мјанмар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 16:45:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мјанмар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мјанмар ги доби првите два руски авиони ловци Су https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mjanmar-gi-dobi-prvite-dva-ruski-avioni-lovtsi-su/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mjanmar-gi-dobi-prvite-dva-ruski-avioni-lovtsi-su/#respond Sun, 10 Sep 2023 16:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=876655

Мјанмар ја доби првата испорака на два руски борбени авиони Су-30, објави министерот за индустрија Чарли Тан. Русија и Мјанмар во септември минатата година потпишаа договор за набавка на шест авиони ловци Су-30СМЕ. Според најголемата руска компанија за вооружување, Рособоронекспорт, повеќенаменскиот ловец Су-30СМЕ е дизајниран за уништување на непријателски воздушни цели, воздушно извидување, воздушна борба и обука на пилоти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mjanmar-gi-dobi-prvite-dva-ruski-avioni-lovtsi-su/feed/ 0
Загинаа 32 рудари при одрон во рудник за жад во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaginaa-32-rudari-pri-odron-vo-rudnik-za-zhad-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaginaa-32-rudari-pri-odron-vo-rudnik-za-zhad-vo-mjanmar/#respond Wed, 16 Aug 2023 09:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=867328

Најмалку 32 лица загинаа во свлечиште во рудник за жад во северниот дел на Мјанмар, изјави денеска претставник на локалната противпожарна служба. Свлечиштето се случи во неделата во планинскиот град Хпакант во државата Качин, изјави Са Тај За од противпожарната служба за Си-Ен-Ен. Властите ги вратија сите тела на рударите освен еден на нивните роднини. Одронот однел вода во блиското езеро и ги заробил рударите. Мјанмар произведува околу 70 проценти од светскиот жад, а Хпакант е дом на некои од најголемите и најпрофитабилните рудници на тој минерал во светот, вредни милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaginaa-32-rudari-pri-odron-vo-rudnik-za-zhad-vo-mjanmar/feed/ 0
ОН: Во Мјанмар околу 800.000 лица се загрозени по циклонот Моча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-mjanmar-okolu-800-000-litsa-se-zagrozeni-po-tsiklonot-mocha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-mjanmar-okolu-800-000-litsa-se-zagrozeni-po-tsiklonot-mocha/#respond Fri, 19 May 2023 14:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=836472

Околу 800.000 луѓе се загрозени откако циклонот Моча помина низ Мјанмар, соопштија денеска Обединетите нации (ОН), додека воените власти во Јангон процениле дека настрадале 145 луѓе. „На најмалку 800.000 луѓе им е потребна итна помош во храна“, рече заменик-директорот на Светската програма за храна за Азија и Пацифик, Антеа Веб. Таа рече дека по циклонот отсечени се патишта, уништени се куќи, болници и училишта, а прекинати се и телекомуникациите. Веб рече дека воените власти кои го презедоа Мјанмар во февруари 2021 година им дале дозвола на претставниците на Светската програма за храна да пристапат до најпогодените области. Циклонот Моча пристигна во Мјанмар од Бенгалскиот залив во неделата со ветрови од 195 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-mjanmar-okolu-800-000-litsa-se-zagrozeni-po-tsiklonot-mocha/feed/ 0
Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-vo-tsiklon-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-vo-tsiklon-vo-mjanmar/#respond Mon, 15 May 2023 16:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=834447

Најмалку шест лица загинаа, а околу илјада се евакуирани од западниот брег на Мјанмар, откако силен циклон ги погоди таа земја и Бангладеш. При силниот налет на ветрот се повредени повеќе од 700 луѓе од околу 20.000 луѓе кои се засолниле во зградите на ридовите на градот Ситва, како што се манастирите, пагодите и училиштата. Циклонот нанел вода од морето во крајбрежните области на Ситве, а голем број граѓани се засолниле на покривите и спратовите на куќите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-vo-tsiklon-vo-mjanmar/feed/ 0
АСЕАН: Крајно сме загрижени поради актуелното насилство во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asean-krajno-sme-zagrizheni-poradi-aktuelnoto-nasilstvo-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asean-krajno-sme-zagrizheni-poradi-aktuelnoto-nasilstvo-vo-mjanmar/#respond Wed, 10 May 2023 06:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=832498

