митко маџунков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Apr 2020 10:52:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png митко маџунков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Академик Маџунков за „Нова Македонија“: Кога здружените народи на ЕУ ќе ги стават македонските писатели во лектира? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-za-nova-makedonija-koga-zdruzenite-narodi-na-eu-kje-gi-stavat-makedonskite-pisateli-vo-lektira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-za-nova-makedonija-koga-zdruzenite-narodi-na-eu-kje-gi-stavat-makedonskite-pisateli-vo-lektira/#respond Thu, 30 Apr 2020 10:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=339862

Дали на писателот што пишува на мал по распространетост јазик му е дозволено да биде загрижен за судбината на светот? Би се рекло дека тоа никој не може да му го зaбрани, но не верувам дека некој е заинтересиран да го слушне, пишува академик Митко Маџунков во колумна за „Нова Македонија.“ Како што претставникот на сиромашен народ и сиромавот од самиот тој народ не можат да се мерат со богатите (народи и единки), зашто со многу помалку принадлежности мораат да платат иста цена, исто така и писателот од малиот јазик нема зошто да биде загрижен, зашто светот сосе грижата за него им припаѓа на големите и богатите. Другите се публика собрана да ги плати билетите и да го смете ѓубрето. Загрозеноста на светот е премногу достоинствена тема за да може да биде предмет на расправа за маргиналните групи и единки. Така барем изгледа кога се гледа од светот. Како е внатре, во „срцето на темницата“, каде што се одвива животот, анонимен и неважен, но сепак стварен? Мојот роман „Правта на библиотеките“, покрај другото, се занимава и со тие невидливи катчиња на постоењето, а го поставува и прашањето за устројството на светот. Според гледишта изнесени во романот, доколку сум го прочитал добро, произлегува дека она што го држи светот, базичната наука и уметноста, е деградирано на ниво на технологија („употребна вредност“), со што оригиналите останале скриени, а наместо нив завладеале плагијатите, сурогатите и фалсификатите. Како главни спасители на светот, пак, се претставуваат некои лунатици и божјаци, кои животот го афирмираат божем со самото свое живеење и со своите луди идеи. Дали е тоа реално? Дали е тоа дозволено? Смее ли да се каже дека животот е грешно уреден, дека мутирал како вирус што го јаде здравото ткиво? Се разбира дека тоа не е дозволено во пристојниот свет, но можно е како и секоја утопија.
Како и да е, доволно е да се погледаат вестите раширени по мрежата, па да се види дека и во ова невреме на „нељубов во време на колера“, кичот што го труеше светот пред вирусот, и самиот станал Вирус, сѐ позаразен, сѐ пораширен, сѐ понеуништлив. Препознавањето на стварноста навистина не е лесна работа. Дали е оваа корона – предизвикана од ништожен причинител, што се шири бргу, а засега и нема лек – само смртоносна болест, или е и метафора за светското устројство без вредносен систем, во кое ништожното исто така е моќно и смртоносно, и исто му нема лек?
