моамер ел гадафи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 May 2018 09:01:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png моамер ел гадафи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Би-Би-Си: Ким Џонг Ун се плаши да не заврши како Гадафи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-kim-dzong-un-se-plashi-da-ne-zavrshi-kako-gadafi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-kim-dzong-un-se-plashi-da-ne-zavrshi-kako-gadafi/#respond Wed, 16 May 2018 09:01:08 +0000 https://kurir.mk/?p=54685

Зад одлуката на Северна Кореја да се повлече од разговорите со јужниот сосед стои стравот на Ким Џонг Ун да не заврши како Моамер ел Гадафи, пишува Би-Би-Си. Пјонгјанг поради вежби на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави се закани дека нивниот лидер Ким Џонг Ун ќе се откаже од самитот со американскиот претседател Доналд Трамп. Би-Би-Си пишува дека Пјонгјанг го алармирале советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон. Аналитичарите сметаат дека вежбата го вознемири Пјонгјанг поради познатата судбина на либискиот лидер, бидејќи Моамер ел Гадафи кој беше тргнат од власта и брутално убиен. Би-Би-Си наведува дека острото соопштение кое го потпишал заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван, учесник во претходните преговори со Вашингтон веројатно имал поддршка од лидерот Ким, а во него ги обвинуваат САД дека даваат непромислени изјави и оти кријат злобни намери. Би-Би-Си пишува дека потписникот на соопштението кое го објави севернокрејската државна агенција КЦНА го вперил прстот директно во Болтон. -Во минатото веќе ги видовме квалитетите на Болтон и не ја криеме одвратноста која ја чувствуваме кон него, порача Ким Кје-гван. Според британскиот медиум, воената вежба на Сеул и Вашингтон се случува неколку пати годишно, но редовно ја разбеснува Северна Кореја. Пентангон соопшти дека воената вежба со Јужна Кореја е рутинска и има исклучиво одбранбен карактер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-kim-dzong-un-se-plashi-da-ne-zavrshi-kako-gadafi/feed/ 0
Во Украина се испитува дали Гадафи ја финансирал кампањата на Тимошенко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-se-ispituva-dali-gadafi-ja-finansiral-kampanjata-na-timoshenko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-se-ispituva-dali-gadafi-ja-finansiral-kampanjata-na-timoshenko/#respond Thu, 05 Apr 2018 15:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=37023

Украинските истражители ги испитуваат наводите дека поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи донирал повеќе милиони евра за претседателската кампања на Јулија Тимошенко во 2010 година, изјави украинскиот пратеник Володимир Аријев. Тој додаде дека и други пратеници побарале од Националното биро за борба против корупцијата да се испитаат наводите објавени во февруари во арапскиот весник „Ашарк ел Аусет“. Според весникот, претставник на Гадафи со приватен авион пристигнал во Киев и испорачал торба со четири милиони евра, како финансиска помош за кампањата на Тимошенко. - Откако информацијата се појави во медиумите, тројца пратеници упатија барање до Бирото да се провери таквата информација, наведе Аријев, кој е член на владејачката партија Блок на Петро Порошенко „Солидарност“. Во согласност со украинскиот закон, државните институции мора да го испитаат секое тврдење, ако побараат членовите на Парламентот. Покрената е и кривична постапка. Од партија Татковина, на Тимошенко, соопштија дека информацијата не е точна и оти тоа е „глупост“. Тимошенко двапати беше избрана за премиерка на Украина, а според најновите анкети, ако денес би се одржале претседателски избори, таа би освоила 18,7 проценти од гласовите, додека Порошенко - 15,6 отсто. Следните претседателски избори во Украина ќе се одржат во март 2019 година. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-se-ispituva-dali-gadafi-ja-finansiral-kampanjata-na-timoshenko/feed/ 0