мода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 09:18:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Следува уште една ноќ за паметење во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848488

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/feed/ 0
Како да изгледате скапо и елегантно во рамките на „нормален“ буџет: Пет модни трикови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-izgledate-skapo-i-elegantno-vo-ramkite-na-normalen-budhet-pet-modni-trikovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-izgledate-skapo-i-elegantno-vo-ramkite-na-normalen-budhet-pet-modni-trikovi/#respond Thu, 13 Apr 2023 13:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=823640

Сите жени се трудат до одреден степен да изгледаат елегантно, дури и ако не сакаат да се дотеруваат претерано или да вложат многу пари во облека. Стилот никогаш немал врска со пари или тренд, тоа е универзално познато непишано правило. Но, постојат неколку трикови кои можат да го подигнат нашиот изглед на повисоко ниво кога е модата во прашање. 1. Инвестирајте во златен накит Дури и ако вашата банкарска сметка не ви дозволува да купите вистинско злато, додатоци во златни тонови или позлатен накит исто така, може да игра одлична улога и целосно да ја трансформира вашата облека. Имено, златните детали поради некоја причина едноставно го комплетираат изгледот и ја креваат „цената“ на изгледот. Важно е само да се потрудите избраните парчиња да бидат едноставни и елегантни. 2. Купувајте класични работи Инвестирајте во квалитетни бели панталони, црн блејзер или добар тексас. Тие се парчиња кои никогаш не излегуваат од мода и можат да се комбинираат во најразлични стилови, па затоа е многу важно да се направени од добар материјал, за да изгледате „скапо“. 3. Следете ја линијата на телото Иако е во ред да се чувствувате поудобно во „oversized“ дуксер или панталони, тој изглед едноставно не зрачи со елеганција. Претесна гардероба исто така не е пожелна, но важно е да изберете облека која ќе ги истакне вашите атрибути и ќе ги скрие вашите маани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-izgledate-skapo-i-elegantno-vo-ramkite-na-normalen-budhet-pet-modni-trikovi/feed/ 0
ФОТО: Кралицата на пролетните комбинации, идеи како да носите плисирано здолниште https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-kralitsata-na-proletnite-kombinatsii-idei-kako-da-nosite-plisirano-zdolnishte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-kralitsata-na-proletnite-kombinatsii-idei-kako-da-nosite-plisirano-zdolnishte/#respond Thu, 30 Mar 2023 17:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=818256

Со првите денови на пролетта, плисираните здолништа традиционално се враќаат на уличните стилски комбинации. Плисе е термин за трајни набори на ткаенината кои се создаваат со посебна техничка обработка и потекнува од францускиот збор plissé (збрчкана, стуткана). Здолништата се меѓу најпопуларните плисирани парчиња и веројатно немаше да бидат популарни до овој степен доколку јапонскиот дизајнер Иси Мијаке не започнеше мала модна револуција во раните 90-ти и не ја врати плисираната облека во стариот сјај. Мијаке експериментираше со техники на плисирање во текот на осумдесеттите како дел од работата на неговите стандардни колекции, а потоа во 1993 година ги раздвои плисираните парчиња во посебна легендарна линија, Pleats Please. Зошто толку многу ги сакаме плисираните здолништа? Бидејќи тие се меки, ефективни, разноврсни и многу практични. Времето кога тие се носеа само во поформални прилики и со поелегантни чевли е одамна зад нас. Денес почесто се гледаат плисирани здолништа во комбинација со патики, а често се комбинираат со спортски маици и јакни. Кога сакате да ја намалите формалноста, додадете класичен дуксер, но доколку во исто време сакате изданието да биде малку посензуално, наместо патики изберете класична салонка. Доколку изберете плисирано здолниште во ефективна боја или со впечатлив дезен, надополнете го со неутрални парчиња како бела или црна маичка. Погледнете ја галеријата и видете повеќе идеи за комбинирање на плисирано здолниште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-kralitsata-na-proletnite-kombinatsii-idei-kako-da-nosite-plisirano-zdolnishte/feed/ 0
Модна лекција: Дејвид Бекам и неговата ќерка „главни“ на модната недела во Париз https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/modna-lektsija-dejvid-bekam-i-negovata-kerka-glavni-na-modnata-nedela-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/modna-lektsija-dejvid-bekam-i-negovata-kerka-glavni-na-modnata-nedela-vo-pariz/#respond Tue, 07 Mar 2023 09:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=809006

