млади таленти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 12:08:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png млади таленти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Она што не можат возрасните, можат децата: Во Штип три деца преку музика ќе направат спој на македонската и босанската култура и традиција https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/#respond Mon, 17 Jul 2023 12:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=857396

Приказната на единаесет годишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, БИХ добива нова епизода. Овој пат ќе се спојат децата на Македонија и Босна на концерт. Три детски грла во придружба на нивните професори ќе ги изведат најубавите македонски традиционални песни и босански севдалинки. ,, Децата се најголемото богатство на светот. Македонија, Босна и Херцеговина како и сите други земји од регионот имаат богато културно наследство. Нашата желба е низ оваа позитивна приказна да ги споиме тие две богатства, бидејќи ние немаме ништо повредно од тоа. Децата и традицијата заедно. ” – ни изјави професорот и ментор на Ајдин, Јасмин Брашњиќ. Штип, градот под Исарот, на 26 јули во 20 часот во Домот на културата ќе биде место каде ќе се создаде нова музичка приказна. Лина Костадинова, која има само 10 години, и која освен со својата виолина, одлично се снаоѓа и во пеењето, заедно со својот постар брат Драган Костадинов, кој има 14 години и освојува први места на голем број домашни и меѓународни натпревари по хармоника, заедно со,, бисерното грло” Ајдин Османовиќ, кој преку соработката со својот ментор Јасмин Брашњиќ, успеа со посебни емоции мноштво македонски традиционални песни, преку музиката ќе направат нови мостови на пријателството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ona-shto-ne-mozhat-vozrasnite-mozhat-detsata-vo-shtip-tri-detsa-preku-muzika-ke-napravat-spoj-na-makedonskata-i-bosanskata-kultura-i-traditsija/feed/ 0
Средношколецот Христијан Андовски од Велес освои второ место на Европскиот квиз на парите https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/srednoshkolecot-hristijan-andovski-od-veles-osvoi-vtoro-mesto-na-evropskiot-kviz-na-parite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/srednoshkolecot-hristijan-andovski-od-veles-osvoi-vtoro-mesto-na-evropskiot-kviz-na-parite/#respond Fri, 26 Jun 2020 09:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=363315

Христијан Андовски, ученик во средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, освои второ место во финалето на Европскиот квиз на парите – најголемо европско натпреварување во сферата на финансиската едукација. Победниците ги објави Европската банкарска федерација (ЕБФ) – првото место го освои претставник на Шпанија, а третопласирани се претставници на Чешка. Второто место во Европа Андовски го освои во конкуренција на голем број натпреварувачи од 28 држави. Според податоците на ЕБФ, преку онлајн-платформата Кахут (Kahoot!), оваа година, бројот на учесници на Европскиот квиз на парите е значајно поголем во споредба со минатата година. Ова е втор успех за наши ученици на Европскиот квиз на парите. Минатата година, кога нашата земја првпат учествуваше во овој квиз, европски вицешампиони беа Викторија Панова и Марко Инѓилизов од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, коишто претходно беа победници на националниот натпревар. Македоската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека повторувањето на успехот на европско ниво од младиот велешанец Андовски уште еднаш потврдува дека интензивното вложување во финансиската едукација на младите од земјата веќе дава видливи резултати – и преку интересот на младите за стекнување знаења во областа на финансиите, но и преку подигнување на нивото на нивната финансиска писменост. -Дополнителен показател за ова е и тоа што годинава, во големото европско финале на Европскиот квиз на парите, најбројни беа претставниците на нашата земја. Андовски ја имаше искористено можноста што годинава ЕБФ ја даде заради глобалните околности со пандемијата на Ковид-19, во финалето на Европскиот квиз на парите, преку онлајн-пристап да можат да учествуваат сите заинтересирани, вклучително и учениците коишто претходно не учествувале во националните натпреварувања, наведува МБА. Македонската банкарска асоцијација го организира учеството на нашата земја на Европскиот квиз на парите во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од министерстата за финансии и за образование и наука. МБА најави дека во претстојниот период се планираат и други заеднички активности во сферата на финансиската едукација, приспособени на можностите додека е во тек пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/srednoshkolecot-hristijan-andovski-od-veles-osvoi-vtoro-mesto-na-evropskiot-kviz-na-parite/feed/ 0
Нејзин идол е Каролина Гочева, а таа е новата македонска надеж: Запознајте ја Талиа Василова (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/nejzin-idol-e-karolina-gocheva-a-taa-e-novata-makedonska-nadez-zapoznajte-ja-talia-vasilova-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/nejzin-idol-e-karolina-gocheva-a-taa-e-novata-makedonska-nadez-zapoznajte-ja-talia-vasilova-foto/#respond Fri, 07 Dec 2018 12:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=136966

