ММФ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 14:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ММФ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ и ММФ со задничка оценка за одличните резултати на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-mmf-so-zadnichka-otsenka-za-odlichnite-rezultati-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-mmf-so-zadnichka-otsenka-za-odlichnite-rezultati-na-srbija/#respond Mon, 30 Oct 2023 14:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=894560

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со која разговараше за фискалната, монетарната и енергетската стабилност, јави дописникот на МИА од Белград. „Шефот на Мисијата на ММФ, Донал Мекгетиган, истакна дека Србија постигнала одлични резултати, строго следејќи ги препораките на ММФ и имплементирање на целите дефинирани со аранжманот со оваа институција. За тоа сведочат рекордните девизни резерви, добрите резултати на фискалната политика, високиот прилив на директни странски инвестиции, како и податоците од пазарот на труд за силен раст на вработеноста“, соопштија од службата за односи со јавност на српскиот претседател. Во соопштенеито се наведува дека Мекгетиган нагласил дека Србија навремено реагирала со соодветни економски мерки на инфлаторните притисоци и дека ММФ очекува стапката на инфлација на крајот на годината да биде на или под осум отсто. Зборувајќи за реформата на државните и јавните претпријатија, претставниците на ММФ ги поздравија преземените чекори за трансформација и стабилизирање на ЕПС и укажаа на неопходноста од забрзување на реструктуирањето на државните претпријатија. Вучиќ се заблагодарил за оценката дека Србија одговорно ја спроведува програмата договорена со ММФ. Тој посочи дека е зачувана макроекономската стабилност, како и доброто деловно опкружување и додаде дека и покрај бројните предизвици на светскиот пазар, Србија успеала да ја зачува економијата, па дури и дополнително да ја зајакне, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-mmf-so-zadnichka-otsenka-za-odlichnite-rezultati-na-srbija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mmf-prognozira-dvotsifrena-inflatsija-za-makedonija-a-kovachevski-dopolnitelno-zgolemuva-tseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mmf-prognozira-dvotsifrena-inflatsija-za-makedonija-a-kovachevski-dopolnitelno-zgolemuva-tseni/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=890578

ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Проекциите на ММФ се дека Македонија ќе ја заврши 2023 година со двоцифрена инфлација. Во моментот Македонија има за 50% поголема инфлација од Еврозоната. Бројките и фактите покаажуваат дека инфлацијата не е увезена, туку дека е во целост производ на неспособноста и криминогеноста на Ковачевски и Ахмети. И наместо власта да презема мерки за намалување на инфлацијата, Ковачевски го зголемува ДДВ за 1000 производи, а со тоа и цените на најголем број од основните прехранбени продукти, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mmf-prognozira-dvotsifrena-inflatsija-za-makedonija-a-kovachevski-dopolnitelno-zgolemuva-tseni/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Бројките на ММФ покажуваат дека СДС ја води државата во економска пропаст со двоцифрена инфлација и слаб раст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-brojkite-na-mmf-pokazhuvaat-deka-sds-ja-vodi-drzhavata-vo-ekonomska-propast-so-dvotsifrena-inflatsija-i-slab-rast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-brojkite-na-mmf-pokazhuvaat-deka-sds-ja-vodi-drzhavata-vo-ekonomska-propast-so-dvotsifrena-inflatsija-i-slab-rast/#respond Sun, 15 Oct 2023 10:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=889015

Бројките на ММФ покажуваат дека СДС ја води државата во економска пропаст со двоцифрена инфлација и слаб раст, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски. ММФ прогнозира 10% инфлација за Македонија за 2023, а СДС со розеви наочари гледаат 5%. Добро би било да поделат такви наочари на 1 милион и 800 илјади кои останаа во државата па може и некој ќе им поверува. Тешко дека граѓаните ја гледаат економската ренесанса за која СДС зборува, кога во суштина сме зад Косово, Албанија и Црна Гора по економски раст. Сите три држави од нашето опкружување имаат економски раст за 50% поголем од Македонија. Пресовите на СДС се како провоцирање и свесно подбивање со граѓаните, особено што до крајот на година ќе имаме над половина милион луѓе кои живеат во сиромаштија. Со СДС економија не само што застана, туку тргна назад. Единствено на кој му оди напред е на Ковачевски, Груби и таквите како Каевски кои на 30 години и политички активизам имаат милиони на сметка и огромен имот, стои во реакцијата на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-brojkite-na-mmf-pokazhuvaat-deka-sds-ja-vodi-drzhavata-vo-ekonomska-propast-so-dvotsifrena-inflatsija-i-slab-rast/feed/ 0
Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitskoski-poradi-epskata-nesposobnost-na-vladata-imame-dvojno-promashuvane-od-prognozata-na-mmf-i-za-50-povisoka-inflatsija-od-drzhavite-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitskoski-poradi-epskata-nesposobnost-na-vladata-imame-dvojno-promashuvane-od-prognozata-na-mmf-i-za-50-povisoka-inflatsija-od-drzhavite-vo-eu/#respond Sat, 14 Oct 2023 12:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=888788