Модно усогласените Дејвид Бекам и неговата ќерка Харпер Севен го привлекле вниманието со појавувањето на модната недела во Париз, каде отишле да ја поддржат Викторија Бекам на ревијата на нејзиниот бренд. Дејвид Бекам и ќерката Харпер присуствувале на модната ревија на Викторија Бекам за време на модната недела во Париз, а дуото се појавило во соодветни тематски комбинации. Дејвид носел темно сив костум со вратоврска и кошула во слична нијанса, додавајќи пар црни кожни чизми и очила за сонце. Харпер носела црно одело и бела маица, со соодветни црни панталони. Таткото и ќерката се држеле за рака од нивниот хотел и низ улиците на Париз. На модната ревија биле и синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц. Гласините за семејни расправии ги следат младенците уште од нивната венчавка во април 2022 година, кога Пелц и Викторија, наводно, започнале некаква расправија околу нејзината венчаница. Невестата требало да облече фустан од ателјето на Викторија, но таа ѝ рекла дека нема да биде готов до церемонијата. Сепак, се чини дека оттогаш ги подобриле односите.
Викторија сподели слатка семејна фотографија од настанот на Инстаграм, заблагодарувајќи им се за поддршката. „Не би можела да го направам ова без вас, многу ве сакам сите Харпер Севен, Дејвид Бекам, Круз Бекам, Бруклин Пелц Бекам, Никола Пелц Бекам“, напиша таа покрај фотографијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/modna-lektsija-dejvid-bekam-i-negovata-kerka-glavni-na-modnata-nedela-vo-pariz/feed/ 0
Ретротрендови кои се враќаат во мода https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/retrotrendovi-koi-se-vrakaat-vo-moda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/retrotrendovi-koi-se-vrakaat-vo-moda/#respond Wed, 11 Jan 2023 12:27:43 +0000 https://kurir.mk/?p=785978

Фармерки со низок струк, телефон на преклоп, дигитален фотоапарат – сите тие трендови беа „кул“ на почетокот на третово илјадалетие… Но, се чини, и тн. „генерација З“ малку по малку им се враќа на тие ретротрендови. Судејќи според Тик-ток, дигиталните фотоапарати се враќаат на голема врата. И ознаката #дигиталнакамера бележи голем скок, а видеата за култната розова „Никон кулпикс“ добиваат милиони прегледи. Тиктокерката Челси X, на пр., ги повика луѓето што поскоро да си земат една ваква камера од предминатото десетлетие, опишувајќи ги сликите како „многу слатки“… Ентони Табарез, „инфлуенсер“ од „генерацијата З“, кој се префрли на користење дигитален фотоапарат за „Њујорк тајмс“ изјави: – Кога имате нешто друго да снимате, тоа е повозбудливо. Многу сме навикнати на нашите телефони. Со него се согласува и друга „инфлуенсерка“ – Зунија Работсон, која смета дека работите деновиве стануваат „малку премногу технолошки“ и дека „враќањето назад во времето“ е одлична работа. Инаку, побарувачката за „Никон кулпикс“ апаратите е зголемена за цели 90 отсто за минатата година.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/retrotrendovi-koi-se-vrakaat-vo-moda/feed/ 0
Pinterest откри кои модни трендови ќе владеат во 2023-та година – најави големо модно враќање на овој детал https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pinterest-otkri-koi-modni-trendovi-kje-vladeat-vo-2023-ta-godina-najavi-golemo-modno-vrakjanje-na-ovoj-detal/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pinterest-otkri-koi-modni-trendovi-kje-vladeat-vo-2023-ta-godina-najavi-golemo-modno-vrakjanje-na-ovoj-detal/#respond Thu, 22 Dec 2022 08:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=778936

Популарната американска платформа, специјализирана за фотографија и инспиративни слики, штотуку го објави своето шесто Pinterest Predicts, годишен извештај за трендовите што ќе ја одбележат новата календарска година. Врз основа на истражувањето на повеќе од 400 милиони месечни корисници, платформата веќе неколку години предвидува трендови во бројни категории кои би требало да доживеат голем успех во следните 12 месеци. Во последната година, 80 проценти од трендовите предвидени во извештајот на Pinterest Predicts се покажаа како точни, што доволно зборува за неговата релевантност. Меѓу различните трендови кои ќе продолжат да доминираат во 2023 година, сосема очекувано, се оние инспирирани од трендовите од почетокот на милениумот. Таканаречената естетика на Y2K е вечен хит што особено стана тренд кај членовите на генерацијата Z и на социјалната мрежа TikTok. Настрана од Y2K, облеката и додатоците инспирирани од футуризмот, сајбер-уличната облека и пост-апокалиптичната мода воопшто би можеле да станат голем тренд според Pinterest. Карнерите, тантелата, тулот и другите проѕирни материјали ќе станат неизбежни на многу парчиња, а ресите како моден детал раководството на Pinterest ги гледа како голем тренд за враќање во годината што претстои.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pinterest-otkri-koi-modni-trendovi-kje-vladeat-vo-2023-ta-godina-najavi-golemo-modno-vrakjanje-na-ovoj-detal/feed/ 0
Висока мода: Што се случува со фустаните на познатите откако со нив ќе прошетаат на црвениот тепих? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/visoka-moda-shto-se-sluchuva-so-fustanite-na-poznatite-otkako-so-niv-kje-proshetaat-na-crveniot-tepih/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/visoka-moda-shto-se-sluchuva-so-fustanite-na-poznatite-otkako-so-niv-kje-proshetaat-na-crveniot-tepih/#respond Sat, 26 Nov 2022 16:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=766960

