мобинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 12:45:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мобинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-za-mobing-na-rabotnoto-mesto-lani-podneseni-48-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-za-mobing-na-rabotnoto-mesto-lani-podneseni-48-prijavi/#respond Thu, 23 Feb 2023 12:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=804178

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува. Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава. -Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор, вели Ампева. Фросина Серафимовска од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) истакна дека како инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапуваат по добивањето на пријавата. -До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, претставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците, изјави Серафимовска. Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон, кој е во изготовка и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место. - Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, шест месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно, вели Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика. Маја Ристова адвокат, која и беше вклучена во изготовка на новиот Закон за мобинг се надева дека предлозите кои таа ги дала, но и препораките од ова истражување ќе се земаат во предвид од страна на Министерството за труд и социјална политика. Посочи дека во тек се судски постапки за мобинг. Во рамките на истражувањето анкетирани беа над 900 текстилни работнички, кои потврдуваат дека мобинг има на работните места, но тешко се докажува и затоа и не се пријавува од нивна страна, бидејќи има страв дека ќе го загубат работното место.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilets-za-mobing-na-rabotnoto-mesto-lani-podneseni-48-prijavi/feed/ 0
СПМ: Уште еден припадник на МВР жртва на мобинг го напушти Министерството, добивал закани по живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-ushte-eden-pripadnik-na-mvr-zrtva-na-mobing-go-napushti-ministerstvoto-dobival-zakani-po-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-ushte-eden-pripadnik-na-mvr-zrtva-na-mobing-go-napushti-ministerstvoto-dobival-zakani-po-zivot/#respond Wed, 14 Apr 2021 07:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=496868

Синдикатот на Полиција на Македонија, со огромно жалење ја прими информацијата дека Министерството за внатрешни работи од скоро го има напуштено уште еден припадник и наш член - Полициски службеник од СВР Куманово. Од Синдикатот информирааат дека се работи за млад и чесен припадник на полицијата кој уште од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната Единица на Полиција при СВР Куманово при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето. -За жал излегува дека посветеноста, ангажираноста и професионалноста не биле критериуми кои што требало да бидат земени во предвид , па така истиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение првин од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково. Бидејќи на релација СВР Куманово – ПО Матејче , нема организирано службен превоз, а нема воспоставено ниту јавен превоз, колегата бил принуден со негово приватно возило да патува од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 км во еден работен ден. Поднесеното Барање за надомест за патни трошоци , кои што според член 113 став 5 од Законот за работни односи како и според правно мислење на Врховен суд, преку кое што на работникот кој што е распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење а доколку нема организирано превоз , му следува право на надоместок за направени патни трошоци, на колегата без никакво образложение, му е одбиено во експресна постапка, па колегата продолжил на своето работно место да патува со сопствено возило, информираат од Синдикатот. Покрај оваа , во експресна постапка и во целосна спротивност на член 9 и член 10 а во врска со член 4 од „Правилникот за условите и постапката за ангажирање, правата и обврските на припадниците на посебната единица за подршка во Министерството за внатрешни работи„ со образложение дека „така наредил Началникот на СВР Куманово„ колегата е исклучен и раздолжен од Посебната Единица на Полиција при СВР Куманово . -И покрај сето оваа , а врз основ на одредена „шеговита„ преписка помеѓу колегите во нивна заедничка „Вибер„ група , со образложение дека токму началникот на СВР Куманово се почувствувал загрозен и по негова наредба, колегата е повикан и задржан повеќе часови во ПС Куманово, од него е одземен неговиот мобилен телефонски апарат, а во тие прилики лично од страна на началникот на СВР Куманово на колегата му биле упатувани навреди на национална и на лична и семејна основа и лично од него му биле упатувани директни вербални закани по неговиот живот. Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место , допринеле да кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност , по што истиот донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението. Синдикатот на Полиција на Македонија најостро ги осудува сите погоре наведени форми на вознемирување, притисок и директен реванжизам, кои што според наши сознанија се вообичаено и секојдневно дејствување на Началникот на СВР Куманово , за кое нешто од наша страна во минатото во повеќе наврати беше реагирано во повеќе соопштенија. Но за жал МОЛК од Министерството. Според наши согледувања, ваквите отворени форми на директен мобинг од страна на началникот врз припадниците на СВР Куманово , се основна причина за моменталната актуелна состојба на длабоко нарушени меѓуколегијални и меѓучовечки односи помеѓу сите припадници на СВР Куманово . Синдикатот на Полиција на Македонија на колегата кој што ја донел одлуката да го напушти МВР , му посакува среќа и успех во понатамошниот живот, а од друга страна упатува отворен повик до Министерот за внатрешни работи, до Одделот за внатрешна контрола детално да го истражат целиот случај. -Но, ова не е единствен таков случај. Истата и слична судбина ја делат повеќе од 50-тина незаконски распоредени полициски службеници секојдневно соочувајќи се со разни закани и притисоци само заради "лечење" на личните фрустрации на првиот човек на СВР Куманово. Што треба да се случи па конечно некој во Министерството да реагира, велат од Синдикатот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-ushte-eden-pripadnik-na-mvr-zrtva-na-mobing-go-napushti-ministerstvoto-dobival-zakani-po-zivot/feed/ 0
Вработена во ЈСП обвинува за мобинг: Ги тужела за неисплатен К-15, сега трпи притисок https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vrabotena-vo-jsp-obvinuva-za-mobing-gi-tuzela-za-neisplaten-k-15-sega-trpi-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vrabotena-vo-jsp-obvinuva-za-mobing-gi-tuzela-za-neisplaten-k-15-sega-trpi-pritisok/#respond Sun, 18 Oct 2020 16:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=417851

Уште еден случај на мобинг во ЈСП Скопје. Елизабета Тошевска, вработена во ова претпријатие, исто како и нејзиниот колега Меџит Идризи, се жали на мобинг од раководителите на секторот каде што работи, но и од други сектори на ЈСП. Тошевска за ТВ21 вели дека притисокот врз неа започнал кога таа ги тужела на суд поради неисплатен К-15. Го добила случајот и преку извршители добила к-15 и од тој момент започнал мобингот врз неа. Таа вели дека неколку пати на писмено побарала средба со генералниот директор на претпријатието, но тој бил недостапен за вработените, вели Тошевска. Иако и ТВ21 побара изјава од директорот на оваа институција, добивме писмен одговор од портпаролот на истата. ЈСП ги оценува како неосновани жалбите на нивните вработени. „ЈСП Скопје смета дека колешката неосновано обвинува дека поради нејзините барања за К-15 и наведените тужби, добила пониска работна позиција и помала плата, а истовремено дека и се врши мобинг. Жалбата за мобинг и е неоснована, со оглед на тоа, на што и е и посочено и укажано, дека тоа што го посочува како мобинг не е опишано во Законот за вознемирување на работно место како мобинг“, велат од ЈСП. За средбата со генералниот директор, од КСП велат дека Тошевска никогаш не испратила писмено барање за средба, а таа вели дека ќе ги тужи за мобинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vrabotena-vo-jsp-obvinuva-za-mobing-gi-tuzela-za-neisplaten-k-15-sega-trpi-pritisok/feed/ 0
ЛИДЕР: МОБИНГ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО – Директорката на Центарот за јавно здравје од Велес малтретира вработен! (АУДИО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mobing-vo-javnoto-zdravstvo-direktorkata-na-centarot-za-javno-zdravje-od-veles-maltretira-vraboten-audio/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mobing-vo-javnoto-zdravstvo-direktorkata-na-centarot-za-javno-zdravje-od-veles-maltretira-vraboten-audio/#respond Thu, 25 Jun 2020 13:43:35 +0000 https://kurir.mk/?p=362856

,,Економски Лидер” објави скандалозна снимака каде Анастасија Иванова директорката на Центарот за јавно здравје од Велес, која е назначема на оваа позиција пред неполн месец и има ингеренции од Велес до Гевгелија. Во оваа аудио снимка се слуша како на вработена и се обраќа со зборовите „Не ме почитуваш гуско една…. тужи ме колку сакаш, кој ќе ти биде сведок? …. ќе ти тропне на вратата, ѓубре едно„ Јавноста се прашува, после овој скандал, дали министерот Венко Филипче ќе ја разреши оваа директорка или ќе остане тортурата врз вработените од страна на директорката на Центарот за јавно здравје? Извор: lider.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mobing-vo-javnoto-zdravstvo-direktorkata-na-centarot-za-javno-zdravje-od-veles-maltretira-vraboten-audio/feed/ 0
