МОБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Aug 2022 13:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МОБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Македонската опера и балет во мрак поради лошото менаџирање на кадрите на СДСМ и ДУИ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-opera-i-balet-vo-mrak-poradi-loshoto-menadziranje-na-kadrite-na-sdsm-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-opera-i-balet-vo-mrak-poradi-loshoto-menadziranje-na-kadrite-na-sdsm-i-dui/#respond Tue, 23 Aug 2022 13:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=722714

Економската и енергетската криза многу брзо по летните одмори покажаа каков импакт ќе имаат и врз културата која секогаш е прва на удар и прв таргет за рационализација во секое општество. Вчерашната шокантна вест од областа на културата која ги стави во сенка сите актуелни случувања е дека националната установа Македонска опера и балет, еден од двата столба на музичко-сценската уметност во Македонија, потона во темница, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска кога го презентираше ребалансот на буџетот на Министерството за култура, вети дека средствата за комунални услуги по дејности ќе бидат зголемени за седумдесет и седум милиони денари (77.740.000), и дека предложениот ребаланс  воопшто нема да влијае врз културните настани и нивото на културна понуда. Исто така, таа потенцираше дека ќе се води континуирана грижа за објектите на културата каде треба да се работи и функционира.

Но, токму кога требаше да започнат подготовките за новата оперска и балетска сезона, во мрак и без струја е една од најзначајните национални институции, Македонската опера и балет.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ апелира до Министерката за култура дека крајно време е за сериозен пристап при креирањето на стратегиите во културата. Хаосот во културата продолжува со се’ позасилено темпо на партизација, културниот сектор и неговите активни чинители продолжуваат да бидат маргинализирани, а до сега ниту еден од петте министри на коалицијата СДСМ-ДУИ не понуди реална визија за креирање на одржливи културни политики.

Напротив, во континуитет сме сведоци на задоцнети реакции и ад хок решавање на последиците, а не на причините за состојбите во културата. Крајно време е коалицијата СДСМ-ДУИ да понуди професионално менаџирање и етаблиран раководен кадар во институциите од културата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-opera-i-balet-vo-mrak-poradi-loshoto-menadziranje-na-kadrite-na-sdsm-i-dui/feed/ 0
Гала концерт „Опера и балет под ѕвездите“ на платото пред НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gala-koncert-opera-i-balet-pod-dzvezdite-na-platoto-pred-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gala-koncert-opera-i-balet-pod-dzvezdite-na-platoto-pred-nob/#respond Fri, 25 Sep 2020 05:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=408218

По пауза од неколку месеци поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Националната опера и балет вечер ќе одржи гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“. Гала концертот ќе биде на платото пред НОБ со почеток во 21 часот, а ќе настапат солистите Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас, во придружба на Оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца. Од НОБ соопштија дека влезот за публиката ќе биде отворен во 20.30 часот. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани на отворено, одобрени од Комисијата за заразни болести]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gala-koncert-opera-i-balet-pod-dzvezdite-na-platoto-pred-nob/feed/ 0
„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljubojna-so-akustichen-koncert-za-dusha-vecher-vo-mob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljubojna-so-akustichen-koncert-za-dusha-vecher-vo-mob/#respond Sun, 22 Dec 2019 09:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=280673

Љубојна еден од најреномираните македонски етно-бендови вечер со почетокот во 19:30 часот, во Македонската опера и балет, по прв пат ќе одржат акустичен концерт  насловен „Љубојна unplugged“. Вокалот на составот Вера Милошевска по повод претстојниот концерт најави дека на сцената ќе има многу музичари, сценографијата е дигитално изработена и ќе долови амбиент на шума, а фокусот ќе биде на пеењето. -Ова е вистинска прилика за публиката, во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на “Љубојна”. Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот “Севдо Ле” кој е наше последното остварување, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање. Акустичното Е за Душа. Акустичното Е за Мерак!, затоа што кога срцето ти пее и здивот е музика, порачуваат од „Љубојна”. Порано неделава беше презентиран и најновиот албум на Љубојна со Оркестарот на Македонската Филхармонија и Емин Џијан насловен „B.Y.Z.A.N.C.E”. Албумот содржи материјал од концертот што бендот го одржа со Филхармонијата на 1 февруари, годинава, под диригентската палка на Џијан Емин. На албумот се поместени осум нумери, од кои две се авторски – „Севдо ле“ и „Горки чувства, слатки немири“ кои се работени на текстови од Вера Милошевска, а музиката е на Оливер Јосифовски. Останатите нумери се традиционални, аранжирани и преработени теми прв пат објавени на нивен албум. Ова е 12-ти по ред албум на „Љубојна“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljubojna-so-akustichen-koncert-za-dusha-vecher-vo-mob/feed/ 0
Балетот „Рајмонда“ во Македонската опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-rajmonda-vo-makedonskata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-rajmonda-vo-makedonskata-opera-i-balet/#respond Tue, 26 Mar 2019 07:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=178821

