Модератерна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Sep 2018 08:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Модератерна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорчев и Димитриевски на изборите во Шведска со партијата Модератерна (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-i-dimitrievski-na-izborite-vo-shvedska-so-partijata-moderaterna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-i-dimitrievski-na-izborite-vo-shvedska-so-partijata-moderaterna-foto/#respond Mon, 10 Sep 2018 08:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=98762

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Драги Димитриевски учествуваа во програмата на Модератерна, десно центристичка партија во Шведска. За време на програмата за меѓународни гости Ѓорчев и Димитриевски имаа можност да ги следат брифинзите за кампањата и политичките состојби во Шведска, како и да разменат искуства во делот на партиските активности и дигиталната кампања. Ѓорчев и Димитриевски имаа можност да се сретнат со Улф Кристерсон, претседател на Модератите и нивни кандидат за премиер, како и со поранешниот премиер на Шведска Карл Билд. Воедно, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ остварија средби со поголем број на пратеници и членови на раководството на Модератите, кои се сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП). На изборите коалицијата на десниот центар оствари напредок и раст во резултатите, за разлика од историски најлошиот резултат со досега владејачките социјалдемократи. Следниве денови се очекуваат коалиционите преговори, а се очекува во следната влада на Шведска да учествува Модератерна партијата како предводник на коалицијата на десниот центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-i-dimitrievski-na-izborite-vo-shvedska-so-partijata-moderaterna-foto/feed/ 0