младо вино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 13:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png младо вино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фестивал на младо вино во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/festival-na-mlado-vino-vo-kavadarci-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/festival-na-mlado-vino-vo-kavadarci-2/#respond Sat, 19 Nov 2022 13:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=763410

„За виното во хармонија со природата“ е мотото под кое денеска во Кавадарци се одржува 13. Фестивал на младо вино. На настанот кој традиционално се одржува во кругот на винаријата „Тиквеш”, се дегустираат вината од последната берба за да се оцени нивниот квалитет и потенцијал. Со  тоа, како што беше нагласено, се создава значајна винска традиција и се зајакнува винската култура во земјата. Претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски истакна дека на овој фестивал се прославува во чест на виното и се согледуваат резултатите од последната гроздоберска сезона. -„Тиквеш” е македонски  вински амбасадор во светот. Успеавме да направиме прекрасни вина. Има прекрасни ноти кои треба да ги препознаете. Ние сме одговорна компанија, заедно со лозарите разговараме за успех. Работиме на иновации, инвестираме во зелени проекти и зелена енергија, сертифицирани лозја за органски проузводи. Сето ова ми дава за право да кажам дека сме зелена винарија и во целосна хармонија со природата. Искуството ќе го споделиме со другите, за младите да останат овде и за иднината, нагласи Јаневски пред присутните.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/festival-na-mlado-vino-vo-kavadarci-2/feed/ 0
Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/enolozi-kje-degustiraat-i-ocenuvaat-mlado-vino-gi-povikaa-semejnite-proizvoditeli-da-dostavat-mostri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/enolozi-kje-degustiraat-i-ocenuvaat-mlado-vino-gi-povikaa-semejnite-proizvoditeli-da-dostavat-mostri/#respond Mon, 22 Nov 2021 12:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=598256

Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри. -Сите заинтересирани можат да достават мостри за оценување на нивното младо вино, произведено од грозје од годинешнава реколта, до 29 ноември. Дегустацијата и оценувањето на младо вино годинава ќе се одржи на 1 и 2 декември во Кавадарци, информираа денеска од Здружението на македонски енолози винари, со седиште во Кавадарци. Мостри може да се доставуваат во Неготино, Кавадарци и во Скопје. Треба да има достава на две шишиња по мостра, податоци за производителот, сорта на грозјето од кое е направено виното и телефонски број за контакт. За секоја мостра треба да се уплати по 300 денари на жиро сметка на Здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/enolozi-kje-degustiraat-i-ocenuvaat-mlado-vino-gi-povikaa-semejnite-proizvoditeli-da-dostavat-mostri/feed/ 0
Тиквеш фестивал на младо вино 2021: Да наздравиме за посреќна иднина https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/tikvesh-festival-na-mlado-vino-2021-da-nazdravime-za-posrekjna-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/tikvesh-festival-na-mlado-vino-2021-da-nazdravime-za-posrekjna-idnina/#respond Mon, 22 Nov 2021 11:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=598208

