мобилизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Oct 2022 13:45:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мобилизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Песков: Мобилизацијата во Русија се уште не е завршена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-mobilizacijata-vo-rusija-se-ushte-ne-e-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-mobilizacijata-vo-rusija-se-ushte-ne-e-zavrshena/#respond Tue, 18 Oct 2022 13:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=747092

Се уште не е завршена делумната мобилизација во Русија на стотици илјади резервисти за учество во борбите во Украина, иако многу региони веќе го завршија процесот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од француските медиуми. -Во моментов се уште нема претседателски указ за прекин на мобилизацијата, потенцира тој пред медиумите. Песков изјавата ја дава само еден ден откако градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, најави затворање на центрите за воена мобилизација во руската престолнина, кои работеа речиси еден месец. Според проценките на Собјанин, градот веќе ја пополнил својата квота војници што ќе бидат испратени да се борат во Украина, откако претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација на 21 септември. Француските медиуми потсетуваат дека указот за мобилизација на Путин предизвика голема вознемиреност и поттикна десетици илјади Руси да ја напуштат земјата за да го избегнат присилното регрутирање. Рускиот претседател минатата недела кажа дека очекува мобилизацијата да заврши „за две недели“, признавајќи дека биле направени грешки. Песков денеска изјави дека неколку региони го завршиле процесот на мобилизација, но не прецизираше кои. -За секој регион Министерството за одбрана постави квоти. Некои велат дека го завршиле овој процес, изјави тој за медиумите. Песков вети дека руските власти нема да мобилизираат повеќе од најавената цел од 300.000 резервисти. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-mobilizacijata-vo-rusija-se-ushte-ne-e-zavrshena/feed/ 0
Путин одобри одложување на мобилизацијата за студентите, докторантите и лекарите на специјализација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-odobri-odlozuvanje-na-mobilizacijata-za-studentite-doktorantite-i-lekarite-na-specijalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-odobri-odlozuvanje-na-mobilizacijata-za-studentite-doktorantite-i-lekarite-na-specijalizacija/#respond Thu, 06 Oct 2022 10:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=741845

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на студентите, докторантите и лекарите на специјализација им се дозволува да ја одложат мобилизацијата. Одложување на мобилизацијата важи за редовните и вонредните студенти на државните акредитирани универзитети, факултети и научни организации, како и во иновативни научни и технолошки центри и во духовни и образовни организации. Путин истакна дека со новата регулатива опфатени се и студентите на акредитираните приватни универзитети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-odobri-odlozuvanje-na-mobilizacijata-za-studentite-doktorantite-i-lekarite-na-specijalizacija/feed/ 0
Русија отвори пункт за мобилизација и на границата со Казахстан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-otvori-punkt-za-mobilizacija-i-na-granicata-so-kazahstan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-otvori-punkt-za-mobilizacija-i-na-granicata-so-kazahstan/#respond Thu, 29 Sep 2022 10:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=738956

Руските власти најавија дека наредните денови ќе отворат пункт за мобилизација и во регионот Астрахан, на границата со Казахстан, јавија дел од медиумите во Русија. Тоа веќе е сторено на преминот Горен Ларс, на границата со Грузија. На границата со Казахстан, на главниот граничен премин Караузек, се создадоа километарски колони од автомобилите на оние кои сакаат да ја напуштат земјата, пишуваат медиумите. „Наредните денови на границата со Казахстан ќе биде поставен привремен пунт каде ќе се делат покани за мобилизација“, се наведува во соопштението. На тој граничен премин, почнале да ги проверуваат документите на оние кои заминуваат со федералниот регистер за мобилизација, да не ги пуштаат граѓаните кои ги исполнуваат критериумите за регрутација и тие без право на одложување на делумната мобилизација или дозвола за заминување. Претходно, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин соопшти дека сите воени резервисти не можат да ја напуштат земјата. „Ви го одвлекувам вниманието, кон законот, на мобилизациската обука и мобилизацијата во Русија, граѓаните кои се регистрирани во војската, од моментот на објавувањето на мобилизацијата, забрането е напуштање на нивното живеалиште без дозвола на воените власти“, напиша тој на Телеграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-otvori-punkt-za-mobilizacija-i-na-granicata-so-kazahstan/feed/ 0
Рама: Русите кои не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-rusite-koi-ne-sakaat-da-vojuvaat-se-dobredojdeni-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-rusite-koi-ne-sakaat-da-vojuvaat-se-dobredojdeni-vo-albanija/#respond Thu, 29 Sep 2022 05:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=738803

Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија. – Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама. Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области. Тој деновиве и во обраќањето на Генералното собрание на ОН го кажа овој став додавајќи дека ” во некои делови на окупираната територија на Украина под закана со оружје се одржува референдум фарса”. – Тешко е да се замисли дека некој овде може тивко да го прифати ова срамно непочитување на законите, правилата, нормите, практиките што ги регулираат односите меѓу државите во 21 век. Овие акции се против меѓународното право и многу повеќе. Тие не само што не ја одразуваат слободната волја на народот на Украина, туку нудат мизерен спектакл на исклучување од сè што нè зближува под покривот на Обединетите нации, додаде Рама. Посочи дека неговата земја ги осудува овие ” фабрикувани дејствија во Москва” и оти неговата земја ” не признава ниту една од овие незаконитости”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-rusite-koi-ne-sakaat-da-vojuvaat-se-dobredojdeni-vo-albanija/feed/ 0
Путин стави потпис, драстични затворски казни за тие што одбиваат да се борат во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-stavi-potpis-drastichni-zatvorski-kazni-za-tie-shto-odbivaat-da-se-borat-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-stavi-potpis-drastichni-zatvorski-kazni-za-tie-shto-odbivaat-da-se-borat-vo-ukraina/#respond Sat, 24 Sep 2022 15:57:10 +0000 https://kurir.mk/?p=736975

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша новиот Закон, кој предвидува затворска казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили. Законот претходно беше одобрен од руските Домови на Парламентот. Според стариот закон, војниците дезертери се соочуваа со петгодишна казна затвор. По објавената мобилизација голем број Руси ја напуштија земјата, а исто така во повеќе градови беа организирани протести. Според активистите за граѓански права денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина. Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстранти се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо“. За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург. На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1.300 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-stavi-potpis-drastichni-zatvorski-kazni-za-tie-shto-odbivaat-da-se-borat-vo-ukraina/feed/ 0
Нови протести во Русија против мобилизацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-protesti-vo-rusija-protiv-mobilizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-protesti-vo-rusija-protiv-mobilizacijata/#respond Sat, 24 Sep 2022 14:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=736940

Активистите за граѓански права соопштија дека денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина. Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстрантѕи се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо“. За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург. Протестите во Русија почнаа по наредба на рускиот претседател Владимир Путин да се мобилизираат армиските резервисти, седум месеци од почетокот на војната во Украина. На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1.300 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-protesti-vo-rusija-protiv-mobilizacijata/feed/ 0
Русија објави: Овие луѓе нема да се мобилизираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-objavi-ovie-lugje-nema-da-se-mobiliziraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-objavi-ovie-lugje-nema-da-se-mobiliziraat/#respond Fri, 23 Sep 2022 12:06:21 +0000 https://kurir.mk/?p=736620

Дел руски ИТ експерти, банкари, новинари од државни медиуми нема да бидат повикани на воена служба во Украина во рамките на мобилизацијата. За ова денеска информираше руското Министерство за одбрана. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу претходно неделава соопшти дека Русија ќе се обиде да повика дополнителни 300.000 војници за руската војна во Украина. Кремљ тоа го нарече „делумна мобилизација“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека делот од официјалниот декрет со што се најавува мобилизација, а вклучува број на лица кои ќе бидат мобилизирани, не е објавен, доверлив е и се чува во тајност. Според Министерството за одбрана, некои вработени во клучни индустрии ќе бидат исклучени од мобилизацијата во обид да се „обезбеди работата на специфичните високотехнолошки индустрии, како и рускиот финансиски систем“ да не биде погоден со првата руска воена мобилизација од Втората светска војна. Исклучоците важат за некои вработени во ИТ секторот, во телекомуникации, финансиски експерти, како и лица кои работат во „системски важни“ масовни медиуми, наведува Министерството. Како што се појаснува, главни лица во компании треба да направат листа на вработени кои ги исполнуваат критериумите и можат да бидат исклучени од регрутацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-objavi-ovie-lugje-nema-da-se-mobiliziraat/feed/ 0
Пендаровски: Мобилизацијата во Русија ќе ги влоши состојбите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-mobilizacijata-vo-rusija-kje-gi-vloshi-sostojbite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-mobilizacijata-vo-rusija-kje-gi-vloshi-sostojbite/#respond Thu, 22 Sep 2022 13:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=736265

