младински образовен форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 12:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png младински образовен форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОФ: Македонија ја губи битката за квалитетно образование, потребни се итни реформи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mof-makedonija-ja-gubi-bitkata-za-kvalitetno-obrazovanie-potrebni-se-itni-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mof-makedonija-ja-gubi-bitkata-za-kvalitetno-obrazovanie-potrebni-se-itni-reformi/#respond Tue, 24 Jan 2023 12:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=791160

Младински образовен форум (МОФ) итно бара надлежните да почнат со реформирање на образовниот систем и сериозно инвестирање во него – во спротивно, смета дека образованието ќе стане целосно нефункционално што, пак, целосно ќе се рефлектира на функционалноста и на државата. По повод Меѓународниот ден на образованието – 24 Јануари, МОФ во соопштение оценува дека македонскиот образовен систем е нефункционален и „во слободен пад“. -Со години наназад властите – минати и сегашни постојано нѐ уверуваат дека образованието е иднината и дека образованието е клучниот рецепт за успех на една држава. Сепак, тоа за жал е само декларативно, а рецептот е очигледно неуспешен. Второто полугодие во 2023 година учениците од државните училишта го започнаа исто како и почетокот на училишната година во септември – со недостаток на учебници. Ако една држава не може да го испорача наједноставното / најелементарно за еден образовен процес – навремено да нарача и да испечати учебници, тогаш како може да очекуваме дека некогаш ќе стигнеме барем блиску до останатите развиени образовни системи?, наведува МОФ. Недостигот на учебници не е единствениот проблем, години наназад на речиси сите меѓународни и национални истражувања и анализи, додава МОФ, се укажува дека „македонскиот образовен систем е во слободен пад и никој не презема нешто за суштински да го смени тоа“. – Важно е да се напомене и дека младите од руралните области и младите од урбаните средини немаат ист пристап до образование ниту, пак, исти можности. Во 2023 година за нашата држава сѐ уште не е проблем тоа што голем дел од учениците во руралните средини одат во училишта кои се без елементарни услови, нереновирани со децении, без функционални тоалети. Младите ученици со попреченост сѐ уште се на маргините. Многу од овие ученици учебната година ја започнаа без проценка, без асистент, без индивидуален образовен план. Има сѐ уште училишта кои не се пристапни – немаат пристапни рампи, немаат лифтови, адаптиран мебел или, пак, адаптирани тоалети. Дополнително, младите од поправните домови немаат пристап до образование со што дополнително им се отежнува процесот на рехабилитација и интеграција назад во општеството, пишува во реакцијата/став на Младинскиот образовен форум. Дека за нашата држава образованието и науката се прашања кои се целосно на маргините, смета МОФ, доволно е да се види и во буџетот за 2023 година. -Буџетот за наука предвиден за следната 2023 година, со Предлог-буџетот кој го изгласа Владата, изнесува само 268 милиони денари и е најнизок во последниве 10 години.Дополнително, иако државниот Буџет секоја година се зголемува, оваа година за наука биле предвидени дури 42% помалку пари во споредба со 2014 година, а за следната се предлагаат дури 66 отсто помалку во споредба со тогаш. Оттука, воопшто не треба и да не чуди фактот што нашиот најголем и најстар универзитет постојано опаѓа на меѓународните рангирања и наместо секоја година да оди нагоре – како тоа што се случува со високообразовните институции во регионот – кај нас оди само надолу. Во споредба со универзитетите од регионот најголемиот македонски универзитет се наоѓа при дното, далеку зад најголемите универзитети на Грција, Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија, наведува МОФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mof-makedonija-ja-gubi-bitkata-za-kvalitetno-obrazovanie-potrebni-se-itni-reformi/feed/ 0
Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-del-od-profesorite-voopshto-ne-se-ni-zapoznaeni-kako-da-rabotat-so-digitalnite-platformi-za-predavanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-del-od-profesorite-voopshto-ne-se-ni-zapoznaeni-kako-da-rabotat-so-digitalnite-platformi-za-predavanje/#respond Sat, 11 Jul 2020 09:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=373860

Младински образовен форум со ученици од девет училишта од пет града реализираше анализа за нивните искуства од далечинското учење со цел креирање на конкретни препораки и подобрување на системот на далечинско учење кој за прв пат се имплементираше во нашиот образовен систем. Учесниците на фокус-групите зборувале за генералното искуство со концептот на далечинско учење, спроведувањето на наставата, комуникацијата со наставниците, како и за начинот на оценување на нивните знаења. Учениците потенцирале за невоедначеното предавање на наставните содржини, потешката комуникација со професорите, недостатокот на учебни материјали, но и нефер оценувањето и просторот за препишување и мамење на тестовите. – Недостаток на образовниот систем е тоа што голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање. Во фокус-групите, средношколците споделуваа дека за нивните професори било тешко да ги закажуваат онлајн средбите и дека нивната неподготвеност за работа со технологија сериозно влијаела на онлајн наставата. – „Tребаше да се вклучат повеќе“; „Професорите не се залагаа. Ние им велевме на немотивираните професори дека ќе организираме ЗУМ средба, а тие треба само да се вклучат.“ – вели еден од учесниците на фокус групите, велат од МОФ. Оттаму посочуваат дека загрижува тоа што начинот на спроведување на далечинското учење не успеа да обезбеди еднакво образование за сите ученици – имплементацијата се разликува од училиште во училиште, па дури и помеѓу професорите во исто училиште „Кај нас секој професор имаше своја дефиниција за далечинско учење. Немаше унифицираност. Само еден професор се трудеше и другите професори го исмејуваа“ – споделувал еден од учесниците на фокус-групата. – Во текот на далечинското учење, единствен помагател на учениците беа учебниците кои веќе ги имаа на располагање – „Книгите не ми помагаа многу, ми требаше некој да објасни. Многу натежнуваа професорите да се користиме со интернетот, иако треба да се користат и книгите.“ – Иако учебниците во нашиот образовен систем се бесплатни и достапни за сите ученици, во услови на дигитално образование, материјалите за учење не беше лесно да стигнат до сите, учесниците споделија и дека дел од нивните соученици не можеле да стигнат до учебните материјали, се наведува во анализата на МОФ. Од МОФ истакнуваат дека преминот од офлајн во онлајн просторот го отежнува процесот на изведување на настава за сите учесници во процесот (ученици, професори и надлежни институции) и ги изнесува на виделина веќе постоечките проблеми со образовниот систем на државата како недостаток на дигитализација и технолошка неподготвеност на наставниот кадар. – Пред сè, мора да се води сметка за инклузивноста на образовниот процес, градење на капацитетите на професорите за работа на дигитални платформи и виртуелна работа со ученици, решавање на проблемот со недостаток на компјутерска опрема во семејствата со повеќе ученици, но и креирање на конкретен план и програма за компетенции кои целиме да ги изградиме и развиеме кај учениците во оваа академска година. Изминатите месеци, велат од МОФ, училиштата беа оставени сами на себе при изведбата на наставата, изнаоѓајќи различни начини кои не секогаш беа функционални и ефективни во смисла на квалитетно предавање на наставниот материјал. – Оттука, токму и поради недостатокот на унифициран пристап и јасни насоки дадени од надлежните институции, учениците беа изложени на настава со низок квалитет, лоша двонасочна комуникација професор-ученик, но и соочени со необјективно и нефер оценување. Истражувањата на Светска банка велат дека во „нормални услови“, 11 години во нашиот образовен систем се еднакви на 7 години стекнато знање – можеме само да замислиме колкави штети и последици ќе остави на денешните ученици и студенти бавното придвижување кон далечинското образование и дигитализацијата, се вели во анализата на МОФ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-del-od-profesorite-voopshto-ne-se-ni-zapoznaeni-kako-da-rabotat-so-digitalnite-platformi-za-predavanje/feed/ 0