„Ние имаме епски неспособна Влада. Ние многу пати во минатото нудевме решенија, предлози, политики итн., но тие одлучија своеглаво да водат политика од денес за утре, имаат некој чуден болшевички пристап на решавање на работите во економијата, но таа не е сега таква каква што била во времето на комунизмот. Сега имаме пазарна економија и начинот на којшто таа функционира е спротивен од политиките на Владата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, при денешната теренска активност на терен со граѓаните во Општина Штип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Тој додаде дека поради тоа се случува да имаме промашување речиси двојно од тоа што го прогнозира ММФ и имаме 50% повисока инфлација од таа што ја имаат државите членки на ЕУ. „И затоа ни се случува да имаме речиси двојно промашување од тоа кое што го прогнозира ММФ, имаме 50 проценти повисока инфлација од таа која што ја имаат државите земји членки на ЕУ. Колку и да зборуваме треба да дојдеме до еден конечен заклучок, а тоа е колку побргу имаме избори и колку побргу замине оваа Влада и дојдат компетентни луѓе кои знаат како да се справуваат со предизвиците толку ќе биде подобро за сите граѓани“, изјави Мицкоски. Тој заклучи дека се додека има вакви политички гимнастики и медиокритети, ќе одиме назад и ќе се соочуваме со ваков тип неправди и лоши постапувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitskoski-poradi-epskata-nesposobnost-na-vladata-imame-dvojno-promashuvane-od-prognozata-na-mmf-i-za-50-povisoka-inflatsija-od-drzhavite-vo-eu/feed/ 0
Предупредување од ММФ: Војната е новиот темен облак на хоризонтот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-od-mmf-vojnata-e-noviot-temen-oblak-na-horizontot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-od-mmf-vojnata-e-noviot-temen-oblak-na-horizontot/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:07:58 +0000 https://kurir.mk/?p=888163

Војната меѓу Израел и Хамас е „нов облак“ на хоризонтот кој се заканува да ја затемни и онака мрачната глобална економска перспектива, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева Таа оцени дека тешките шокови стануваат „нова нормала“ во економијата во која доминира слаб раст. Говорејќи на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Маракеш, таа потврди дека „внимателно следи како се развива ситуацијата“ - особено кога станува збор за цената на нафтата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-od-mmf-vojnata-e-noviot-temen-oblak-na-horizontot/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-sb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-sb/#respond Tue, 10 Oct 2023 07:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=887288

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Маракеш, Кралството Мароко. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Ана Митреска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Митреска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции. Економските состојби и предизвиците коишто ги донесоа неколкуте кризи во изминатите три години, очекувањата за идниот период, мерките коишто се преземаат преку монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени, финансиската инклузија, се дел од темите коишто ќе бидат опфатени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе. Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со Кун Давидсе, извршен директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја. На средбите ќе се разговара за тековните состојби, како и за глобалните финансиски и геополитички движења, како и проектите на кои се соработува. Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат за светската економија и политиките како одговор на предизвиците заради постигнување раст, еднаквост и напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-sb/feed/ 0
ММФ и Светска банка годишниот состанок ќе го одржат во Мароко, како што првично беше планирано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-i-svetska-banka-godishniot-sostanok-ke-go-odrzhat-vo-maroko-kako-shto-prvichno-beshe-planirano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-i-svetska-banka-godishniot-sostanok-ke-go-odrzhat-vo-maroko-kako-shto-prvichno-beshe-planirano/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=879329

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка одлучија да го одржат својот годишен состанок во октомври во Мароко, и покрај фактот што земјата неодамна беше тешко погодена од разорен земјотрес. Одлуката синоќа ја донесоа високи функционери на двете меѓународни институции, откако мароканските власти извршија притисок врз форумот што ќе се одржи во Маракеш, како што првично беше планирано. Градот се наоѓа на само 72 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, во кој на 8 септември загинаа повеќе од 2.900 луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-i-svetska-banka-godishniot-sostanok-ke-go-odrzhat-vo-maroko-kako-shto-prvichno-beshe-planirano/feed/ 0
Глобалната цена на житото поскапува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnata-tsena-na-zhitoto-poskapuva-i-do-15-otsto-poradi-povlekuvaneto-na-rusija-od-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnata-tsena-na-zhitoto-poskapuva-i-do-15-otsto-poradi-povlekuvaneto-na-rusija-od-dogovorot/#respond Wed, 26 Jul 2023 06:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=860071