Талиа Василова е талентираното девојче од Кавадарци на чии успеси Македонија треба да биде горда. Таа беше дел од меѓународниот фестивал во Загреб „Чаробна фрула“. Меѓу 69 солисти од вкупно 12 држави, нашата Талиа го освои високото второ место во нејзината категорија. Талиа беше единствен претставник од Република Македонија. Солист, балерина, пијанист. Многу професии за едно мало девојче, а сепак постигнува успех на секое поле. Таа е денес дел од рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. -По  освоеното трето место во Бугарија каде настапував со песната „Црно и бело“ од Калиопи на меѓународниот фестивал „Златни Јаболки“ пријавена од мојата менторка Даниела П. Маџункова, ми беше промовирана мојата авторска песна „Балерина“ со текст на Тиана Димова, музика Даниела П. Маџункова, аранжман Васко Ристов. Со таа песна бев пријавена и одобрена за натпревар на Меѓународниот фестивал „Чаробна Фрула“ во Загреб. Пеев на 1-ви и 2-ри декември, во полуфинале и финале. Освоив второ место од организацискиот одбор на фестивалот, вели Талиа во изјава за КУРИР.МК. Нејзина најголема поддршка е семејството. Родителите и братот ја следат во секој чекор и се горди на нејзините успеси, како во земјава, така и надвор од неа. Свесна е дека освен натпреварувачки карактер, настаните имаат и други цели кои таа, во оваа возраст, треба да знае добро да ги искористи. -Во Загреб стекнав нови пријателства, искуство. Се дружев со деца од различни земји кои изведуваат различни песни и имаат поинакви од моите сценски настапи. Заедно си ги учевме кореографиите и си разменувавме идеи и искуства. Тоа беа незаборавни моменти кои ќе ги паметам долго и секогаш ќе ми служат како потсетник, кажува малата талентирана Талиа. Секоја награда за неа е само мотив плус да продолжи да работи и создава. Веднаш по високото второ место кое го освои, таа веќе има нови планови. -Во блиска иднина се спремам за наша авторска песна како „Танини“ заедно со мојот брат Никола кој свири кларинет. Соработуваме со Дарко Сарденков,  директор на  фестивалот „Си-До“ кој ќе се одржи во април 2019-та година. Во тек е реализирањето на нашиот втор видео спот. Првиот беше за класична музика, каде јас бев балерина. Сега се очекува да биде готов и нашиот втор спот за кавер на песната „Две лири“ од Каролина Гочева, која ми е најголем идол и обожавам да ги пеам сите нејзини песни и ги следам сите нејзини настапи и концерти, вели Талиа за КУРИР.МК. Пред ова талентирано девојче веќе стојат низа предизвици. Ја очекува нова промоција, многу настапи, фестивали. Се подготвува за настапи со танци кои ги подготвува во клубот Линеа кавадарци. Може да се пофали со бројни дипломи и награди, а ние и посакуваме исполнување на соништата и  многу награди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/nejzin-idol-e-karolina-gocheva-a-taa-e-novata-makedonska-nadez-zapoznajte-ja-talia-vasilova-foto/feed/ 0
Младиот талент Мартинијан: Пее како голема музичка ѕвезда, а гордо ја претставува Македонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mladiot-talent-martinijan-pee-kako-golema-muzichka-dzvezda-a-gordo-ja-pretstavuva-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mladiot-talent-martinijan-pee-kako-golema-muzichka-dzvezda-a-gordo-ja-pretstavuva-makedonija/#respond Sat, 10 Nov 2018 14:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=126217

