младен чадиковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 07:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png младен чадиковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чадиковски: Излегуваме да кажеме дека новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-izleguvame-da-kazheme-deka-novinarstvoto-e-javno-dobro-uslovite-za-rabota-mora-da-bidat-dostoinstveni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-izleguvame-da-kazheme-deka-novinarstvoto-e-javno-dobro-uslovite-za-rabota-mora-da-bidat-dostoinstveni/#respond Fri, 17 Feb 2023 07:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=801564

Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат, а законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери и денес имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, потенцира во изјава за МИА претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, по повод денешниот марш за одбрана на новинарското достоинство, што ЗНМ го организира со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Според Чадиковски, самиот факт што денес излегуваат на протестен марш говори дека треба уште многу да се направи за да имаме достоинствено новинарство. Маршот ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на РС Македонија. Како што објаснува претседателот на ЗНМ, целта е да упатат порака дека бараат почит кон новинарската професија и промени на подобро. -Ќе бидеме гласни, видливи и што е најважно обединети. Очекувам колегите да бидат присутни, затоа што овие прашања што ги истакнуваме не се важни само за ЗНМ или за ССНМ, важни се за сите нас, новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, важни се за граѓаните, за да не ги изневеруваме нивните очекувања, додава тој. Според Чадиковски, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен Пи/ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде. Новинарскиот марш се организира кога Здружението одбележува 77 години постоење. Чадиковски потенцира дека е факт оти ова треба да биде заеднички труд на сите чинители, со цел да се креира амбиент за поквалитена работа на медиумските работници, но пред се носителите на јавни функции и политичарите треба да сфатат дека не смеат да не игнорираат или потценуваат. Не заради нас, туку заради граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски. Новинарството денес не е имуно на општествените трендови. Новите дигитални медиуми стануваат се попопуларни во однос на традиционалните. Според претседателот на ЗНМ, новинарството минува низ сериозни трансформации во поседниве години кои ги диктираат новите технологии.
-Нашата задача како новинари е професионалните стандарди на професијата да ги пресликаме и во новинарството кое се менува. Како здружение на новинари заедно со СЕММ го направивме „Промедиа“, регистарот на професионални он лајн медиуми, со цел фелата сама да почне да ги решава проблемите кои постојат во „онлајн“ просторот. Тие се на добар пат, и очекуваме во наредниот период саморегулацијата да заземе уште позначајно место во медиумската сфера, додава Чадиковски за МИА. Тој е дециден дека последните избори на ЗНМ, кои се сметаат за најмасовни досега, покажуваат оти новинарството како професија има капацитет да ја подигне солидарноста меѓу новинарите на многу повисоко ниво, и постојат прашања за кои можат да се согласат. Особено, како што вели, прашањата за кои мора да постои консензус. -Со новинарството никој, најмалку политичарите, не смеат да си играат и што е уште поважно мора да се однесуваат со почит кон нас, во спротивно, ги навредуваат граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски. Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.(МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-izleguvame-da-kazheme-deka-novinarstvoto-e-javno-dobro-uslovite-za-rabota-mora-da-bidat-dostoinstveni/feed/ 0
Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/#respond Wed, 25 Jan 2023 10:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=791615

