митко јанчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 12:13:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png митко јанчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесплатен паркинг и неограничен влез во градот за време на „Тиквешкиот гроздобер” https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-parking-i-neogranichen-vlez-vo-gradot-za-vreme-na-tikveshkiot-grozdober/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-parking-i-neogranichen-vlez-vo-gradot-za-vreme-na-tikveshkiot-grozdober/#respond Wed, 30 Aug 2023 12:13:01 +0000 https://kurir.mk/?p=872545

Бесплатен паркинг и неограничен влез во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер”, манифестација што ќе се одржи од 8 до 10 септември. Ова го најави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на седница на општинскиот Совет. – Гостите во Кавадарци ќе бидат пречекувани со грозје, со желба убаво да си поминат. За редот при влезот во градот и паркирањето ќе се погрижат вработените во јавното претпријатие за паркинг и волонтери – појасни Јанчев. За одржување на оваа манифестација предвидени се 10.595.086 денари. Општината ќе издвои 5.300.000 денари, а остатокот се планира да се обезбеди од излагачи, спонзори и донатори на фестивалот. На „Тиквешки гроздобер” ќе настапат Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена. Програмата содржи карневалско дефиле, културни настани, изложба на олд тајмери, мото рели, таблијада, огномет. – За време на фестивалот ќе се посвети внимание на тоа да се опфатат активности за сите генерации, со зачувување и негување на традициите и обичаите типични за Тиквешкиот лозаровинарски регион – се наведува во програмата. На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, виното, ракијата, маџунот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-parking-i-neogranichen-vlez-vo-gradot-za-vreme-na-tikveshkiot-grozdober/feed/ 0
Митко Јанчев испрати механизација за справување со сметот во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitko-janchev-isprati-mehanizatsija-za-spravuvane-so-smetot-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitko-janchev-isprati-mehanizatsija-za-spravuvane-so-smetot-vo-kisela-voda/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=854855

Општина Кавадарци испраќа помош во Скопје за справување со отпадот. Во Општина Кисела Вода испратени се 3 камиони и еден џип се со цел да се помогне во решавање на проблемот со отпадот. Помош ќе се испрати и на други општини кои што имаат потреба. Кавадарци за сите, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitko-janchev-isprati-mehanizatsija-za-spravuvane-so-smetot-vo-kisela-voda/feed/ 0
Кавадарци испраќа помош во Скопје за справување со отпадот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kavadartsi-ispraka-pomosh-vo-skopje-za-spravuvane-so-otpadot-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kavadartsi-ispraka-pomosh-vo-skopje-za-spravuvane-so-otpadot-video/#respond Sun, 09 Jul 2023 19:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=854720

Општина Кавадарци испраќа помош во Скопје за справување со отпадот, информира градоначалникот Митко Јанчев. „ Во Општина Кисела Вода испратени се 3 камиони и еден џип се со цел да се помогне во решавање на проблемот со отпадот. Помош ќе се испрати и на други општини кои што имаат потреба. Кавадарци за сите“ - посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kavadartsi-ispraka-pomosh-vo-skopje-za-spravuvane-so-otpadot-video/feed/ 0
Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zamatena-vodata-za-piene-vo-kavadartsi-poradi-obilnite-dozhdovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zamatena-vodata-za-piene-vo-kavadartsi-poradi-obilnite-dozhdovi/#respond Sun, 18 Jun 2023 07:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=846965

Заматена е водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци поради обилните дождови на изворите Лукар, информираат од кавадаречкото јавно претпријатие ,,Комуналец". Оттаму нагласуваат дека водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање. - Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, додаваат од комуналното претпријатие. Синоќа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека два дена Тиквешијата беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново. - Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена, известија од кабинетот на Јанчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zamatena-vodata-za-piene-vo-kavadartsi-poradi-obilnite-dozhdovi/feed/ 0
Јанчев: Поради непроодност граѓаните да не сообраќаат кон Раец, Фариш и кон Прилеп https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-poradi-neproodnost-graganite-da-ne-soobrakaat-kon-raets-farish-i-kon-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-poradi-neproodnost-graganite-da-ne-soobrakaat-kon-raets-farish-i-kon-prilep/#respond Sat, 17 Jun 2023 10:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=846754