Мартинијан Кириловски е младиот и талентиран пејач кој ја претставува Македонија и во  оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Има огромен број на фанови, а бројните позитивни коментари веќе ги добива од докажани имиња во професијата. Неговото специфично име, прекрасниот глас, доброто воспитување, одличниот избор на песни, се само дел од причините зошто Мартинијан се издвојува од толпата млади пејачи. Со самото тоа, заслужено го добива местото во рубриката каде КУРИР со гордост и чест ги промовира младите таленти. По секој твој успешен настап на регионалните талент шоуа, гордост е да се слушне дека си претставник на Република Македонија. Колку е задоволство, а колку терет, освен себеси да претставуваш цела земја? -Терет секако не е, не може така да се каже. Секако дека чувствувам огромна одговорност, но уште поголемо е задоволството да ја претставуваш својата родна земја, чест е да си нејзино чедо и на еден ваков посебен начин да се одолжуваш, вели пејачот. Извонредно си талентиран во секој жанр, а посебно се радуваме кога пееш македонски песни. Кој ти помага во изборот со какви песни ќе се претставиш во „Ѕвездите на Гранд“ и за која изведба доби најмногу пофалби досега? -Ви благодарам за комплиментот, а што се однесува до изборот на песните со кои се претставувам во „Ѕвездите на Гранд“ е мој. Сакам да пеам песни од секој жанр, а најмногу пофалби добив за изведбите на песните од Жељко Јоксимовиќ -„Није љубав ствар“, Сергеј Четковиќ – „Погледи у тами“, Тоше Проески – „Тајно моја“ и други, истакна Мартинијан за КУРИР. Јелена Карлеуша важи за една од најстрогите во жирито, а ти токму неа ја избра за ментор. Таа никогаш не штедеше комплименти за тебе. Што очекуваш од оваа соработка? -Пред се`, заеднички да ги исполниме своите очекувања. Од Јелена секако многу може да се научи, и како човек и како голем шоумен и уметник. Се надевам на една плодна и успешна соработка која ќе вроди со плод и ќе ме одведе до финалето, вели тој. „Речиси никогаш не давам глас ако не сакам да бидам ментор. Многу си сладок и имаш убава насмевка и за да бидеш ѕвезда мора да те сакаат жени. Знам дека имаш една специфичност и дека пелтачиш, а мене тоа ми е секси. Ти во ова музичко натпреварување ќе се победиш самиот себе, а јас ќе те научам како да бидеш најдобра верзија од себе и како се станува голема ѕвезда“ изјави Јелена за Мартинијан. Освен со настапи на Гранд, работиш и на својата кариера во Македонија со свои песни и кавер верзии. Кои се твоите идни планови, со што ќе ја збогатиш македонската музичка сцена? -Секако по завршувањето на Ѕвездите на Гранд планирам нови песни со видео записи кои се надевам ќе ја обележат уште повеќе мојата музичка кариера и дека ќе ја освојам македонската и балканската публика на мој начин. За скоро време очекувајте и нови кавери, отктива Мартинијан. Кога некој Македонец талентиран како тебе, ќе излезе на пазарот во регионот, често се прашуваме дали ќе снима само српски песни или ќе креира и македонски производи. Можеш ли да ни ветиш дека ќе работиш на збогатување на македонската музичка сцена, каков и да е твојот пласман во „Ѕвездите на Гранд“? -Во зависност од исходот на „Ѕвездите на Гранд“ и потребите, ќе настојувам да создавам нови песни на македонски и српски јазик. Секогаш сум се залагал со љубов и задоволство за збогатување на македонската музичка сцена и така и ќе остане. Ви благодарам на сите од срце, порача Мартинијан за КУРИР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mladiot-talent-martinijan-pee-kako-golema-muzichka-dzvezda-a-gordo-ja-pretstavuva-makedonija/feed/ 0
Внукот на маестро Џорлев е голема надеж за македонската сцена: Талентираниот Огнен ја прави публиката горда (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/vnukot-na-maestro-dzorlev-e-golema-nadez-za-makedonskata-scena-talentiraniot-ognen-ja-pravi-publikata-gorda-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/vnukot-na-maestro-dzorlev-e-golema-nadez-za-makedonskata-scena-talentiraniot-ognen-ja-pravi-publikata-gorda-foto-video/#respond Tue, 06 Nov 2018 15:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=124286

„Внукот на Џорлев“. Кога за прв пат излезе на сцената единственото што луѓето го знаеја за него беше дека потекнува од едно од најславните музички семејства во Македонија. Кога запеа, коментарите беа дека поседува одличен талент и дека во музичките води, не впловува “со врски“. Огнен Здравковски е талентираниот млад пејач, кој неколку години ја прави Македонија горда со своите настапи дома и во регионот. Крвта не е вода. Тој е внук на легендата на македонската фолклорна музика  Наско Џорлев, син на неговата ќерка Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев! Тој е младиот талент, кој во интервју за КУРИР говори за почетоците, успесите, советите кои ги добива.... Кога сфати дека музиката ќе стане твоја животна определба? Кој ти беше најголема поддршка? -Музиката е мојот живот уште од кога се родив, уште од кога бев бебе живеам и растам со музика. Кога имав 6 години моите родители ме запишаа во нижото музичко училиште во Скопје. Една година одев само на солфеж, да научам ноти, потоа наредната година почнав да учам да свирам на виолина. 7 години свирев на виолина и потоа престанав, поради оправдани причини, ја скршив раката и имав итна интервенција, па не смеев да свирам една година, а требаше да се запишувам во средно. Бидејќи не смеев да свирам се запишав на пеење и од тука почна се. Во сето ова уште од почеток, па до ден денес најголемата поддршка ми се моите родители и мојата сестра, вели Огнен за КУРИР. Колку е предност, а колку маана, во вакви стандарди на македонска музичка сцена, да бидеш дете на славни музичари? -Пред се пресреќен сум што потекнувам од ова семејство. Голема предност е што ги имам нив секогаш позади мене, ама искрено никогаш не сум го користел тоа. Не ме буткале и не ме терале да правам нешто на сила. До сега се што имам стекнато и постигнато се трудам да го направам сам без нивна помош.  Ако го носев презимето "Џорлев",  ќе ми беше дупло потешко отколку до сега. Ама сепак сите знаат чиј сум и од кое семејство доаѓам, така да колку што е тоа убаво понекогаш и не е бидејќи треба многу да се внимава за се како правам и што правам, ни откри младиот пејач. Со своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, од лани ја правиш горда Македонија. Кои се твоите очекувања од оваа сезона? -Годинава одиме до нови победи. Веќе почнаа подготовките за вториот круг, а и во секој момент очекувам повик од мојата менторка Марија Шерифовиќ, да ме викне да одам во Белград и да се спремиме како што треба. Моите очекувања за оваа сезона се да влезам во финалето на Ѕвезде Гранда и да снимам песна со спот за Гранд Продукција, а понатаму како рекол Бог така нека биде, рече Огнен за КУРИР.МК. Каде може јавноста да те слушне и во нашата земја? -Моментално сум со настапи низ градовите во Македонија. Последно пеев во арената „Борис Трајковски“ на концертот во чест на Тоше Проески, вели тој. Кој е најдобриот совет кој си го добил за кариерата од маестро Џорлев, а што те советува мајка ти? -Од мајка ми и вујко ми добивам совети цело време совети. Вујко ми секогаш, пред секој мој настап ми вели „Пеј како што пееш дома пред мене, биди опуштен мисли на убаво. Дај го максимумот“. Од мајка ми секојдневно добивам совети за пеење. Со неа работам и се подготвувам за сите мои настапи. Таа е мојот најголем ментор, истакна Огнен Здравковски во интервјуто за КУРИР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/vnukot-na-maestro-dzorlev-e-golema-nadez-za-makedonskata-scena-talentiraniot-ognen-ja-pravi-publikata-gorda-foto-video/feed/ 0
ЕКСКЛУЗИВНО: Внукот на Иџе тргна по неговите стапки, малиот Стефан ќе биде идната македонска гордост https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ekskluzivno-vnukot-na-idze-trgna-po-negovite-stapki-maliot-stefan-kje-bide-idnata-makedonska-gordost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ekskluzivno-vnukot-na-idze-trgna-po-negovite-stapki-maliot-stefan-kje-bide-idnata-makedonska-gordost/#respond Tue, 10 Jul 2018 11:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=75117

