модерен лик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Jun 2018 13:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модерен лик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ презентираше модерен лик во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-prezentirashe-moderen-lik-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-prezentirashe-moderen-lik-vo-bitola/#respond Sun, 17 Jun 2018 13:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=66711

На денешниот протестен марш како и 28 годишнината на партијата во Битола ВМРО-ДПМНЕ демонстрираше нов визуелен лик. Новиот визуелен идентитет на ВМРО-ДПМНЕ се базира на еден основен графички мотив –модерна интерпретација на високо подигнати и гордо развиорени знамиња. Високо кренатото и развиорено знаме со националната црвена боја ја симболизира нивната поврзаност и оддавање чест кон сите оние кои во различни историски периоди се бореле за национална слобода и човечки правдини. Црвеното знаме е поддржано со уште две знамиња во графичката композиција и тоа со жолта и црна боја: црната – за да создаде приказ на партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ и жолтата – за да ја создаде државната комбинација на бои заедно со црвената. Развиорените бајраци се поставени на речиси бела позадина за да се истакне нивното значење и појавност. Модерниот дух на ВМРО-ДПМНЕ Покрај освежување на имиџот на партијата, новиот визуелен изглед на ВМРО-ДПМНЕ треба да испрати и многу важни пораки во јавноста. Прво и најважно, дека идеалите на кои се заснова партијата имаат безвременски квалитет и тие се релевантни и денес, исто како што биле релевантни низ историјата. Бездруго, задача на партијата е да ги одржува тие идеали во живот и да ги пренесува од генерација на генерација, затоа што тие идеали се пред се систем на човечки вредности и автохтони македонски политички гледишта. Второ, да испрати јасна порака дека тие вредности и тоа како имаат место во модерното време и кај современите индивидуи, затоа што се вредности кои создаваат среќни луѓе, силни семејства и силна нација. И конечно, да се зацврсти позицијата на ВМРО-ДПМНЕ како прогресивна партија, и мотор за развој и напредок на македонската држава, тоа што фактички од секогаш и била.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-prezentirashe-moderen-lik-vo-bitola/feed/ 0