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот за Клиниката Жан Митрев и за докторот. Митрев елаборирајќи го односот од страна на ИРЛ кон сите медиуми и новинари што ќе објават информација или интервју со него, посочува на непостоење на елементарното право на слобода на говор и мислење а со тоа и нарушување на Кодексот на новинари со постојани напади на независно изнесените факти и страната на Клиниката Жан Митрев. „Сведоци сте дека секој обид да ја прикажам мојата страна на приказната во јавност наоѓа на напади кон мене и новинарите кои ме интервјуираат или ја пренесуваат веста. Сакам да ви поставам прашање според кој етички новинарски кодекс јас не смеам да ја кажам својата страна и според која колегијалност секој новинар што ќе разговара со мене треба да се стави на јавен линч. Дали новинарите на ИРЛ се и истражители, и адвокати, и обвинители, и судии? Дали според некој кодекс нивниот збор треба да е последен и дали јас како личност немам право да комуницирам со новинари? Не го разбирам јас овој концепт на новинарство кога некој не смее да каже нешто. Нели сите сме за почитување на јавно искажаниот став без разлика каков е и за слобода на говорот. Зарем мене треба таа слобода да ми биде одземена бидејќи некој сака да ме прикаже во светло кое не е вистината. Дали јас не треба да се обидам да ја прикажам вистината? Ве прашувам Вас бидејќи најлошо е некој да се обиде да се замолчи, а во исто време да се линчува јавно без никаква причина“, пишува во писмото д-р Митрев. Со целосно разбирање за новинарската професија и истражувачкото новинарство, д-р Митрев отворено го поздравува секој чекор на истражувачко новинарство, но вистинско и со јасно претставување на двете страни. Тој во писмото до претседателот на ЗНМ, ја објаснува својата позиција во која се наоѓа и причините што доведоа до тоа: „Се соочувам со можеби најтешката криза што ја имам лично и мојата Клиника поради натписите во ИРЛ каде бев обвинет дека правам експерименти врз пациенти, дека не сум доктор, дека ‘заработувам’ на здравјето на луѓето. Употребени беа квалификации како ‘убиец, д-р Менгеле’ и слични зборови на омраза со кои неосновано ме етикетира во нешто што јас не сум. Работам во оваа држава со децении, се обидувам да направам најдобро што можам и искрено се обидувам да бидам максимално толерантен на сите напади. Особено бидејќи станува збор за човечки животи. Со вашиот претставник имавме комуникација кога се снимаше интервјуто на ИРЛ каде сакав само да се заштитам од вадење од контекст на моите одговори што и самиот сте свесен се случува понекогаш во некој новинарски прилог, некогаш поради временското ограничување, некогаш поради немарност. Со ИРЛ бевме договорени да се објави целосното интервју по емисијата на каналот YouTube што истото не беше испочитувано. Не барав многу од нив за да не добијам ништо“, објаснува д-р Митрев. Д-р Митрев во писмото уште потенцира дека заради разбирање на сензитивноста на новинарската работа, ја повлече тужбата за ИРЛ, но истовремено не разбира како овој личен чин е негативен? “Не разбирам зошто додека трае процесот не смеам да се појавам во јавност? Па јас сум обвинет, не сум осуден. Дали ме осудија вашите колеги пред судот? Дали ми го одземаат зборот што имам право да го кажам? Вас ве молам за разбирање на ситуацијата во којашто се наоѓам. Не сакам да креирам дополнителни проблеми, но не сакам да останам нем за да задоволам нечии задни намери. Ќе продолжам да работам, да се борам да ја докажам вистината и Ве молам да ги заштитите Вашите колеги кои се ставени на јавен линч поради мене“, го завршува писмото д-р Митрев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/feed/ 0
Младен Чадиковски реизбран за претседател на ЗНМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladen-chadikovski-reizbran-za-pretsedatel-na-znm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladen-chadikovski-reizbran-za-pretsedatel-na-znm/#respond Sat, 03 Dec 2022 18:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=770669

Новинарот Младен Чадиковски е реизбран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), откако освои мнозинство од гласовите на околу 450 делегати кои гласаа на денешното изборно собрание. Неговиот противкандидат, Марјан Николовски, веќе му ја честиташе победата, а во изборната трка за челната позиција на ЗНМ учествуваше и новинарката Фиљана Кока. Гласањето заврши околу 18 часот, по маратонското изборно собрание на Здружението, кое започна во 10 часот изутринава. Покрај за претседател, членовите на ЗНМ гласаа и за Управен и Надзорен одбор, како и за нов состав на Советот на честа. Гласовите за управните тела допрва ќе се бројат. За што се залага Чадиковски? Во предлог – програмата на Чадиковски за ЗНМ во претстојниот мандат пишува дека тој, меѓу другото, ќе се залага за побрзи реформи во јавниот сервис, за основање на Фонд за медиумски продукти, ограничување на владиниот ПР, тренинг академија на ЗНМ, како и јакнење на улогата на регионалните центри на ЗНМ, како и на постоечките секции на Здружението (сниматели, спортски новинари, млади новинари, фоторепортери, филмски критичари). Целосната предлог – програма на Чадиковски може да ја погледнете тука. ЗНМ е здружение на околу 1 000 професионални новинари, сниматели и фоторепортери. Основано е 1946 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladen-chadikovski-reizbran-za-pretsedatel-na-znm/feed/ 0
Чадиковски од ЗНМ за обвинението против Златев: Треба да се направи анализа, јавниот интерес е посилен од законот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-od-znm-za-obvinenieto-protiv-zlatev-treba-da-se-napravi-analiza-javniot-interes-e-posilen-od-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-od-znm-za-obvinenieto-protiv-zlatev-treba-da-se-napravi-analiza-javniot-interes-e-posilen-od-zakonot/#respond Thu, 30 Jul 2020 15:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=383895