Многумина се восхитуваме на неверојатните креации и фустани со кои славните личности се истакнуваат на црвениот тепих, но дали некогаш сте се прашале што се случува со таа облека по настанот? Повеќето познати личности не ја купуваат својата облека за црвениот тепих. Стилистите на славните личности испраќаат барања до различни модни брендови и избираат фустан од оние што им се понудени. Некои познати личности, пак, имаат договори со одредени дизајнери. Кристен Стјуарт, на пример, е амбасадор на Шанел, па често ја носи нивната облека. По правило, дизајнерите ги позајмуваат своите фустани за максимум 48 часа. И после тој временски период фустанот треба да им се врати. Но, понекогаш, славна личност може да добие фустан како подарок. Сепак, некои познати личности не го сакаат тоа и сами си купуваат фустани на црвениот тепих. Модните куќи, како Диор, Луј Витон и Шанел ги чуваат своите фустани на црвениот тепих во посебни архиви. Но, дизајнерите од пониска класа обично ги продаваат примероците што им ги позајмуваат на познатите личности. Таквите продажби најчесто се случуваат неколку години по настанот. А бидејќи облеката е користена, можете да ја набавите со голем попуст. На овој начин, оние кои уживаат во модата можат по многу ниска цена да добијат уникатен фустан што го носела некоја славна личност. Но, ако фустанот на црвениот тепих стане хит, може да започне масовно производство. Брендовите можат да позајмуваат ист фустан за црвениот тепих повеќе пати. Но, не сите познати личности се среќни кога ќе дознаат. На пример, во 2006 година, стилистката на Рис Витерспун беше шокирана кога откри дека фустанот на Шанел што го носела на Златните глобуси е всушност оној што Кирстен Данст го носела на настан 3 години претходно. Претставничката на Витерспун била толку лута на Шанел што рекла дека повеќе нема да прифаќа ништо од нив и побарала од нејзините други славни клиенти да го следат примерот. Некогаш убавата облека која ја носат познатите личности може да биде дел од разни хуманитарни акции. Фустаните можат да се продаваат на аукции, а заработените пари секогаш одат во хуманитарни цели. На пример, во 2020 година, славната стилистка Елизабет Стјуарт организираше аукција на која беа продадени некои од најубавите фустани што ги носеа актерките и пејачките на различни настани. На овој начин беше продаден и жолтиот фустан на Кејт Бланшет што го носеше на Златните глобуси во 2020 година, како и розовиот фустан на Џенифер Лопез што таа го покажа на Американските музички награди во 2018 година. Приходите од аукцијата отидоа на непрофитна организација која обезбедува опрема за здравствена заштита на работниците. Некои познати личности сакаат истиот фустан да го носат повеќе пати на разни настани и со тоа немаат никаков проблем. На Џенифер Лоренс не и пречи повторно да ги облече истите фустани од црвениот тепих. Таа истиот розов фустан го носеше на настан во 2017 година, но и на свадбата на Ејми Шумер. Во 2014 година, Винона Рајдер се појави во фустан што веќе го носеше на црвениот тепих во 2005 година. Актерката рече: „Знам дека тоа е малку не-не во светот на модата, но зошто да носите облека само еднаш ако ви се допаѓа? Интересно е што еден британски магазин откри дека Кејт Мидлтон се појавила во исти комбинации дури 82 пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/visoka-moda-shto-se-sluchuva-so-fustanite-na-poznatite-otkako-so-niv-kje-proshetaat-na-crveniot-tepih/feed/ 0
Најпопуларните, но и најомразени чизми добија нов детаљ – сигурно повторно ќе се заљубите во нив (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najpopularnite-no-i-najomrazeni-chizmi-dobija-nov-detalj-sigurno-povtorno-kje-se-zaljubite-vo-niv-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najpopularnite-no-i-najomrazeni-chizmi-dobija-nov-detalj-sigurno-povtorno-kje-se-zaljubite-vo-niv-foto/#respond Wed, 09 Nov 2022 21:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=758235

