млади лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 12:38:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png млади лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Билет во еден правец – зошто има иселување од Македонија? Проф. д-р Јовевски со искрени одговори: Сè уште се соочуваме со корупција, недоверба во судскиот систем и нетраспарентност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bilet-vo-eden-pravec-zoshto-ima-iseluvanje-od-makedonija-prof-d-r-jovevski-so-iskreni-odgovori-se-ushte-se-soochuvame-so-korupcija-nedoverba-vo-sudskiot-sistem-i-netrasparentnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bilet-vo-eden-pravec-zoshto-ima-iseluvanje-od-makedonija-prof-d-r-jovevski-so-iskreni-odgovori-se-ushte-se-soochuvame-so-korupcija-nedoverba-vo-sudskiot-sistem-i-netrasparentnost/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=755736

Еден од најголемите проблеми во земјава со години несомнено е иселувањето на народот. Младите во земјава се во апатија и разочарани, нивното масовно иселување па и на луѓе постари и од секоја возраст е несопирлив процес на кој и не му се гледа крајот. Македонскиот граѓанин се повеќе е незадоволен од своето место во државата. Од 2017-та до денес нагло пораснал бројот на лица со македонски пасош што добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ и на ЕЕА. Овие бројки веројатно се многу поголеми, зaтоа што во нив не се содржани лицата од Македонија со бугарски и други пасоши, како ни тие што илегално престојуваат во земјите на ЕУ и ЕЕА. Имаме висок степен на младинско незадоволство во врска со тоа како државните власти се грижат за оваа категорија на луѓе и имаме огромна дискрапанца меѓу кои можности и потреби ги имаат младите на локално и на централно ниво. Билет во еден правец – изрека која стана се почесто употребувана помеѓу македонските граѓани во Република Македонија. Полни авиони за Хрватска, Германија, Малта, Швајцарија, и Белгија. Се прашуваме зошто? Ниски примања? Непотизмот во вработувањата? Можност за напредок во кариерата? За оваа тема разговаравме со Лазар Јовевски, професор по трудово право на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ во Скопје. Прашан за тоа кои се причините за масовното иселување од Македонија и како овој тренд во иднина би можел да се спречи, професорот Јовевски отворено проговори дека бројот на млади кои се имаат отселено е многу поголем од бројот во податоците од последниот попис, бидејќи како што вели тој не ја прикажуваат реалната слика.
-Стојам на ставот дека отселувањето не се случува само поради подобар живот. Проблемот е системски и се случува децениски поради разочараност од системските нефункционалности, односно поради невладеење на правото, сигурноста во општеството, како и во културните промени. Од друга страна пак, младите се најголемата група невработени во земјата, дискриминирани се и при вработување и при напредувањето во работата. Сетам дека е потребно да инвестираме во младите и тоа во повеќе аспекти, со цел да се овозможи вклучување на младите на пазарот на трудот и во образованието, како и политики на задржување на младите.
Професорот посочи дека образованието е темелот на кој се изградуваат генерациите, затоа неопходно е да се почне од него, за да се променат суштински состојбите.
