 0
СЕЌАВАЊЕ: Три години од смртта на доајенот на македонскиот театар Мите Грозданов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-tri-godini-od-smrtta-na-doajenot-na-makedonskiot-teatar-mite-grozdanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-tri-godini-od-smrtta-na-doajenot-na-makedonskiot-teatar-mite-grozdanov/#respond Thu, 25 Nov 2021 06:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=599603

Денеска се одбележуваат три години од смртта на Мите Грозданов, доајен на македонскиот театар, актер на Драмски театар-Скопје каде што работеше од 1967 до пензионирањето во 2008 година. Роден е во Струмица на 14 декември 1943 година. Грозданов почина на 25 ноември 2018 година во 75-тата година од животот. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“… Добитник е и на голем број награди, како „Млад борец“, Златен ловоров венец на МЕСС, Сребрена колајна на Фестивал на монодрама во Земун, Актер на годината на „Екран“, награди за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на кој во 2010 ја доби и наградата за животно дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-tri-godini-od-smrtta-na-doajenot-na-makedonskiot-teatar-mite-grozdanov/feed/ 0
Комеморација за актерот Мите Грозданов во Драмски театар-Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-akterot-mite-grozdanov-vo-dramski-teatar-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-akterot-mite-grozdanov-vo-dramski-teatar-skopje/#respond Tue, 27 Nov 2018 06:57:10 +0000 https://kurir.mk/?p=132414

Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморативна седница за актерот Мите Грозданов, кому овој театар му беше матична сцена од 1968 до пензионирањето во 2008 година. Доајенот на македонскиот театар почина завчера во 75-тата година од животот. – Драмскиот театар ја имаше честа да го има во своите редови и беше сведок на исклучителната посветеност во процесот на создавањето на театарските претстави. Дарбата за глума кај Мите Грозданов е градена и константно потврдувана низ повеќедецениска секојдневна работа и умеење да се искачи по скалилата на уметноста до врвот на нејзниот Олимп. Својата биографија катадневно ја надополнува со трајни творечки вредности. Тие започнуваат од  школското зреење и веќе се стамени со завршувањето на Факултетот за драмска уметност во Белград во 1967 година, соопшти Драмскиот театар. Мите Грозданов (Струмица, 1943 – Скопје, 2018) почнал да работи во Драмскиот театар во 1968 година, во претставата  „Партитурата за еден Мирон“ во која, како што наведува ДТС, го открил својот богат, раскошен талент, уникатен и универзален, допирлив и разбирлив. – Во годините што минуваа Мите Грозданов на сцената на Драмскиот театар оствари 70-ина улоги и уште се во сеќавање неговите сценски реализации во: „Мајка“ од Виткиевич, „Грдиот Нарцис“ од Арсовски, „Јане Задрогаз“ од Стефановски, „Татко“ од Стриндберг итн. За своите креации многупати е чествуван со признанија и награди како „Златен ловоров венец“ на Фестивалот МЕСС, а двапати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Дел од својата нескротлива енергија ја реализира и со повремени гостувања како инспиратор, режисер и актер во театрите во  Струмица, Скопје, Кочани, Гевгелија, Кавадарци, Куманово и други места, неуморно реализирајќи и институциопнални и независни театарски проекти, соопшти ДТС. Покрај бројните улоги, Грозданов е и автор на поезија и ги објави книгите песни „Откорнат од душата“, „Земјанец“ и „Ме болат мислите“. Посмртните останки на Мите Грозданов ќе бидат изложени денеска во 11.30 часот во црквата „Св.Пантелејмон“ во Долно Нерези. Погребот ќе се изврши во 12 часот на гробиштата во Нерези. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-akterot-mite-grozdanov-vo-dramski-teatar-skopje/feed/ 0
Почина Мите Грозданов, бардот на македонското глумиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-mite-grozdanov-bardot-na-makedonskoto-glumishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-mite-grozdanov-bardot-na-makedonskoto-glumishte/#respond Mon, 26 Nov 2018 07:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=131831

Вчера, 25 ноември, 2018 година, почина еден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов. Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година. Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година. Случајот сакаше така што токму нему му се посреќи на самиот почеток да се вивне во уметничките височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија на актер. Мозаикот на неговите ангажмани уште подразбира и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми и серии, како и неколку филмски улоги. Во сите овие форми на театарското изразување до израз доаѓа неговата нескротлива енергија, неисцрпна и фасцинантна концентрација, моќ за трансформација. Грозданов има добиено бројни награди. За монодрамата по стихови на Ацо Шопов, Дрво на ридот , тој станува добитник на Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Од неговите награди да ги споменеме и оние на весникот односно ревијата Млад борец и Екран. Но, иако досега неколку пати е номиниран и предложен за наградите 13 Ноември и 11 Октомври, тој не успеа да се закити со нив.
„Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија… Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал… Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста… Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење“ напиша Борче Грозданов, театарски критичар и син на Мите Грозданов.
Играл во повеќе театарски претстави, „Јане Задрогаз“, „Болва в уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници„, „Мајка“, „Грдиот Нарцис“, „Војцек“, „Тигар“, „Подбивна среќо моја“, „Зојкиниот стан“, „Татко“, „Собирен центар“, „Самоубиец“, „Од првиот здив“, „Вазна од порцелан“… Поважни театарски улоги:Главна улога – Партитурата за еден Мирон од Коле Чашуле, ДТС Деметар – Скршената шапка од Мазилу, ДТС Леоне – Мајка од Виткиевич, ДТС Нарцис – Грдиот нарцис од Т. Арсовски Војцек – Војцек од Бихнер, ДТС Карлос Хоменидес – Болва во уво од Фејдо, ДТС Божин Лебаро – Јане Задрогаз од Г. Стефановкси, ДТС Чехов – Подбивна среќо моја од Маљугин, ДТС Тигар – Тигар од Шизгал, ДТС Светозар Митиќ – Карамазови од Д. Јовановиќ, ДТС Гус – Зојкиниот стан од Булгаков, ДТС Капетанот – Татко од Стринберг, ДТС Михајло – Собирен центар од Д. Ковачевиќ, ДТС Сејмон – Самоубиец од Ердман, ДТС Годо – Од првиот здив од Д. Коцевски, ДТС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-mite-grozdanov-bardot-na-makedonskoto-glumishte/feed/ 0