Митре Милошевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Apr 2020 13:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Митре Милошевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Интервју со д-р Милошевски: Здравствените работници го изнесоа најголемиот терет и ја спасија државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-d-r-miloshevski-zdravstvenite-rabotnici-go-iznesoa-najgolemiot-teret-i-ja-spasija-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-d-r-miloshevski-zdravstvenite-rabotnici-go-iznesoa-najgolemiot-teret-i-ja-spasija-drzavata/#respond Wed, 15 Apr 2020 12:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=332600

Доктор Митре Милошевски од Охрид е денешниот соговорник на КУРИР во интервју на тема мерки и заштита од коронавирусот. Тој изразува голема поддршка до сите негови колеги, здравствени работници кои ја водат борбата против коронавирусот. Како ги оценувате мерките кои власта ги превзема за справување со коронавирусот? -Мое мислење е дека со рестриктивните мерки се успеа да се издолжи кривата и истата да остане релативно права, без поголеми пикови и на тој начин да се распоредат и сочуваат силите на здравствениот систем за подолготрајна битка со коронавирусот. Додека не заврши пандемијата, јас не би сакал да шпекулирам со бројки и проценти на заразени, оздравени и починати, како резултат на инфекцијата од САРС Ковид 2 и за тоа во крајна линија не е фер да се зборува во овој момент. Владата има голема среќа што зад себе го има ваквиот медицински персонал кој со сето срце и душа и со сето свое знаење се втурна во борба со оваа пандемија, особено на почетокот на кризата додека не се навикнат граѓаните на мерките на социјална дистанца и останатите превентивни мерки. За здравствените работници-секоја чест и мое длабоко мислење е дека тие го изнесоа најголемиот терет и ја спасија државата во вистинска смисла на зборот. Според мене, најважно прашање е: До кога се планира да се растега кривата и до кога ќе траат рестриктивните мерки? Јас лично не сум компетентен да одговорам на ова прашање, но можам да дадам предлог ова прашање да биде предмет на широк епидемиолошки консензус со задолжителна претходна консултација на странски еминентни епидемиолози кои имаат поголемо искуство со справување со епидемии од вакви размери. Да не бидам сфатен погрешно, сакам да кажам секоја чест и на нашите епидемиолози кои досега дадоа несебичен придонес за менаџирање на кризата. Значи, одлуката треба да е заедничка на нашите епидемиолози вклучени во менаџирање на кризата како и странски еминентни епидемиолози кои се цитирани во еминентни светски медицински списанија. Кои според вас се најдобрите совети кои граѓаните треба да ги знаат во однос на тоа како да се заштитат од Ковид-19? Моја препорака до граѓаните е пред сé во однос на можноста да бидат заразени. Ова постојано да го имаат на ум и да не се опуштаат, особено во маркетите, на работното место, на пазар, по чаршија. Основно е да држат дистанца која, по мене, треба да биде најмалку 2 метра, да не се групираат и да носат задолжително маска и ракавици додека трае вонредната состојба. Лесно да се хранат, со оглед на тоа дека физичката активност е сведена на минимум, со исхрана богата со витамини и внес на поголеми количини на течности. Да ја прилагодат физичката активност и во домашни услови, како би избегнале појава или компликација на други сериозни заболувања, пред сé кардиоваскуларни. Да имаат постојано на ум дека постои можност во наша близина или околина да има лица кои се носители на вирусот, а не го знаат тоа. Да бидат стрпливи и сево ова ќе помине! Каква е ситуацијата во Охрид? Се почитуваат ли мерките од страна на граѓаните?  -Состојбата во Охрид засега можам да ја оценам како стабилна. Охрид е на дното по заболени со Ковид-19. Има 4 регистрирани од коиеден е од Скопје и една родилка која е заразена во Битола при породување. Ова укажува на голема дисциплина и свест на граѓаните на Охрид и охридско во почитувањето на превентивните мерки  и почитување на уредбата за социјално дистанцирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-d-r-miloshevski-zdravstvenite-rabotnici-go-iznesoa-najgolemiot-teret-i-ja-spasija-drzavata/feed/ 0
Мицкоски: Верувам дека охриѓани ќе го изберат Митре за градоначалник, ќе работиме заедно за убав Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-veruvam-deka-ohrigjani-kje-go-izberat-mitre-za-gradonachalnik-kje-rabotime-zaedno-za-ubav-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-veruvam-deka-ohrigjani-kje-go-izberat-mitre-za-gradonachalnik-kje-rabotime-zaedno-za-ubav-ohrid/#respond Fri, 03 May 2019 21:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=193971