Внукот на најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, Игор Стефановски Иџе, тргна по неговите стапки. Стефан Стефановски има седум ипол години, но веќе донесе голема одлука за својата иднина и професија. Од септември ќе започне во трето одделение во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Скопје. Како ретко кој во неговата генерација, ова момче многу добро знае што ќе биде неговата идна професија. Ги засака автомобилите, формулите, брзината и трките. За свои идоли ги има најблиските околу него- татко му и чичко му. Освен идоли, тие му се и најголема поддршка. Ова момче поради својот талент, но и поради храброста, упорноста и решителноста, заслужено е дел од рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. -Прво возев на симулатори во нашата виртуелна академија Стефановски. Оваа година прв пат седнав во картинг и супер се снајдов. Родителите ме носат во Белград, на картинг стазата Ада Хуја и таму тренирам. Би сакал да учам кај нас, но во Македонија нема услови за такво нешто, вели малиот Стефан. Негов ментор е неговиот татко Дејан Стефановски-Џани кој е поранешен автомобилист и шампион на Македонија во ридско-брзинскиот шампионат. Освен во својот татко, Стефан пронајде идол во својот чичко Игор Стефановски-Иџе, македонската спортска гордост. -Учам и заедно со Никола Миљковиќ, српскиот автомобилист кој многу години беше шампион. Оваа година ќе тренирам, ќе се посветам и навистина се трудам да дадам се од себе за да научам. Моја цел е следната година да почнам да се натпреварувам, а за да дојдам до оваа цел, знам дека треба да вложам многу, истакна Стефан во изјавата за КУРИР.МК. Денес добива пофалби затоа што на седум ипол годишна возраст го прави ова, но најголемото воодушевување доаѓа кога ќе го слушнете фактот дека Стефан вози од својата четврта година. -Почнав да возам со стимулатор. Веднаш ме понесе адреналинот, што до тогаш не знаев ниту што значи. Сега веќе знам. Од старт ги победував сите. Знаев дека сакав да го правам ова, тоа е во мојата крв. Како што си зборуваме дома, овој спорт е во нашето стебло, во нашата крв. Имам голема поддршка од семејството и сакам да успеам, раскажува Стефан. Ова талентирано и упорно момче јасно ни стави на знаење дека трките нема да му бидат хови, туку професија. -Јас кога ќе пораснам ќе бидам тркач. Сега ќе се трудам да бидам подобар секоја година. Освен што вежбам, јас постојано гледам трки со автомобили и мотори. И ќе дојде тој ден кога ќе излезам на светските големи трки. Со гордост ќе ја претставувам Македонија. Верувам дека ќе успеам, порачува Стефан во изјава за КУРИР.МК. Очекувано, кога го прашавме кој му е омилен возач, како од пушка одговори дека тоа е Иџе. Од формула, тој е фан на Себастијан Фетел, а секогаш навива и за мотоциклистот Валентино Роси. Само напред, Стефан!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/ekskluzivno-vnukot-na-idze-trgna-po-negovite-stapki-maliot-stefan-kje-bide-idnata-makedonska-gordost/feed/ 0
Валентино: Во Македонија не бев почитуван, но со полно срце и гордост би играл за репрезентацијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/valentino-vo-makedonija-ne-bev-pochituvan-no-so-polno-srce-i-gordost-bi-igral-za-reprezentacijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/valentino-vo-makedonija-ne-bev-pochituvan-no-so-polno-srce-i-gordost-bi-igral-za-reprezentacijata/#respond Tue, 17 Apr 2018 09:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=41710

Секогаш е добро да ги слушаме приказните на младите таленти од Македонија, но со сигурност впечатокот се намалува кога ќе дознаеме дека истите се повеќе почитувани надвор од нашите граници. Валентино Каранфиловски, од блиските викан само Тино, има 18 години. Со својот талент и успесите, го заслужи своето место во рубриката на КУРИР за младите таленти кои со голема чест ги промовираме. Тино е млад македонски кошаркар. Почнал да спортува на само 4-годишна возраст. Првата негова спортска љубов била каратето, но со баскетот во рака се пронајде себеси. Кошарка тренира осум години. По успесите постигнати дома, тој одлучува да се пресели, да живее и работи во Унгарија.