По минатотогодишното онлајн издание, Винарската визба „Тиквеш“ оваа година ја продолжи традицијата на Фестивалот на младо вино во својот вообичаен формат и на добро познатата локација. Оваа година, наместо два, фестивалот се одвиваше во текот на три дена, со цел да се обезбеди што поголем број јавни личности, соработници на винарницата, претставници на дипломатскиот кор, институциите, бизнис секторот и на медиумите од земјава и регионот да можат да уживаат во младите вина од последната берба, а притоа да се чувствуваат безбедно, почитувајќи ги пропишаните мерки за заштита од Ковид-19. -Ме радува што сме повторно овде во ,Тиквеш’, на местото каде што се создава врвното вино и што имаме можност да ја продолжиме оваа традиција, да прославиме со она што нé спојува, а тоа е љубовта кон виното и животот и секако заедно да наздравиме за посреќна иднина“, истакна меѓудругото претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во своето поздравно обраќање на годинешниот Фестивал на младо вино. „Благодарение на големите залагања на целиот тим и на нашите партнери - лозарите, како и на обемните вложувања и нашето инсистирање и упорност во почитување на стандардите и оваа година успеавме да произведеме одлични вина, кои верувам дека ќе ни донесат нови високи оценки и признанија и со тоа ќе останат најдобрите амабасадори на нашата земја и на нејзините уникатни убавини во светот“, потенцираше Јаневски. Според оценките на енолозите и првите впечатоци од дегустираните млади вина од страна на посетителите на фестивалот, вината на „Тиквеш“ од годинешната берба се со одлични карактеристики. Белите вина располагаат со одлична ароматика и свежина, розе вината изобилуваат со нежни овошни ноти и свеж вкус, а црвените се истакнуваат по својата комплексност и структура. Особено висок потенцијал за освојување нови награди и признанија на реномирани светски вински натпревари имаат вината добиени од црвените сорти: вранец, каберне совињон, сира, мерло и гренаш, а кај белите сорти се истакнуваат белите вина од сортите темјаника и траминец. Инаку, покрај одличното вино и вкусната храна, за добрата атмосфера во текот на трите дена од годинешниот Фестивал на младо вино се погрижија Мијата и Дани од македонската поп-музичка сцена, како и Амира Медуњанин и Нина Бадриќ, како претставнички на регионалната музичка сцена, а водител на настанот беше актерот Сашко Коцев. И оваа година, согласно својата определба за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ им овозможи на сите посетители на Фестивалот да дадат свои парични донации, а за возврат винарницата на секој од нив им подари уникатно младо вино, кое не може да се најде во продажната мрежа. Собраните средства се наменети за поддршка на функционирањето и активностите на организацијата СОС Детско Село. Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се одржува секоја година во третиот викенд од месец ноември, истовремено со останатите фестивали ширум светот посветени на младото вино. Овој фестивал е прв од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји - производители на вино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/tikvesh-festival-na-mlado-vino-2021-da-nazdravime-za-posrekjna-idnina/feed/ 0
Поради коронавирусот се откажува натпреварот за најдобро младо вино произведено во домашни услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-koronavirusot-se-otkazuva-natprevarot-za-najdobro-mlado-vino-proizvedeno-vo-domashni-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-koronavirusot-se-otkazuva-natprevarot-za-najdobro-mlado-vino-proizvedeno-vo-domashni-uslovi/#respond Thu, 12 Nov 2020 10:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=428439

Дегустација, оценување и награди за млади вина од домашни производители за денот на „Beaujolais nouveau“ за 2020 година се откажува поради пандемијата од Ковид-19, информираат од Здружението на македонски винари. – За жал ваквите одлуки се тешки, но неопходни, со цел да се вклучиме во борбата против ширењето на Ковид-19. Цврсто веруваме дека наредната година ќе ни донесе подобрување во сите сегменти на нашиот живот, а дотогаш на сите винари и љубители на доброто вино кои со нетрпение го чекаа овој настан, им посакуваме пред сѐ добро здравје и секое добро, нагласија од Здружението. Оттаму препорачаа да се консумира одговорно, за добро здравје и подобри времиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-koronavirusot-se-otkazuva-natprevarot-za-najdobro-mlado-vino-proizvedeno-vo-domashni-uslovi/feed/ 0
Фестивал на младо вино во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-mlado-vino-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-mlado-vino-vo-kavadarci/#respond Sat, 08 Dec 2018 14:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=137507

Фестивал на младо вино „Тиквешија 2018” се реализира во Кавадарци, во организација на Здружението „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје, а со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Учествуваат 14 индивидуални производители на вино и производи од грозје, како и средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров”, во кое учениците го учат занаетот за правење вино, под надзор на своите професори. – Целта е да се поттикнат лозарите самите да произведуваат вино и со тоа да допринесат за конкуренција и постигнување на поголема цена за килограм грозје. Од друга страна, имаме такви производители на грозје кои веќе се добри мајстори на вино, па би сакале во иднина таа своја умешност да ја претворат во мали семејни бизниси, изјави за МИА, Панче Арсовски, директор на Фестивалот. Љубителите на производи од грозје, уживаат во дегустација на разни вина, ракија и маџун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-mlado-vino-vo-kavadarci/feed/ 0