мкц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 07:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мкц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трет „Музички блок“ во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tret-muzichki-blok-vo-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tret-muzichki-blok-vo-mkts/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=896027

Во Младинскиот културен центар вечер ќе се оддржи третиот т.н. „Музички блок“ од Европа. -Идејата е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади. Целосната програма на „Музички блок“ ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата „Лајвјуроп“, првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали ширум Европа во промоцијата на нови надоаѓачки музички артисти, соопшти МКЦ. Ќе настапат пет бендови: словенечко – македонската поп и пост-панк разгледница „LELEE“, холандската рокенрол атракција „Cloudsurfers“, домашниот алтернативен рок состав „Харакири“, долгоочекуваниот настап на кантавторот, мултиинструменталистот и добриот дух на загрепската сцена „Antun Idem“ и нојз рок составот од Србија – „Proto tip“. Билети може да се набават на билетарницата на МКЦ или онлајн на www.bileti.mkc.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tret-muzichki-blok-vo-mkts/feed/ 0
Отворање на изложба „Некогаш и денес” од Ристо Соколов во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvorane-na-izlozhba-nekogash-i-denes-od-risto-sokolov-vo-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvorane-na-izlozhba-nekogash-i-denes-od-risto-sokolov-vo-mkts/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=888290

На 16 октомври (понеделник) во 20 часот во Галеријата 2 на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата насловена “Некогаш и денес” на Ристо Соколов – Сокол. Циклусот ликовни дела на Ристо Соколов - Сокол „Некогаш и денес“ е целосно осмислен, реализиран и изложбено прикажан во неговото отворено ателје Уметничкото студио „Сокол Арт“ во Кавадарци. Циклусот содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори. Низ минатите години изложбата е поставена и исклучително посетена, освен во Кавадарци, меѓу другото и во Велес, Неготино, Демир Капија.  Благодарејќи на семејството Соколови, кое е носител на овие дела, но и на неформалната група уметници „Сокол Арт“, „Некогаш и денес“ уште долго и допрва ќе патува низ Македонија и подалеку, надминувајќи ги животните прилики и години на неговите современици, а се во интерес и чест на врвната ликовна уметност. Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април 1957, во село Дреново. Секоја година, датумот на раѓање на Ристо Соколов се одбележува преку  преку Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Досега се оддржани осум изданија на манифестацијата, на различни простори низ Кавадарци, од клубови, ресторани, галерии, преку институции до отворени простори за првпат искористени за било каква културна и уметничка пригода. Изложбата трае до 31 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvorane-na-izlozhba-nekogash-i-denes-od-risto-sokolov-vo-mkts/feed/ 0
Премиера на краткиот филм „СЛОБОДА” во режија на Златко Ѓелески https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-kratkiot-film-sloboda-vo-rezhija-na-zlatko-geleski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-kratkiot-film-sloboda-vo-rezhija-na-zlatko-geleski/#respond Thu, 12 Oct 2023 06:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=887904

Вечерва, во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот, ќе се прикаже новиот краток игран филм „Слобода“ во режија на Златко Ѓелески. Станува збор за краткометражен омнибус, односно спој на три приказни кои се одвиваат една зимска вечер во кафулето „Слобода“. Таму се пресретнуваат тројца пријатели кои неуспешно се обидуваат да се договорат помеѓу себе, додека на шанкот се наоѓаат две долгогодишни пријателки кои истата вечер одлучуваат да споделат тајни кои ги криеле една од друга, а на оддалечена маса од нив во тек е зделка за продажба на артефакт од Крушевската република. Во улогата на тројцата пријатели се појавуваат кичевските актери: Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски и Станко Стевановиќ, двете девојки на шанкот ги глумат: Тамара Ристоска и Весна Гаврилоска, а продажбата на артефактот се одвива помеѓу ликовите кои ги глумат: Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески и Андреј Дукоски. Врската помеѓу сите овие ликови се сопственикот на кафулето и вработениот кои ги познаваат посетителите на локалот, кои ги глумат: Тале Никодиновски и Ренато Јеремоски. Филмот е во режија и сценарио на Златко Ѓелески, продуциран е од страна на Бранко Стојаноски, работен за „Блу Медија Моушен“ од Кичево, монтажата и визуелните ефекти ги работи Љупчо Темелковски, директор на фотографија е Владимир Димоски, звукот е на Горазд Радески, а музиката е на Љупчо Стефаноски. Ова е третиот краток игран филм режиран од страна на Ѓелески, претходните два филма се: „Од другата страна“ и „Мемоари“, а Ѓелески и Стојаноски претходно соработуваа на филмот „Центроид“ од 2022 година, кој го режираше Стојаноски. Краткиот игран филм „Слобода“ е финансиран со помош од фирмите од Кичево, со цел да се помогне збогатувањето на културниот живот во градот. Влезот на проекцијата е слободен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-kratkiot-film-sloboda-vo-rezhija-na-zlatko-geleski/feed/ 0
Концерт на ALGIERS во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-algiers-vo-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-algiers-vo-mkts/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=887247