-Конечно, треба да го промениме и пристапот кон многу нешта, вклучително и кон себеси, односно свесно да го корегираме менталитетот и досегашниот начин на размислување, констатира тој.
Факт е дека покрај младите, голем број и на возрасни лица од различен профил на занимање се поинтезивно си заминуваат од Македонија. Тоа допридонесува до создавање на една состојба, поточно доаѓа до длабок дефицит од работници. Го прашавме проф. Д-р Лазар како тој гледате на овој проблем, дали можеби знае каков тип на работници најмногу недостасуваат во Македонија и што предвидува ваквата ситуација за иднината на нашата земја?
- Апсолутно заминуваат од земјава луѓе од разни генерации, но пак ќе повторам дека причината ја гледам во општата атмосфера на несигурност и нестабилност на земјата, односно невладеење на правото. Постои општо незадоволство поради нефункционирање на целокупниот систем. Сè уште се соочуваме со корупција, недоверба во судскиот систем, нетранспарентност, бариери не само за влез на пазарот на труд туку и во многу други сфери, реторика која не дава позитивна перспектива, креирање очекувања дека „нè чека уште потешко време“, и притоа не гледаме дека некој се грижи да се подобрат состојбите. Луѓето не се иселуваат зашто во странство очекуваат „мед и млеко“, туку мислам дека поголема причина е тешкотијата на живеењето која е создадена изминативе години.
Во врска со тоа каков тип на работници се иселува најмногу тој рече се работи за секаков тип работиници- и со високо образование, квалификуван кадар, и физички работници, смета дека овде нема конкретен тренд.
- Едноставно, ми се чини како да секој само гледа да „избега“ од сето ова, што е навистина тажно. Познавам луѓе кои во странство работат и неугледни работи, но се позадоволни отколку да работат овд па макар и на подобра позиција, посочи Јовевски.
На крај како професор по Трудово право кој е засегнат за оваа тема прашан за негово мислењето каде го гледа решението за излез од ваквата криза, тој категорично истакна:
- Системски, коренити промени. Преосмислување на политиките, таргетирање, стратешко планирање со визија најмалку 10 години пред нас. Краткорочни мерки нема да дадат резултати на подолг рок. Ние практично имаме куќа која е нефункционална и треба да се обнови од темел до кров, ситни поправки како „боење ѕидови“ не го решаваат проблемот. Но најбитно од се е промена на начинот како размислуваме и како делуваме. Тоа е глевен предизвик денес пред македонското општество!
М.А.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bilet-vo-eden-pravec-zoshto-ima-iseluvanje-od-makedonija-prof-d-r-jovevski-so-iskreni-odgovori-se-ushte-se-soochuvame-so-korupcija-nedoverba-vo-sudskiot-sistem-i-netrasparentnost/feed/ 0
ПОРАЗУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Две третини од младите сакаат да се иселат, доколку им се пружи прилика веднаш би се иселиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazuvachki-podatoci-dve-tretini-od-mladite-sakaat-da-se-iselat-dokolku-im-se-pruzi-prilika-vednash-bi-se-iselile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazuvachki-podatoci-dve-tretini-od-mladite-sakaat-da-se-iselat-dokolku-im-se-pruzi-prilika-vednash-bi-se-iselile/#respond Mon, 18 Apr 2022 14:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=664827

Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците на јавната дебата „Демографски трендови на младата популација“ што денеска се одржа во Собранието. Организатори на дебатата се Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со граѓанските организации Реактор – Истражување во акција и Младински образовен форум, а со поддршка на Фондацијата за демократија Вестминстер. Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека дебатата произлезе од добиените бројки од пописот во делот што се однесува на младите. – Целта беше да овозможиме дискусија за податоците од пописот на населението, особено оние што се однесуваат на младите лица. Видовме дека тие бројки навистина се загрижувачки, дека населението старее, а процентот на младите луѓе кои својата иднина ја гледаат надвор од државата се повеќе се зголемува, изјави Зајкова. Таа посочи дека итно треба да се види што може да за преземе со цел нашата држава да се направи атрактивна за младите. Зајкова се осврнаа и на Стратегијата на млади, која засега ја немаме, односно е истечена, за националните стратегии кои се однесуваат на „одливот на мозоци“ или што може државата да направи за имплементација на важни закони кои ги засегаат младите, како законите за млади, за високо образование, за средно образование и за средно стручно образование. Во текот на дебатата излагања имаа повеќе претставници од младинскиот граѓански сектор и од дел од институциите. Истражувачот од Реактор, Блажен Малески посочи дека населението ни старее, а во 2002 младите сочинувале 23,8 отсто од вкупното население. – Денеска имаме 17,8 отсто млади од вкупниот број на граѓани. Односно, 150.000 млади помалку имаме во 2022, што укажува на сериозна демографска промена. Од она што можеме да го видиме од првичните податоци, 10.5 отсто од младите (15-29 години) заминале од државата и не се резидентно население. Вкупно 53.900 млади не се повеќе во земјата. Можеме да забележиме тренд на база на податоци од оние што биле млади во 2002 година, денеска би имале 35 до 49 години, 100.000 си заминале. Односно 20,8 отсто од оние кои биле млади во 2002 година заминале и не се денеска во државата, изјави Малески. Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ), Теодора Столевска посочи дека младинските организации со години спроведуваат истражувања и апелираат дека младите сакаат да се иселат од државата, а пописот, како што рече, ни потврди дека голем број веќе се отселиле. – Според последното истражување на Фондацијата за демократија Вестминстер, две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би се иселиле од неа. Ваквите ставови се засновани на неквалитетното образование кои младите го добиваат во државата, големата стапка на невработеност кај младите и ниските примања кои младите ги имаат. Дополнително треба да се напомене дека прашањата кои се однесуваат на младите, иако значајни, не се единствени причини пораки кои младите се иселуваат. Високата стапка на корупција не доведе во ситуација каде повеќе од 83 отсто од младите не им веруваат на институциите, рече Столевска. Таа информира дека покрај нискиот квалитет на образование и ниските примања, квалитетот на здравството, животната средина и социо-политичките услови се дополнителни причини поради кои младите си заминуваат од државата. – Потребна ни е итна акција од страна на законодавната и извршната власт. Ни требаат политики кои ги решаваат овие проблеми на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, нагласи Столевска. Дел од граѓанските организации ги претставија проблемите со кои се соочуваат младите, почнувајќи од основно, средно и високо образование. Ги наведоа лошите хигиенски услови во училиштата, застарените образовни програми, начинот на сместување во студентски домови, потребата од поголема пракса пред првото вработување и потребата од работа и поголеми плати. Според нив, во некои општини има службеници за млади кои не си ја вршат својата функција. Предлозите и препораките од дебатата ќе бидат сублимирани во рамки на една работна група и претставени до извршната власт. Се очекува за неколку месеци да се одржи расправа и да се види што се преземало во меѓувреме за младинските политики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazuvachki-podatoci-dve-tretini-od-mladite-sakaat-da-se-iselat-dokolku-im-se-pruzi-prilika-vednash-bi-se-iselile/feed/ 0
Уапсени повеќе млади лица од Скопје – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-povekje-mladi-lica-od-skopje-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-povekje-mladi-lica-od-skopje-eve-gi-detalite/#respond Wed, 19 Jan 2022 10:46:01 +0000 https://kurir.mk/?p=620996

