млада машка кошаркарска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 19:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png млада машка кошаркарска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија лесно го доби четвртфиналето против Велика Британија, на чекор сме до А дивизијата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-lesno-go-dobi-chetvrtfinaleto-protiv-velika-britanija-na-chekor-sme-do-a-divizijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-lesno-go-dobi-chetvrtfinaleto-protiv-velika-britanija-na-chekor-sme-do-a-divizijata/#respond Fri, 14 Jul 2023 19:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=856824

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години се пласираше во полуфиналето на Европското првенство Б дивизија откако со 66-49 ја совлада селекцијата на Велика Британија. Младите македонски кошаркари одиграа уште една фантастична средба, овојпат беа подобри од врсниците од Велика Британија и се пласира во полуфиналето на европскиот Б шампионат кој се игра во Скопје. Потребно е да бидат една од првите три селекции за да изборат место во А дивизијата, меѓу најдобрите. Тоа значи дека од преостанатите два меча, потребна ни е барем една победа, ако не триумфираме во полуфиналето, ќе треба тоа да го направиме во борбата за третото место. Македонските кошаркари денеска уште во првата четвртина создадоа предност, беше 17-11, а потоа само ја одржуваа предноста и ја зголемуваа за лесен триумф од 66-49. Митревски со 17 поени беше нашиот најефикасен кошаркар на овој меч, Теодор Симиќ постигна 13 поени, имаше и 11 скокови, двоцифрен беше и Бошалески со 10 поени. Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде победникот од мечот меѓу Холандија и Украина кој се игра вечерва од 21 часот. Полуфиналето ќе го играме утре од 18:30 часот во салата СРЦ „Кале“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-lesno-go-dobi-chetvrtfinaleto-protiv-velika-britanija-na-chekor-sme-do-a-divizijata/feed/ 0