Откако станаа популарни пред дваесетина години, УГГ чизмите станаа дел од речиси сечиј стајлинг и секоја зимска сезона се враќаат во ново руво. И понатаму во фокусот е мини верзијата која од минатата есен редовно ја гледаме на нозете на многу трендсетерки, а ваквите обувки сега добија и нов детаљ – платформа. Без разлика што на многу луѓе не им се допаѓа ваквиот дизајн, оние кои ги носат тврдат дека нема други обувки кои се толку топли и удобни. Веројатно својата популарност им ја „должат“ токму на практичноста и удобноста.
Од друга страна, најновиот модел со платформа од 5 сантиметри веќе го носат мнгу славни личности меѓу кои и Бела Хадид и Елса Хоск. Овој модел на чизми стана популарен и кај нас и во земјите од регионот. Се чини дека и оваа зима многу дами нема да се откажат од својот пар иако љубителите на елеганцијата и класиката ги критикуваат, а според некои мажи, ова се најгрдите обувки.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najpopularnite-no-i-najomrazeni-chizmi-dobija-nov-detalj-sigurno-povtorno-kje-se-zaljubite-vo-niv-foto/feed/ 0
БАНКРОТИРАВ: Леонтина проговори за својот најголем порок, поради ОВА останала без пари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bankrotirav-leontina-progovori-za-svojot-najgolem-porok-poradi-ova-ostanala-bez-pari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bankrotirav-leontina-progovori-za-svojot-najgolem-porok-poradi-ova-ostanala-bez-pari/#respond Sun, 18 Sep 2022 16:29:13 +0000 https://kurir.mk/?p=734494

Леонтина Вукомановиќ претходните години се повлече од јавната сцена и се посвети на работата со деца, а искрено зборуваше и за деновите кога нејзината музичка кариера беше на врвот. Пејачката признала дека во текот на нејзината пејачка кариера потрошила многу пари на облека, а поради тоа и биле загрозени финансиите. -Претходно бев подготвена да потрошам огромни суми пари на креации кои ми се допаѓаат. Банкротирав поради тие мои желби, бидејќи навистина не жалев што потрошив пари на облека што ми се допаѓаше. Кога станува збор за локалната мода, не прашував колку чини, изјавила пејачката, која потоа признала дека светските брендови никогаш не ја интересирале. -Никогаш не ме интересирале светски брендови, не ме интересирале брендирани работи. Секогаш ги следев локалните дизајнери и уживав да носам уникатна облека. Покрај тоа, потрошив многу пари на брендирани чевли, признала Леонтина и открила дека нејзиниот начин на живот значително се променил во последните години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bankrotirav-leontina-progovori-za-svojot-najgolem-porok-poradi-ova-ostanala-bez-pari/feed/ 0
ФОТО: Моден двобој на Брижит Макрон и кралицата Ранија: Фустаните ги платиле по 1.000 евра https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moden-dvoboj-na-brizit-makron-i-kralicata-ranija-fustanite-gi-platile-po-1-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moden-dvoboj-na-brizit-makron-i-kralicata-ranija-fustanite-gi-platile-po-1-000-evra/#respond Sun, 18 Sep 2022 07:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=734320

Јорданската кралица Ранија му се придружила на својот сопруг кралот Абдула Втори и нивниот син во посетата на Париз. Во улога на домаќин во Елисејската палата ги дочекал францускиот претседателски пар Макрон. Посетата на француската престолнина, јорданската кралица Ранија ја означила со ефектен стајлинг за каков во улога на домаќинка се одлучила и првата дама на Франција – Брижит Макрон.
Оваа поранешна наставничка со функција на прва дама на Франција разви препознатлив моден стил и ретко кога излегува од својата комфорна зона, а која најчесто ја сочинуваат совршено скроени капути и палтиња, тесни панталони или минијатурни фустани со А-крој во кои доаѓа до израз нејзината вита фигура. За средбата со јорданската кралица ниту овојпат не се откажала од своите добитни модни комбинации, издание кое го креирала со елегантен моел на бел фустан до колена. Неговите 3/4 ракави се нагласени со детали бели копчиња, а како бројни модни парчиња досега и оваа креација е од нејзиниот омилен бренд „Луј Витон“. Елегантниот фустан со строги линии 69-годишната Французинка го надополнила со класични салонки во беж боја, а на нејзиниот стајлинг одлично ѝ парирала јорданската кралица Ранија која важи за една од најдобро облечените жени на планетата.
Една од најубавите, но и најдобро стилизирани кралици на светот го привлекла вниманието во светло-синиот фустан кој го платила цело богатство. За да ја направи поформална, нејзиниот оригинален прорез на подрачјето на стомакот го покрила со ткаенина со иста боја, а позната е и како голема љубителка на модни додатоци, па ја искомбинирала со посебна верзија на чантата „By The Way Boston“ со потпис на италијанскиот бренд „Фенди“.
Како и првата дама на Франција, своето формално издание го заокружила со класични салонки чија бела верзија ја потпишува познатиот дизајнер на чевли Џими Чу. Кога од нив две е поубаво облечена? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moden-dvoboj-na-brizit-makron-i-kralicata-ranija-fustanite-gi-platile-po-1-000-evra/feed/ 0