Како се одвиваше твојата кариера во Македонија?

-Започнав во клубот КК Глобал таму ги одиграв моите први две сезони во македонската младинска лига, каде во првата сезона го освоивме четвртото место на Final 4 турнирот, тоа беше прв таков успех за таа екипа. Следна моја дестинација беше клубот од Ѓорче Петров КК Квиско Баскет каде што мојот талент и напорно тренирање излезе на виделина благодарение на моите тренери Митко Костоски и Марјан Петревски и секако подршката на моите родители, мојата прва сезона во тој клуб ја заќитив со второ место и сребрен медал, вели младиот талент за КУРИР.

Зошто одлучи во друга држава да ги бележиш успесите? Како дојде до тоа да отидеш во Унгарија?

-Бидејќи да останев во Македонија ќе бев обично дете со сонови, додека јас го одбрав патот да си ги остварам своите сонови каде што ќе ме ценат и почитуваат. До тоа да отидам јас во Унгарија ми помогнаа таканаречени скаути од кои ќе издвојам само еден Габриел Мишевски. Секако јас ја видов таа шанса и ми се оствари еден од моите сонови, вели Тино.

Во моментов си на Академија и ја завршуваш истата. Кои активности ги имаш овој период?

-Оваа ми е последна година во овој клуб „Кошаркарска Академија Ратгебер“, каде што дојдов во почетокот на 2016-та година. Овој период за мене е најтежок, бидејќи за 2 недели почнува големото финале на Унгарската младинска лига во Њиреѓхаза. За 3 недели ми предстои матура на унгарски и секако упис на факултет, истакна тој.

Кои се твоите најголеми успеси досега, тимски и индивидуални?

- Мојот најголем тимски успех досега е минатогодишното трето место на државното Унгарско првенство. Индивидуално се повеќе, но би издвоил два поголеми успеси како најдобар асистент на Евролига за младинци во Централна Европа и најдобар играч на турнир во Крагујевац која би му ја посветил на мојот покоен тренер Митко Костоски.

Кои се твоите планови за во иднина? Во кој клуб се гледаш себеси?

-Прв план за во иднина ми е да завршам факултет тука во Унгарија, каде што најверојатно ќе играм и во наредните 2-3 сезони. Секако себеси се гледам во некој од поголемите клубови во Европа, но има некој поголем од нас што одлучува за нашата судбина, истакнува Тино во изјава за КУРИР.

Што е со македонската репрезентација? Зошто не играш за некоја од помладите селекеции?

-Секако би ми било чест и гордост да играм за македонската репрезентација, две години во ред не бев повикан ни на поширок список, ни на пробен тренинг со што кажува колку сум “почитуван“ од страна на нашите стручњаци. На второто прашање би оставил да одговорат тренерите на младинските селекции.

Во минатото тренираше и карате. Зошто престана и до кој појас стигна?

-Престанав поради една причина, тоа се секако неправилностите во сите споротови во нашата држава. Во каратето не се пронајдов себеси и не пронајдов шанса да го покажам својот талент надвор од границите на Македонија иако стигнав до кафеав појас, заклучува Тино. Што можеме ние да заклучиме од ова интервју? Македонија МОРА безрезервно да си ги почитува своите таленти. Младите спортисти, треба да дадеме се од себеси, да останат во својата држава. Таква почит од страна на Македонија, од нив ќе биде возвратена со низа успеси и награди под македонско знаме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/valentino-vo-makedonija-ne-bev-pochituvan-no-so-polno-srce-i-gordost-bi-igral-za-reprezentacijata/feed/ 0
Светот ѝ се поклонува, а Македонија се гордее со младата пијанистка Јована Трајчева (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/svetot-se-poklonuva-a-makedonija-se-gordee-so-mladata-pijanistka-jovana-trajcheva-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/svetot-se-poklonuva-a-makedonija-se-gordee-so-mladata-pijanistka-jovana-trajcheva-foto-video/#respond Tue, 10 Apr 2018 14:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=38689