Не се познати сите детали за случајот со обвинителниот предлог за Љупчо Златев, но јавниот интерес може да биде посилен од законот, порачува претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, откако скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог за оддавање службена тајна против новинарот и уредник на порталот „Лидер“. Чадиковски најавува дека ќе го проследат случајот, а тоа би било и едно од прашањата за кои би разговарале на средбата која ја бараат со републичкиот обвинител Љубомир Јовески. „Како ЗНМ ќе го проследиме овој случај. Не се познати сите детали, за овој конкретен случај ќе треба да се направи анализа. Но секогаш кога се отвора предмет од ОЈО во доменот на слободата на изразување и правото на информирање, тоа може да биде проблематично. Јавниот интерес може да биде посилен од законот ако со објавите се демонстрира злоупотреба на одредена институција. Бараме средба со обвинителот Јовески за повеќе теми, и ова ќе биде едно од прашањата за кои ќе разговараме“, вели Чадиковски за „360 степени“. За делото за кое е обвинет Златев во Кривичниот законик е пропишана казна затвор од три месеци до пет години. Обвинителството попладнево соопшти дека тој оддал службена тајна бидејќи во два текста објавено во текот на овој месец објавил копии од документи од Управата за безбедност за контраразузнавање. Станува збор за документи од извештаи од направена оперативна проверка за безбедносна процена на лице кое било вработено во УБК, а не го поминало филтерот за да премине во новоформирана Агенција за национална безбедност (АНБ). Златев во текстовите, повикувајќи се на тој документ, пишуваше дека лицето не го поминало филтерот бидејќи неговиот татко бил дел од патриотските здруженија протестирал против промената на името. Обвинителството во соопштението наведе дека документите што ги објавил Златев се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за АНБ. На нашето прашање како со објавата на вакви документи ѝ се прави штета на Агенцијата, од обвинителството посочуваат на тоа што го напоменуваат и во соопштението, дека тие не прават класификација на документите, туку тоа е направено според внатрешните прописи на Агенцијата. Кога веќе еден документ е класифициран како таков, велат тие, мора да постапуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-od-znm-za-obvinenieto-protiv-zlatev-treba-da-se-napravi-analiza-javniot-interes-e-posilen-od-zakonot/feed/ 0
Чадиковски: Јавниот интерес е пред се, обвинителството наместо да го пронајде кртот, го осуди оној кој ги објавил информациите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-javniot-interes-e-pred-se-obvinitelstvoto-namesto-da-go-pronajde-krtot-go-osudi-onoj-koj-gi-objavil-informaciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-javniot-interes-e-pred-se-obvinitelstvoto-namesto-da-go-pronajde-krtot-go-osudi-onoj-koj-gi-objavil-informaciite/#respond Wed, 04 Mar 2020 17:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=312143

Соогласно Уставот на Република Македонија, односно член 16 „се гарантира правото на заштита на изворот на информација во средствата за јавно информирање, а цензурата е забранета“. Токму во духот на овој член од Уставот на Македонија и кодексите на сите еснафски здруженија Инфомакс ја информира македонската јавност. Сепак денеска спроитвно на Уставот и на законите на државата, судот пресуди 6 месеци затвор за главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски по што следуваше низа на жестоки реакции во јавноста. На денешната пресуда реагираше и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски . Тој истакна дека овој процес и ваквата пресуда не води кон подобрување на климата во општеството и деека јавниот интерес е пред се. -И кога беше поднесена пријавата и сега сметам дека гонењето врз основа на искажан збор не води кон подобра клима во општеството. Свесен за улогата и одговорноста на новинарите при вакви сензибилни теми, па дури и кога постојат индиции за прекршување на законите, сметам дека мора да се води сметка за поширокиот јавен интерес.  Од друга страна останува нејасно зошто обвинителството не го пронајде кртот кој ги украл исказите од таму, па единствен виновник се бара во тој што ги објавил, вели Чадиковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-javniot-interes-e-pred-se-obvinitelstvoto-namesto-da-go-pronajde-krtot-go-osudi-onoj-koj-gi-objavil-informaciite/feed/ 0
Чадиковски распали по пратеничката од СДСМ: Папагалски повторувате дека ВМРО-ДПМНЕ се виновни за се, а вие сте власт 3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-raspali-po-pratenichkata-od-sdsm-papagalski-povtoruvate-deka-vmro-dpmne-se-vinovni-za-se-a-vie-ste-vlast-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-raspali-po-pratenichkata-od-sdsm-papagalski-povtoruvate-deka-vmro-dpmne-se-vinovni-za-se-a-vie-ste-vlast-3-godini/#respond Tue, 04 Feb 2020 21:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=299383