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Митре Милошевски ќе биде новиот градоначалник на Охрид од вестите на телевизија Алфа, а тој заедно со Милошевски ќе работи Охрид да го добие оној сјај кој што му прилега како град кој е лулка на културата на Балканот и во Европа. Тој посочи дека посетил многу домови, разговарал со стотици граѓани ги слушнал нивните проблеми кои ги имаат во секојдневието, пробелми за кои ВМРО-ДПМНЕ и Милошевски ќе понудат решенија. -Во вториот круг веќе втор пат доаѓам овде во Охрид. Она што претставува традиционално претставување на кандидатот, но и традиционално претставување на политичките партии е она популарно наречено одење од врата на врата. Тропнав на стотици домови, со стотици наши сограѓани овде од Охрид разговаравме за она секојдневие кое што они го доживуваат. Ми ја раскажаа, нивната приказна за Охрид. Тешко се живее, луѓето навистина имаат големи проблеми, имаат маки, секојдневни маки кои што ги тиштат им тежат, сакаат да ги споделат со мене. Со мене исто така беше и идниот градоначалник на општина Охрид, господинот Митре Милошевски, честит човек, домаќин, семеен човек, доктор кој многупати во минатото помогнал на многу охриѓани, мотивиран, храбар, подготвен да победи, но истовремено да се справи со предизвиците кои што ги носи еден ваков прекрасен град во Република Македонија. Лулка на културата на Балканот, па и во Европа , нашиот прекрасен Охрид. Самите кажавме пред граѓаните дека ќе ги засукаме ракавите и ќе работиме заедно со граѓаните за навистина Охрид да го добие оној сјај кој што му прилега како вистински бисер на Балканот и во Европа, рече тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-veruvam-deka-ohrigjani-kje-go-izberat-mitre-za-gradonachalnik-kje-rabotime-zaedno-za-ubav-ohrid/feed/ 0
Милошевски: Охрид бара помош, граѓаните барат помош, јас имам план за напредок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshevski-ohrid-bara-pomosh-gragjanite-barat-pomosh-jas-imam-plan-za-napredok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshevski-ohrid-bara-pomosh-gragjanite-barat-pomosh-jas-imam-plan-za-napredok/#respond Thu, 02 May 2019 20:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=193519

Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, при своето гостување во Отворено на Алфа Телевизија рече дека тој ја предвидел малата излезност на граѓаните во првиот круг поради тоа што претходно луѓето биле излажани и изневерени. -Јас ја барам довербата на луѓето затоа што ги немам изневерено никогаш, ни како доктор, ни како човек, нема ни како градоначалник. Но сега, луѓето сфатија дека мора да се направат промени, знаат дека сме го допреле дното и мислам дека сега то ќе се поправи, рече Милошески. Тој рече дека е воспитан за да помага на народот, а токму сега може да му помогне на Охрид и на граѓаните. -Воспитан сум за да сторам нешто, не можам да гледам паднат човек на улица, а да не помогнам. Охрид бара помош, граѓаните браат помош. Во оваа моја кампања немам ништо спомнато од мојата докторска кариера, не се кандидирам за директор на болница, туку за градоначалник. Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески рече дека се надева на мирни и чесни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshevski-ohrid-bara-pomosh-gragjanite-barat-pomosh-jas-imam-plan-za-napredok/feed/ 0
Милошевски: Охрид мора да биде самоодржлив град https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-ohrid-mora-da-bide-samoodrzliv-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-ohrid-mora-da-bide-samoodrzliv-grad/#respond Thu, 02 May 2019 17:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=193454

Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, при своето гостување на Алфа телевизија рече дека Охрид тоне и моли за помош, а тој се надева дека ќе биде човекот кој ќе биде избран од Охриѓани за да ја пружи целата своја помош и поддршка за да му помогне на градот. -Охрид мора да биде самоодржлив град, да не зависи од никого. Охрид мора да биде убав град, а за жал сега е многу нагрден од непланските градби во последниот период. Ќе најдеме начин да ги решиме непланските градби, да ја уредиме околината, а потоа да ги легализираме тие градби. Но, не смееме да преземаме мерки кои би биле на штета на граѓаните и би ги платиле тие, рече Милошевски. Тој рече дека за жал за иселувањето од Охрид е поради немањето систем младите луѓе да ја покажат својата можност за развој и несоодветната економска положба на младите. -За да го спречиме ова имаме предидено 3 врвни стратегии. Првата е, стратегија за локаленон економски развој, да направиме услови во Охрид да нема ниеден млад човек невработен. Втората е за локален снажен туристички развој, да ги развиеме сите видови на туризам во Охрид. Третата стратегија е да им дадеме предност на најспособните, мораме да дадеме шанса Охрид да стане самоодржлив. Овие стратегии ќе ги прават врвни професионалци кои го познаваат Охрид. Имам многу идеи, се надевам ќе успеам да ги реализирам, рече Милошевски, кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-ohrid-mora-da-bide-samoodrzliv-grad/feed/ 0
Милошевски: Заштитата и промоцијата на културните особености се наша стратегиска заложба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-zashtitata-i-promocijata-na-kulturnite-osobenosti-se-nasha-strategiska-zalozba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-zashtitata-i-promocijata-na-kulturnite-osobenosti-se-nasha-strategiska-zalozba/#respond Mon, 29 Apr 2019 13:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=192347

Заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се наша стратегиска заложба, истакнува кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски. -Со програмата За убав град нашата цел е нов концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид преку унапредување на културниот амбиент во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните и туристите. Унапредување на културата на припадниците на етничките заедници. Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, редот кој мора да се воведе ќе помогне да се избегне панаѓурскиот изглед на Охрид во туристичката сезона. За убав град Охрид мора да добие Летно кино, истакнува тој. Милошевски порачува: За убав град обнова на фасадите и илуминација на куќи со иста архитектура. За убав град специјално осветлување на верските, културните и историските објекти и знаменитости оплеменување на јавните површини во нивната околина. -За убав град проект типизирани тезги. Улогата на туризмот во развојот на туризмот е голема зато заложбата ќе биде максимална за развој и промоција на културниот, езерскиот, спортскиот, алтернативнииот туризма но и на најразличните видови туриза, рече тој. Тој најави и одржување на туристичката „Промотивна Тура“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-zashtitata-i-promocijata-na-kulturnite-osobenosti-se-nasha-strategiska-zalozba/feed/ 0
Милошевски: На народот преку глава му е од лаги, во вториот круг победува опцијата за „Убав град“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-na-narodot-preku-glava-mu-e-od-lagi-vo-vtoriot-krug-pobeduva-opcijata-za-ubav-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-na-narodot-preku-glava-mu-e-od-lagi-vo-vtoriot-krug-pobeduva-opcijata-za-ubav-grad/#respond Mon, 22 Apr 2019 14:07:58 +0000 https://kurir.mk/?p=189893

