млада популација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 11:30:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png млада популација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мултипла склероза е болест на младата популација, потребен е правилен пристапат во третман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/multipla-skleroza-e-bolest-na-mladata-populacija-potreben-e-pravilen-pristapat-vo-tretman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/multipla-skleroza-e-bolest-na-mladata-populacija-potreben-e-pravilen-pristapat-vo-tretman/#respond Thu, 20 Oct 2022 11:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=748377

Идните доктори и специјалисти по неврологија потребно е проблемот со Мултипла склероза (МС) сериозно да го сфатат, да размислуваат за болеста, да знаат дека е болест на младата популација, како и една од главните причини за инвадилитет кај младата популација после траумите, вели д-р Иван Кузмановски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје. На денешниот настан за едукација на идните доктори за Мултипла склероза во организација од Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) во соработка со Националното Здружение за Мултипла Склероза што се одржа на Медицинскиот факултет, д-р Кузмановски посочи дека во последно време болеста има значително подобар третман и се подобрува квалитетот на животот кај пациентите со МС. Во однос на бројката на лица кои имаат МС во земјава, д-р Кузмановски вели дека на Клиниката за неврологија има околу 1450 регистрирани пациенти. – Клиниката за неврологија, како центар за третирање на МС на ниво на цела држава регистрира 1450 пациенти, а бројката е нешто поголема. Статистиката покажува дека таа треба да биде барем двојно поголема. Само што се стави во употреба новиот регистар за пациенти со МС, во наредните година до две очекуваме да ги регистрира сите пациенти со МС, додаде тој. Голем напредок се забележува и во третманот на Мултипла склероза во последните десет години. – Третманот на таа активна агресивна потешка форма на мултипла склероза е значително подобрен со поефикасни лекови и со тоа да овие пациенти живеат релативно нормален живот, изјави д-р Кузмановски. Ана Карајанова-Димитрушева, претседателка на Националното Здружение за Мултипла Склероза вели дека постојано се трудат да го подобрат на секој начин квалитетот на животот на лицата со МС. – Не само околу лековите, туку и околу другите третмани како физикална терапија, исхрана, едукација. Овој настан е организиран во рамки на националните денови на МС и е насочен е кон студентите и специјализанти од причина што нашите сегашни доктори и врвни специјалисти ќе одат во пензија. Меѓутоа болеста не се пензионира и од таа причина гледаме да вложиме напори и да се едуцираат и самите млади доктори во иднина да знаат што е МС, вели Карајанова-Димитрушева. Додаде дека од големо значење е и едукацијата на матичните лекари, бидејќи со рана детекција на МС се придонесува кон рано дијагностицирање и терапија, а со тоа се спречува прогресијата на болеста. Од таа причина, таа вели дека е потребно матичните лекари да знаат како да ги детектираат почетните симптоми. Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Таа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем (ЦНС). Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/multipla-skleroza-e-bolest-na-mladata-populacija-potreben-e-pravilen-pristapat-vo-tretman/feed/ 0
Меѓу новозаразените во САД има голем број млада популација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megju-novozarazenite-vo-sad-ima-golem-broj-mlada-populacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megju-novozarazenite-vo-sad-ima-golem-broj-mlada-populacija/#respond Fri, 26 Jun 2020 16:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=363654

Во американските сојузни држави и градовите, каде овие денови се шири заразата со коронавирусот, меѓу заразените има се поголем број млада популација, па официјалните претставници повторно повикуваат за примена на превентивните мерки, како носење заштитни маски и одржување физичка дистанца, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Младите луѓе сочинуваат речиси половина од новозаразените во Аризона, а мнозинство во градските центри во Тексас, додека, пак, на Флорида просечната старосна граница на заболените со коронавирус се намали на 35 годишна возраст. Во споредба со март, границата изнесувала 65 години. Таквата промена претставува причина за загриженост кај градоначалниците, гувернерите на државите и здравствените власти, кои веќе размислуваат за есен, имајќи предвид дека ваквиот развој на настаните би можел да ги наруши плановите за повторно отворање на училиштата и универзитетите, одржување на спортски настани, како и враќање на нормалниот живот и економските активности во целосен капацитет. Постои опасност инфицираните меѓу младата популација, а посебно оние без симптоми, да ја пренесат заразата на ранливите групи Американци во ситуација кога се бележи огромен пораст на бројот на заразени случаи во јужниот и западниот дел на САД, наведува „Њујорк тајмс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megju-novozarazenite-vo-sad-ima-golem-broj-mlada-populacija/feed/ 0