Лидерите на Сојузот на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска соопштија дека се „екстремно загрижени“ поради насилството во Мјанмар и го осудија неодамнешниот напад врз конвојот со хуманитарна помош во земјата. „Ние сме крајно загрижени за тековното насилство во Мјанмар и повикуваме на итен прекин на сите форми на насилство и употреба на сила со цел да се создадат неопходни услови за испорака на (...) хуманитарна помош и за инклузивен национален дијалог“, се истакнува во соопштението на таа регионалната група, која до четврток одржува средба на врвот. По вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на организацијата, регионалните лидери денеска го започнаа дводневниот самит на островот Флорес во источна Индонезија. На отворањето, индонезискиот претседател ги повика колегите на „единство“ за да можат да се справат со предизвиците со кои се соочува групата од десет земји. „Доколку е обединет, АСЕАН ќе игра голема улога во постигнувањето мир и раст“, ​​посочи тој. АСЕАН, критикуван за својата пасивност, се обиде да ја реши кризата во Мјанмар преку дипломатски канали. Но, неговите напори досега не дадоа резултати, додека воената хунта во Мјанмар не се грижи за меѓународните осуди и одбива дијалог со противниците на воениот режим. Во средината на април, најмалку 170 луѓе беа убиени во смртоносни воздушни напади околу Сагаинг, во центарот на Мјанмар. Притисокот врз регионалната алијанса се засили откако конвојот со дипломати и лидери кои доставуваа хуманитарна помош обезбедуван од АСЕАН се најде под вкрстен оган во источен Мјанмар. Нема жртви во конвојот, во кој имало двајца претставници на индонезиската амбасада и двајца претставници на Сингапур во Јангон. Мјанмар останува членка на АСЕАН, но доби забрана за присуство на состаноци на високо ниво поради неуспехот да го спроведе планот за решавање на кризата што ја зафати земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asean-krajno-sme-zagrizheni-poradi-aktuelnoto-nasilstvo-vo-mjanmar/feed/ 0
Кинескиот МНР се сретна со лидерот на воената хунта во Мјанмар, првпат по државниот удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-mnr-se-sretna-so-liderot-na-voenata-hunta-vo-mjanmar-prvpat-po-drzhavniot-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-mnr-se-sretna-so-liderot-na-voenata-hunta-vo-mjanmar-prvpat-po-drzhavniot-udar/#respond Tue, 02 May 2023 20:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=829907

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска во Јангон се сретна со лидерот на воената хунта на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг, нивна прва средба по државниот удар во февруари 2021 година што го турна Мјанмар во длабока криза. Прес-службата на воената хунта соопшти дека Чин Ганг на средбата рекол дека Кина стои со Мјанмар на меѓународната сцена. Министерството за надворешни работи на Кина, кое ја најави посетата, сè уште нема коментар. Според хунтата, Чин Ганг треба да биде во посета на Мјанмар до четврток. - Тие разговараа за дипломатските односи, пријателската соработка, ситуацијата во Мјанмар, трговијата, инвестициите и размената во областа на енергетиката и електричната енергија, се додава во соопштението на хунтата. Чин Ганг се сретна и со министерот за надворешни работи на Мјанмар Тан Сви, а во текот на денот ја посети границата меѓу двете земји повикувајќи на пријателство и соработка меѓу двата народа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-mnr-se-sretna-so-liderot-na-voenata-hunta-vo-mjanmar-prvpat-po-drzhavniot-udar/feed/ 0
ЕУ воведе нов, шести пакет санкции за хунтата во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-vovede-nov-shesti-paket-sanktsii-za-huntata-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-vovede-nov-shesti-paket-sanktsii-za-huntata-vo-mjanmar/#respond Mon, 20 Feb 2023 15:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=802782

 Европската унија денеска воведе шести пакет санкции против воената хунта во Мјанмар, која на 1 февруари 2021 година изведе воен удар со кој од власта беше соборена претходната, демократски избрана премиерка и нобеловка Аунг Сан Су Чи.

Британските медиуми јавуваат дека новиот пакет санкции се однесува на девет лица и седум субјекти, меѓу кои се министерот за енергетика, истакнати бизнисмени и офицери, како и сектори на Министерството за одбрана и приватни компании кои ја снабдуваат армијата со гориво и оружје и со парични средства. Со оваа најнова одлука ЕУ  сега под санкции има 93 физички лица и 18 субјекти во Мјанмар.

Мјанмар е во превирања од 2021 година, кога војската ја презеде контролата врз земјата по државен удар и ја уапси Аунг Сан Су Чи, политичката лидерка чија партија извојува убедлива победа на изборите претходната година.

Обединетите нации наведуваат дека по воениот удар и воведените санкции од Западот Мјанмар има околу 1,2 милиона внатрешно раселени лица, додека повеќе од 70.000 ја напуштија земјата.