Македонската опера и балет вечер ќе го изведе балетот во два чина  „Рајмонда“ од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија, гостинот од Италија, Давиде Буфоне, и Наташа Јосифовска. Ќе настапи целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија. Костимите и сценографијата се изработени во ателјето на МОБ под менторство на Гана Ипатиева и Андреј Злобин од Украина. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на романтизмот кога доминираат теми за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа. Светската премиера на балетот била во Маринскиот театар во Санкт Петербург во 1898 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-rajmonda-vo-makedonskata-opera-i-balet/feed/ 0
„Турандот“ на Пучини во МОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-na-puchini-vo-mob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-na-puchini-vo-mob/#respond Fri, 01 Mar 2019 07:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=169675

Операта „Турандот“, епската кинеска бајка на Џакомо Пучини во режија на Џанкарло дел Монако,  вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Во насловната улога е сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова, а во солистичката екипа се и: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Момчил Караиванов од Бугарија, Кристијан Антовски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан  Николовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Режисерот Дел Монако е и сценограф и костимограф на претставата, диригент е Иван Еминовиќ, а кореографијата е на Саша Евтимова. „Турандот“ е опера во три чина. Пучини починал и не ја недовршил и подоцна е  завршена од Франко Алфано. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата што  ја направил Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. МОБ посочува дека оваа опера на Пучини се одликува со музички материјал во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот. -„Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија „Никој не спие“ (Nessun dorma), една од најубавите во оперската литература, наведува МОБ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-na-puchini-vo-mob/feed/ 0
„Тоска“ во Македонската опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/toska-vo-makedonskata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/toska-vo-makedonskata-opera-i-balet/#respond Fri, 18 Jan 2019 07:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=153616

Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена  операта „Тоска“ со сопранистката  Весна Ѓиновска-Илкова, баритонот Борис Трајанов и романскиот тенор Калин Братеску во главните улоги, во режија на Огњан Драганов од Бугарија. Познатото оперско дело на Џакомо Пучини  е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од злогласниот шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија. Гостинот од Романија, тенорот Братеску,  минатата година настапи  на отворањето на „Охридско лето“  заедно со  сопранистката Елена Мошуц. Во останатите улоги на „Тоска’ ќе настапат Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчески, Диме Петров, Димитар Кожухаров, Александра Лазаровска-Василевски. Ќе учествува  оркестарот и хорот на МОБ. Диригент е Иван Кожухаров од Бугарија, каде што работи како главен диригент и уметнички раководител на операта во Бургас. Сценограф на оперската претстава е Зоран Николовски, а костимограф Марија Пупучевска. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/toska-vo-makedonskata-opera-i-balet/feed/ 0
Балетот „Самсон и Далила“ во МОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-samson-i-dalila-vo-mob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-samson-i-dalila-vo-mob/#respond Tue, 15 Jan 2019 07:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=152243

Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото. „Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска,  а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ќе настапат и Саша ЕфтимоваЕндру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго. Сценографијата на претставата е на Зоран Костовски, костимограф Александар Ношпал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-samson-i-dalila-vo-mob/feed/ 0
Во Велес Новогодишно-божиќен гала концерт на МОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-novogodishno-bozikjen-gala-koncert-na-mob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-novogodishno-bozikjen-gala-koncert-na-mob/#respond Wed, 26 Dec 2018 07:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=145145

Во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт на Македонската Опера и Балет. Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, на овој грандиозен музички настан што го организира Општина Велес со поддршка на НУ Центар за култура Народен Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Ротари клуб“ –Велес  ќе учествуват седумдесет членови на Македонската Опера и Балет, од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и балет. Ќе настапат Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски. Тие за велешката публика самостојно и во дует ќе изведат арии од најпопуларните светски оперски дела меѓу кои: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини,  „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно и „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах/ -Влезот за Гала концертот  е слободен и ги поканувам сите љубители на класичната музика да не ја пропуштаат можноста, овде во Велес  да уживаат во уметноста на операта.  Искрено верувам дека оваа празнична честитка на Општина Велес со вечер посветена на операта како светско културно наследство долго ќе остане во сеќавање на велешани и ќе не поттикне во интерес на граѓаните и во иднина да организираме атрактивни настани од областа на културата. Ако се има во предвид дека последен пат во живо велешани гледаа опера далечната 2005 година, кога МОБ настапи со операта „Рита“, навистина станува збор за ретко музичко доживување во Велес,потенцира Коцевски Воедно  најави  дека со генералниот директор на НУ МОБ, Васе Ристов,со уметничката раководителка на операта Бисера Чадловска и со уметничката раководителка на балетот Олга Панго веќе договориле кон средината на февруари  гостување  на МОБ во Велес со култната балетската претстава „Либер Танго“ од Астор Пјацола. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-novogodishno-bozikjen-gala-koncert-na-mob/feed/ 0
Премиера на балетот „Ана Каренина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-baletot-ana-karenina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-baletot-ana-karenina/#respond Tue, 25 Dec 2018 06:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=144567

Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска. Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска, во алтернација со Марија Кичевска-Шокаровска. Во ликот на Вронски ќе настапи Бобан Ковачевски, Каренин ќе биде Васил Чичијашвили… Сценографијата е на Михајло Стојановски и Сашо Стојановски, костимограф е Александар Ношпал. По премиерата вечер, балетот „Ана Каренина“ репризно ќе биде изведен на 29 декември, а потоа на репертоар од февруари. МОБ најави дека симбиозата на два руски великана во класичната литература и музика, Толстој и Чајковски, е преточена во современа претстава од 21 век, која е сепак во класични рамки и со богата балетска лексика. Кореографот Мујиќ,  кој првпат работи во Македонија, за изборот познатото класично дело од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век да биде основа на претставата, на прес-конференција рече дека покрај нови, балетот мора да опслужува и класични литературни и музички дела. – „Ана Каренина“ припаѓа во опусот на општата култура. Експлоатирана е и во други медиуми – во театар и филм, но може да најде место и во балетот. Она што сè уште ја привлекува  публиката е приказната, односот меѓу ликовите и драмското дејство. А сето тоа  на прекрасна симфониска музика и делници тешки за свирење кои не се изведуваат во балет. Спојот ќе донесе прекрасна претстава, истакна Мујиќ. Чајковски во својот опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, а никогаш не искористил дело од Толстој. Но, за  романтична приказна во „Ана Каренина“, која обработува вечни теми како љубов, прељуба, љубомора, одмазда, трагедија, музиката на Чајковски, според МОБ,  била најсоодветен избор. Диригентката Бисера Чадловска посочи дека во претставата се искористени најубавите и познати делови од симфониите на Чајковски кои, рече, отсекогаш сакала да ги работи и дека со овој балет се исполнува нејзината дамнешна желба. Меѓу делата на Чајковски е и светски популарниот Концерт за виолина кој е многу тежок за изведба и, како што рече, се нафатил да го отсвири нивниот концерт-мајстор Климент Тодоровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-baletot-ana-karenina/feed/ 0
МОБ со операта „Севилскиот бербер“ гостува во Стара Загора  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mob-so-operata-sevilskiot-berber-gostuva-vo-stara-zagora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mob-so-operata-sevilskiot-berber-gostuva-vo-stara-zagora/#respond Tue, 04 Dec 2018 06:42:01 +0000 https://kurir.mk/?p=135377

Македонската опера и балет денеска ќе ја изведе операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини во рамки на 49. издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност во Стара Загора. Гостувањето на МОБ е на покана од Државната опера од Стара Загора. Првото издание на Фестивалот се одржало во 1967 година под името Декемвриски музички денови, а иницијатор бил Маестро Димитар Димитров. На фестивалската сцена гостувале истакнати оперски и балетски имиња, како и европски оперски и балетски театри. Со учеството на Македонската опера и балет во 2015 година и уште 12 оперски театри од регионот е создадена таканаречена Балканска оперска мрежа, со цел да се активира соработката меѓу различни организации во музичко – сценката уметност. Во операта „Севилскиот бербер“ ќе настапат Марјан Јованоски во улогата на Фигаро, Билјана Јосифов во улогата на Розина, Благој Нацоски (Гроф Алмавива), Владимир Саздовски (Дон Базилио),  Невен Сиљановски (Дон Бартоло), Злата Тошевска (Берта), Кристијан Антовски (Фиорело), Саша Смилевски (Амброзио) и  Борко Биџовски во улогата на Камениот човек. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, режисер Урсула Хорнер од Австрија, сценографијата е на Марија Ветеровска, а за костимите е задолжена Марија Пупучевска. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mob-so-operata-sevilskiot-berber-gostuva-vo-stara-zagora/feed/ 0