Главниот уредник на 24 Вест ии новинар Младен Чадиковски смета дека СДСМ како оправдување за своите неуспеси ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека власта во моментот ја има СДСМ и дека токму тие се најодговорни за се што се случува во Република Македонија. Имено, на денешната дебата на ТВ 24 во емисијата Отворено која што ја водеше токму Чадиковски и порача на пратеничката Соња Мираковска која објаснуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е виновен за неносењето на Законот за јавно обвинителство, дека на секоја дебата папагалски повторуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно, укажувајќи дека несериозност произлегува токму од владата и парламентарното мнозинство на СДСМ во собранието. -Знаете, се добива впечаток дека секој обид на коалицијата да донесе некој закон во кој што нема да успее, вие барате оправдување во ВМРО-ДПМНЕ. Мислам вие сте власт во државата, одговорноста е ваша, не е на ВМРО-ДПМНЕ. И сега на секоја дебата вие повторувате папагалски дека ВМРО-ДПМНЕ е криво за ова за ова. Но законот еве го на 7 дена пред распуштање на Собранието го немаме и тоа делува несериозно, и посочи Чадиковски на Мираковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-raspali-po-pratenichkata-od-sdsm-papagalski-povtoruvate-deka-vmro-dpmne-se-vinovni-za-se-a-vie-ste-vlast-3-godini/feed/ 0
Чадиковски: Се подготвува Регистар на професионални онлајн медиуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-se-podgotvuva-registar-na-profesionalni-onlajn-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-se-podgotvuva-registar-na-profesionalni-onlajn-mediumi/#respond Wed, 07 Aug 2019 14:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=227405

Во однос на саморегулацијата на онлајн просторот, во предлог-планот на Владата се спомнува зборот корегулација што, според претседателот на Здружението на новинари и в.д главен и одговорен уредник на телевизија „24“, Младен Чадиковски, имплицира на промена на закон во овој сегмент. -Ние сметаме дека во оваа кревка демократија, рано е тоа да се прави. Сите сме за тоа да се почитуваат професионалните стандарди, посебно во онлајн сферата, каде што се и најголем дел од производителите на лажни вести и каде што најмногу се кршат стандардите. Но, мора да истакнам дека веќе неколку месеци во подготовка е план за саморегулација на онлајн медиумите, кој го работиме со Советот за етика и Стопанската комора на Македонија, при што ќе се изготви регистар на професионални онлајн медиуми. Сето тоа ќе го искомуницираме со бизнис заедницата, за на крајот на денот да добиеме што повеќе професионални медиуми и портали, а бизнис-заедницата да има правилни насоки за тоа каде треба да ги пласираат своите реклами и адвертајзинг кампањи, во однос на професионалноста на медиумите, а не во однос на тоа каква уредувачка политика има. Бидејќи каква и уредувачка политика да има, мора да се држи до професионалните стандарди, вели Чадиковски за еМагазин. Стандардите за тој регистар ќе ги направат во консултација со професионалните медиуми, а истиот тој треба да биде готов до крајот на годината. Очекуваат поддршка од професионалните медиуми, а идејата е барем полупрофесионалците да се доведат во ред. „Потребно е таа професионализација да се издигне на повисоко ниво и бизнис-заедницата, маркетинг агенциите да ја прифатат како таква. Секогаш ќе постојат рекетари, но за тоа си постојат членови во кривичниот закон, уцена, изнуда, крадење авторски права, но, проблемот е што нема примена. Судството нема големо искуство со тоа, а и како да нема волја да спроведе практики што функционираат. Има исклучоци, скопскиот суд конечно ги прифаќа тужбите за онлајн медиумите. Тоа е и еден од начините на признавање на онлајн медиумите како медиуми, затоа што голем дел од фелата тоа го бара“, објаснува Чадиковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-se-podgotvuva-registar-na-profesionalni-onlajn-mediumi/feed/ 0
Чадиковски призна дека има закани на новинари од поедини министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-prizna-deka-ima-zakani-na-novinari-od-poedini-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-prizna-deka-ima-zakani-na-novinari-od-poedini-ministri/#respond Mon, 04 Mar 2019 08:34:31 +0000 https://kurir.mk/?p=170856

