митинзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Oct 2021 16:48:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png митинзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-dojran/#respond Thu, 07 Oct 2021 16:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=574911

ВМРО-ДПМНЕ денеска е меѓу граѓаните, каде одржува митинзи за претстојните локални избори. Во 19:30 часот партијата има два големи митизни. Едниот е во Дојран – локација: Парк во Нов Дојран, на кој ќе се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Другиот е во Валандово – локација: пред фестивалската сала „Јанко Узунов“, на кој ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Настанот од Дојран можете да го следите во живо на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-dojran/feed/ 0
Пет митинзи на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски во Македонски Брод, Валандово и Гевгелија, Николоски во Дојран и Богданци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-mitinzi-na-vmro-dpmne-mickoski-vo-makedonski-brod-valandovo-i-gevgelija-nikoloski-vo-dojran-i-bogdanci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-mitinzi-na-vmro-dpmne-mickoski-vo-makedonski-brod-valandovo-i-gevgelija-nikoloski-vo-dojran-i-bogdanci/#respond Thu, 07 Oct 2021 09:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=574583

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи пет митинзи за претстојните локални избори. 17:00 часот во Македонски Брод - локација: Градски Плоштад, на кој ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 19:30 часот во Дојран - локација: Парк во Нов Дојран, на кој ќе се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. 19:30 часот Валандово – локација: пред фестивалската сала „Јанко Узунов“, на кој ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. 20:30 часот Богданци – локација: Градски парк Богданци, на кој ќе се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски. 20:30 часот централен митинг во Гевгелија – локација: Плоштад Гевгелија, на кој ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-mitinzi-na-vmro-dpmne-mickoski-vo-makedonski-brod-valandovo-i-gevgelija-nikoloski-vo-dojran-i-bogdanci/feed/ 0
Втора недела од кампањата за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, СДСМ во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-nedela-od-kampanjata-za-lokalnite-izbori-vmro-dpmne-vo-strumica-sdsm-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-nedela-od-kampanjata-za-lokalnite-izbori-vmro-dpmne-vo-strumica-sdsm-vo-kavadarci/#respond Mon, 04 Oct 2021 06:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=572498

Почнува втората недела од изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии. Коалицијата предводена од СДСМ денеска централни собири ќе одржи во Валандово и Кавадарци, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и Струмица. Иницијативата „Зелен Хуман Град“ ќе одржи прес-конференција на тема „Изградба на зграда” во Скопје, а Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП ќе има изборни активности во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и носители на листи ќе бидат во Богданци и Гевгелија, а Движењето „Беса“ изборни активности ќе има во скопски Бутел и Шутка. Политичките партии и независните кандидати своите програми за Локалните избори вчера ги претставија во повеќе градови и населени места. Кампањата ќе трае 20 дена, до 15 октомври, а за вториот круг избори што ќе се одржи на 31 октомври, кампањата ќе трае до 29 октомври. Државната изборна комисија потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори. На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуалните неправилности при гласањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-nedela-od-kampanjata-za-lokalnite-izbori-vmro-dpmne-vo-strumica-sdsm-vo-kavadarci/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Куманово, Карпош и Кисела Вода, СДСМ во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-deneska-vo-kumanovo-karposh-i-kisela-voda-sdsm-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-deneska-vo-kumanovo-karposh-i-kisela-voda-sdsm-vo-tetovo/#respond Sun, 03 Oct 2021 12:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=572210