Јована Трајчева е девојката на која со право можеме да бидеме сите горди. Светските најпознати имиња на оние кои свират пијано имаат сериозна наследничка од Македонија. Поради нејзиниот талент, постигнатите успеси, голема посветеност и уште поголема визија за  иднината на својата кариера, убавата Јована денес е лице на рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. Има 24 години, а свири од нејзина 8-годишна возраст. Прв пат на сцената, Јована застанала кога имала само 7 години, со настап на детскиот фестивал „Си-До“ во Битола. Младата пијанистка се посвети на своето образование со кое својата желба и хоби ги преточи во професија. -Се запишав во нижото музичко училиште во Скопје, на пијано во класата на професор Кармен Костова, а подоцна преминав во класата на реномираниот руски педагог Људмила Романова, каде и го завршив нижото музичко образование. Средното образование, факултетот и магистерските студии ги започнав и завршив во класата на професорката Нина Костова Јаневска, со највисоки оцени доделени од страна на испитната комисија, вели Трајчева во интервју за КУРИР.МК. Следуваа бројни настапи. Кој од кој поуспешен. Сите заслужни за огромни овации и аплаузи, но и за бројни значајни награди. Награди кои се заслужена пофалба за нејзиниот талент и посветеност, но и најголем мотив да продолжи да работи и да се надоградува. -Имам настапувано на сите концерти организирани од страна на училиштето, концерти во рамки на „Musica viva“, „Festivalite“, „Есенски музички свечености“, „ДММ“, „Скопско лето“, „Златна лира“. Освоив втора награда на меѓународниот натпревар „Mocartijana M“, втора награда на Државниот натпревар за млади изведувачи во Битола, трета награда на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“, ја освоив втората награда на Државниот натпревар во Скопје. Освоив прва награда на натпреварот во чест на „Chopin and Schumman“, а воедно добитник сум и на специјалната награда за најдобра изведба на Schumman. Освоив втора награда на „Полифон конкурс“, трета награда на Меѓународниот пијано натпревар во Босна. Втора награда освоив за заеднички настап со Инес Неделковска на Interntional Piano Competition "Duo Piano" во Монте Карло, каде прва награда не беше доделена.  Трета награда освоив на ENCOR International Music Competition 3rd edition, пофалница на Ibiza piano competition 2017, набројува Јована. Да се слуша оваа пијанистка е вистинско задоволство. Таа има одржано повеќе солистички рецитали, најмногу во Скопје, но и во повеќе други градови. -Како позначаен настап и прекрасно искуство би го издвоила настапот со Македонската филхармонија во 2015-та година. Имам учествувано и на сите семинари организирани од страна на руските педагози Борис и Људмила Романови, а имам искуство и како наставник по пијано во Државното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, вели младата пијанистка. -Пред настап секогаш гледам да сум физички одморена и сконцентрирана. Тремата во оваа професија е сосема нормална и секогаш присутна, некогаш повеќе, некогаш помалку. Јас по природа сум тремаџија, а перфекционист, па лично за мене видот на настанот и неговата важност не менуваат многу. За мене настап е настап, пред 10 или пред 1000 луѓе, јас секогаш се трудам и сакам да дадам се од себе, раскажува за КУРИР, Јована Трајчева. Таа толку ужива во својата љубов кон пијаното, што ги советува сите оние кои имаат желба и талент, да тргнат по нејзиниот пат. -Покрај тоа што музиката има моќ да влијае врз процесот на учење, развојот на мозокот и интелектот, во исто време ја изразува и нашата емоционална природа. За мене таа е начин на узразување и сметам дека може душевно да го исполни и збогати човекот како ниту една друга професија. Нема ништо поубаво од чувството после одличен настап, да видиш среќна и задоволна публика, вели пијанистката. Млада и успешна, но скромна и многу емотивна. Еве во што ужива Јована: -Јас сум емотивец, сакам музика која е богата и раскошна, а во исто време да е емотивна, едноставна и лесна за разбирање. Вљубена сум во романтизмот и руските композитори. Tchaikovsky, Rachmaninoff, Prokofiev... Уживам во нивната музика и сметам дека најмногу ми лежи, најпријатно се чувствувам, рече таа за КУРИР. Јована со огромна чест, пред светот ја претставува Република Македонија. Да биде претставник на својата земја за неа има голема тежина. Вели дека претставувањето на Македонија е поттик за секој млад човек и дека дава се од себеси да ја претстави државата во најпозитивно светло. Секако, бескрајно уживајќи во тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/svetot-se-poklonuva-a-makedonija-se-gordee-so-mladata-pijanistka-jovana-trajcheva-foto-video/feed/ 0
Млад македонски готвач ја покори Малта: Вкус, уметност и традиција од вештите раце на Зоран (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/#respond Sat, 24 Mar 2018 09:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=32676