ЕЛЕМ врши мобинг врз вработени а должи на Синдикатот над 13 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elem-vrshi-mobing-vrz-vraboteni-a-dolzi-na-sindikatot-nad-13-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elem-vrshi-mobing-vrz-vraboteni-a-dolzi-na-sindikatot-nad-13-milioni-denari/#respond Sat, 01 Feb 2020 12:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=297878

Гранскиот синдикат, Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата на Република Македонија (ССЕРИ), во кој членуваат синдикалните организации од најголемите енергетски компании АД ЕСМ (ЕЛЕМ), АД МЕПСО И ТЕЦ Неготино, кој е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, од страна на раководствата на овие компании во последниве две години се соочи со грубо кршење на меѓународните конвенции, Уставот на РМ, Законот за работни односи, Колективните договори и другите акти на синдикатот, но и со мешање и упад во синдикалното делување и организирање во синдикалните подружници и синдикалните организации. Ова непочитување најмногу беше изразено во Синдикатите во АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), каде што имаше директно мешање на Управниот одбор и директорите на сите подружници на АД ЕСМ, кои што под присила и закани ги тераа работниците да се зачленуваат во ,,нивниот новоформиран синдикат“. Но, не само тоа, раководството на АД ЕСМ со донесена одлука на Управниот одбор на 05.02.2018 год., забранија дејствување на дотогаш единствениот репрезентативен синдикат во АД ЕСМ. Особено беше изразено во забраната за уплата на членарината и задршките на плата за земени кредити и стока на рати, за кои имаа склучено договори синдикатите на АД ЕСМ и кои треба да се плаќаат редовно од страна на синдикатот, како и повраток на членарините за последните 4 месеци на сите членови на синдикатот. За овој проблем Синдикатот има поведено повеќе судски спорови и скоро сите спорови Основните судови ги пресудуваа во корист на Синдикатот, но секогаш се одеше на тоа да се изврши притисок врз судството од страна на власта, особено на Апелациските судови, кои без никакво образложение пресудите повторно ги враќаа во Основните судови. Но, било која пресуда да се донесе спротивно на првобитната тогаш би се прекршувале сите законски прописи и така во повторените случаеви, Основните судови секогаш ја потврдуваа првобитната пресуда. На овој начин се направи огромна штета, не само на синдикалното дејствување, туку и на штета на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) кој за сите пресуди би требало да плати на Синдикатот повеќе од 13 милони денари од сметката на ЕЛЕМ, односно тоа се пари од граѓаните бидејќи станува збор за државна компанија. Но тоа не е конечниот износ, бидејќи во меѓувреме наплатени се средства од синдикатот кои беа доделени за проекти од страна на ЕУ комисијата и истите ги имаат повлечени извршителите за долгови кои ги имал синдикатот, но поради блокадата од страна на раководството на ЕЛЕМ, синдикатот не бил во можност навремено да ги плати. Тука станува збор за сума која е слична на споменатата или поточно станува збор за сума од повеќе 25 милиони денари народни пари за кои некој треба да сноси одговорност за причинетата штета. Ова се тужбите кои Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македоја (ССЕРИ) во изминатиов период ги има поднесено против раководството на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) за мешање во синдикалното организирање и неуплатување на средства по основ на членарини, по Колективниот договор и разни други основи. Во досегашниот период скоро сите пресуди се во полза на ССЕРИ, од кои една е извршна и секој момент треба да се префрлат средствата на сметката на синдикатот. Во понатамошниот текст правиме една ретроспектива на сите досегашни пресуди со износи и за штетата што е направена на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) поради несовесното и незаконското работење на Управниот одбор наАД ЕСМ. 1. Извршна пресуда за синдикална подружница РЕК Битола- за долг од 066.511,00ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 1.500.000,00 ден., 4.300.000,00 за членарината за 4 месеци која претходно им е вратена на вработените, трошоци за постапка околу 480.000,00 ден. и трошоци за извршител... Што значи направена штета од околу 6.300.000,00 ден плус трошоци за извршител. 