Митко Лиговски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 11:47:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Митко Лиговски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колумна на м-р Митко Лиговски: ПАТОТ ДО ОДГОВОРНО РУДАРСТВО И ОДРЖЛИВОСТ НА ПРОЕКТОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolumna-na-m-r-mitko-ligovski-patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolumna-na-m-r-mitko-ligovski-patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/#respond Tue, 24 Oct 2023 11:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=892508

Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа. Со својата истражувачка активност на Проектот „Иловица-Штука”, се стремевме кон разбирање на границите и карактеристиките на ова наоѓалиште. Секое каменче, претставуваше разговор со природата која ни раскажуваше посебна приказна за земјата, нејзиниот развој и потенцијалот за одржливост. Долгогодишната работа, почнуваќи од 2004 година на развојот на Проектот „Иловица-Штука” емотивно нè поврза и допринесе за мотивираност и посветеност во областа. Во Проектот е вложено многу труд, почнувајќи од анализа на примероци на површина, се до големиот број на детални длабински истражувања спроведени со цел да се докаже важноста и оправданоста на идниот рудник. Во рударството и минералната индустрија, има комплексна интеракција меѓу економските, социјалните и еколошките аспекти. Тие три димензии на одржливоста мораат да бидат во согласност со изградбата на модерно и одржливо општество, а истовремено имплементација на принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој” (The UN Agenda 2030 for Sustainable Development). Агендата е возвишен идеал за да се искорени сиромаштијата и гладот, да се почитуваат човековите права, да се постигне вистинска еднаквост, и што е најважно, да се заштити нашата планета и нејзините непроценливи природни ресурси. Целите за одржлив развој ги балансираат трите суштински димензии: економската, социјалната и еколошката. Изградбата и развојот на едно модерно и одржливо општество ќе има зголемена потреба од метали и минерали, кои го претставуваат крвотокот на инфраструктурата, блокови од кои се изградени комуникациски системи и самото срце на одржливи енергетски решенија, како што се соларни ќелии, турбини на ветер и батерии. Меѓутоа, во нашата потрага по овие непроценливи ресурси, ние мора да чекориме одговорно. Екстракцијата на метали и ископувањето на индустриски минерали мора да се прави со најголема грижа за луѓето, животната средина и економијата. За луѓето, ова подразбира заштита на здравјето, зачувување на социјалното и културното наследство и обезбедување на благосостојбата на заедниците. Еколошките размислувања бараат ригорозна контрола на емисиите, ефективно управување со отпадот, соодветна санација на просторот по екстракцијата, непоколеблива посветеност на зачувување на природата, одговорната употреба на енергија и свест за климатските промени. А на економски план, мораме да го негуваме социјалниот развој, да промовираме просперитет, да ја поттикнуваме конкурентноста, одржливо да управуваме со ресурсите и да ги браниме идеалите на кружната економија. Како одговор на овие предизвици, рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е дизајниран како модерен рудник кој ги имплементира принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој”. Исто така, инплементирани се највисоките стандарди на „ESG” (Environmental, Social, and Governance) принципите, поддржани од организациите како „IRMA” (The Initiative for Responsible Mining Assurance) и „ICMM” (International Council on Mining and Metals). „EBRD” (European Bank for Reconstruction and Development) е вклучена во проектот, што значи дека се вклучени нејзините строги критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни. Со тоа, проектот нема да биде само извор на корисни минерални суровини, туку и доказ дека со посветеноста на индустријата може да се постигне одржлив и хармоничен соживот со општеството и животната средина. Потенцијалот на рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е огромен. Преку неговата реализација ќе се придонесе до подобрување на квалитетот на животот на локалните жители и заедници, стимулирање на регионален и национален економски раст и поттикнување на еколошка одржливост. Со реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе се спречи негативниот тренд на миграција, ќе се обезбеди чиста вода за пиење на локалните жители, ќе се подобри локалната инфраструктура, со еден збор значајно ќе се подобри квалитетот на живот во целиот регион. Преку соодветната реализација на Проектот „Иловица-Штука”, со изградба на модерен и современ рудник во склад со сите строги стандарди за заштита на животната средина и со активно промовирање на принципот на одговорно рударство, нашиот успех во претворувањето на наоѓалиштето во иден рудник ќе биде уште поголем. Така мотивирани и горди на нашиот успех, дека сме дел од една успешна приказна, од која сите засегнати страни ќе имаат значајни придобивки, ќе продолжиме мотивирани со нашата научна геолошка работа се во насока да оставиме значен белег и продобивки во поставената „Агендата 2030 на ОН за Одржлив Развој”. М-р Митко Лиговски дпл. инг. геолог Главен геолог во Еуромакс Ресоурцес ДОО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolumna-na-m-r-mitko-ligovski-patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/feed/ 0
Неселективните анти-рударски кампањи сериозно ја отежнуваат транзицијата во зелена оддржлива економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/neselektivnite-anti-rudarski-kampanji-seriozno-ja-oteznuvaat-tranzicijata-vo-zelena-oddrzliva-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/neselektivnite-anti-rudarski-kampanji-seriozno-ja-oteznuvaat-tranzicijata-vo-zelena-oddrzliva-ekonomija/#respond Fri, 30 Sep 2022 11:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=739495