Во текот на вчерашниот ден МВР апсеше на повеќе локации во Скопје за дрога и марихуана. На 19.01.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ј.К.(32) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја. На 19.01.2022 во 03.00 часот од парк-шума Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(30) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На 18.01.2022 во 14.45 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. На 18.01.2022 во 17.40 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. На 18.01.2022 во 20.00 часот, на патот кон Горно Нерези, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. На 18.01.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. На 19.01.2022 во 00.40 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. На 18.01.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на сите случаи против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-povekje-mladi-lica-od-skopje-eve-gi-detalite/feed/ 0
Шпанија повторно воведува рестриктивни мерки: Ноќниот живот се прекинува, голем број млади се заразени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-povtorno-voveduva-restriktivni-merki-nokjniot-zivot-se-prekinuva-golem-broj-mladi-se-zarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-povtorno-voveduva-restriktivni-merki-nokjniot-zivot-se-prekinuva-golem-broj-mladi-se-zarazeni/#respond Mon, 05 Jul 2021 18:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=532413

Се поголем е бројот на заразени лица во Шпанија, затоа во некои региони се воведени ограничувачки мерки, само неколку недели откако беа укинати. Ноќниот живот ќе биде целосно суспендиран во најмалку 16 градови во регионот Кантабриа, јавува СРНА. Зголемување на бројот на заразени лица е регистрирано и во Каталонија. Властите повикаа на лица над 16 години да се вакцинираат по огромното зголемување на бројот на пациенти. Во фокусот на програмата за вакцинација во Шпанија досега беа старите лица, ранливите групи, со што се занемаруваа тинејџерите и помладите луѓе. Досега, скоро 40 проценти од 47 милиони жители на Шпанија се целосно вакцинирани, што е меѓу најголемите во Европа, но многу помалку кај помладите. Според најновите податоци на Министерството за здравство, стапката на инфекција кај лица на возраст од 20 до 29 години е скоро три пати поголема од порано. Бројот на заразени е многу поизразен кај тинејџерите, што е резултат на патувања и забава на крајот на учебната година. Илјадници луѓе се изолирани затоа што повеќе од 1.000 биле заразени за време на студентски патувања на островите Мајорка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-povtorno-voveduva-restriktivni-merki-nokjniot-zivot-se-prekinuva-golem-broj-mladi-se-zarazeni/feed/ 0
Николовски за ангажирањето 10 нови луѓе во неговиот кабинет: Ги бараме најдобрите млади со кои ќе избориме против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-za-angaziranjeto-10-novi-lugje-vo-negoviot-kabinet-gi-barame-najdobrite-mladi-so-koi-kje-izborime-protiv-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-za-angaziranjeto-10-novi-lugje-vo-negoviot-kabinet-gi-barame-najdobrite-mladi-so-koi-kje-izborime-protiv-korupcijata/#respond Thu, 15 Apr 2021 15:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=497749

Ги бараме најдобрите, најдобрите млади, но и искусни луѓе, кои имаат кредибилитет, имаат капацитет, кои ги имаат сите вештини, компетенции, кои се целосно растоварени, кои сакаат заеднички со нас најнеселективно и најодговорно да се зафатиме со работа и да одработиме и да ја вратиме довербата на граѓаните, на младите во институциите и да се избориме против ова зло, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање за ангажирањето десет нови луѓе во неговиот кабинет. Тој истакна дека неговиот кабинет во Владата не е парален систем, ниту пак тој води ресор, туку има само координативна улога на институциите и се исклучитечно мал тим од кој граѓаните имаа големи очекувања. – Овој тим го донесе Планот за борна против корупцијата со 18 системски мерки и политики за кој ќе правиме постојан притисок врз институциите во рамки на роковите да ги имплементираат обврските. Планот за борба против корупцијата е правен на база на сите меѓународни извештаи, пред се Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија од страна на ЕК, извештаите што ги имаме од САД, од „Транапаренси“. За креирање на тој план отворивме широк фронт со невладините организации, регулаторните тела и сите останати, новинарите, медиумите, буквално се што сметавме дека е битно и значајно во оваа битка, бидејќи е генерациска и е историска и неа не можеме сами да ја добиеме, подвлече вицепремиерот Николовски по средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов. Николовски додаде дека во тимот се само неколку луѓе и не се Министерство и не е целта да прераснат во Министерство, туку бараат десет луѓе кои се најдобри, кои имаат најдобри резултати и просеци од студирањето и кои имаат серизона желба и порив да направат нешто добро за оваа македонска земја. – Ветувам дека ќе ги избереме најдобрите и заеднички ќе направиме се во мандатот којшто ни е даден од граѓаните да покажеме сериозни резултати и да ја вратиме довербата, потенцираше Николовски. На крајот во одгворот на прашањето рече дека битката против корупцијата треба да се води доколку се одработи чесно, одговорно, посветено и така како што се обврзале пред граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-za-angaziranjeto-10-novi-lugje-vo-negoviot-kabinet-gi-barame-najdobrite-mladi-so-koi-kje-izborime-protiv-korupcijata/feed/ 0
Зголемување на бројот на новозаразени од 35,5%, младите на удар на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemuvanje-na-brojot-na-novozarazeni-od-35-5-mladite-na-udar-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemuvanje-na-brojot-na-novozarazeni-od-35-5-mladite-na-udar-na-koronavirusot/#respond Thu, 08 Oct 2020 07:50:43 +0000 https://kurir.mk/?p=413760

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври 2020г., тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители. Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2% или 3% повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=220; 18,3%), 50-59 (n=200; 16,6%), 30-39 (n=222; 18,5%) и 20-29 (n=194; 16,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2%) и 10-19 години (n=90; 7,5%). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, соодветно. Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври, 403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена. По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната недела. Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemuvanje-na-brojot-na-novozarazeni-od-35-5-mladite-na-udar-na-koronavirusot/feed/ 0
СЗО: Коронавирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20 до 40 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-koronavirusot-se-povekje-go-shirat-lica-na-vozrast-od-20-do-40-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-koronavirusot-se-povekje-go-shirat-lica-na-vozrast-od-20-do-40-godini/#respond Tue, 18 Aug 2020 06:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=391906

Коронавирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20, 30 и 40 години, а многу од нив не се ни свесни дека се заразени, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеси Касаи. Касаи рече дека присуството на вирусот кај оваа популација, во отсуство на симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зарази на припадниците на високоризичните групи, пренесуваат британските медиуми. Во овие групи спаѓаат постарите лица, хронично болните на кои им е потребна долготрајна нега и луѓето кои живеат во густо населени подрачја со лоши услови за живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-koronavirusot-se-povekje-go-shirat-lica-na-vozrast-od-20-do-40-godini/feed/ 0
Расте бројот на млади позитивни на коронавирус, 24 годишна кавадарчанка нов случај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-mladi-pozitivni-na-koronavirus-24-godishna-kavadarchanka-nov-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-mladi-pozitivni-na-koronavirus-24-godishna-kavadarchanka-nov-sluchaj/#respond Sat, 01 Aug 2020 11:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=384734

Дваесет и четиригодишна кавадарчанка е нов случај на КОВИД-19, расте бројот на млади позитивни на вирусот во Кавадарци. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА информира дека таа не знаела дали имала контакт со заразено лице. Од почетокот на пандемијата до денеска, во Кавадарци заболеа вкупно 60 лица. Регистриран беше и еден смртен случај во градот со позитивен тест на коронавирус, а стануваше збор за странски државјанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-mladi-pozitivni-na-koronavirus-24-godishna-kavadarchanka-nov-sluchaj/feed/ 0
Седум млади лица убиени на плажа во Панама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-mladi-lica-ubieni-na-plaza-vo-panama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-mladi-lica-ubieni-na-plaza-vo-panama/#respond Sun, 19 Jul 2020 14:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=378442

Панамските власти саопштија дека во езерото оддалечено 80 километри од главниот град се пронајдени тела на седум млади лица, а според истрагата, станува збор за убиство. „Телата на четири девојки и тројца момчиња на возраст меѓу 17 и 22 години се пронајдени во саботата“, рече обвинителот Адолфо Пинеда и додаде дека некои кои успеале да го избегнат нападот и помагаат на полицијата во нивната истрага. Според Ројтерс, телата на жртвите покажале видливи повреди предизвикани од огнено оружје, но точните причини за смртта не се утврдени. Не се познати мотивите за нападот. Локалните медиуми објавија дека семејствата на жртвите го пријавиле исчезнувањето на нивните најблиски во петокот.Првичните информации се дека младите оделе на пливање на езерото Гатун, вештачко езеро што е дел од Панамскиот канал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-mladi-lica-ubieni-na-plaza-vo-panama/feed/ 0
Мерка од програмата за „Обнова на Македонија“ – 0% персонален данок за млади до 29 години. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/#respond Thu, 25 Jun 2020 10:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=362679

-Кога во 2016 водеа кампања, а во 2017 дојдоа на власт едно од главните ветувања на СДСМ, кое уште го паметиме, е дека ќе ги вратат младите во Република Македонија. Денес, три години подоцна гледаме дека цели градови во источна Македонија, се градови на пензионери, цели градови во западна Македонија живеат луѓе на кои им испраќаат пари синови и ќерки распрскани низ светот, велат од УМС на ВМРО-ДПМЕ Ѓорче Петров. За овие три години, велат од младите од Ѓорче Македонија е сведок на невиден егзодус на младите. -Сведоци сме дека над 200.000 во изминатите три години ја напуштија Македонија. Ние се решивме да подготвиме пакет мерки за младите. Една од нив е 0% персонален данок за младите до 29 години. Со ова ќе се овозможи младите кои ќе се решат да заработуваат во Македонија да не плаќаат персонален данок до својата 29 година, а тие средства да ги користат за себеунапредување, истакнаа младите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/feed/ 0