Ова што моментално се случува со светот е голем срам за човештвото. Прашањето за заговор е неважно во споредба со сознанието дека навремено можела да се изработи вакцина и дека оваа катастрофа можела да биде спречена. Тоа не е направено само затоа што изработката на лекот не бил ничиј интерес. Затоа што науката е ставена под папoкот на Светското Устројство, кое не знае за друг интерес освен за самиот Интерес како и за последователните интересни интереси на интереси. А таму каде што е интересот главен, нема убавина, вели Кант, или – народски речено – таму ни трева не расте. Едно параживо несуштество ќе однесе многу животи и ќе направи финансиска штета од трилиони евра со кои, однапред и правилно употребени, можеле да се решат сите материјални проблеми на човештвото, од гладијата и сиромаштијата до пронаоѓање лекови за неизлечиви болести и до затнување дупки на небото и во земјата. Толкав е капацитетот на човековиот ум кога ќе му се даде важност и кога не е заробен во атомски подморници и качен на носачи на авиони. Но тоа не е во интерес на капиталот. Интересот на книжевноста е да го спасува светот, но интересот на светот не е да се спаси самиот себе. Силата и Власта ќе го искористат Злото да натрупаат уште повеќе капитали, а цената ќе ја платат божјаците од мојот роман, оние што сакаат да го спасат светот, но тој им свртел грб. Како што рекла една шпанска докторка, резимирајќи ја гротескно, но успешно состојбата во светот, „нека ве лечат сега Меси и Роналдо“. Големите катастрофи се подносливи само тогаш кога се верува дека ќе создадат подобар свет, како што е веќе забележано. Во спротивно, се создава клима за песимизам. Кога бранот на ова зло ќе помине, светот, за жал, нема да се промени на поарно. Краткотрајното обединување поради заедничката несреќа нема да го промени устројството на светот, како ни свеста за важноста и неважноста на нештата. Несреќата ќе биде искористена богатите да станат уште побогати, а сиромавите уште посиромави, зашто не треба памет да се знае она што се повторува и потретува. Додека на оние што ќе останат без работа, без живеалишта, без егзистенција, не им текне да си го вратат она што им е грабнато – но подобро ќе биде да не ја видиме реализацијата на тоа сценарио. Оние пак најсиромавите, клетниците што кренале раце од себе и си го промениле името во надеж за подобра иднина, доколку преживеат, допрва ќе видат дека животот што доброволно ќе го дадеш, ни Господ не може да ти го врати. Тоа го знаат дури и трговците што тргуваат со тие нешта. Дали сегашното устројство на светот го овозможува опстанокот на светот, не може да каже писател од невидливата зона. Тој може да изнесе само претпоставки. Во една неуспешна држава, Југославија (неуспешна затоа што пропаднала), Македонија не само што постоеше туку македонскиот јазик и култура беа на сцената на целиот тој простор населен со народи и народности. Кога здружените (успешни) народи на ЕУ ќе ги стават македонските писатели во својата лектира, ќе се најдеме на почетната точка на „преговорите“. Дотогаш, доволно е да знаеме дека прашањето за иднината е решено и дека останува само сегашноста таква каква што е. Оригиналниот текст на „Нова Македонија“ можете да го видите на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-za-nova-makedonija-koga-zdruzenite-narodi-na-eu-kje-gi-stavat-makedonskite-pisateli-vo-lektira/feed/ 0
Маџунков: Референдумот ќе пропадне, ќе следува самовластие и отпор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzunkov-referendumot-kje-propadne-kje-sleduva-samovlastie-i-otpor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzunkov-referendumot-kje-propadne-kje-sleduva-samovlastie-i-otpor/#respond Thu, 30 Aug 2018 09:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=94066

Во повеќе наврати досега, академик Митко Маџунков, доајенот на македонската реч и литература, отворено зборуваше за македонскиот јазик како темел на националниот белег и идентификација, пишува Нова Македонија.