Како последица на климатските промени, во последните години со право се наметна потребата од вложување во зелена економија и инвестирање во обновливи извори на енергија. Во таа насока Зелениот Нов Договор (the Green New Deal) ги повикува владите драстично да ги намалат емисиите на стакленички гасови, да генерираат високоплатени вработувања, да обезбедат чист воздух, чиста вода и здрава храна, кои се основни човекови права и да стават крај на сите форми на злоупотреби. Сето тоа звучи примамливо, меѓутоа таа транзиција би била неизводлива без да се обезбедат сериозни дополнителни количини на метали и минерали. Само за илустрација, во електричните возила ќе бидат потребни пет пати повеќе минерали и метали отколку што се користат во возилата што користат бензин/дизел; потоа една ветерница содржи осум пати повеќе метали отколку електрана на гас со ист капацитет; додека перформансите на батериите зависат од достапноста на различни метали и така натаму. Во моментов, околу 20% од светската економија користи електрична енергија; остатокот се снабдува со фосилни горива. Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) предвидува дека до 2050 година потребите за енергија мора да се задоволат со 20% на 50-80% од обновливи извори на енергија. Во пракса, ова значи дека во текот на следните две децении, сите автомобили, куќи и бизниси мора да користат електрична енергија која се добива од обновливи извори, наместо да согоруваат фосилни горива. Според IRENA побарувачката на бакар за батериите во електрични возила се очекува да се удвои првенствено поради неговата употреба во електричните мотори, жици и инфраструктура за полнење, побарувачката на графит се очекува да се зголеми за 10 пати, литиум за 9 пати, кобалт 3 пати, манган 3 пати до 2030 година Во таа насока, може да се заклучи дека минералите и металите се критични компоненти за постигнување на зелена оддржлива економија. Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелено“ производство на енергија (ветер, сончева и геотермална) и соодветните решенија за складирање може да резултира со побарувачка од 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Оваа потреба за обезбедување на критичните минерали и метали само мал дел може да се обезбеди преку секундарни извори, односно со рециклирање, што сериозно ја наметнува потребата и значењето на рударските капацитети за оваа транзиција во зелена оддржлива економија. Некои од овие метали може да се заменат во алтернативни технолошки решенија за да се минимизира зависноста, но тоа е тешко да се направи во краток временски период. Но сепак, главните метали како што се литиумот, никелот, кобалтот, манганот, графитот, во најголем дел може да се обезбедат само преку рударството. Меѓутоа, рударската индустрија мора да промовира и имплементира одржлива екстракција и преработка на минерали и метали со цел да биде вклучена во зелената економија, а истовремено да го минимизира еколошкото и јаглеродното влијание долж синџирот на снабдување. Унапредувањето на рударската професија е изразено и преку примената на Стандардот на IRMA за одговорно рударство, воспоставен преку процес на јавен ангажман на над 100 различни поединци и организации, вклучувајќи рударски фирми, невладини организации, синдикати и заедници. Стандардот поставува прифатливи практики за тоа што треба да го вклучува одговорното рударство и со овој Стандард рудниците можат да ја покажат својата посветеност за одговорна екстракција на ресурси. Како заклучок може да се каже дека рударството е клучна алка во процесот на трансформација кон зелена оддржлива економија. Не случајно и големи автомобилски групации како Форд, Крајслер, Волксваген, стратешки се врзуваат со рударските компании со високи стандарди за одржливо рударство за да ги обезбедат потребните ресурси за нивното производство. Таков пример треба да се следи, и наместо неселективно да се наметнува анти-рударска кампања, потребно е целата јавност позитивно да биде вклучена во искористувањето на потенцијалите за што е можно побрза трансформација во зелена оддржлива економија. Согласно расположливите геолошки истражувања нашата држава има сериозен потенцијал да преземе активна улога во овој процес на брза трансформација. Едно такво наоѓалиште на бакар е потврдено во близината на Иловица и Штука, каде што е проектиран иден рудник на бакар во согласност со најдобрите меѓународно практики и технологии, вклучувајќи ги и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Со развојот на Проектот Иловица-Штука покрај фактот што ќе се обезбедува бакар, ефектите за националната економија ќе бидат позначајни од економска гледна точна. Со овој Проект се планира веднаш да се обезбедат директни странски инвестиции од 340 милиони евра, да се отварат вкупно 3200 нови работни места, извоз од околу 200 милиони евра годишно и во државниот буџет ќе се уплаќаат годишно 24 милиони евра. Затоа во екот на оваа сериозна економска и енергетска криза, од една страна, и потребата за брза трансформација во зелена оддржива економија, од друга страна, неопходно е да се постави позитивен пристап кон рударството како клучна индустриска гранка, и со вклучување на сите заинтересирани страни да се пристапи до ефикасна реализација на веќе расположливите проекти како што е и Проектот Иловица-Штука. Митко Лиговски, Главен геолог во Еуромакс ресоурцес]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/neselektivnite-anti-rudarski-kampanji-seriozno-ja-oteznuvaat-tranzicijata-vo-zelena-oddrzliva-ekonomija/feed/ 0