мобилна мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 10:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мобилна мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пристап до Интернет преку мобилна мрежа 1 418 946 претплатници, раст кај корисниците на сателитска телевизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristap-do-internet-preku-mobilna-mreza-1-418-946-pretplatnici-rast-kaj-korisnicite-na-satelitska-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristap-do-internet-preku-mobilna-mreza-1-418-946-pretplatnici-rast-kaj-korisnicite-na-satelitska-televizija/#respond Tue, 03 Jan 2023 10:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=783441

Вкупниот број претплатници на пристап до Интернет со широк опсег во вториот квартал годинава изнесува 502 200, а пристап преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) имале 1 418 946. Во вториот квартал од 2022 година се регистрирани 1 932 608 претплатниците во мобилната телефонија за 3,48 проценти повеќе споредено со вториот квартал од претходната година, а просечно иницирале 110,36 повици месечно, покажува извештајот на Агенцијата за електронски комуникации објавен на крајот на минатиот месец. Кај резиденцијалните пост-пеид претплатници има раст од 1,17 проценти од претходниот квартал додека во однос на истиот квартал од претходната година зголемувањето изнесува од 4,03 проценти. Деловните пост-пеид претплатници бележат раст од 0,17 проценти во однос на претходниот квартал, а во однос на вториот квартал од 2021 година пад од 0,02 проценти. Во вториот квартал од 2022 година има намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на првиот квартал од 1,41 проценти. Кај вкупниот број испратени ММС пораки во вториот квартал од 2022 година има раст од 0,85 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 2,88 проценти споредено со вториот квартал од 2021 година. Најголем пазарен удел има Македонски Телеком со 50,67 проценти, додека А1 Македонија има пазарен удел од 47,77 проценти, Роби од 0,89 проценти, Лајкамобајл од 0,55 проценти, додека Греен Мобиле од 0,12 проценти. Заклучно со вториот квартал од 2022 година се регистрирани 435 714 претплатници на ТВ услуги, од кои 212 433 на кебалеска, на IPTV е 152 093, на DVB-T 41.297, а 30 081 на сателитска телевизија. И на квартално и на годишно ниво се бележи зголемување на претплатниците на сателитска за 10,11 односно за 22,57 проценти. Според извештајот на АЕК, заклучно со вториот квартал 2022 година во државава се регистрирани 432 086 фиксни линии, за 1,37 проценти повеќе на квартално, а за 2,66 проценти на годишно ниво. Целокупниот обем на сообраќај во вториот квартал од минатата година во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 24,23 проценти, додека во однос на првиот квартал од 2022 година бележи пад од 10,26 проценти.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristap-do-internet-preku-mobilna-mreza-1-418-946-pretplatnici-rast-kaj-korisnicite-na-satelitska-televizija/feed/ 0
Преоптоварени мобилните и фиксните мрежи во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preoptovareni-mobilnite-i-fiksnite-mrezi-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preoptovareni-mobilnite-i-fiksnite-mrezi-vo-hrvatska/#respond Tue, 29 Dec 2020 15:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=449976

Поради силниот земјотрес што денеска ја погоди Петриња, дојде до преоптоварување на мобилните и фиксните мрежи во Хрватска. – Поради исклучително големиот број повици во мобилните и фиксни мрежи во исто време, можни се повремени прекини и застои, иако состојбата на мрежата на А1 е стабилна и сè работи, информирале од А1 за Хина. Тие исто така додале дека активно ја следат состојбата на инфраструктурата и апелираат корисниците разумно да ги користат телекомуникациските услуги за врските да бидат достапни за секого, пред сè за итни случаи, и за најзагрозените да можат да контактираат со најблиските. Од Хрватски телеком (ХТ) одговорија дека како резултат на земјотресот има краткорочни тешкотии во користењето на нивната мрежа, но и дека ситуацијата брзо се стабилизира. – Во моментов, ние не бележиме големи нарушувања, освен во областа Петриња, Сисак и Глина, каде што веднаш заминаа нашите експерти, велат од Хрватски телеком. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preoptovareni-mobilnite-i-fiksnite-mrezi-vo-hrvatska/feed/ 0
Британија го исклучува Хуавеј од брзата мобилна мрежа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-go-iskluchuva-huavej-od-brzata-mobilna-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-go-iskluchuva-huavej-od-brzata-mobilna-mreza/#respond Tue, 14 Jul 2020 20:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=375769

Британската Влада се откажа од своите планови да и даде на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ ограничена улога во новата брза мобилна мрежа. Велика Британија соопшти дека ја воведува забраната по санкциите на САД со кои се оневозможува гаранција за безбедност на опремата на „Хуавеј“. САД се заканија дека ќе го прекинат договорот за размена на разузнавачки информации со Велика Британија поради загриженост дека опремата на „Хуавеј“ може да и овозможи на кинеската Влада да се инфилтрира во американските мрежи. Одлуката им дава време на британските телекомуникациски оператори до 2027 година да ја отстранат опремата на „Хуавеј“, која веќе е во британската мрежа 5Г. Операторите мора да престанат да купуваат 5Г опрема од 5Г од „Хуавеј“ до крајот на годината. Владата одлучи да не им нареди на компаниите да одземаат опрема произведена од „Хуавеј“ во претходните системи, како што е 4Г.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-go-iskluchuva-huavej-od-brzata-mobilna-mreza/feed/ 0