Вечерва во киното Фросина во Младинскиот културен центар со почеток од 21 часот ќе се одржи долгоочекуваниот концерт на американската музичка група ALGIERS. ALGIERS се политички  освестено  инди-рок трио кое комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз и госпел музика. Нивните почетоци се во далечната 2009 година во Атланта, Џорџија, кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остриот фанк. Сите членови на бендот свират перкусии, клавијатури и програмираат тапани. Триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк. Зад себе имаат 4 студиски албуми: "Algiers" (2015), "The Underside of Power" (2017), "There is no year" (2020) и последниот "Shook" (2023) на кој како гости се појавуват Big Rube, Zack de la Rocha од култниот бенд Rage Against the Machine, billy woods, Nadah El Shazly, Lee Bains III и други. Нивната нова музика, критичарите ја опишуваат како "пркосна, жанровски сеопфатна техниколор журка на стар куќен трем во рурална Атланта". Како предгрупа на бендот, се јавуваат германците “Left for Pleasure”, дарквејв бенд од Лајпциг со силно EBM влијание. Нивниот звук го карактеризира темнa и меланхолична атмосфера, со по некој зрак на надеж. Музички, со нивните настапи, гледаат да создадат длабокo емотивно искуство со присутната публика. Left for Pleasure се дел од програмата Liveurope за поддршка на млади и надоаѓачки бендови. Концертот ќе започне во 21 часот, билети се уште по цена од 400 денари на билетарницата на МКЦ или на олајн линкот на МКЦ за продажба на билети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-algiers-vo-mkts/feed/ 0
Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/svetskata-grupa-villagers-of-ioannina-city-prvpat-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/svetskata-grupa-villagers-of-ioannina-city-prvpat-vo-skopje/#respond Mon, 09 Oct 2023 06:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=886682

Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција - „VILLAGERS OF IOANNINA CITY“ првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот. Овој музички состав, кој својата 45-дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. Нивната музика се класифицира како пост, стонер и психоделичен рок со карактеристична полифонија, специфични ритми и употреба на фолклорна музика од Епир на кларинет, кавал и гајда. Од нивното оформување до денес, имаат издадено три студиски албуми - “Riza” (2010), “Age of Aquarius” (2019) и последниот “Through space and time” (2021). Од самите нивни почетоци, Villagers of Ioannina City патуваат низ цела Грција, како и во голем дел од европските метрополи (Берлин, Амстердам, Барселона, Лондон). Нивните концерти вклучуваат вистински музичко-светлосен продукциски спектакл чија цел е да ја понесе публиката на мистично космичко патување. За тоа говорат и двата концерти во Атина во 2015 и 2019 со повеќе од 6000 присутна публика. „Villagers of Ioannina City првпат во Скопје, се надеваме не и последен“ - изјавуваат организаторите од МКЦ. Концертот е дел од културната понуда на Град Скопје како „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/svetskata-grupa-villagers-of-ioannina-city-prvpat-vo-skopje/feed/ 0
Град Скопје распиша конкурс за директор на МКЦ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-raspisha-konkurs-za-direktor-na-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-raspisha-konkurs-za-direktor-na-mkts/#respond Sun, 01 Oct 2023 09:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=883777

Град Скопје распиша конкурс за директор на јавната установа Младински културен центар. Право на пријавување имаат сите државјани на Република С. Македонија кои ги исполнуваат законските услови за пријавување, опишани во Статутот на МКЦ. Покрај главните услови за пријавување кои мораат да бидат исполнети, како имање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик, 5 (пет) годишен работен стаж во областа на културата или 5 (пет) години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело, кандидатите потребно е да поднесат и пријава со кратка биографија и програма за работа и развој на установата. Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на страните на социјалните мрежи на установата. МКЦ ги поканува сите активни чинители во културата, индивидуалци со искуство во менаџмент на проекти од областа на културата, докажани познавања и вистински ентузијазам да се пријават.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-raspisha-konkurs-za-direktor-na-mkts/feed/ 0
Претставата „Глумици” утре вечер во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-glumitsi-utre-vecher-vo-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-glumitsi-utre-vecher-vo-mkts/#respond Tue, 14 Mar 2023 09:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=811708