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р Митре Милошевски, кој ќе трча во вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник во Охрид заедно со противкандидатот од СДСМ Константин Георгиески, смета дека разликата во гласови помеѓу овие две опции од првиот круг може да се надомести со поголема работа на терен, дотолку повеќе што во вториот круг се тргнува од нула. Тој упати честитки до противкандидатите кои не се пласираа во вториот круг, Михаил Трендафилов Нанче, Стевче Стевоски и Џемал Мена, за освоените над 3. 000 гласа, истакнувајќи дека тие се морални победници. На овие избори имаше над 1.000 неважечки гласачки ливчиња и сметам дека ОИК и ДИК треба значајно да поработат на едукација и медиумско актуелизирање на овој проблем. Разликата во освоените гласови помеѓу кандидатите Силјановска Давкова и Пендаровски покажува дека уште посилно треба да работиме на терен заедно со ВМРО ДПМНЕ. Тоа ќе го направиме и ќе докажеме дека нашиот концепт за „Убав град“ е единствениот кој може Охрид да го извади од оваа состојба. Ние мора силно ги мотивираме членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во што поголем број да излезат и да го поддржат концептот ‘За убав град’, рече Милошевски. Милошевски се пожали на неправилности во првиот изборен круг, за кои очекува објаснување. За жал имаше и неправилности, асфалтирање во предизборен молк, задржување на функционери на денот на изборите на растојание поблиску од 100 метри од изборачко место, меѓу кои и в.д. градоначалникот на Охрид и се надевам дека тоа ќе го објаснат, додаде Милошевски. Запрашан за историски малата излезност во првиот круг од локалните избори во Охрид, Милошевски истакна дека тоа е последица на изгубената доверба на народот во политичарите. Народот е презаситен од вакви политики, многу очекувања во минатото беа изневерени, се помала е вербата во политичарите. Едно од најчестите прашања кои ги слушав кога одевме по домовите на охриѓани беше: Со што ти ќе ме убедиш дека нема и ти да ме излажеш како и претходниците што ме излажаа? Тоа е една од причините што народот во мал број излезе на овие избори, но сепак јас ги повикувам да имаат верба, да бидат поудлучни и да излезат во вториот круг во што поголем број, со цел идниот градоначалник, а тоа се надевам дека ќе бидам јас, да има полн легитимитет кога ќе влезе во општината, истакна Милошевски. Тој рече дека ќе ја засили работата на терен, бидејќи смета дека не било доволно тоа што го правел во првиот круг и дека заедно со ВМРО ДПМНЕ уште пожестоко ќе работат на остварување на изборните цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-na-narodot-preku-glava-mu-e-od-lagi-vo-vtoriot-krug-pobeduva-opcijata-za-ubav-grad/feed/ 0
Милошевски: Во програмата за убав град приоритет ќе ми биде изградбата на катни гаражи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-vo-programata-za-ubav-grad-prioritet-kje-mi-bide-izgradbata-na-katni-garazi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-vo-programata-za-ubav-grad-prioritet-kje-mi-bide-izgradbata-na-katni-garazi/#respond Thu, 18 Apr 2019 20:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=188425

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски на тв дебата на МРТВ истакна дека во својата програма за убав град еден од главните проекти е изградба на катни гаражи кои во целина ќе го решат проблемот со паркингот особено во централното градско подрачје, која што ќе му биде приоритет. Тој со сигурност тврди дека до завршувањето на својот мандат во Охрид ќе има две катни гаражи. За реконструкција на кејот која исто така се предвидува ќе има  и соодветен паркинг простор и за пловните објекти. -Факт е дека економијата и туризмот одат заедно и тие две работи не можат да бидат раздвоени. Во нашата програма за убав град имаме предвидено формирање на стратегија и изготвување на стратегија за локален развој чија цена 600 илјади денари во која јасно ќе се дефинираат стратешките региони . Ќе бараме симетричност во развојот, за жал до сега имаме асиметричност во развој  на туризмот, а имаме толку убави села за развој на туризмот,каде има извонредни услови за локален економски развој, вели Милошевски. Тој исто така истакна дека градот Охрид е град на Унеско само на пикирани места за гласачите, на места каде нема интерес за гласачи не се прави ништо, тоа не е плански и не е во ред. Посочи дека власта треба да овозможи фер и демократски избори, и дека ветувала во своите изборни програми изградба на катни гаражи и марина, а од тоа сеуште нема ништо, вели Митре Милошевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-vo-programata-za-ubav-grad-prioritet-kje-mi-bide-izgradbata-na-katni-garazi/feed/ 0
Милошевски: Без стратегија за туризам, во Охрид не може да има развој https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-bez-strategija-za-turizam-vo-ohrid-ne-moze-da-ima-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-bez-strategija-za-turizam-vo-ohrid-ne-moze-da-ima-razvoj/#respond Thu, 18 Apr 2019 20:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=188410

Kандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски на телевизиска дебата на МРТВ истакна дека не може да се направи чудо, но мора да се донесе стратегија, нема друг начин на развој, без наука и стратегија. Тој вели дека влегува во оваа кампања со чисто срце, со чист образ, како граѓанинот Митре Милошевски со една стратегија, со една визија дека некои работи мора да мрднат од мртва точка. -Идејата ми е да се насочи патот на развој на туризмот, факт е неоспорен имав средба со сите туристички работници нема стратегија за развој, не можете да се запишете на некој факултет, а нема програма за учење и за работа, како ќе се развиваме без стратегија, посочи Милошевски. Објасни дека немањето стратегија е еден штос на власта да се работи кампањски и да се обвини потоа дека таква е состојбата и истакна дека повеќе во Охрид не може да се работи кампањски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-bez-strategija-za-turizam-vo-ohrid-ne-moze-da-ima-razvoj/feed/ 0
Милошевски: Туристичките и угостителските работници во Охрид се во очајна состојба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-turistichkite-i-ugostitelskite-rabotnici-vo-ohrid-se-vo-ochajna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-turistichkite-i-ugostitelskite-rabotnici-vo-ohrid-se-vo-ochajna-sostojba/#respond Thu, 18 Apr 2019 20:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=188400

Во однос на унапредувањето на туризмот, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски на телевизиска дебата на МРТВ истакна дека факт е оти туризмот како и многу други работи во Охрид се во многу лоша кондиција, туристичките работници и угостителските работници навистина се во очајна состојба, доведени се во ситуација да преживуваат од ден на ден. Доведени се во ситуација од три до четири месеци сезона да мораат после тоа уште 8 месеци да живеат на работ на егзистенција. Тој вели дека тоа е последица на една кампањска програма, на кампањско збиднување кое што нема никаков ред и редослед. -Во нашата програма за убав град стратешко место завзема туризмот, предвидуваме до крај на годината за цена од 200 илјади денари да изготвиме стратегија за развој на туризмот во Охрид во која што ќе биде подготвена од врни стручњаци, особено затоа што тие се во центарот на збиднувањата и најдобро знаат што се случува и како да се решат проблемите. Стратегијат аќе биде 10годишна и од нејзе ќе може Охрид да се развира прецизно и да се знае кои гранки ќе се развиваат, вели Милошевски. Тој исто така истакна дека општината Охрид треба да развива услови во сферата на комуналниот развој, во сферата на еколошкиот развој и во сферите кои го чинат живеењето во градот. Треба да ја подржи таа стратегија и туристичките работници повеќе да немаат проблеми околу тоа, рече Милошевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-turistichkite-i-ugostitelskite-rabotnici-vo-ohrid-se-vo-ochajna-sostojba/feed/ 0
Милошевски: Туризмот е заштитен знак и извор за професионални вработувања https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-turizmot-e-zashtiten-znak-i-izvor-za-profesionalni-vrabotuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-turizmot-e-zashtiten-znak-i-izvor-za-profesionalni-vrabotuvanja/#respond Thu, 18 Apr 2019 06:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=187646

Туризмот е заштитен знак и извор за професионални вработувања. Во програмата имам и дел за отварање можности за нови вработувања во туризмот, што, пак, е опфатено со повеќе проекти како формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица, субвенции за вработени во туризмот,изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, формирање на локален економски совет.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.  КУРИР: Охрид е позната туристичка дестинација, го посетуваат многу турсти. Но, секогаш се отвора прашањето за стратегија во туризмот. Што ќе правите вие?

Милошевски: Туризмот има голем потенцијал за понатамошен напредок и развој во сите негови сегменти и заради тоа сметам дека дефинирањето на насоките, целите и задачите е од основна важност за развој на нашит град.Подготвена е сеопфатна стратегија со која јасно и прецизно се дава одговор на три значајни прашања. Прво, каков треба да биде туризмот? Или треба брендирање, целогодишен-продолжување на сезоната, развиен на цела територија, разновиден, иновативен и прилагодлив спрема преференциите на туристите. Второ, кои се клучните предуслови за развој на туризмот? Сметам дека треба долгорочна заштита на просторот и одржливо управување со екосистемот, конкурентност и атрактивност за инвестиции, активирање на државниот имот со цел туристички развој, зголемување на знаењата и вештините на сите нивоа, дестинациско управување. Трето, и полседно со што туризмот ќе ја привлекува побарувачката? Потребна е гостољубивост, квалитет, автентичност, разновидност на содржини и доживувања, сигурност-безбедност.