2. Првостепена Пресуда за СО на АД ЕЛЕМ во износ од 20.000.000,00 ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 4.000.000,00 ден., трошоци за постапка околу 300.000,00 ден. и трошоци за извршител... направена штета од над 4.300.000,00 ден плус трошоци за извршител доколку не се уплати навремено. 3. Првостепена Пресуда за синдикална подружница Енергетика - за долг од околу 500.000,00 ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 100.000,00 ден., трошоци за постапка околу 77.000,00 ден. и трошоци за извршител... штета од околу 180.000,00 ден плус трошоци за извршител доколку не се уплати навремено. 4. Првостепена Пресуда за СО на АД ЕЛЕМ за мешање и попречување на синдикалното дејствување и обезбедување услови на синдикатот, има само трошоци за постапка околу 000,00 ден. 5. Првостепена Пресуда за синдикална подружница РЕК Осломеј - за долг од околу 300.000,00 ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 400.000,00 ден.,околу 1.300.000,00 ден. за членарината за 4 месеци која претходно им е вратена на вработените, трошоци за постапка околу 190.000,00 ден. и трошоци за извршител... Направена штета од околу 1.900.000,00 ден плус трошоци за извршител доколку не се уплати навремено. 6. Првостепена Пресуда за синдикална подружница ФОД - за долг од околу 11.000,00 ден. дополнително се уплатени околу 60.000,00 ден., трошоци за постапка околу 85.000,00 ден. Направена штета од околу 150.000,00 ден. 7. Првостепена Пресуда за синдикална подружница ХЕЦ Тиквеш - за долг од околу 111.000,00 ден. дополнително треба да се уплати камата од околу 20.000,00 ден., околу 111.000,00 за членарината за 4 месеци која претходно им е вратена на вработените,трошоци за постапка околу 60.000,00 ден. Штета од околу 190.000,00 ден. 8. Првостепените Пресуди за синдикална подружница ХЕЦ Маврово и за синдикална подружница Дирекција на АД ЕЛЕМ не се се уште доставени. Или вкупно направена штета од 13.020.000,00 денари од оваа сума до сега е налатено 6.300.000,00 денари Покрај притисоците што беа во АД ЕСМ, последниве неколку месеци, особено по смената на Генералниот директор, се прави огромен притисок и врз вработените во АД МЕПСО, каде се инволвирани раководни лица на АД МЕПСО и неколку вработени меѓу кои се вработени последнава година и кои имаат високи партиски функции во СДСМ, како што се Претседатели на совети или советници на општини во Скопје, но и други вработени кои немаат раководни функции, со изговор дека тоа им била по наредба на Генералниот директор и ,,политичка задача“ за да го растурат долгогодишниот синдикат на АД МЕПСО, кој постои од основањето на компанијата. За овој проблем беше известен и Државниот инспекторат за труд и истиот се произнесе дека со насилното зачленување во новоформираниот синдикат, не може да биде истовремено и истапување од постоечкиот синдикат врз основа на содржината на Пристапниците каде стои,,Со зачленување во оваа синдикална организација истовремено истапувам од било кој синдикат“. Тоа всушност претставува кршење на основното право на работникот- слободата за организирање и здружување во синдикални организации. Ова најголем замав зема последниве денови каде раководството на ,,новоформираниот синдикат“ при гранскиот синдикат МЕСО (што е исто така чудно да синдикати од дејност енергетика членуваат во синдикат за дејност образование) вршат огромни притисоци (мобинг) врз сите членови кои имаат потпишано Пристапници запостоечкиот синдикатда потпишат Истапница, што е спротивно на ситемеѓународни конвенции, Уставот на РМ, Законот за работни односи, Колективните договори и другите акти на синдикатот. Што се однесува пак за Синдикалната организација на ТЕЦ Неготино под притисок на раководството во ТЕЦ Неготино, без одлука на органите наСиндикалната организација на ТЕЦ Неготино, новоизбраниот Претседател самоволно пристапил во името на целото членство во МЕСО, без да потпишат Истапници од постоечкиот синдикат, но и без да потпишат Пристапници за синдикатот во МЕСО. Воедно, од пререгистрацијата на Синдикалната организација на ТЕЦ Неготиноод ССЕРИ во МЕСО, која е направена на 22.01.2019 год. се користи исклучиво Колективниот договор кој го има потпишано претставникот на ССЕРИ, но сите привилегии што се однесуваат за односите меѓу работодавачот и синдикатот се применуваат САМО за синдикатот во МЕСО, за разлика од тоа што за синдикатот на ССЕРИ не се почитува ниту една одредба, односно не се прави задршкапо ниту еден основ и не се уплаќаат никакви средства. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elem-vrshi-mobing-vrz-vraboteni-a-dolzi-na-sindikatot-nad-13-milioni-denari/feed/ 0