Маџунков ги истакнуваше автентичноста на нашиот мајчин јазик и неговата употреба за афирмација на нашиот народ и предупредуваше за тоа како токму јазикот се најде прв на удар на лингвистичкиот империјализам. Честопати го цитираше тестаментарниот текст на Блаже Конески, кој пред својата смрт напишал дека ако „балканските циници, инспираторите на геноцидот“ успеат да го уништат македонскиот јазик, тогаш ќе знаат дека уништиле нешто големо… Меѓутоа, академик Маџунков овој пат лансира ставови од Хрватска, кои имаат стравотно силни и длабоки политички референци со несвојствено темни сценарија за нашата држава. Како припадник на највисоката академска институција на Македонија – МАНУ, како интелектуалец од највисок ранг, тој знае дека со себе носи и највисока академска одговорност за искажаните ставови, ако се појде од фактот дека тој не е политичар, туку зрел научник, кој прави проекции и гледишта што треба да се научно фундирани и издржани. Зошто токму сега, зошто од странство и конечно, која е целта на неговиот истап – последно предупредување или проекција што дополнително ќе уплаши, подели или можеби мобилизира? Академик Митко Маџунков деновиве даде интервју за хрватскиот портал Експрес.хр, во кое изнесува ставови со силни и длабоки политички референци со несвојствено темни сценарија за нашата држава. Од обемното интервју издвојуваме неколку дела со констатации на академикот, кои предизвикаа најголемо внимание. Нашиот јазик се наоѓа во смртна опасност Мене ми беше јасно дека враќањето кон матичната средина во професионална смисла е книжевно самоубиство, но сепак, ако јазикот е единствен инструмент за пишување, ако мајчиниот јазик е поважен од сѐ друго, тогаш како писателот, кој се откажал од автентичноста во една автентична работа, би го стекнал почитувањето на самиот себе? Дури и кога избраниот животен пат води во неизбежен пораз, подобро е човекот да избере и пораз отколку да се откаже од автентичноста. Така и јас, повеќе со срце отколку со размислување, но одлучно, решив да се вратам во својата татковина, на својот јазик, без да знам дека тој толку брзо ќе се најде во смртна опасност, во каква што несомнено е сега. Дали ние Македонците воопшто заслужуваме држава? Кога беше објавена албанската платформа, која беше вовед во сѐ што сега се случува, јас прв реагирав, но МАНУ немаше слух за историскиот момент, макар и само да ја потврди сопствената декларација од 2010 година, според која, предмет на разговорите за името може да биде само името и ништо повеќе. Сегашниот „договор“ е безусловна и непоправлива капитулација на Македонија. На наша срамота, мора да се постави прашањето дали ние, Македонците, воопшто заслужуваме држава, дали сме ѝ достојни, знаеме ли што значи таа? Единствен случај е тоа, најверојатно, во светската историја, некој да се откажува од своето име, своето право на постоење, својата историја, својот народ во дијаспората. Од држава со ограничен суверенитет, со тој срамотен „договор“, комплементарен со албанската платформа и во блиска врска со договорот за „добрососедски односи“ со Бугарија, Македонија стана држава без суверенитет, која ќе изумре во следните 10-20 години и ќе биде поделена помеѓу Бугарија и Албанија или Грција и Србија. Јазикот беше прв на удар, а и последниот удар ќе биде врз него. Тој сега е наводно признаен, за да има за што да зборуваат нашите лингвисти на своите симпозиуми. Но само што ќе помине оваа бура, од фиоката ќе се извади законот за двојазичност. Тоа во Македонија ќе ги врати старите пропаганди, кога градовите и селата беа принудувани да зборуваат на јазик за кој дотогаш не ни слушнале, а во секој случај не го разбираа. Државата е нападната, но треба мирољубиво да се брани Државата е нападната и загрозена, но треба да се брани. Вие поминавте низ тоа, но нашата ситуација е поинаква. Отпорот што полека се формира во Македонија мора да биде мирољубив. За тоа ни е потребна поддршката од пријателите, а пред сѐ од познатите интелектуалци од целиот свет – една таква петиција само што беше потпишана – од Европа, од државите што настанаа со распадот на Југославија, но и од сите други соседи, вклучувајќи ги и Бугарија и Грција. Досегашните реакции покажуваат дека секој плаче на својот гроб и дека на повеќето Македонија им е непозната и далечна, а можеби и малку важна. Забелешките како „не ви е лошо новото име“ се доволно иронични. Но не треба да се мисли само на Македонија. На испит се основните човекови вредности. Во прашање е геноцид, културен геноцид. Во романот што прв ја доби Букеровата награда („За нешто да се одговара“, Перси Хауард Њуби) еден унгарски Евреин му раскажува на Англичанец, дека тој и неговите сонародници се изложувале на смртна опасност, слушајќи го забранетиот Би-би-си во 1942 година во Будимпешта, барајќи спас, па го прашува: „Зошто вашата влада не нѐ предупреди дека се качуваме во тие возови (на смртта) кога веќе знаела за нив?