 КУРИР: Оттука, како каков туристички центар го гледате Охрид?

Милошевски: Охрид го гледам како туристички центар со средена инфраструктура и како центар кој од година во година привлекува нови туристи и освојува нови туристички пазари. Ние не сакаме Охрид да тапка во место, ние сакаме Охрид секој ден да се движи кон нови пазари, да вработува нови луѓе, да ја збогатува туристичката понуда, да станува сè поконкурентна туристичка дестинација која создава нови мотиви за доаѓање на странски и домашни туристи, не само во летните месеци, туку и во текот на целата година.

За таа цел, цврсто сме решени со сеопфатната долгогодишна стратегија, изготвена од врвни експерти од Факултетот за туризам и угостителство кои имаат капацитет детално тоа да го обработаат и Охрид да го подготват за 21 век.

 КУРИР: Првите денови од кампањата имавте средба со туристичките работници. На што ставивте акцент во разговорот?

Милошевски: Целта на средбата со туристичките работници беше да се поразговара за она што во минатото било успешен проект, а истовремено и да се чујат предлози што во иднина би ја зголемиле и подобриле туристичката понуда на Охрид. Акцентот беше ставен на тоа кој новитет ние, како идна Локална власт во Охрид можеме да го понудиме, а што ќе додаде вредност во процесот на привлекување туристи, зголемување на квалитетниот туризам во градот, но и во земјата во целост.

 КУРИР: Што бараат тие од вас, што може да се реализира?

Милошевски: Туристичките работници се фокусирани и бараат изнаоѓање на начини за забрзување на процесот на интензивирање на протокот на туристи во градот, изнаоѓање на начини за продолжување на туристичката сезона, развој на инфраструктурата, чистотата и уредноста на градот како важни фактори за успешноста на севкупната туристичка понуда на градот, изнаоѓање на начини за привлекување на инвестиции во туризмот, преземање мерки за намалување на сивата економија во туризмот, итн.

Со цврста волја и со континуирана работа, нема нешто што не би можело да се реализира.

 КУРИР: На што друго ќе ставите акцент доколку бидете избран за градоначалник?

Милошевски: Доколку бидам избран за градоначалник, сите проекти коишто се презентирани во Програмата ќе бидат ставени во функција на унапредувањето и подобрувањето на туризмот. Акцентот ќе биде ставен на следните приоритетни цели: зголемување на достапноста до градските услуги и туристичката понуда на градот, која е предвидена со проектите за: воведување на беспалтен бежичен интернет на најпосетуваните локации во градот, отворање на туристичко биро во рамките на ТЛЕР кое ќе функционира како туристичко-инфомративен центар, Е-Охрид.

Тука е и промоција на туристичките потенцијали на Охрид и збогатување на туристичката понуда во насока на привлекување поголем број туристи, што е опфатено со проектите за: перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови, продолжување на проектите кои покажаа добри резултати во изминатите години, како што е традиципналното одржување на туристичката „промотивна тура“,поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, фестивал Ohrid Calling, набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување. Ќе ставам акцент и на безбеден туризам.

 КУРИР: Велите ќе ставите акцент на безбеден туризам. Како?

Милошевски: Планирам воведување на видео надзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес, набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.

 КУРИР: Акцентот ваш и воопшто кога станува збор за Охрид е туризмот, оттука ќе има ли нови вработувања во туризмот?

Милошевски: Во програмата имам и дел за отварање можности за нови вработувања во туризмот, што, пак, е опфатено со следните проекти: формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица;субвенционирање на граѓани со над 50 години при самовработување во сицијални акивности, субвенции за вработени во туризмот, изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, формирање на локален економски совет.

Она и што постајно го повторувам е развој на сите видови туризам и продолжување на туристичката сезона, што ќе се постигне преку: поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам, промени во оданочувањето; субвенции за вработени во туризмот, намалување на комуналните такси за закуп на угостителска опрема и простор во месеците надвор од туристичката сезона.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshevski-turizmot-e-zashtiten-znak-i-izvor-za-profesionalni-vrabotuvanja/feed/ 0