Мизрахи: Ги охрабрувам сите оние, врз кои им е вршено мобинг на своите работни места да се обратат до МТСП и надлежни институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-gi-ohrabruvam-site-onie-vrz-koi-im-e-vrsheno-mobing-na-svoite-rabotni-mesta-da-se-obratat-do-mtsp-i-nadlezni-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-gi-ohrabruvam-site-onie-vrz-koi-im-e-vrsheno-mobing-na-svoite-rabotni-mesta-da-se-obratat-do-mtsp-i-nadlezni-institucii/#respond Sun, 12 Jan 2020 10:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=288515

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ги охрабрува сите оние, врз коишто е вршено мобинг на нивните работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции. Овој незјин повик доаѓа следејќи ги написите во медиумите за случаите на мобинг врз работници од страна на градоначалникот на општина Лозово. Во таа насока, Мизрахи се сретна со Снежана Цветковска и Виолета Спасова и заедно со правниот тим ја разгледаа документацијата со цел да се види што содржи таа и при тоа вети дека ќе направи сѐ што е во можност и надлежност на Министерството за труд и социјала. „Запрепастена сум и немам зборови. Ќе направам сѐ што е во моја моќ да им се помогне на овие луѓе, да им излеземе во пресрет. Она што е во надлежност на МТСП ќе им се помогне, но ќе ги насочиме исто така и кон други Министерства каде што сметаме дека ќе им се отворат вратите за помош. Јас лично ќе се консултирам со други министерства за да видиме како да го решиме проблемот”, изјави Мизрахи по средбата. Воедно таа ги охрабрува работниците кои што трпат мобинг на работните места да се обраќаат до надлежните институции и вети дека лично ќе се заложи за овие случаи. „Доста е! Ги охрабрувам сите оние, врз кои им е вршено мобинг на своите работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции.Директно ќе се вклучам во случаите и сѐ што е во моја надлежност, ќе се потрудам да помогнам. Таков е и случајот со овие две жени, мајки, сопруги, нечии сестри. Заедно со правниот тим ја разгледавме документацијата и едноставно немам зборови....жално, нехумано и надвор од секаква човечност”, рече министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-gi-ohrabruvam-site-onie-vrz-koi-im-e-vrsheno-mobing-na-svoite-rabotni-mesta-da-se-obratat-do-mtsp-i-nadlezni-institucii/feed/ 0
Полицајки обвинуваат за мобинг и сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policajki-obvinuvaat-za-mobing-i-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policajki-obvinuvaat-za-mobing-i-seksualno-nasilstvo/#respond Sun, 24 Nov 2019 19:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=268474

Шест полициски службенички вработени во МВР, повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство со притисоци на работно место од страна на раководно полициско лице во полициска станица, објавува телевизија 24. Случајот полициските службенички го пријавиле во МВР, дел од нив усно а дел и писмено се обратиле но крајниот исход и понатаму бил ист, продолжување на сексуалното вознемирување од страна на раководното лице. Едната од полицајките се реши да проговори пред камера но со скриен идентитет бидејќи се плаши за нејзиниот професионален интегритет, го повика ОЈО и останатите надлежни институции да го расветлат случајот. Раководното лице се служело со најразлични притисоци и уцени, откако неговите понуди биле одбивани од страна на полициска службеничка еве со какви закани пристапувал раководното полициско лице: „Оди си сега гледам си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто неможеш да замислиш што ке ти направам и кој сум јас” - Раководно полициско лице кон полициска службеничка вработена во МВР. Од Независниот полициски синдикат бараат итни заштитни мерки за полициските службенички кои повеќе од година дена биле сексуално вознемирувани. Од таму потенцираат дека во моментов станува збор за 6 полициски службенички но се сомневаат дека бројот е поголем и ги повикаа надлежните институции да го истражат случајот. За случајот побаравме став од МВР, а еве што велат од таму: „За случајот известени се Одделението за Крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање. Веднаш по расчистувањето ќе ја известиме јавноста. МВР има строга политика околу Сексуално вознемирување, и го осудува како апсолутно неприфатливо и недозволиво." - велат од МВР. Откритијата што произлегоа од движењето #MeToo ширум Европа, покажаа колкав е размерот на сексуална злоупотреба и вознемирување на жените, но и нивната тешкотија да проговорат за овој вид насилство. Македонија е земја потписничка на Истанбулската конвенција. Каков ќе биде исходот од овoј случај каде полициски службенички биле сексуално вознемирувани од раководното лице на МВР останува надлежните да го истражат и расветлат случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policajki-obvinuvaat-za-mobing-i-seksualno-nasilstvo/feed/ 0