Младинска Лига на Шампиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Oct 2021 18:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Младинска Лига на Шампиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младите фудбалери на Шкендија и во реваншот поразени од Хајдук https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mladite-fudbaleri-na-shkendija-i-vo-revanshot-porazeni-od-hajduk/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mladite-fudbaleri-na-shkendija-i-vo-revanshot-porazeni-od-hajduk/#respond Wed, 20 Oct 2021 18:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=582750

Надежите на Шкендија загубија по втор пат од врсниците од Хајдук, вечерва во Сплит со 1-3 во реванш мечот од првото коло во младинската Лига на шампиони и со вкупни 1-5 го завршија настапот за оваа сезона во најелитно натпреварување во младинска конкуренција. После скопските 0-2 со кои Хајдук практично си го осигура второто коло, денеска само рутински го завери пласманот, без оглед што Шкендија беше таа која најави изненадување, но радоста само кратко траеше.
Откако Меметриза Хамза во 29-та минута погоди за водство на тетовци, Хајдук набрзина одговори и до полувреме направи пресврт за да исчекори кон втората победа. Две минути по примениот гол, Мате Антуновиќ израмни, па Филип Чуиќ, кој ги даде двата гола во Скопје погоди во 40-та минута од мечот. За да заврши со втор триумф за „билите“, Марко Бркљача на десет минути пред крајот даде трет гол за да ја запечати победата. За Шкендија ова беше трето учество во младинската ЛШ, откако пред две години Динамо Киев ги распарчи тетовските надежи со вкупни 10-2, после убедливите 8-0 во првиот меч од двомечот, а две години претходно, Нитра со вкупни 2-1 ги елиминираше тетовските младинци (1-0, 1-1).
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mladite-fudbaleri-na-shkendija-i-vo-revanshot-porazeni-od-hajduk/feed/ 0