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека поради излевање на речното корито предизвикано од невремето кое го зафати Кавадарци, граѓаните треба да бидат внимателни и да не сообраќаат поради непроодност на патот кон селата Раец, Фариш и кон Прилеп, односно кај мотел Дреново. „На терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец. Граѓаните кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300“, пишува Јанчев на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-poradi-neproodnost-graganite-da-ne-soobrakaat-kon-raets-farish-i-kon-prilep/feed/ 0
Јанчев бара разрешување на директорите по инцидентот во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-bara-razreshuvane-na-direktorite-po-intsidentot-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-bara-razreshuvane-na-direktorite-po-intsidentot-vo-kavadartsi/#respond Mon, 12 Jun 2023 17:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=845030

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во соопштението се појаснува  дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот. - Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението. Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. - По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-bara-razreshuvane-na-direktorite-po-intsidentot-vo-kavadartsi/feed/ 0
Јанчев: Кавадарци се развива на секое поле, а инфраструктурата е огледало на општината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janchev-kavadartsi-se-razviva-na-sekoe-pole-a-infrastrukturata-e-ogledalo-na-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janchev-kavadartsi-se-razviva-na-sekoe-pole-a-infrastrukturata-e-ogledalo-na-opshtinata/#respond Wed, 31 May 2023 17:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=840975

„Втор мандат сум градоначалник и сакам да се заблагодарам на максималната поддршка на Општината, на граѓаните со 76% поддржаност во вториот мандат, при што е голема голема обврска за мене. Морам да потенцирам дека сплотеноста на Општината со јавните институции, со граѓаните, достапноста на Општината во делот на граѓаните и секојдневието го прави Кавадарци да биде град достапен за самите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во воведниот дел од трибината „Политики за развој на енергетскиот сектор“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ. Јанчев додаде дека се инвестира во спортот и потенцираше дека за пет години општина Кавадарци успеа фудбалскиот клуб „Тиквеш“ да го врати во прва лига. И направи историски најдобар резултат во првата македонска лига и заврши на шестото место. Ракометарскиот клуб „Тиквеш“ оваа година за првпат игра во Европа. „Општината во изминативе четири години спортот го поддржува со рекордни 20 милиони денари на годишно ниво“, нагласи градоначалникот на Кавадарци. „Инфраструктурата во делот на спортот во последните неколку години се изградија неколку игралишта, тука е игралиштето ГФК „Тиквеш“, нови трибини. Но исто така се обезбедија и подобри услови за спортот, при што се изградија повеќе спортски сали, повеќе фудбалски терени“, појасни Јанчев. Јанчев се осврна и на инфраструктурата во Кавадарци при што посочи дека е огледало на општината. „Општина Кавадарци до пред пет години беше на доста ниско ниво во делот на инфраструктурата, во делот на атсмосферските канализации, фекален колектор, булеварите, влезовите во градот, улиците, руралните средини“, рече тој. „Од втората изборна програма досега имаме остварено над 70% од сите проекти инфраструктурни кои што ги имаме. Би споменал неколку капитални, меѓу кои е пуштањето на работа и доградувањето на Градскиот пазар, денес општина Кавадарци има еден од помодерните пазари во Македонија. на нашите земјоделци им е овозможено да имаат подобри услови за продажба на земјоделските производи, а на граѓаните подобри услови при пазарување. Прометот на самиот Градски пазар во однос на земјоделските производи е подигнат некаде за 50-тина проценти“, посочи Јанчев. Тој укажа дека пуштање на работа на петта мини хидроцентрала, со производство на инсталирана моќност 150 киловати на час. И со тоа ЈП Комуналец е денес во подобра финансиска состојба. „Општина Кавадарци е единствена општина во Македонија каде што ниту едно дете не чека за запишување во градинка“, нагласи тој. Јанчев додаде дека во општина Кавадарци од прво до петто одделение на сите дечиња им дава бесплатен соодветен оброк. Градоначалникот на општина Кавадарци се осврна и на земјоделството. „Како Општина можам да потенцирам дека се бориме максимално да придонесеме во делот на винарството, винската индустрија, во делот на заштита на земјоделците и тоа го направивме со неколку проекти во винскиот музеј, отворивме винотека каде што можат семејните винарии да продаваат вина што не можат во маркетите. Општина Кавадарци дава два милиони денари поддршка за семејните винарии, дестилерите, за да се зголеми откупот на грозје, да се зголемат производителите“, нагласи Јанчев. Јанчев рече дека потребно е да се помогне на земјоделците бидејќи земјоделието е тешка гранка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janchev-kavadartsi-se-razviva-na-sekoe-pole-a-infrastrukturata-e-ogledalo-na-opshtinata/feed/ 0
Јанчев: Кавадарци по 30 години ја доби улицата Лазо Асијата, целосна инвестиција на општината, досега 80% ветени капитални проекти се остварени или отпочнати со работа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-kavadartsi-po-30-godini-ja-dobi-ulitsata-lazo-asijata-tselosna-investitsija-na-opshtinata-dosega-80-veteni-kapitalni-proekti-se-ostvareni-ili-otpochnati-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-kavadartsi-po-30-godini-ja-dobi-ulitsata-lazo-asijata-tselosna-investitsija-na-opshtinata-dosega-80-veteni-kapitalni-proekti-se-ostvareni-ili-otpochnati-so-rabota/#respond Tue, 23 May 2023 11:19:27 +0000 https://kurir.mk/?p=837867

