Митко Панов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 18:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Митко Панов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Панов: Чистиот јазик и идентитет, паѓа во вода со протоколот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panov-chistiot-jazik-i-identitet-pagja-vo-voda-so-protokolot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panov-chistiot-jazik-i-identitet-pagja-vo-voda-so-protokolot/#respond Mon, 18 Jul 2022 18:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=707121

Всушност протоколот е дел од преговарачката рамка, независно од тоа што се претставуваше во јавноста и едноставно комисијата сега е условена да ја заврши сопствената работа по диктат или по желба на Бугарија, а тоа е условот на крајот за членство. Всушност завршувањето на работата на комисијата станува клучен критериум и услов за влез во Европската Унија, изјави Митко Панов, научен советник и редовен професор, во Тема на Денот на Сител ТВ. Дополнително тој потсети на вчерашната изјава на министерот Османи кој јасно упатил кон тоа дека говорот на омраза односно натписите за бугарскиот фашистички окупатор и сите понатамошни ревизии вклучувајќи го и АСНОМ ќе станат дел од обврските односно интерпретациите на комисијата. Според Панов погубно е тоа што формулациите до сега договорени од комисијата ќе мора да се имплементираат не само во учебниците, не само во натписите, не само во јавниот простор туку и во говорите за официјално чествување на историските личности. Ова не се однесувало само на државниот врв, туку и на научни институти и и институции финансирани од државата ќе мора да ги следат формулациите на комисиите и во ниту едно официјално чествување нема да смее да се каже дека е само македонско историско и културно наследство. Според него ова е апсурд без преседан во меѓународните односи. -Чистиот јазик или чистиот идентитет кој ни се сервираше или кој што сеуште ни се сервира, веднаш паѓа во вода со протоколот. Само проверете го протоколот и ќе видите дека никаде не се спомнуваат македонци, македонски народ, напротив се спомнува бугарскиот народ кој треба да влезе во Уставот. Со самото тоа што министерот Османи во Бугарија не ја негираше позицијата на негација на македонскиот јазик и македонскиот народ покажува дека се согласува со истото. Каков е тој говор на омраза кога соседот кој што ве условува за членство во Европска Унија не ве признава. Кој е тој говор на омраза кој што ние го шириме, посочи Минов. Тој додаде дека доколку добро се прочита протоколот јасно се гледа дека под превезот на говор на омраза може да влезе се што на Бугарија нема да и се допадне. Не само натписите туку и авторските дела, во кој според Минов суверено право на авторот е како тој ќе ги интерпретира случувањата. -Што значи ќе се воведе цензура не само од министерството кое ќе поднесе урнек како другите ќе пишуваат што е нонсенс, еве ви го кажав примерот Јас ако пишувам за Самоиловата држава ќе треба да се прилагодам на комисија која не е експертска за тоа прашање и форсира историски вистини којшто се од 19тиот век, кој што се конструирани, бидејќи да не заборавиме дека Бугарија се до седумнаесетите години на 19тиот век Самоил не го третирала како сопствен национален херој. Едноставно ние се доведувам во ситуација под превезот на Европска Унија да воведуваме механизми и притисоци кои не се својствени на демократските земји, рече Панов. Инаку, Панов е редовен професор во Институт за национална историја – Скопје. Неговите истражувања и предавања опфаќаат Историја на Византија; Историја на средновековна Македонија и на Балканот; Историографија на Балканот, средновековна и модерна. Моментално истражувачкиот фокус ја вклучува византиската историографија и етнографската и концептуална претстава за Македонија и Балканот. Заземал повеќе наставни позиции - професор на втор и трет циклус на студии во Институтот за национална историја, Скопје; професор на втор циклус на студии на Универзитетот „Евро-Балкан“, Скопје; професор на втор циклус студии на Правниот Факултет „Јустинијан први“, Св. Кирил и Методиј, како и на додипломските студии на Факултетот за образовни науки, “Гоце Делчев“, Штип. Бил визитинг професор на покана на Универзитетот во Глазгов (2008) и Универзитетот во Флорида (2015). Раководител е на студиските групи на втор циклус на студии при Институтот за национална историја. Во два мандати бил член на Советот на Институтот за национална историја (2006-2016). Во периодот 2013-2015 бил в.д. ректор на Универзитетот Евро-Балкан, Скопје. Oд 2016-2020 бил член на Сенатот на Универзитетот „св. Кирил и Методиј“, Скопје. Претседател е на Здружението на историчарите на Република Македонија, Скопје. Проф. Панов учествувал на многубројни меѓународни конгреси, симпозиуми и конференции, што вклучува и претседателства на меѓународни организациски комитети. Активно бил вклучен во голем број меѓународни истражувачки и образовни проекти. Реализирал студиски престои во Лондон, Глазгов, Виена, Софија, Рим, Ватикан, Гаинсвил и др. Бил директор на повеќе Меѓународни летни школи од областа на византиските и средновековните студии. Бил уредник на повеќе меѓународни зборници и научни списанија. Учествувал како стручен консултант и редактор во подготовката на повеќе документарни емисии и публикации од областа на византиската и средновековната историја. Добитник e на највисоката годишна награда на градот Струмица „Свети Петнаесет Тивериополски Маченици“ (2008). Има објавено повеќе од 60 студии во книги и списанија. Неговата последна монографија е The Blinded State: Historiographic Debates about Samuel Cometopoulos and His State (10th-11th Century) (Leiden, Boston: Brill, 2019), со превод на македонски јазик Ослепената држава. Самуил Комитопулот и неговата држава (10-11 век) (Скопје: ИНИ, 2021).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panov-chistiot-jazik-i-identitet-pagja-vo-voda-so-protokolot/feed/ 0
Митко Панов: Со новиот концепт се бришат учебниците по историја, тоа фрла сомнеж заради условеноста со евроинтеграциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitko-panov-so-noviot-koncept-se-brishat-uchebnicite-po-istorija-toa-frla-somnez-zaradi-uslovenosta-so-evrointegraciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitko-panov-so-noviot-koncept-se-brishat-uchebnicite-po-istorija-toa-frla-somnez-zaradi-uslovenosta-so-evrointegraciite/#respond Wed, 16 Dec 2020 20:06:07 +0000 https://kurir.mk/?p=444315