“. Зад тоа мрачно прашање, стои убедувањето дека, покрај Хитлер, и некои други народи сакале да се ослободат од Евреите, вклучувајќи ги и Англичаните. Неговите зборови „сакате ли да ви го заборавам тоа“, се актуелни и денес. Геноцидни постапки не извршуваат само фашистичките и сталинистичките влади, нив ги извршуваат и нормалните демократски влади. Во овој момент и Македонците може да кажат „зошто нѐ ставате во тие исти вагони, зарем сакате тоа да го премолчиме, и да ве пуштиме мирно да спиете?“. Хрватска се избори, како и целиот нормален свет, за национална држава и за свој јазик, а Македонија ги загуби на зелената маса, менувајќи го Уставот прво по желба на Албанците, а сега и на Грците. Грчкиот парламент дополнително треба да одлучи дали „договорот“, со кој ни е одземено сѐ, воопшто вреди, или и тоа им е малку. Ако е на сила, законот на силата, ако е во прашање окупација (или укопација, како што би кажал Кочиќ,), тогаш зошто не се каже тоа отворено? А инаку е јасно зошто. Не се кажува, затоа што тоа не е легално, бидејќи нема правна основа, и многу е позгодно во таков случај жртвата сама на себе да си го стави јажето околу врат. За спогодбите со Грција и со Бугарија Што се однесува до „договорот“, станува збор на ултиматум, кој личи на аншлус, составен од луѓе што всушност ниту имаат поим што е Македонија, ниту пак им е грижа за неа. Неодамна, Френсис Бојл, експерт за меѓународна политика и професор на Правниот факултет во Илиноис, отворено изјави дека дури и професионален експерт тешко ќе може да согледа какви сѐ последици може да има за Македонија, тој договор на 20 страници, скициран во американскиот Стејт департмент, па чесно признава дека „Американците никогаш не се грижеле што пишува во некој устав, кога сакаат некого да принудат да прифати некаков договор“. Со него македонскиот идентитет во целост се брише, бидејќи во него се спомнува националноста во западна смисла, во смисла на државјанство, а за етносот нема ниту збор. Припадниците на другите народи што живеат во Македонија најверојатно би го зачувале националниот идентитет, кој им беше одземен само на Македонците, бидејќи ќе станат вчера измислен (а денес погребен) народ. Стратегиската определба за НАТО академикот ја квалификува како анахрона појава Македонија доби покана уште во Букурешт во времето на Буш Јуниор, со цврсти уверувања дека ќе биде примена автоматски, штом се реши „спорот“ за името, но по потписот тоа сепак не се случи. Според мене, Македонија ѝ припаѓа на Европа, но НАТО е една анахрона појава, која не му треба никому, а најмалку на Македонија. Сега се опремуваат полигоните и се преместува оружјето, за Македонија, како во времето на Првата светска војна, повторно да се најде во центарот на крвави случувања, кога на народот му е скршен ’рбетот, а сега ќе му биде извадена и утробата. Балканот се плашеше од голема Србија, а добивме голема Албанија. Западот верува дека така, кога ќе се обединат послушните и покор(е)ните, ќе го контролира целиот европски континент. Креаторите на таа театарска претстава почнаа од својата процена дека зајакнувајќи ги (послушните) Албанци, ќе ги смири другите. Меѓутоа, македонското прашање е бинго за почеток на трета светска војна. Третина Македонија, по делбата на пленот во 1913 година, ѝ припадна на Србија, а тоа е сегашна Македонија: а сега токму околу тој дел од колачот се тепаат Бугарите, Грците и Албанците, но и Американците, со надзор од ЕУ. Што ќе стане ако се вмеша и Србија, а зад неа застане Русија? Тоа значи дека првите атомски бомби во Европа ќе паднат на Бондстил и Скопско кале. Светот секогаш бил неразумен и секогаш го воделе мангупи. Но секој разумен човек мора да сфати дека македонското прашање се однесува и на него. Ако не се зачува Македонија како физички и духовен