модерно ропство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Mar 2022 10:23:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модерно ропство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жените и децата најподложни на модерното ропство, во земјава драстичен раст на жртвите на трудова експлоатација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zenite-i-decata-najpodlozni-na-modernoto-ropstvo-vo-zemjava-drastichen-rast-na-zrtvite-na-trudova-eksploatacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zenite-i-decata-najpodlozni-na-modernoto-ropstvo-vo-zemjava-drastichen-rast-na-zrtvite-na-trudova-eksploatacija/#respond Wed, 30 Mar 2022 10:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=655570

Согласно последните статистички податоци од Меѓународната организација на трудот, повеќе од 40 милиони луѓе се наоѓаат во модерно ропство, од кои 25 милиони се присилени да работат во глобалните синџири на снабдување. Канцеларијата на ОН за дрога и криминал проценува дека седум од десет жртви кои ќе се откријат на глобално ниво се жени или деца. Од минатата година во Северна Македонија драстично е зголемен бројот на жртви – 48, од кои 39 се идентификувани како жртви на трудова експлоатација, така што трудовата експлоатација започнува да го зазема првото место по однос на идентификувани жртви на трговија со луѓе. Ова беше истакнато на денешната конференција на тема „Процена на ризиците и спречување на трговија со луѓе во синџирите на снабдување“ на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, специјален претставник и координатор за борба против трговија со луѓе на ОБСЕ, Валијант Ричи, шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Магдалена Несторовска. – Присилниот труд преовладува во производството на стоки и давањето на услуги во различни компании. Во изминатите 20 години зајакнат е меѓународниот одговор против трговија на луѓе, меѓутоа овие активности се фокусирани само на пронаоѓање на сторителите. Системските проблеми што се извор на трговијата со луѓе не се опфатени подеднакво со националните стратегии. Знаеме дека едно од најделотворните начини да се спречи е да се намали побарувањето на стоки и услуги тој што се резултат од присилен труд, вели Ричи. Министерката Тренчевска во своето обраќање посочи дека со цел справување на трговијата со луѓе, еден од стратешките приоритети на Владата и на Министерството е развивање и подобрување на националните политики за борба против организиран криминал или трговија со луѓе. – За таа цел работиме на превенција и подигање на јавната свест на унапредување на законската регулатива и на зацврстување на почитувањето на човековите права на сите граѓани, особено на децата. За борбата против овој добро организиран криминал мора да имаме добро организирани политики и координиран пристап со цел преземање на соодветни мерки за превенција, интервенција и кривично гонење на сторителите како и развиен национален механизам за упатување и заштита на жртвите, истакна Тренчевска. Таа појасни дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и граѓанскиот сектор воспоставени се пет мобилни тимови во Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гевгелија, за идентификација на ранливи категории на граѓани. – Овие тимови постигнаа навистина одлични резултати, а во текот на 2021 година контактирани се 260 корисници, при што споделени се информации за помош и поддршка, а идентификувани се 67 потенцијални жртви. Од вкупниот број, седум се упатени до службите за нивна формална идентификација, има тројца мажи и четири жени, од кои пет домашни државјани и двајца странски државјани, додаде министерката. Шефот на мисијата на ОБСЕ, Која потенцираше дека трговијата со луѓе претставува прекршување на основните човекови права и закана за општеството, а создава и трауми за достоинството на жртвите. – Согласно последните статистички податоци, од Меѓународната организација на трудот повеќе од 40 милиони луѓе се наоѓаат во модерно ропство, од кои 25 милиони се присилени да работат во глобалните синџири на снабдување, вели Која. Тој додаде и дека пандемијата на коронавирусот создала нови ризици и предизвици за жртвите на трговија со луѓе. – Пандемијата придонесе да се сменат методите на трговија, трговците на луѓе се повеќе се потпираат на интернетот како алатка за нивните кривични активности. Главно регрутирање преку огласување на лажни можности за вработување, а исто така има и онлајн понуди за сексуални услуги каде што деца жртви на трговија се огласуваат како да се возрасни, појасни Која. Тој информираше и за промените во Кривичниот законик, за кои државата добила помош од ОБСЕ, како и за Законот за жртвите на криминал, финансиска помош за надомест на жртвите. Набрзо ќе започнат и со поддршка на МТСП за мултидисциплинарен систем за управување со предметите на жртвите на трговија со луѓе. Системот ќе содржи тимови од професионалци, каде ќе има социјален работни, полицаец, обвинител, здравствен работник и образовен работник. Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Несторовска вели дека една од причините за појавата на трговијата со луѓе е побарувачката на одредени услуги за задоволување на потребите на клиентите на која експресно брзо реагираат криминалните групи кои во зависност од видот на побарувачката пристапуваат со соодветна примамлива понуда за работата од каде преку експлоатација ја остваруваат својата цел – висок профит. – Согласно податоците на Меѓународната организација на трудот, од вкупниот број жртви на модерно ропство, 16 милиони биле експлоатирани во приватниот сектор, како што е домашното силување, потоа во градежништво и земјоделство, а околу пет милиони лица се сексуално злоупотребени. Жените и девојчињата се особено погодени од модерното ропство, што претставува 29 милиони или 71 процент од вкупниот број на жртви, истакна Несторовска. Во насока на превенирање и спречување на трговијата со луѓе, таа нагласи дека потребни се иницијативи, размена на искуства, добри практики, модели, упатства и закони, јавни дебати, како и конкретно адресирање на проблемите на општествено одговорни компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zenite-i-decata-najpodlozni-na-modernoto-ropstvo-vo-zemjava-drastichen-rast-na-zrtvite-na-trudova-eksploatacija/feed/ 0
Во Македонија во услови на современо ропство живеат 18 илјади луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-makedonija-vo-uslovi-na-sovremeno-ropstvo-ziveat-18-iljadi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-makedonija-vo-uslovi-na-sovremeno-ropstvo-ziveat-18-iljadi-lugje/#respond Wed, 08 Aug 2018 08:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=85700

