млекопроизводители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 18:09:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png млекопроизводители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протест на српските млекопроизводители пред Министерството за земјоделство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-srpskite-mlekoproizvoditeli-pred-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-srpskite-mlekoproizvoditeli-pred-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/#respond Fri, 03 Feb 2023 18:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=795894

Српските производители на млеко денеска протестираа пред Министерството за земјоделство во Белград незадоволни од ниските откупни цени на млекото. Во знак на протест, производителите истурија увозно млеко и фекалии на улицата пред Министерството за земјоделство. Производителите на млеко поднесоа шест барања до Министерството за земјоделство, вклучително и премија за млеко од 20 српски динари (околу 10 денари) за литар, замрзнување на увозот и дозвола за извоз на млеко. Тие бараат и државна поддршка во износ од 40.000 динари (околу 20.000 денари) по грло. Демонстрантите бараат и формирање работна група за млечниот сектор, како и загарантирана цена на млекото. Тие истакнаа дека нивна цел е да го спасат селото. Тие се заканија и со поголеми протести доколку не се исполнат нивните барања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-srpskite-mlekoproizvoditeli-pred-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/feed/ 0
Исплатени 89.455.245 денари на 5 851 млекопроизводител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/isplateni-89-455-245-denari-na-5-851-mlekoproizvoditel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/isplateni-89-455-245-denari-na-5-851-mlekoproizvoditel/#respond Fri, 07 Oct 2022 09:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=742284

Платежната агенција соопшти дека денеска се исплатени 89.455.245 денари на 5 851 млекопроизводител за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Исплатите се однесуваат на предадено млеко во јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко. -Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за пет месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури, информира директорот Бачовски. Агенцијата продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/isplateni-89-455-245-denari-na-5-851-mlekoproizvoditel/feed/ 0
Владата гази и по млекарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gazi-i-po-mlekarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gazi-i-po-mlekarite/#respond Sat, 03 Oct 2020 17:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=412017

По овоштарите и лозарите, незадоволство и кај млкекопроизводителите. Млекарите гневни на власта, излегоа на протести и бараат поддршка од власта субвенции и повисока цена на млекото. Млекопроизводителите велат дека се заборавени од власта со 4 от пакет на мерки и бараат поддршка од Владата со новиот ребаланс на Буџетот. Бараат да им се исплатат субвенциите за цела 2019 година и половина од 2020 година како и субвенциите за по грло задобиток за 2020 година бидејќи млекарите не се опфатени во ниедна мерка. Бараат ваучери, помош, и се жалат дека не се заштитени од никого. Доколку не им се исполнат барањата велат дека ќе превземат радикални мерки. Се жалат дека сточарството во Македонија се уништило и бараат повисока цена на млекото. Пелагониските млекопроизводители вчера излегоа на предупредувачки протест со повеќе барања. Тврдат дека се забореване од власта, пари нема, а производствените трошоци секојдневно им се зголемуваат. Бараат парите за неисплатените субвенции за година и пол да се обезбедат со ребалансот на буџетот. -Да се исплатат субвенциите за цела 2019, поливина од 2020 и субвенции за грло добиток за 2020, бидејќи нашите земјоделски фирми, нашите физички лица, не се опфатени во ниту еден пакет, рече Борче Бучински млекопроизводител од Могила. Млекопроизводителите не се задоволни ниту со откупните цени на млекото. Велат, млечните производи постојано поскапувата во малопродажба, но од тие покачувања за нив нема ни денар, поради што нема интерес за сточарството, а сточарите се десеткувани. -Ние имаме трошоци, се оди нагоре, се се поскапува, а нашето млеко стои во место, ниту се споменува дека ќе му се помогне на сточарот, вели Гоце Кантаровски, млекопроизводител од Могила. Млекопроизводителите од Пелагонија најавија радикални протести, со блокада на магистрални патишта, доколку за една недела не добијат одговор за нивните барања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gazi-i-po-mlekarite/feed/ 0
Решено барањето на млекопроизводителите за откуп на млекото во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба стабилна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/resheno-baranjeto-na-mlekoproizvoditelite-za-otkup-na-mlekoto-vo-debar-i-centar-zupa-bezbednosnata-sostojba-stabilna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/resheno-baranjeto-na-mlekoproizvoditelite-za-otkup-na-mlekoto-vo-debar-i-centar-zupa-bezbednosnata-sostojba-stabilna/#respond Thu, 19 Mar 2020 12:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=318945 Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Притоа, додаваат оттаму, локалната самоуправа, во соработка со Центарот за управување со кризи и другите надлежни субјекти во кризниот штаб, го реши вчерашното барање на група млекопроизводители за изнаоѓање начин за откуп на нивното млеко.

Во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа, од МВР информираат дека не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти и не се регистрирани сообраќајни незгоди.

– Непречено продолжуваат активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа и во координација со локалната самоуправа, со кризниот штаб, со Центарот за управување со кризи и се во насока на контрола на целото подрачје, посебно на угостителските и другите јавни објекти – маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници. Целта е доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на коронавирусот, се наведува во соопштението.

Од МВР соопштуваат дека на терен без проблеми и застои се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Непречено се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

– Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, стои во соопштението.

МВР апелира до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот Ковид-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, додаваат, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/resheno-baranjeto-na-mlekoproizvoditelite-za-otkup-na-mlekoto-vo-debar-i-centar-zupa-bezbednosnata-sostojba-stabilna/feed/ 0