факт, како омфалос, од каде што потекнува нашата словенска писменост, ќе биде невозможно да се зачува мирот. Истите работи што ја држат вселената заедно, ги одржуваат и луѓето и народите, но додека вселената нема потреба да ги знае физичките закони што ја прават вселена, луѓето и народите мора да знаат што е тоа што ги прави луѓе и народи. Не е доволно да се постои, нужна е и свеста за важноста на своето постоење. Тоа е клучен момент. Без свест за важноста на работите, не може да се создаде средиште, ниту да се обезбеди опстанок. На македонскиот народ му е подметнато кукавичко јајце, дека средиштето е надвор од него и дека опстанокот му зависи од други, а не од тоа дали постои и како се вика. Една од најголемите навреди кај нас е некому да му се каже дека не знае како се вика. Многу е полесно да го наречеш будала. Прашање е како на тоа ќе одговори народот. Власта однапред реши дека ќе ги фалсификува или игнорира резултатите од референдумот, и ќе донесе противуставна одлука во парламентот, бидејќи референдумот најверојатно ќе биде неуспешен, затоа што мнозинството, судејќи според сѐ, поддржува бојкот. Потоа ќе следуваат самовластие и долгогодишен отпор. Целиот текст во Нова Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzunkov-referendumot-kje-propadne-kje-sleduva-samovlastie-i-otpor/feed/ 0
Маџунков: Целта на договорот е да изумре постоењето на македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzunkov-celta-na-dogovorot-e-da-izumre-postoenjeto-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzunkov-celta-na-dogovorot-e-da-izumre-postoenjeto-na-makedonskiot-narod/#respond Fri, 15 Jun 2018 12:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=66192

Академикот Митко Маџунков, во емисијата Ѕид на „Алфа“  ТВ истакна дека целта на договорот кој го направија македонските власти со Грција, е да изумре постоењето на македонскиот народ. Тој посочи други решенија за влез на Македонија во Европската Унија, но целта според Маџунков не е таа, туку една и единствена, а тоа е исчезнување на македонскиот народ. -Ако Европската Унија сака да влеземе во тој сојуз, тие не треба да настапуваат со Грција, што има Грција со тоа? Да се направи дистинкција, значи Македонија постои како област а ова е Република Македонија. Веќе е разлика. Имаше 1001 решение. Ама решението беше да се столчи еден народ истакна Маџунков. Маџунков тврди дека откако ќе се промени името на државата, веднаш ќе се побара и да се водеде двојазичноста во Македонија. Тој потсети дека во Тиранската платформа најприв беше побарана промена на Уставот која што со неа носи и промена на знаме, химна и така натаму. -Ако ова помине, веднаш ќе излезат со ова со законот. Не треба никој да заборави дека во албанската Платформа првобитно беше побарано , промена на Устав. Таму беше побарано да се менува Уставот а со тоа ќе се промени се, се споменуваа, и знамето и химната и се, рече Маџунков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzunkov-celta-na-dogovorot-e-da-izumre-postoenjeto-na-makedonskiot-narod/feed/ 0
Академик Маџунков: Промена на името е вистинска капитулација на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-promena-na-imeto-e-vistinska-kapitulacija-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-promena-na-imeto-e-vistinska-kapitulacija-na-makedonija/#respond Tue, 12 Jun 2018 07:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=64780

– Името не треба да се менува, тоа е вистинска капитулација на Македонија. Светот да има правни аргументи веќе ќе нѐ притиснеше тоа да го направиме со сила, смета академик Митко Маџунков. -Меѓутоа, бидејќи ги нема тие аргументи нашата страна значи самата македонска политика треба да капитулира за тие да се почувствуваат безгрешни. Сега кога ќе го потпишеме ова, ако го потпишеме ќе дојде на ред албанската платформа со која ќе се воведе двојазичноста, а двојазичноста значи дека Македонија има еден признаен јазик што е албанскиот и еден јазик во исчезнување тоа е македонскиот. Самиот факт дека се извршени сите подготовки, подготвителни вести како онаа со Бугарија божем за пријателски односи итн., и оваа албанската платформа зборуваат дека ние де факто сме окупирани и дека лошо ни се пишува – истакнува Маџунков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-promena-na-imeto-e-vistinska-kapitulacija-na-makedonija/feed/ 0