Она што де факто ќе се случи е дека нема повеќе да има учебници по историја и изненадувачки е што концептот го планираат за наредната учебна година. Она што се случува во целава ситуација со политичката консталација во која се наоѓа Република Македонија, влева сомнеж особено од фактот што сите сме сведоци за условеноста на промената на учебници и историскиот и национален наратив за натамошните интеграции на Македонија, изјави во „Само вистина“ на Канал 5, професорот од Институтот за Национална историја, Митко Панов. - Изненадувачки проструи оваа вест и таа презентација на Концептот з апромена на наставните програми во основно образование, особено што еве јас како вработен во Институтот за национална историја, моите колеги и самиот Институт од тоа што реагираа и колегите од факултетот од Инститот за историја при УКИМ се добива впечаток дека во креирањето на овој Концпет не е косултиран, тој што треба да биде, тие кои предаваат историја, потенцира Панов. Тој вели дека финскиот модел врз кој се повикува МОН, не е таков каков што сакаат да ни го претстават бидејќи дури и во Финска се изучува предмет историја како засебен предмет. - Јас имав проект каде правев компарација со наставните програми и она што се повикува минисстерството за финскиот образовен систем кој е еден од најдаптираните за современите времиња укажува дека и таму предметот историја се изучува во основно образование, одноено од општествени студии. Прво нема општесствени науки, туку самиот назив е промашен, тоа с еученици кои учат во основно. Во тој контекст тоа што предметот историја се уккинува де факто, бидејќи се спојува со нов предмет кој ќе се вика опшстествени науки во кој ќе бидат помести и географија, граѓанско, антропологија и философија, значи историјата ќе биде маргинализирана. Во наставните програми во регионот и пошироко во Европа ниту една земја не го укинува предметот историја ниту го интегрира во друг предмет, бидејќи историјата има суштинско значење, истакна Панов. На крај тој посочи дека во финскиот систем укажуваат дека целта на предметот историја е да се поддржат учениците во ргадењето на нивниот идентитет и да се промовира нивната изградба во активни членови на општеството кои ја разбираат различноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitko-panov-so-noviot-koncept-se-brishat-uchebnicite-po-istorija-toa-frla-somnez-zaradi-uslovenosta-so-evrointegraciite/feed/ 0
Филмови на Митко Панов во Кинотека од 8 до 10 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmovi-na-mitko-panov-vo-kinoteka-od-8-do-10-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmovi-na-mitko-panov-vo-kinoteka-od-8-do-10-dekemvri/#respond Thu, 03 Dec 2020 09:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=438005

Кинотеката ќе прикаже пет филма од режисерот, сцанерист и продуцент Митко Панов од 8 до 10 декември. Филмската ревија ќе почне во вторник од 18 часот со краткиот документарец „Со кренати раце“ од 1985, негов студентски филм во полска продукција, кој во 1991 доби „Златна палма“ на фестивалот во Кан за најдобар краткометражен филм. Во продолжение на првата вечер ќе бидат пркажани и играниот филм „Ливада“ од 1998 и документарниот „Земјаци“ од 2000 година. Наредниот ден, 9 декември, од 18 часот во кинотечната сала ќе биде прикажан неговиот игран филм „Војната заврши“ од 2010 година, а на 10 декември во истиот термин и играниот „Сведок“ од 2018-та – македонско-швајцарско-ирска копродукција, во кој познатиот актер Бруно Ганц ја оствари својата последна главна улога на филм. Митко Панов ќе биде присутен на проекциите и ќе одговара на прашањата на публиката. Панов (1963) студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1983 до 1988 студирал филмска режија на Високото државно училиште за филм, телевизија и театар во Лоѓ, Полска. Предава филм на универзитети во САД и Европа. – Меѓу неговите студенти бил и режисерот Стив Меквин од Англија, оскаровец и еден од најуспешните режисери. Остварувањата на Панов се емитувани на голем број телевизиски станици како PBS, А & Е, ZDF, Channel + и Channel 4. Првиот негов краток филм „Леб и сол“ е снимен во 1986 во бродоградилиштето „Ленин“ во Гдањск, местото каде што во 1980 година е формиран синдикатот „Солидарност“ и жариште на демократките промени во Полска во 1980-тите години… За краткиот документарец „Бериќет“ (кој е дел од трилогијата „Човекот и трудот“) во 1995 на фестивалот Исмаилија во Египет доби Гран-при за режија. Екранизацијата на романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски останува негов сè уште неостварен филмски сон, соопшти Кинотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmovi-na-mitko-panov-vo-kinoteka-od-8-do-10-dekemvri/feed/ 0