За македонската храна светот одамна има слушнато. На нашите традиционални специјалитети се насладуваат сите кои ја посетуваат Македонија. Но, лесно е некој да вкуси одлични оброци, тешко е истите да се приготват. Зоран Богдановски од Скопје “занаетот“ го научи дома. Тој е млад професионален готвач. Откако со вкусовите експериментираше во земјава и кога ја проучи целата магија на храната, си постави себеси силни и високи цели. И замина да се усоврши себеси во Малта. Таму живее четири години, а предизвик му е секој еден зготвен оброк. Храната за него претставува професија, но и пасија и уметност. На неговото мени, во моментов е храна од кујната на Азија, а верувале или не, дури и во такви оброци ја вметнува традицијата на Европа. -Работам вo ресторан Buddhamann. Во суштина тоа е ресторан за традиционална азиска кујна. Јас ги земам класичните традиционални рецепти од нивната култура и традиција, но ги пренасочувам во европски стил. Тоа значи дека пробувам да им вметнам европско влијание на начин што ја преработувам храната, но и нејзиното презентирање. Кога почнав да работам во оваа компанија имав малку загубена волја да давам се од себеси. Но, тоа што овде го видов ми даде огромен поттик да продолжам да ја работам професијата која ја сакам. Научив многу. Видов рецепти и јадења кои за мене беа “од друг свет“, рече Зоран во изјава за КУРИР.МК. И навистина, на ова работно место, вештите раце на нашиот готвач, се максимално искористени. Кога влезе во нивната кујна, Зоран ги запозна тајните во кулинарството од една сосема поинаква страна. -Го запознав течниот азот и неговата магија. Научив што може да се постигне со него. Видов молекуларни сфери, пена која заменува глазури и сосови и е многу поефектна. Бев запознаен со францускиот начин на готвење sous-vidе, готвење на месо по 40 часа на фиксна температура…. Добив сосема поинаков видик на храната и готвењето генерално, раскажува тој. Богдановски тој период неуморно работи. Секој ден му е нов предизвик. Ужива во секоја готова чинија, идеална и за јадење и за гледање. Резултатите од макотрпната работа, брзо ги чувствува. -Менаџментот на компанијата веднаш ја забележа мојата посветеност и мојот талент. Ми понудија да го водам ресторантот и да се грижам за него. Тоа беше огромен предизвик. Решив да го прифатам. Ја искористив шансата, продолжив да работам силно за да не ги изневерам. Таа година бев прогласен за најдобар готвач новодојденец. Истата година добив повик од најчитаниот магазин за храна во Малта, “Foodist”. Изразија интерес за начинот на кој готвам, а по една недела веќе тропнаа на мојата врата. Ги погледнаа и вкусија моите јадења, беа воодушевени. Ги фотографираа чиниите, направивме фотосесија и од нив ги добив сите пофалби. Тоа многу ни помогна, ни го крена рејтингот на ресторанот. Потоа следуваше уште едно позитивно изненадување. Бевме прогласени за еден од најдобрите 10 ресторани на Макта, раскажа Зоран за КУРИР.МК. Убаво велат старите дека добриот глас далеку се слуша. Тоа му се случи и на нашиот готвач. Минатата година врвни готвачи од многу земју ширум светот го посетија ресторанот и ја следеа работата на нашиот Зоран. Од нив научи значајни лекции. -Запознав врвни готвачи од Шпанија, Франција, Индија, Тајланд... Сите тие несебично ги поделија со мене своите искуства и ми помогнаа во зголемување на мојот репертоар на техники на готвење, вели тој. И еден ден, Зоки помисли дека иако дава премногу, неговиот талент може многу повеќе. Освен неговиот талент за готвење, за оваа негова одлука пресудни биле решителноста, храброста и посветеноста кои ги поседува во својот карактер. -Во првиот момент кога почувствував дека еуфоријата сака да ми згасне, ги превземав работите во свои раце.Одлучив дека повеќе не сакам да работам по старо мени и решив да воведам мени кое содржи 11 мини стартери, еден интермедиате стартер и две главни јадења. Следеше БУМ. Ресторанот стана многу популарен и заинтересираноста беше огромна, раскажува за КУРИР младиот талент. За него се заинтересира и националната телевизија во Малта. Тие го посетиле нашиот Зоран заедно со екипа од порталот LovingMalta. Направиле врвна експлозија од илустрации во кои храната има форма на предмети од секојдневието. Потоа дојдоа и наградите во вистински раце. -На крајот на 2017-та година на доделувањето на награди за најдобри ресторани добивме „silver spoon award“. Добивме прво место за најдобар ресторан во Малта. Поседуваме и награда за најдобра услуга во ресторанот, рече тој. Ни вети дека ќе оди само напред. Дека досегашниот успех ќе му биде само мотив дека она што искрено се посакува, може да се исполни. Ние му посакуваме многу успех, но и некогаш да ја продолжи професијата дома, за најуникатните вкусови да ги проба и Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/feed/ 0
Врвен во хип хоп, одличен во кошарка: Бојан има 13 години, голем талент и импресивна амбиција https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/vrven-vo-hip-hop-odlichen-vo-kosharka-bojan-ima-13-godini-golem-talent-i-impresivna-ambicija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/vrven-vo-hip-hop-odlichen-vo-kosharka-bojan-ima-13-godini-golem-talent-i-impresivna-ambicija/#respond Tue, 13 Mar 2018 14:45:39 +0000 http://kurir.mk/?p=29612