Една од поклучните инвестиции за 2023 година, токму е оваа улица Лазо Асијата. Како улица е позната на ова месно население затоа што повеќе од 30 години чекаа и очекуваа пробивање на самата улица и пуштање во функција затоа што поголем дел од жителите немаа сопствени прилази, односно немаа ни асфалт ни улица за пристапување со сопствените домови, истакна денешна градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Посочи дека со пробивањето на оваа улица која е комплетна инвестиција на општина Кавадарци од 25 милиони денари ќе се овозможи и за постоечките жители да добијат соодветен пристап, но и за дооформување на урбанистичкиот план, Лазо Асијата со повеќе од 70 парцели за домување за да може градот на оваа источна страна да го шириме и алтернатива за кружно движење. -Морам да потенцирам дека се пристапи кон комплетно пробивање, потоа се изгради атмосферска канализација, канализациона и водоводна мрежа со соодветни приклучоци за идните инвестиции. Потоа се оформија тротоари и улично осветлување и асфалтна маса од два слоја, како што доликува на домаќинска општина, градење по сите теркови за оваа инвестиција да биде подолговечна. Морам да кажам дека предизборните ветувања кои ги имавме во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно јас како градоначалник и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека голем дел од капиталните инвестиции, некаде околу 80% се остварени или отпочнати со работа. Се што е отпочнато и остварено, буџетски и систематски ни е решено во делот на финансиската конструкција. Така да со домаќинско работење, со пристапно работење кон граѓаните, секоја општина, а особено општина водена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник како што доликува на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го видат својот бенефит и во делот на искористување на средствата во правилна форма за интерес на граѓаните. Сме работеле така, така и ќе продолжиме, и можам да кажам со среќа нека де оваа улица Лазо Асијата за користење на нашите граѓани, нагласи Јанчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-kavadartsi-po-30-godini-ja-dobi-ulitsata-lazo-asijata-tselosna-investitsija-na-opshtinata-dosega-80-veteni-kapitalni-proekti-se-ostvareni-ili-otpochnati-so-rabota/feed/ 0
Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение од денеска во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-obrok-za-uchenitsite-od-prvo-do-petto-oddelenie-od-deneska-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-obrok-za-uchenitsite-od-prvo-do-petto-oddelenie-od-deneska-vo-kavadartsi/#respond Tue, 02 May 2023 09:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=829633

Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта, од денеска е обезбеден од локалната самоуправа во Кавадарци, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. -Ова значи официјално реализирање на ветениот проект „Оброк за секое дете", што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму нагласија дека Општина Кавадарци, континуирано води грижа за сите свои жители, без разлика дали тие припаѓаат во рурална, или урбана средина. Претходно, градоначалникот Јанчев нагласи дека храната од оброкот ќе биде разновидна и квалитетна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplaten-obrok-za-uchenitsite-od-prvo-do-petto-oddelenie-od-deneska-vo-kavadartsi/feed/ 0
Јанчев: Почнува инвестиција од 30 милиони евра во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-pochnuva-investitsija-od-30-milioni-evra-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-pochnuva-investitsija-od-30-milioni-evra-vo-kavadartsi/#respond Tue, 11 Apr 2023 05:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=822682

Почнува инвестиција од 30 милиони евра, Мала Америка во Кавадарци, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својот Фејсбук профил. - Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 квадратни метри. Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70 проценти, соопшти Јанчев. Тој додаде дека изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци, е веќе започната. - Како што беше најавено и ветено во предизборната програма, целокупниот проект, комплекс, се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година. Кавадарци е европски град. Кавадарци за сите, напиша Јанчев, наведувајќи ја веб-страницата https://littleamerica.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-pochnuva-investitsija-od-30-milioni-evra-vo-kavadartsi/feed/ 0