Повикот на рускиот претседател Владимир Путин за дополнителна мобилизација во Русија, според шефот на државата Стево Пендаровски, може да ги влоши состојбите во Украина, но и во целиот свет. Во интервју за ТВ Клан Македонија тој додава дека не може да се предвиди текот на настаните, но доколку рускиот претседател употреби нуклеарно оружје, тоа ќе биде „хорор за светот“: – Овој последен развој на настаните, со дополнително поивикување на 300 000 војници од руската резерва, со наредба на претседателот Путин, мислам дека само ќе ги влоши состојбите. Тоа покажува дека тој човек навистина живее во некоја паралелна реалност. Се плашам дека ако и понатаму не му оди добро на воен план, дека може да размислува за преземање на порадикални мерки, па дури и, како што се спомнува во некои анализи, таканаречено тактичко нуклеарно вооружување што би било апсолутена пропаст за светот. Не можете туку така на микро ниво да употребувате нуклеарно оружје и да сакате да остварите некакви парцијални цели. Ако биде, не дај Боже, тоа ќе биде почеток на нуклеарна војна, а сите знаеме како тоа завршува. Нема да биде холивуидски филм, за жал ќе биде хорор во кој ќе се најдеме сите ние, вели претседателот Пендаровски. Од друга страна, како што истакнува шефот на државата, го радува тоа што за една ваква дирекна агресија, од држава членка на ОН и на Советот за безбедност, кон друга членка на ОН, целиот демократски свет, па и оној што е помалку демократски, комплетно се обедини, не само за праќање оружје таму, туку и во политичката осуда. – Сто четириесет и една држава ја осуди руската инвазија во Украина, во март, на самиот почеток на инвазијата. Тоа е мнозинство какво што не е забележано кон голема држава, никогаш во историјата на ОН, нагласува Пендаровски во интервјуто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-mobilizacijata-vo-rusija-kje-gi-vloshi-sostojbite/feed/ 0
Во Белград пристигна група Руси, кои бегаат од мобилизацијата на Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-belgrad-pristigna-grupa-rusi-koi-begaat-od-mobilizacijata-na-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-belgrad-pristigna-grupa-rusi-koi-begaat-od-mobilizacijata-na-putin/#respond Wed, 21 Sep 2022 20:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=735931

Поголема група Руси денеска слетаа на аеродромот во Белград, бегајќи од војната и мобилизацијата што утринава ја најави претседателот Владимир Путин. Во интервју за порталот Nova.rs велат дека се исплашени, дека Путин е убиец кој ги тера во конфликт што не го сакаат. Низ солзи велат дека се плашат за своите семејства и дека во Белград ќе бидат со роднини, пријатели или членови на семејството кои претходно веќе дошле во Белград. Многумина во страв не сакаа да зборуваат пред камерите, обидувајќи се да ја остават војната зад себе и конечно да бидат безбедни. Имаше и такви кои ги споделија своите искуства во врска со актуелната криза во Москва и дадоа објаснувања зошто платиле билети и се упатиле кон Белград. „Мојот сопруг остана во Русија“, изјави Јулија во интервју за Нова. „ Многу мои пријатели добија повик за мобилизација. Мои колеги и на младите луѓе воопшто“, вели таа. Јулија вели дека поканите ги добивале млади луѓе, иако прво се зборувало дека младите нема да добијат покани. А повиците, според неа, стигнале на нивните домашни адреси. „ Мојот брат е пред Изјум. Го регрутирале иако има 20 години. Тој веќе трет месец војува во Изјум. Тој отиде во војна на 29 јуни и беше во Изјум и Харков. Не верувајте во се што се зборува во Русија“, вели Јулија. Ирина пак вели дека таа и нејзиниот сопруг допатувале од Москва за да бидат безбедни. „ Многу сум исплашен за моето семејство и пријателите, се разбира, и за сопствената безбедност. Пред некое време и ќерка ми дојде во Белград. Сега јас и мојот сопруг дојдовме во Белград да бидеме сигурни. Сакаме да останеме овде“, вели Ирина низ солзи, додавајќи дека е многу тажна и не разбира зошто се случила војната во Украина. Веста за мобилизацијата доведе до енормно зголемување на цената на авио билетите од Москва. Цените достигнаа и до 5600 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-belgrad-pristigna-grupa-rusi-koi-begaat-od-mobilizacijata-na-putin/feed/ 0
Летонија нема да ги прими Русите кои бегаат од мобилизација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-nema-da-gi-primi-rusite-koi-begaat-od-mobilizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-nema-da-gi-primi-rusite-koi-begaat-od-mobilizacija/#respond Wed, 21 Sep 2022 11:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=735751

Летонија денеска најави дека нема да ги прифати оние кои бегаат од Русија поради мобилизација. „Поради безбедносни причини, Летонија нема да обезбеди хуманитарни или други визи за руските граѓани кои избегнуваат мобилизација, ниту ќе ги промени условите за преминување на границата“, изјави летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој нареди делумна мобилизација. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Во Русија има вкупно 25 милиони резервисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-nema-da-gi-primi-rusite-koi-begaat-od-mobilizacija/feed/ 0