Бојан Киселички од скопската населба Козле има 13 години. Одличен е во играње хип хоп и со неговите настапи ја претставува Македонија на меѓународни натпревари. Огромен талент има и за кошарка, па овој спорт го избра како негово второ хоби. Со успесите, посветеноста, талентот и упорноста, Бојан заслужи да биде дел од рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. На само 9 годишна возраст, Бојан почнал да се пронаоѓа себеси во хип хопот. Додека неговите врсници во тој период од животот денот го делат на “време за училиште“ и “време за играње“, Киселички одлучил дека неговите денови ќе бидат исполнети и со други обврски. Неговата поголема сестра го откри талентот на ова тогаш мало дете, а судејќи по она што го постигна денес, испраќаме големо БРАВО до неа. -Уште од второ оделение мое хоби беше кошарката, меѓутоа после две години за прв пат се појави мојата желба да се запознаам со хип хопот. Додека гледав видеа од познати хип хоп танчери, решив дека и јас сакам да пробам вакво нешто, за кое што воопшто не се покајав. Мојот талент и чувство за танц го откри сестра ми, која професионално се занимава со истиот. Меѓутоа мојата прва инструкторка Ивана Балабанова, беше таа која го откри мојот талент за хип хоп, за кој никој претходно не знаеше, па дури ни самиот јас, рече Бојан во интервјуто за КУРИР.МК. На подготовка троши доста време, како на часовите, така и дома. Важи за весело момче кое обожава музика и танц, кое секогаш е едно од најзабавните во друштвото. - За да спремиме една кореографија за некој настап или натпревар, работиме по неколку месеци, зависно од тоа за каков настан се спремаме. Кога се спремаме за натпревари каде кореографиите се посложени и временски подолги, најчесто работиме по пет или шест месеци, кога се спремаме за кратки манифестации работиме еден или два месеци, рече Бојан. Танцува сам, но и групно. Еднакво ужива работејќи, но сепак издвојува што повеќе го привлекува. - Многу повеќе ме привлекува соло танцот отколку групниот танц, бидејќи можам да ги истакнам моите моментални чувства и да креирам нешто свое, во свој стил, каде ми е дозволена слобода во движењата. Во групниот танц мора да се придржуваме кон зададените движења од кореографијата, но тоа што најмногу ми се допаѓа во групниот танц е дружбата со соиграчите, која е незаменлива, вели младиот талент. Целиот труд му се исплати. Горд е на секоја награда која му дава мотив да вложи повеќе во себе, да се надоградува и да го исполни секој замислен успех. А кога таму, на сцената, по одлично изигран танц и освоена награда, ќе го покаже македонското знаме, аплаузите ги добива и од земјата која ја претставува. - Во првата година од моето изучување на хип хопот, каде подготовката траеше само шест месеци, го освоивме првото место на светското првенсто во Пореч, Хрватска, 2015-та година, во категорија Деца. Потоа во 2016-та година освоивме прво место на Интернационалниот натпревар во Бар, Црна Гора, а истата година во Македонија освоивме трето место на МАМТ - Македонска Асоцијација за модерни танци. Во 2017-та година на светското првенство во Пореч го добивме петтото место, каде конкуренцијата беше многу поискусна од нас, бидејќи ние истата година влеговме во категоријата Јуниори. На крајот на 2017 година бевме во Ниш, Србија, каде го освоивме првото место на Интернационалниот натпревар, гордо раскажува Бојан за КУРИР. Не ја заборави ниту својата прва љубов-кошарката. Нашиот млад талент не мирува. - Покрај љубовта и посветеноста кон хип хопот, подеднакво се посветувам и на кошарката, која пред се беше мое прво хоби. Тренирам во клубот Водњански Лисици и за кошаркарскиот тим на моето основно училиште „Владо Тасевски“, каде мои тренери се Амди Муса и Антонио Стојоски. Тренирам пет пати во неделата по еден ипол час, истакнува Киселички. Само што навлезе во тинејџерството, па Бојан и покрај многубројните обврски, наоѓа време за работите кои му се потребни на секое момче на негови години. - Не секогаш имам многу слободно време, бидејќи секој ден ми е определен за некоја активност. Некогаш хип хоп, некогаш кошарка, некогаш на курс и учење за во училиште. Меѓутоа секогаш пробувам да најдам време за моите другари, за дружење со мојата фамилија и се разбира време за видео игри, ни откри Бојан. Ни се наметна прашањето, за вака зрело момче, што планира за својата иднина? Одговорот е интересен и уште еднаш потврдува колку е амбициозен нашиот млад талент. - Во иднината се уште не се гледам себеси со некоја определена професија, но мислам дека ќе се стремам кон професионална надоградба на едно од овие две хобија. Во моментов и двете се моја главна цел и сакам подеднакво да се надоградувам. Сепак започнав да тацувам мислејќи дека хип хопот нема да е толку важен дел од мојот живот, но се случи спротивното. Иако танцувам само четири години, никогаш не сум гледал на танцот од компетативен аспект, напротив, го чувствувам како дел од мојата лична надоградба и афирмација. Додека пак кошарката е она што ме крева во воздух и прави да се чувствувам здрав и цврст. Уште од мали нозе се гледав себеси како еден врвен и успешен кошаркар, заклучува Бојан Киселички во интервјуто за КУРИР.МК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/vrven-vo-hip-hop-odlichen-vo-kosharka-bojan-ima-13-godini-golem-talent-i-impresivna-ambicija/feed/ 0