модернизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 06:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модернизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Армијата добива 78 милиони долари од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armijata-dobiva-78-milioni-dolari-od-sad-za-modernizacija-opremuvanje-i-razvoj-na-kapacitetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armijata-dobiva-78-milioni-dolari-od-sad-za-modernizacija-opremuvanje-i-razvoj-na-kapacitetite/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=739314

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана. Американската поддршка, како што соопшти Министерство за одбрана, е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците во Алијансата. Членството во НАТО, како што се наведува, е уште еден катализатор за уште посилна соработка меѓу сојузниците како Северна Македонија и САД, со што се зацврстува и колективната одбрана на Алијансата. -САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети. Овие 78 милиони долари се значителна поддршка во развојот на капацитетите, имајќи предвид дека во изминатите 30 години, преку програмата за меѓународна воена помош, САД има донирано воена опрема во вредност од 160 милиони долари, стои во соопштението. Од Министерството за одбрана посочуваат дека портфолиото за соработката со САД е навистина богато и сеопфатно. Тоа вклучува обука преку MIL-2-MIL програмата, вежбовни активности, некинетички обуки односно асистенција за АБХО, сајбер, цивилно воена соработка, развој на медицински капацитети, едукација за административни службеници, војници, подофицери и офицери, заеднички процес на опремување и модернизација преку десет интегрирани проектни тимови, тимови и советници со постојан престој во Северна Македонија со цел асистенција во развојот на одбраната итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armijata-dobiva-78-milioni-dolari-od-sad-za-modernizacija-opremuvanje-i-razvoj-na-kapacitetite/feed/ 0
Милошоски: Дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ претставува модернизација и внатрепартиска демократија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dopolnuvanjata-na-statutot-na-vmro-dpmne-pretstavuva-modernizacija-i-vnatrepartiska-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dopolnuvanjata-na-statutot-na-vmro-dpmne-pretstavuva-modernizacija-i-vnatrepartiska-demokratija/#respond Wed, 22 Jul 2020 09:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=379498

Дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ од страна на Централниот комитет претставуваат негова модернизација и заслужуваат да бидат поздравени, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. -Значаен чекор напред во непосредната внатрепартиска демократија е воведувањето на непосреден избор од страна на членството на идните кандидати за општински советници, и идните кандидати за градоначалници. Минатиот труд, личниот углед, довербата кај членството и капацитетот на кандидатот да се носи со обврските на овие позиции ќе добијат на тежина. -Ограничувањето на мандатите на Претседателот на партијата и претседателите на ОК е нов значаен исчекор, со кој за прв пат актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ става до знаење дека долговечноста на партиската функцијата не е цел сама за себе, туку дека партијата има доволно ресурси за редовно освежување на кадровските постави. Ваквиот циклус ќе внесува нова внатрепартиска динамика и кадровски натпревар, што ќе биде значајна демократска алатка за мотивација на активните членови. - Формирањето на Форум на интелектуалци како и Унија на ветерани е многу корисно бидејќи овие две тела се очекува да го зголемат опсегот на делување во рамките на своите целни групи и од истите да се добиваат корисни идеи, проекти и совети. - И за крај, во рамките на секоја партија или држава, сосема доволна чест, обврска и престиж е некој да биде претседател на партијата, на државата, на владата, градоначалник или министер, па затоа титуларните функции "почесен претседател, почесен градоначалник, почесен премиер" и слично, немаат некоја суштинска кадровска улога и подобро е за секого честа да си ја задржи кај членството и граѓаните, наместо истата да биде врамена во плакета, вели во својата објава Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dopolnuvanjata-na-statutot-na-vmro-dpmne-pretstavuva-modernizacija-i-vnatrepartiska-demokratija/feed/ 0