Партиите денеска ја завршуваат првата недела од изборната кампања. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи три митинзи, а СДСМ ќе биде во Тетово и Ѓорче Петров. На Градскиот плоштад во Куманово во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг, следниот е закажан во 19:30 часот на плоштадот Млечен во Карпош. Партиските активности ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги заокружи со митинг во Кисела Вода кој ќе започне во 21 часотНа сите митинзи најавено е обраќање на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе биде во Општините Боговиње, Брвеница, Јегуновце и Желино, а вечерта ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатите за советници на Општина Тетово на Плоштадот „Маршал Тито“ со почеток во 20 часот. Вториот караван ќе биде во Општина Ѓорче Петров, каде потпретседателот Венко Филипче ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18 часот кај Амфитеатарот кај Корзото во Ѓорче Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-deneska-vo-kumanovo-karposh-i-kisela-voda-sdsm-vo-tetovo/feed/ 0
Партиските лидери согласни, нема митинзи за изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-lideri-soglasni-nema-mitinzi-za-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-lideri-soglasni-nema-mitinzi-za-izborite/#respond Fri, 13 Mar 2020 06:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=315854

Предвремени парламентарни избори на 12 април ќе се одржат. Нема одложување, за тоа не станало збор на вчерашната лидерска средба, но поради коронавирусот и мерките и препораките, политичките партии ќе водат кампања без митинзи. На лидерска средба кај премиерот Оливер Спасовски, претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на движењето БЕСА Биљаљ Касами имаа заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните и дека ќе ги почитуваат препораките. – Нема поважна работа од здравјето на граѓаните. И во таа насока побарав согласност која беше прифатена дека е неопходно сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по координативната средба со лидерите на политичките партии за состојбата со коронавирусот. Многу е важно, рече Спасовски, сите политички партии да покажат одговорност пред здравјето на граѓаните, да ги следат препораките на институциите и нивните активности и кампањата за изборите да ја приспособат врз основа на она што е препорачано во мерките од страна на институциите. – За мене претставува очекувано задоволство тоа што на состанокот се обедини заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните. Тоа е пред се и над се, нагласи Спасовски. Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека ќе ги почитуваат препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги водат преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстриминг. – Здравјето на граѓаните е највисок прироитет за сите институции и политички субјекти. Здравјето секому треба да му биде над се останато, рече Заев, додавајќи дека политичките партии треба да бидат пример за почитување на инситуционалните препораки. Тој истакна дека на средбата не станало збор за одложување на изборите и оти начинот на водење на предизборната кампања ќе биде усогласен со мерките и препораките кои се за доброто на сите граѓани за брзо и ефикасно справување со ситуацијата. Мицкоски посочи дека извесно е дека изборната кампања ќе се адапира на актуелните услови поради коронавирусот и ќе се води на алтернативни начини, преку социјални мрежи и мас медиумите и дека нема да има партиски митинзи додека трае забраната за јавни собири. – Не се разгледа можноста да одложување на изборите. Она за што разговаравме е да имаме преадаптирање на изборната кампања. Немаше разговор по таа тема за одложување. Ќе имаме алтернативен начин за водење на кампањата, преку социјалните медиуми, преку мас медиумите, така натаму. Од врата на врата, поинаков начин, поинаков пристап, итн., рече Мицкоски. Ахмети наведе дека и ДУИ ќе ги почитува препораките и нема да организира големи митинзи за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. – Политичките партии ќе најдат начин како ќе работат и дејствуваат. Денес медиумите се многу развиени. Електронскиот свет е на највисоко ниво и сите партии може да комуницираат преку електронските средства, изјави Ахмети. И Зијадин Села потврди дека Алијансата за Албанците ќе ги следи препораките и упати порака дека нема потреба од паника. – Оваа ситуација ќе помине како и сите други. Ова е вирус и последиците од овој вирус не се различни од последиците на сезонските грипови. Секогаш како последица на сезонскиот грип имало пациенти кои завршиле во болница како последица на хроничните заболувања. Нема потреба од паника, луѓето треба да бидат солидарни, рече Села и ги повика фармацевтските компании да не ја злоупотребуваат ситуацијата и да не прават профит од средствата за дезинфекција. Касами, исто така, посочи дека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки на Владата за справување со коронавирусот и оти ќе ги искористат сите други можности за комуникација со гласачите за им ги пренесат нивните пораки и идеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-lideri-soglasni-nema-mitinzi-za-izborite/feed/ 0