Во Македонија во услови на современо ропство живеат околу 18 илјади лица или 8,7 од илјада македонски државјани се робови, покажува Глобалниот Индекс за ропство 2018, изработен од Обединетите нации и Фондацијата Вок фри (Walk Free). Македонија се наоѓа на трето место на листата земји од Европа и централна Азија според овој показател. Во оваа група пред нас се само Туркменистан и Белорусија, а најдобро рангиран е Луксембур, каде само 1,5 од 1000 лица се робови. Што се однесува на одговорот на Владата во однос на овој проблем, македонската е оценета со БББ. „Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство, пружа услуги за поддршка на жртвите, има силен одговор на правосудните органи, има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации. Владите може да почнат да се справуваат со проблемот на ропството во постапките поврзани со јавни набавки или кај деловни субјекти на нивна територија. Може да постојат докази дека некои владини политики и пракси може да ги криминализираат и/или резултатите при депортација на жртвите“, се наведува во појаснувањето за тоа што значи оценката БББ. Резултатите од извештајот на светско ниво, покажува дека повеќе од 40 милиони во моментов живеат во некој вид ропство, а најмногу во Азија и Африка. Но луѓе во ропство живеат во делови на светот каде тоа не би се очекувало, како што се САД, каде во услови на ропство живеат околу 400 илјади луѓе. Фондацијата Вок Фрио истакнува дека и натаму не постојат општоприфатена законска дефиниција за современо ропство, но дека изразот се користи за опис на специфичен сплет околности кои се сметаат за клучни за препознавање на ропството во денешниот свет. Современо ропство се одредува земајќи ги предвид следните критериуми: криумчарење луѓе, присилна работа, ропство дефинирано со меѓународната Конвенција за ропство од 1926 година, должничко ропство, присилен брак и детски труд. Проценките во студијата се темелат на различни официјални статистики на државно и меѓународно ниво, но и со разговори со повеќе од 70.000 луѓе. Податоците од Извештајот покажуваат дека 71 процент од современите робови се жени, додека 29 отсто се мажи. Повеќе од 15 милиони луше се наошаат во присилни бракови, што е облик на ропство, додека околу 25 милиони се присилени да работат без паричен надомест, слобода на движење и основни човекови права. Кога станува збор за конкретни држави каде најголем број луѓе живеат како робови тоа се на прво место Северна Кореја, по што следуваат Еритреја, Бурунди, Централноафриканска Република и Авганистан. Кога станува збор за арапските држави, проблем е недостигот на релевантни податоци, иако постојат бројни медиумски извештаи за робовски труд, но и фактот дека таму работат повеќе од 17 милиони странски работници во грозни услови. Робовскиот труд, исто така, е важна алка во глобалната економија, за што сведочи и податокот дека земјите-членки на Г-20 во една година увезле стока произведена со робовски труд во вредност од 354 милијарди долари. Поразителен е податокот дека лап-топите се на прво место на листата производи настанати благодарејќи на робовски труд. По нив следува облеката, а на трето место се рибите, по што следуваат какао и шеќерна трска, односно шеќер. Заклучокот на Фондацијата е дека е шокантно колку современото ропство е распространето во најразвиените држави во светот. Европа е издвоена по тоа што во неа современото ропство најмалку се толерира, како и дека властите брзо реагираат на таквите појави и носат соодветни закони за борба против современото ропство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-makedonija-vo-uslovi-na-sovremeno-ropstvo-ziveat-18-iljadi-lugje/feed/ 0
Илјадници повици на британска линија против модерно ропство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-povici-na-britanska-linija-protiv-moderno-ropstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-povici-na-britanska-linija-protiv-moderno-ropstvo/#respond Mon, 16 Apr 2018 08:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=41174

Британската линија за помош на жртви на модерно ропство примила илјадници повици во првата година од постоењето и идентификувани се речиси 5.000 потенцијални жртви, соопшти денеска организацијата за борба против трговија со луѓе. Како што е наведено, потенцијалните жртви најмногу се експлоатираат во авто-перални, на градилишта, во бордели и салони за разубавување. Минатата година вкупно 3.710 повици од жртви и од јавноста довеле до околу 1.450 упатувања во групи кои се борат против ропство, покажаа податоци на компанијата „Невидени“ која е основач на линијата за помош. Најмалку 13.000 луѓе ширум Британија биле жртви на присилна работа, сексуална експлоатација и домашно ропство, покажуваат податоци на британската Влада. Меѓутоа, полицијата истакна дека тој број е далеку поголем и оти достигнува десетици илјади експлоатирани луѓе. Еден од 10 повици доаѓа од потенцијални жртви на ропство, а половина повици се од луѓе кои се во директен контакт со оние за кои се верува дека се жртви на ропство. Компанијата „Невидени“ е основана во 2016 година. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-povici-na-britanska-linija-protiv-moderno-ropstvo/feed/ 0