Војската на Мјанмар за сето ова време од две години тврди дека е должна да обезбеди мир и безбедност во земјата и негира дека сторила злосторства, соопштувајќи дека спроведува легитимна кампања против „терористи“.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-vovede-nov-shesti-paket-sanktsii-za-huntata-vo-mjanmar/feed/ 0
Гутереш: Светот го изневери Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-svetot-go-izneveri-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-svetot-go-izneveri-mjanmar/#respond Sat, 12 Nov 2022 09:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=759565

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека светот го изневери Мјанмар, изразувајќи надеж дека Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија ќе може да изврши притисок врз својата земја-членка да се усогласи со планот за решавање на кризата. Лидерите на Асоцијацијата (АСЕАН) се договорија на нивниот годишен самит да се вклучат во преговори меѓу воените власти на Мјанмар и тамошната опозиција. Индонезија, која ќе претседава со Асоцијацијата следната година, беше една од земјите кои најотворено повикаа на решение на ситуацијата во Мјанмар. Гутереш изјави дека смета оти индонезиската влада ќе може да има позитивно влијание. Одлуката на АСЕАН објавена вчера вклучува барање помош од ОН и други „надворешни партнери“ за поддршка на напорите на групата. Гутереш изрази надеж дека специјалниот пратеник на ОН за Мјанмар, Ноелин Хајзер, тесно ќе соработува со својот колега од АСЕАН за да се стави крај на „драматичното кршење на човековите права“ во Мјанмар. „Сите го изневерија Мјанмар. Меѓународната заедница не успеа, а ОН се дел од неа“, рече Гутереш. Мировниот план на АСЕАН повикува на итен прекин на насилството, дијалог, посредување на специјалниот пратеник на АСЕАН, обезбедување хуманитарна помош и посета на специјалниот пратеник на Мјанмар за да се сретне со сите страни. Владата на Мјанмар првично се согласи со планот, но не вложи доволно напор за да го спроведе. Водачот на мјанмарската хунта Мин Аунг Хлаинг не беше поканет на самитот втора година по ред. Неговото отсуство сведочи за недостигот на напредок во разговорите што АСЕАН се обидува да ги одржи за да се реши кризата во Мјанмар. Мјанмар е втурнат во насилство и хаос по воениот удар во февруари 2021 година. Членки на АСЕАН се Брунеи, Индонезија, Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-svetot-go-izneveri-mjanmar/feed/ 0
Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-osum-zrtvi-vo-eksplozii-pred-zatvor-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-osum-zrtvi-vo-eksplozii-pred-zatvor-vo-mjanmar/#respond Wed, 19 Oct 2022 14:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=747793

Осум лица загинаа, а 18 се повредени во најмалку две експлозии пред затвор во Јангон, соопшти денеска воената хунта која е на власт во Мјанмар. Цел на нападот биле луѓе кои чекале во ред да остават пакети за пријатели или роднини кои отслужуваат казна во затворот Инсеин, се вели во соопштението на службата за информирање на воената влада. Воената хунта информира дека за експлозиите се одговорни „терористи“.
Тројца од жртвите се вработени во затворот, јавија локалните медиуми. Според очевидец, безбедносните сили го блокирале пристапот до затворот во кој, според групите за човекови права, има стотици политички затвореници од воениот удар во февруари 2021 година. Со пучот беше соборена цивилната влада на Аунг Сан Су Чи, која е во затвор во главниот град Нејпидо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-osum-zrtvi-vo-eksplozii-pred-zatvor-vo-mjanmar/feed/ 0
Во Мјанмар при напад врз училиште загинаа најмалку шест деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mjanmar-pri-napad-vrz-uchilishte-zaginaa-najmalku-shest-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mjanmar-pri-napad-vrz-uchilishte-zaginaa-najmalku-shest-deca/#respond Mon, 19 Sep 2022 13:54:19 +0000 https://kurir.mk/?p=734880

Најмалку шест деца загинаа, а 17 се повредени откако воени хеликоптери отвориле оган врз училиште во Мјанмар. Според локалните медиуми, воените хеликоптери отвориле оган врз училиште лоцирано во близина на будистичкиот храм во селото Лет Јет Коне, во централниот регион Сагаинг. Армијата на Мјанмар соопшти дека отворила оган бидејќи бунтовниците ја користеле училишната зграда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mjanmar-pri-napad-vrz-uchilishte-zaginaa-najmalku-shest-deca/feed/ 0