Митрашинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jul 2022 08:47:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Митрашинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште активен, повеќе интервенции и за запалени стрништа и ниска вегетиација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-pomegju-selata-budinarci-i-mitrashinci-se-ushte-aktiven-povekje-intervencii-i-za-zapaleni-strnishta-i-niska-vegetiacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-pomegju-selata-budinarci-i-mitrashinci-se-ushte-aktiven-povekje-intervencii-i-za-zapaleni-strnishta-i-niska-vegetiacija/#respond Sat, 23 Jul 2022 08:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=709213

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Како што информираат од ЦУК, од утрово, според податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги пожарот е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е, посочуваат, што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро. Според информации од РЦУК – Штип, во Општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште е активен. Вчера, во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи: ДЗС – 30 луѓе со 4 возила; ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила; ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило; Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило; ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возило, ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила; ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило; ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило; ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила и 15 лица од локалното население. Од утринските часови денеска, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население. Во однос на други пожари во државата што биле службено регистрирани во последните 24 часа РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2. Скопската БППЗ имала и три останати помали интервенции. РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција. РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од два декари во с.Дедели. Во сите три случаи интервенирале со по два пожарникари и едно ПП возило. РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци. ТППЕ Охрид имала една мала интервенција. РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија. ТППЕ Кавадарци, со два пожарникари и едно ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-pomegju-selata-budinarci-i-mitrashinci-se-ushte-aktiven-povekje-intervencii-i-za-zapaleni-strnishta-i-niska-vegetiacija/feed/ 0
Се уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-e-aktiven-pozarot-megju-berovskite-sela-mitrashinci-i-budinarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-e-aktiven-pozarot-megju-berovskite-sela-mitrashinci-i-budinarci/#respond Fri, 22 Jul 2022 15:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=709042

Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово. Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“. Клинчарски вели дека сега битката со огнената стихија се одвива само од земја, бидејќи ЕР-тракторот е повлечен напладне по 12 часот кога имаше драстично покачување на температурите. Тој нагласи дека екипите остануваат на терен, бидејќи ветерот и високите температури не одат во прилог на гаснење на овој пожар кој зафати околу 50 хектари високо стеблеста шума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-e-aktiven-pozarot-megju-berovskite-sela-mitrashinci-i-budinarci/feed/ 0