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре вечер ќе биде одиграна победничката претстава од минатогодишниот 47. МОТ фестивал - „Глумици” во изведба на „Артопија“. Претставата, како што соопштија од МКЦ, говори за театарот и за сите оние во него, како и за неговото позиционирање во светот, за сето она за што се мечтае, за страдањето, за вербата во подобро утре. Како што е најавено, во четврток, 16 март ќе се одржи добротворен концерт за Небојша Додевски – Грицко, во бифето на МКЦ. Ќе настапат Јана Гигова, Димиш, Тотално Опуштање, Сватовски и други домашни изведувачи. Настанот е во организација на „Брат за Брат”. Во петок ќе се одржи хип хоп настан за промоција на последниот албум на македонскиот хип хоп артист Џака Накот: „Live on no evil“, на кој покрај него ќе настапат и диџеј Гоце, Легијата, Дивизија, Бвана, диџеј Славе, Страјк, Куп де Грас, Ади Имери и плејада други локални артисти и изведувачи. Истиот ден, во рамките на двете галерии во МКЦ ќе бидат отворени изложбите „Новите индустрии на стари локации” која претставува резултат од научноистражувачки проект на Архитектонскиот факултет во Скопје како и изложба со наслов „Еволуција?” од Балканскиот универзитет во Скопје. Од МКЦ најавија дека во сабота, 18 март ќе се одржи концерт на хрватскиот хип хоп бенд „Елементал“, кој со својот настап во МКЦ ќе го прослават својот 25 годишен јубилеј од своето основање. Истата вечер, во бифето на МКЦ ќе се одржи и слушачка промоција на најновото издание на македонскиот бенд „Искра“, во издаваштво на „Diehard records“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-glumitsi-utre-vecher-vo-mkts/feed/ 0
Се пролонгира отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/#respond Wed, 25 Jan 2023 12:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=791690

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на МКЦ во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада. -Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање. Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија. -За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности, додаде премиерот Ковачевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Претседателот Пендаровски прими претставници на Програмскиот колегиум на МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-pretstavnitsi-na-programskiot-kolegium-na-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-pretstavnitsi-na-programskiot-kolegium-na-mkts/#respond Mon, 23 Jan 2023 12:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=790714

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Програмскиот колегиум на Младински културен центар - МКЦ. Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар. Тие појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција. Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од Претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ. Претседателот Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-pretstavnitsi-na-programskiot-kolegium-na-mkts/feed/ 0
Антикорупциска отвора случај за именувањето на директор – детектив во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-otvora-sluchaj-za-imenuvaneto-na-direktor-detektiv-vo-mkts/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-otvora-sluchaj-za-imenuvaneto-na-direktor-detektiv-vo-mkts/#respond Fri, 20 Jan 2023 18:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=789870

Контроверзната смена на директорот на МКЦ и поставувањето на негово место лице кое по професија е детектив, е последната во низа сомнителни директорски вработувања и смени за антикорупционерите, поради што претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска во изјава за ТВ 24 рече оти ќе се разгледуваат сите елементи од овој случај и во наредниот период ќе одлучат дали ќе отворат предмет по сопствена иницијатива. Според првиот човек на антикорупционерите, решението на проблемот со контроверзните директорски вработувања е во носење на закон за висока раководна структура, согласно кој ќе се бираат и директорите. Токму во врска со последните случувања со смената на директорот на МКЦ, одговори во однос на сомнежи за постоење на корупција побаравме и од кабинетот на вицепремиерката за добро владеење, меѓутоа оттаму ни рекоа дека ова не е во нивна надлежност, бидејќи тие одговараат само за државните функционери. Досегашниот директор на МКЦ, Ванчо Богоев, неодамна беше разрешен по цели 36 години поминати во оваа инстутуција, а неговата замена со директор кој по професија е детектив наиде на бурни реакции кај вработените, но и кај јавноста, каде бурни беа реакциите дека со ваквите потези се уништува МКЦ, кој според нив е еден од бисерите на Скопје.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-otvora-sluchaj-za-imenuvaneto-na-direktor-detektiv-vo-mkts/feed/ 0