Се уште има притисоци, навреди, закани од министри и далеку е од тоа да бидеме задоволни, вели претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Имаме министри што се закануваат со тужби кон новинари, денеска имате министри што квалификуваат на овој или оној начин медиумите. И денеска имате министри што наместо да одговараат на прашања на новинарите тие одговараат со контра прашање најчесто во ироничен или во некоја друга смисла која што би требало да го навреди новинарот, појасни Чадиковски. Чадиковски додава дека денеска поради социјалните мрежи имаме наплив на лажни вести, на пропаганда и на неетничко известување, на етикетирање на луѓе, бизнисмени и политичари и било што без никаков однос и тоа кога значи нема основа. Но истовремено посочи дека од друга страна во нашава земја имаме и фини медиуми кои работат по стандардите и кодексот на новинарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-prizna-deka-ima-zakani-na-novinari-od-poedini-ministri/feed/ 0
ЗНМ го прогласи Чадиковски за легитимен претседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-go-proglasi-chadikovski-za-legitimen-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-go-proglasi-chadikovski-za-legitimen-pretsedatel/#respond Tue, 18 Dec 2018 09:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=141673

Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија на својата конститутивна седница одржана вчера, со автентично толкување на Статутот на организацијата, го прогласи Младен Чадиковски за легитимно избран претседател, со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето. – На конститутивната седница присуствуваа сите членови на Управниот одбор и сите одлуки беа донесени едногласно. Одлуката за потврдување на легитимноста на изборот на претседател на ЗНМ се донесе со консензус на сите членови на Управниот одбор, додека претседателот Младен Чадиковски се иззема од гласањето. На седницата беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за заменик претседател на Здружението на новинарите на Македонија, информира денеска ЗНМ. Управниот одбор констатирал дека за време на одржувањето на Собранието не бил пристигнат ниту еден приговор за процесот на гласање од страна на присутните членови, ниту од страна на членовите на Верификационата и Изборната комисија. Сите засегнати страни кои што имаат било каков сомнеж во однос на изборната процедура, како што велат од ЗНМ, можат да ги употребат достапните правни лекови. – Управниот одбор повикува на консолидација на членовите со цел да се одржи достоинството и единството како клучни принципи за заштита на интересите на сите членови на ЗНМ. Управниот одбор констатираше дека за сите различни мислења е потребен зајакнат и институционализиран форум за дебата, со оглед на фактот дека и двајцата кандидати за претседател своите програми ги темелеа на поголема вклученост на членството во работата на Здружението преку предложени секции. УО предлага да се разговара со сите засегнати групи во еснафот и формирање секции кои ќе ги претставуваат интересите на тие специфични групи, велат од ЗНМ. Изборното собрание на ЗНМ се одржа во саботата, а во трката за претседател беа Чадиковски и Столе Наумов. MИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-go-proglasi-chadikovski-za-legitimen-pretsedatel/feed/ 0
„Телма“: Чадиковски под сомнителни услови избран за нов претседател на ЗНМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-chadikovski-pod-somnitelni-uslovi-izbran-za-nov-pretsedatel-na-znm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-chadikovski-pod-somnitelni-uslovi-izbran-za-nov-pretsedatel-na-znm/#respond Sat, 15 Dec 2018 20:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=140697

Младен Чадиковски, новинарот на ТВ24 под сомнителни услови е избран за нов претседател на Здружението на новинари на Македонија, објави телевизјата „Телма“. За Чадиковски гласале 86 новинари и медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа. Интересно е од вкупно 555 членови на Здружението денеска биле присутни само 175, а на пет дена пред изборот, било забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот. Управниот Одбор гласал по телефон за ваквата одлука на што имаше реакции дека одлуката е нелегитимна. Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволил. Не можеле да гласаат ниту членовите кои имале платено членство за наредните две години ама не се регистриртале до 13 часот како што барал Селмани. За разлика од изборот на Чадиковски, Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-chadikovski-pod-somnitelni-uslovi-izbran-za-nov-pretsedatel-na-znm/feed/ 0