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто. Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи. „Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти“, рече Гуринчас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnata-tsena-na-zhitoto-poskapuva-i-do-15-otsto-poradi-povlekuvaneto-na-rusija-od-dogovorot/feed/ 0
ММФ: Има простор за повисоки плати во јавниот сектор, но да се внимава на инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mmf-ima-prostor-za-povisoki-plati-vo-javniot-sektor-no-da-se-vnimava-na-inflatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mmf-ima-prostor-za-povisoki-plati-vo-javniot-sektor-no-da-se-vnimava-na-inflatsijata/#respond Tue, 27 Jun 2023 08:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=849954

Во тек е економско закрепнување на Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуни. - Јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена во Буџетот за 2023 година одобрен од Парламентот. Сепак, доцнењето во усвојувањето на реформата на даночната политика и солидарниот данок можат да ги компромитираат даночните приходи и да ги загрозат приоритетните трошоци. Во овој контекст, даночната реформа треба да се усвои без одлагање со оглед на долгиот период за јавни консултации, а истото се однесува и на солидарниот данок. Дополнително, напорите за подобрување на наплатата на даноците треба да се одржат и забрзаат, вели шефот на мисијата на ММФ Жак Манијане. Со оглед на тоа што растот на потрошувачките цени во последните години ја намали куповната моќ на домаќинствата, ММФ оценува дека е разбирливо што работниците во јавниот сектор бараат повисоки плати. - Веќе има простор во буџетот на централната влада да се приспособи за зголемување на масата за плати од близу 10 проценти, слично на проектираната стапка на инфлација за 2023 година, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година. Сè што е над ова би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би ризикувало да ги истисне другите суштински трошоци. Големите зголемувања на платите, исто така, носи ризик да ја претворат привремено високата инфлација во постојано висока инфлација, смета Манијане. Фискалната консолидација треба да продолжи да ја поткрепува фискалната одржливост и да обезбеди адекватни фискални резрви за следната криза. - Иако реформата на блок-тарифите за електрична енергија во 2022 година беше значаен чекор во вистинската насока, цените на електричната енергија за повеќето домаќинства остануваат силно субвенционирани и се меѓу најниските во Европа. Како резултат на тоа, јавните финансии остануваат ранливи на порастот на цената на енергијата. Иако зголемувањето на тарифите за енергија никогаш не е лесно, ќе биде важно да се продолжи со реформите на тарифите за електрична енергија кои постепено ќе ги укинуваат субвенциите и ќе ја зајакнуваат енергетската ефикасност. Сегашниот контекст на пониски меѓународни цени на енергијата дава можност за продолжување на ваквите реформи. Поддршката за сметките за електрична енергија треба да биде насочена кон посиромашните домаќинства, наместо да им користи на повеќето домаќинства на нецелен начин, како што е моментално, оценува ММФ. За Народната банка се вели дека ја продолжува неопходната нормализација на монетарната политика преку повисоки каматни стапки и други мерки, за да се осигура дека високата инфлација нема да се вкорени. Овие промени во политиката помогнаа да се стабилизираат инфлациските очекувања и придонесуваат за постепен пад на инфлацијата. Важно е што тие исто така обезбедуваат девизните резерви да останат соодветно ниво, што е клучно за Северна Македонија. - Банкарскиот систем е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран и очекуваме дека ќе може да ги апсорбира ефектите од заострените финансиски услови и другите шокови. Сепак, сегашните позитивни услови треба да се искористат за да се продолжи со додавање на капиталните резерви. Конечно, го поддржуваме неодамнешното воведување на макропрудентни мерки засновани на заемопримачи. Тие се важни алатки на централната банка и ќе помогнат да се ограничат ризиците во секторот на недвижности, велат од ММФ. Во прелиминарните наоди се нагласува дека структурните и институционалните реформи, се клучни за изгледите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, и треба да се забрзаат за да се зајакнат изгледите за раст на земјата и приближување кон приходите на ЕУ на среден рок. Што се однесува до проектите за патиштата од Коридорите 8/10д, од ММФ посочуваат дека сè уште ги проценуваат импликациите врз јавните финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mmf-ima-prostor-za-povisoki-plati-vo-javniot-sektor-no-da-se-vnimava-na-inflatsijata/feed/ 0
Мицкоски на средба со ММФ: Тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот е сликата за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-mmf-teshka-ekonomska-sostojba-rastechka-koruptsija-i-otsustvo-na-reformi-za-podobar-zhivot-e-slikata-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-mmf-teshka-ekonomska-sostojba-rastechka-koruptsija-i-otsustvo-na-reformi-za-podobar-zhivot-e-slikata-za-makedonija/#respond Tue, 06 Jun 2023 14:33:34 +0000 https://kurir.mk/?p=842794

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ и проф.др. Трајко Славевски оствари средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан. На средбата беше потенцирано дека Македонија има тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот. -Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како, и наместо напредок, Македонија со години стагнира, и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа, истакна на средбата претседателот Христијан Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка со релевантните меѓународни институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-mmf-teshka-ekonomska-sostojba-rastechka-koruptsija-i-otsustvo-na-reformi-za-podobar-zhivot-e-slikata-za-makedonija/feed/ 0